ипа фондови Archives - Република https://republika.mk/tema/ipa-fondovi/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 13:16:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ипа фондови Archives - Република https://republika.mk/tema/ipa-fondovi/ 32 32 Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите https://republika.mk/vesti/makedonija/usvoena-informatsija-na-sednitsata-na-vladata-za-koristeneto-na-ipa-fondovite/ Tue, 30 Jul 2024 13:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=801735

На денешната седница на Владата на Република Македонија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку Европската Унија, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите.

Министерот Муртезани презентираше  извештај за искористеноста на ИПА средствата, преку кој се демонстрира слабиот капацитет на институциите пред сѐ заради недостиг на квалитетни кадри. На Седницата беа разгледани можностите за подобрување на апцорпцискиот капацитет за користење на ИПА преку приоритетност на вработувањата во ИПА структурата.  Министерот Муртезани  предложи приоритизација на вработувањата во линиските министерства и тоа Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти.

По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните Министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата. Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година.

Муртезани претходно на прес конференција рече дека „ургентна“ е потребата од комплетирање на ИПА структурата, бидејќи, како што рече, постои значителен недостаток на доволен број, но и квалификуван персонал во националната ИПА структура, поради „високата флуктуација на обучени ИПА професионалци кои често се привлечени од приватниот сектор“.

– Ќе и предложам на Владата да се разгледаат плановите за вработувања во ИПА структурата, која оваа структура ги изработува согласно европските правила и добри практики и ќе предложам приоретизација на вработувањата на линиските министерства, како што се Финансии, Транспорт, Животна средина и просто планирање, Економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе спроведуваат инфраструктурни проекти, рече Муртезани.

Посочи дека земјава се соочува со неискористени ИПА средства на кои им истекува рокот за користење и истите се враќаат во Буџетот на Европската Унија, и затоа, вели, за справување со овој предизвик земјава ќе побара компаративни искуства од земји членки на Унијата, но и земји кандидати од регионот.

– Дополнително ќе побараме компаративни искуства од одредени земји членки на ЕУ и земји кандидати од регионот, за да научиме од нивниот успех во управувањето и имплементирањето на средствата од Европската Унија, односно да ги имплементираме најдобрите практики при овој сложен процес. Како заклучок, финансиската анализа за искористеноста на ИПА фондовите по години е крајно поразителна. Додека користиме средства од заеми, ни стојат неискористени десетици милиони евра за капитални инвестиции од еврофондовите, рече Муртезани.

Во изминатите две години, додаде, во буџетот на ЕУ биле вратени вкупно 79 милиони евра неискористени средства, а до крајот на оваа година, вели, постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра.

– Во изминатите две години, покрај бавното спроведување, Македонија се соочи неискористени ИПА средства, на кои им истече рокот за користење и истите се вратени во буџетот на Европската унија. Така, на крајот од 2022 година и 2023 година, беа изгубени 24 милиони евра, односно 55 милиони евра, соответно во двете години, односно вкупно 79 милиони евра. Се проценува дека до крајот на 2024 постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра од ИПА-2, рече Муртезани.

Прашан зошто Министерството се одлучува на ваков чекор, знаејќи дека Европската комисија во неколку наврати негативно ја нотира превработеноста во јавната администрација, Муртезани вели доколку не се зајакне инфраструктурата со професионални кадри, земјава само ќе има пристап до европските средства, но нема да може да ги апсорбира.

– Мислам дека недостигот на доволни професионални кадри во целата ИПА структура и во структурата на евроинтеграции е неколку пати негативно нотирана токму од Европската комисија. Тука не станува збор за дополнително преоптоварување на јавната администрација со старата пракса на политички кадри, меѓутоа професионални кадри коишто ќе овозможат искористување на европските фондови. Зошто? Бидејќи, како што јавноста е запознаена, ние сме во последна фаза на усвојување на реформската агенда со која што ќе добиеме дополнителен пристап до 750 милиони евра финансиски средства. Мојата досегашна перцепција од институцијата и целата структура е ако ние не ја појачаме инфраструктурата со професионални кадри само ќе добиеме пристап до тие финансиски средства, меѓутоа нема да можеме да ги апсорбираме сите, рече Муртезани.

Не сакаше да прецизира во кои структури на ИПА ќе бидат новите вработувања, ниту за колкав број станува збор. Вели ќе треба да се зајакне целата ИПА структура во сите министерства, како и во општините.

– Ќе треба да се појача целата ИПА структура во сите министерства, не само министерствата туку и во општините, бидејќи тоа што јас досега го имам како увид една од главните пречки е токму недостигот на професионален кадар којшто ќе ги спрема тендерите, ќе ги евалуира и ќе ги имплементира. Затоа сметам дека е неопходно да се појача целата инфраструктура за да може да се искористат целите фондови коишто ќе бидат на располагање, рече Муртезани.

The post Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата на Република Македонија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку Европската Унија, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите.

Министерот Муртезани презентираше  извештај за искористеноста на ИПА средствата, преку кој се демонстрира слабиот капацитет на институциите пред сѐ заради недостиг на квалитетни кадри. На Седницата беа разгледани можностите за подобрување на апцорпцискиот капацитет за користење на ИПА преку приоритетност на вработувањата во ИПА структурата.  Министерот Муртезани  предложи приоритизација на вработувањата во линиските министерства и тоа Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти.

По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните Министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата. Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година.

Муртезани претходно на прес конференција рече дека „ургентна“ е потребата од комплетирање на ИПА структурата, бидејќи, како што рече, постои значителен недостаток на доволен број, но и квалификуван персонал во националната ИПА структура, поради „високата флуктуација на обучени ИПА професионалци кои често се привлечени од приватниот сектор“. – Ќе и предложам на Владата да се разгледаат плановите за вработувања во ИПА структурата, која оваа структура ги изработува согласно европските правила и добри практики и ќе предложам приоретизација на вработувањата на линиските министерства, како што се Финансии, Транспорт, Животна средина и просто планирање, Економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе спроведуваат инфраструктурни проекти, рече Муртезани. Посочи дека земјава се соочува со неискористени ИПА средства на кои им истекува рокот за користење и истите се враќаат во Буџетот на Европската Унија, и затоа, вели, за справување со овој предизвик земјава ќе побара компаративни искуства од земји членки на Унијата, но и земји кандидати од регионот. – Дополнително ќе побараме компаративни искуства од одредени земји членки на ЕУ и земји кандидати од регионот, за да научиме од нивниот успех во управувањето и имплементирањето на средствата од Европската Унија, односно да ги имплементираме најдобрите практики при овој сложен процес. Како заклучок, финансиската анализа за искористеноста на ИПА фондовите по години е крајно поразителна. Додека користиме средства од заеми, ни стојат неискористени десетици милиони евра за капитални инвестиции од еврофондовите, рече Муртезани. Во изминатите две години, додаде, во буџетот на ЕУ биле вратени вкупно 79 милиони евра неискористени средства, а до крајот на оваа година, вели, постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра. – Во изминатите две години, покрај бавното спроведување, Македонија се соочи неискористени ИПА средства, на кои им истече рокот за користење и истите се вратени во буџетот на Европската унија. Така, на крајот од 2022 година и 2023 година, беа изгубени 24 милиони евра, односно 55 милиони евра, соответно во двете години, односно вкупно 79 милиони евра. Се проценува дека до крајот на 2024 постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра од ИПА-2, рече Муртезани. Прашан зошто Министерството се одлучува на ваков чекор, знаејќи дека Европската комисија во неколку наврати негативно ја нотира превработеноста во јавната администрација, Муртезани вели доколку не се зајакне инфраструктурата со професионални кадри, земјава само ќе има пристап до европските средства, но нема да може да ги апсорбира. – Мислам дека недостигот на доволни професионални кадри во целата ИПА структура и во структурата на евроинтеграции е неколку пати негативно нотирана токму од Европската комисија. Тука не станува збор за дополнително преоптоварување на јавната администрација со старата пракса на политички кадри, меѓутоа професионални кадри коишто ќе овозможат искористување на европските фондови. Зошто? Бидејќи, како што јавноста е запознаена, ние сме во последна фаза на усвојување на реформската агенда со која што ќе добиеме дополнителен пристап до 750 милиони евра финансиски средства. Мојата досегашна перцепција од институцијата и целата структура е ако ние не ја појачаме инфраструктурата со професионални кадри само ќе добиеме пристап до тие финансиски средства, меѓутоа нема да можеме да ги апсорбираме сите, рече Муртезани. Не сакаше да прецизира во кои структури на ИПА ќе бидат новите вработувања, ниту за колкав број станува збор. Вели ќе треба да се зајакне целата ИПА структура во сите министерства, како и во општините. – Ќе треба да се појача целата ИПА структура во сите министерства, не само министерствата туку и во општините, бидејќи тоа што јас досега го имам како увид една од главните пречки е токму недостигот на професионален кадар којшто ќе ги спрема тендерите, ќе ги евалуира и ќе ги имплементира. Затоа сметам дека е неопходно да се појача целата инфраструктура за да може да се искористат целите фондови коишто ќе бидат на располагање, рече Муртезани.

The post Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Преку ИПА средствата ја гледаме Европа на дело https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-preku-ipa-sredstvata-ja-gledame-evropa-na-delo/ Fri, 04 Mar 2022 16:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=467888

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска беше во посета на општина Валандово каде што имаше работен состанок со градоначалникот Перо Костадинов, по кој направија обиколка на институции кои имаат реализирани проекти, финансирани преку европските фондови и програми.

