инвертер клими Archives - Република https://republika.mk/tema/inverter-klimi/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 18:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инвертер клими Archives - Република https://republika.mk/tema/inverter-klimi/ 32 32 Гужви за ваучери за инвертер: За два дена 2.000 лично поднесени барања, плус голем број стигнати по пошта https://republika.mk/vesti/ekonomija/guzhvi-za-vaucheri-za-inverter-za-dva-dena-2-000-lichno-podneseni-barana-plus-golem-broj-stignati-po-poshta/ Fri, 02 Feb 2024 19:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=739861

Околу 1.500 граѓани денеска лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, а во текот на вчерашниот ден тоа го направиле 500 граѓани. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат во текот на викендов, информираат од Министерството за економија.

Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди. За првата мерка крајниот рок е 12 февруари, а за втората 15 февруари годинава. За лично да поднесат барање до архивата, како што велат, граѓаните чекаат по околу 20 минути.

Распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде што граѓаните ќе може да набавуваат клими.

Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден - прв услужен. За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди - печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето.

Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење.

За да аплицираат на огласите граѓаните треба да пополнат барање кое што може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија.

Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ.

Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион - