инвеститор Archives - Република https://republika.mk/tema/investitor/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 07:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвеститор Archives - Република https://republika.mk/tema/investitor/ 32 32 Нова казна за инвеститорот кој гради зад Универзална сала https://republika.mk/vesti/skopje/nova-kazna-za-investitorot-koj-gradi-pozadi-univerzalna-sala/ Tue, 21 Mar 2023 16:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=622155

Градилиштето кое пред две недели наликуваше на базен, вчеравечер проголта дел од улицата 9 мај. Ниту казните, ниту забраните не се пречка за инвеститорот Бинјапи инжинериг кој очигледно нема намера да го запре градежниот хаос зад Универзална.

Зградата се гради спротивно на добиеното одобрение, а веќе 4 месеци сликата на терен е иста – градежната јама е незаштитена, соседните парцели се оштетени.

Градоначалникот Герасимовски два пати досега и лично го затвораше градилиштето, а фирмите од утрово се казнети со 12.500 евра.

Со оглед дека двете забрани за градење досега не дадоа резултати, бидејќи инвеститорот сам ги отстрани лентите и продолжи со градење, Герасимовски вели дека општината разгледува и поригорозни мерки, меѓу кои и одземање на дозволите за градба.

Уривањето на улицата „9 Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ, реагираше и опозицијата.

Герасимовски мора да одговори дали неконтролираното издавање градежни дозволи и бетонизацијата на градското јадро од компании со забрана за градежни работи повторно ќе удри врз џебот на граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Нова казна за инвеститорот кој гради зад Универзална сала appeared first on Република.

]]>

Градилиштето кое пред две недели наликуваше на базен, вчеравечер проголта дел од улицата 9 мај. Ниту казните, ниту забраните не се пречка за инвеститорот Бинјапи инжинериг кој очигледно нема намера да го запре градежниот хаос зад Универзална. Зградата се гради спротивно на добиеното одобрение, а веќе 4 месеци сликата на терен е иста – градежната јама е незаштитена, соседните парцели се оштетени. Градоначалникот Герасимовски два пати досега и лично го затвораше градилиштето, а фирмите од утрово се казнети со 12.500 евра. Со оглед дека двете забрани за градење досега не дадоа резултати, бидејќи инвеститорот сам ги отстрани лентите и продолжи со градење, Герасимовски вели дека општината разгледува и поригорозни мерки, меѓу кои и одземање на дозволите за градба. Уривањето на улицата „9 Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ, реагираше и опозицијата. Герасимовски мора да одговори дали неконтролираното издавање градежни дозволи и бетонизацијата на градското јадро од компании со забрана за градежни работи повторно ќе удри врз џебот на граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Нова казна за инвеститорот кој гради зад Универзална сала appeared first on Република.

]]>
Инвеститор ја скинал инспекциската лента и продолжил да гради позади Универзална https://republika.mk/vesti/skopje/investitor-ja-skinal-inspektsiskata-lenta-i-prodolzhil-da-gradi-pozadi-univerzalna/ Sat, 04 Mar 2023 10:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=615799

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, вчеравечер излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар.

Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите, изјави Герасимовски.

Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, Инвеститорот Бинјапи Инжинеринг има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

По извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчера наутро беше затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење. По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација, се додава во соопштението.

The post Инвеститор ја скинал инспекциската лента и продолжил да гради позади Универзална appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, вчеравечер излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар.
Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите, изјави Герасимовски.
Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, Инвеститорот Бинјапи Инжинеринг има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.
По извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчера наутро беше затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење. По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација, се додава во соопштението.

The post Инвеститор ја скинал инспекциската лента и продолжил да гради позади Универзална appeared first on Република.

]]>
Инвеститор на срушен комплекс во Турција фатен при бегство https://republika.mk/vesti/svet/investitor-na-srushen-kompleks-vo-turtsija-faten-pri-begstvo/ Fri, 10 Feb 2023 21:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=607569

Сопственикот на Renaissance Residence, станбен комплекс уништен од земјотресот во провинцијата Хатај во југоисточна Турција, бил приведен на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да ја напушти земјата.

Мехмет Јасар Чошкун бил запрен на аеродромот Сабиха Ѓокчен во обид да отпатува за Црна Гора, јави турската агенција Анадолија.

The post Инвеститор на срушен комплекс во Турција фатен при бегство appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на Renaissance Residence, станбен комплекс уништен од земјотресот во провинцијата Хатај во југоисточна Турција, бил приведен на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да ја напушти земјата. Мехмет Јасар Чошкун бил запрен на аеродромот Сабиха Ѓокчен во обид да отпатува за Црна Гора, јави турската агенција Анадолија.

The post Инвеститор на срушен комплекс во Турција фатен при бегство appeared first on Република.

]]>
Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/maksimum-1-800-evra-ke-e-kaznata-za-bez-dozvola-masakriranite-stari-drvja-za-da-nikne-zgrada-na-elena-luka-vo-aerodrom/ Thu, 12 Jan 2023 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=596223

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром.

Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда.

Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.

Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон.
Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром. Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда. Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.
Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон. Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел https://republika.mk/vesti/skopje/samovolie-so-amin-od-gorniot-investitor-so-kontejneri-blokira-ulica-ne-se-smee-na-parking-oti-kje-gradel/ Tue, 06 Dec 2022 13:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=582550

Станарите од шест околни згради веќе немаат каде да паркираат, зошто паркинг местата на ул.„Васил Иљоски“ во строгиот центар на Скопје, се блокирани со контејнери поставени од инвеститорот.

Станува збор за последното зелено парче од Мал ринг кај хотелот „Ибис“, каде се подготвува да никне нова петкатница.

https://republika.mk/vesti/skopje/kje-mu-dojde-li-kraj-na-siledzistvoto-centarci-besni-shto-gradonachalnikot-dal-dozvola-za-zgrada-vo-parkcheto-kaj-jadran/

Станарите веќе неколкупати реагираа што градоначалниците ја игнорирааа нивната петиција со која побараа да не се дозволи градба во веќе пренатрупаната уличка. Но, сега се бесни што покрај дозволата за градба, инвеститорот си прави што сака и со назначените паркинг места.

Ај што ќе го рушат паркот, ама сега и цела улица му ја дале за да гради. Денес без никакво известување се поставени барикади. Шест згради паркираме тука. 80 стана, 80 фамилии! Никој не ти дава известување „од денес ќе се гради, паркирај ваму,“, никој не понуди алтернатива. Нема ни табла за тоа кој е инвеститор и што точно ќе се гради, реагира станар во „Република“.

Сагата на жителите од околните улици „Орце Николов“, „Скопска“ и „Никола Кљусев“ трае со години, уште од времето на Саша Богдановиќ. Токму поранешниот градоначалник на Центар бил тој кој ја издал дозволата за градба, само неколку дена пред да замине од функција.

Тој, преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“.

Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира! САМО СИЛЕЏИСТВО, ГРАБАЊЕ И ДА СЕ ЗАРАБОТИ НЕШТО, А НАЈСЛАТКО Е КОГА Е НА ГРБОТ НА НЕКОЈ ШТО НЕ НИ ЗНАЕ ШТО ЌЕ ГО СНАЈДЕ. Милион работи не се во ред во ситуацијава, толку се многу што нема ни да почнам да ги редам.
Имаме неколку дена да собереме потписи и да се жалиме, што ќе излезе не знам. Ги прикачувам известувањето што беше доставено до најзагрозената зграда, петиција за собирање потписи за жалба и слика од паркчето.
ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ НЕКОГАШ КРАЈ НА СИЛЕЏИСТВОВО? САМО ТОА ЛИ ЗНАЕМЕ?, праша тогаш една од станарките.

Но, и сегашниот градоначалник Горан Герасимовски не го запре узурпирањето ова 30 х 35 метри паркче, сечењето на млади дрва и правењето карамкаша од животите на граѓаните.

„Призма“ неодамна објави дека официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс“, која што треба да гради на ова место, е Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн, Вадуз. Станува збор, како што пишува порталот, за регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени.

https://republika.mk/vesti/skopje/advokat-od-lihtenshtajn-go-kupi-poslednoto-zeleno-parche-vo-centar-kje-gradi-petkatnica/

The post Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел appeared first on Република.

]]>

Станарите од шест околни згради веќе немаат каде да паркираат, зошто паркинг местата на ул.„Васил Иљоски“ во строгиот центар на Скопје, се блокирани со контејнери поставени од инвеститорот. Станува збор за последното зелено парче од Мал ринг кај хотелот „Ибис“, каде се подготвува да никне нова петкатница. https://republika.mk/vesti/skopje/kje-mu-dojde-li-kraj-na-siledzistvoto-centarci-besni-shto-gradonachalnikot-dal-dozvola-za-zgrada-vo-parkcheto-kaj-jadran/ Станарите веќе неколкупати реагираа што градоначалниците ја игнорирааа нивната петиција со која побараа да не се дозволи градба во веќе пренатрупаната уличка. Но, сега се бесни што покрај дозволата за градба, инвеститорот си прави што сака и со назначените паркинг места.
Ај што ќе го рушат паркот, ама сега и цела улица му ја дале за да гради. Денес без никакво известување се поставени барикади. Шест згради паркираме тука. 80 стана, 80 фамилии! Никој не ти дава известување „од денес ќе се гради, паркирај ваму,“, никој не понуди алтернатива. Нема ни табла за тоа кој е инвеститор и што точно ќе се гради, реагира станар во „Република“.
Сагата на жителите од околните улици „Орце Николов“, „Скопска“ и „Никола Кљусев“ трае со години, уште од времето на Саша Богдановиќ. Токму поранешниот градоначалник на Центар бил тој кој ја издал дозволата за градба, само неколку дена пред да замине од функција. Тој, преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“.
Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира! САМО СИЛЕЏИСТВО, ГРАБАЊЕ И ДА СЕ ЗАРАБОТИ НЕШТО, А НАЈСЛАТКО Е КОГА Е НА ГРБОТ НА НЕКОЈ ШТО НЕ НИ ЗНАЕ ШТО ЌЕ ГО СНАЈДЕ. Милион работи не се во ред во ситуацијава, толку се многу што нема ни да почнам да ги редам. Имаме неколку дена да собереме потписи и да се жалиме, што ќе излезе не знам. Ги прикачувам известувањето што беше доставено до најзагрозената зграда, петиција за собирање потписи за жалба и слика од паркчето. ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ НЕКОГАШ КРАЈ НА СИЛЕЏИСТВОВО? САМО ТОА ЛИ ЗНАЕМЕ?, праша тогаш една од станарките.
Но, и сегашниот градоначалник Горан Герасимовски не го запре узурпирањето ова 30 х 35 метри паркче, сечењето на млади дрва и правењето карамкаша од животите на граѓаните. „Призма“ неодамна објави дека официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс“, која што треба да гради на ова место, е Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн, Вадуз. Станува збор, како што пишува порталот, за регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени. https://republika.mk/vesti/skopje/advokat-od-lihtenshtajn-go-kupi-poslednoto-zeleno-parche-vo-centar-kje-gradi-petkatnica/

The post Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел appeared first on Република.

]]>