Вицепремиерот Маричиќ и градоначалникот Костадинов на состанокот разговараа за можностите за финансирање на проекти за локален социо-економски развој во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмите за прекугранична соработка на Република Македонија со Република Грција и со Република Бугарија, како и останатите програми финансирани од ЕУ, меѓу кои и Еразмус +. Градоначалникот Костадинов ги претстави досегашните успешно спроведени проекти на ниво на општината, како и следните активности кои се планираат, а се добра основа за локалниот равој, но и пошироко за развојот на Југоисточниот плански регион.

По состанокот, вицепремиерот Маричиќ го посети успешно реализираниот проект во детската градинка „Калинка“ финансиран во рамки на прекуграничната соработка со Грција, кој покрај придонесот за енергетската ефикасност и заштита на животната средина, придонесува и кон одржување на добри соседски врски. Во продолжение, вицепремиерот Маричиќ го посети и СОУ „Гоце Делчев“, каде се реализирани повеќе успешни проекти. Во рамки на програмата Еразмус + се искористени можности за обука и размена на искуства со своите врсници од Европа во делот на органското производство, со што се поттикнува и развива претприемачкиот дух кај младите.

– Ме радува посветеноста и темпото на работа на градоначалникот Костадинов во реализација на проектите финансирани со ИПА средствата. Сакам и во иднина да ве охрабрам на уште поинтензивно работење во реализација на ИПА проектите, особено со оглед на тоа што ќе следува период на интензивирана прекугранична соработка и нови партнерства. Тоа покажува дека Република Македонија решително и забрзано чекори на европскиот пат, а преку ваквите проекти ја гледаме Европа во акција на локално ниво, рече вицепремиерот Маричиќ.

Воедно, вицепремиерот за европски прашања посочи и дека она што Владата го прави во однос на евроинтеграцијата и сèвкупните реформи во земјата, се во насока граѓаните и локалните самоуправи вистински да ги почувствуваат и конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и затоа се посветуваат и вложуваат енергија за поефикасно искористување на средствата од ИПА фондовите.

– Во претстојниот период како Национален ИПА координатор пред сè, ќе се посветам и на промовирање на проекти реализирани со поддршка од ИПА со цел да се поттикне и интензивира користењето на овие фондови и на локално ниво“, рече Маричиќ, додавајќи дека визијата на Владата е да се постигнат европски стандарди во локалните заедници и подобрување на условите за живот на граѓаните.

The post Маричиќ: Преку ИПА средствата ја гледаме Европа на дело appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска беше во посета на општина Валандово каде што имаше работен состанок со градоначалникот Перо Костадинов, по кој направија обиколка на институции кои имаат реализирани проекти, финансирани преку европските фондови и програми. Вицепремиерот Маричиќ и градоначалникот Костадинов на состанокот разговараа за можностите за финансирање на проекти за локален социо-економски развој во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмите за прекугранична соработка на Република Македонија со Република Грција и со Република Бугарија, како и останатите програми финансирани од ЕУ, меѓу кои и Еразмус +. Градоначалникот Костадинов ги претстави досегашните успешно спроведени проекти на ниво на општината, како и следните активности кои се планираат, а се добра основа за локалниот равој, но и пошироко за развојот на Југоисточниот плански регион. По состанокот, вицепремиерот Маричиќ го посети успешно реализираниот проект во детската градинка „Калинка“ финансиран во рамки на прекуграничната соработка со Грција, кој покрај придонесот за енергетската ефикасност и заштита на животната средина, придонесува и кон одржување на добри соседски врски. Во продолжение, вицепремиерот Маричиќ го посети и СОУ „Гоце Делчев“, каде се реализирани повеќе успешни проекти. Во рамки на програмата Еразмус + се искористени можности за обука и размена на искуства со своите врсници од Европа во делот на органското производство, со што се поттикнува и развива претприемачкиот дух кај младите. – Ме радува посветеноста и темпото на работа на градоначалникот Костадинов во реализација на проектите финансирани со ИПА средствата. Сакам и во иднина да ве охрабрам на уште поинтензивно работење во реализација на ИПА проектите, особено со оглед на тоа што ќе следува период на интензивирана прекугранична соработка и нови партнерства. Тоа покажува дека Република Македонија решително и забрзано чекори на европскиот пат, а преку ваквите проекти ја гледаме Европа во акција на локално ниво, рече вицепремиерот Маричиќ. Воедно, вицепремиерот за европски прашања посочи и дека она што Владата го прави во однос на евроинтеграцијата и сèвкупните реформи во земјата, се во насока граѓаните и локалните самоуправи вистински да ги почувствуваат и конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и затоа се посветуваат и вложуваат енергија за поефикасно искористување на средствата од ИПА фондовите.
– Во претстојниот период како Национален ИПА координатор пред сè, ќе се посветам и на промовирање на проекти реализирани со поддршка од ИПА со цел да се поттикне и интензивира користењето на овие фондови и на локално ниво“, рече Маричиќ, додавајќи дека визијата на Владата е да се постигнат европски стандарди во локалните заедници и подобрување на условите за живот на граѓаните.

The post Маричиќ: Преку ИПА средствата ја гледаме Европа на дело appeared first on Република.

]]>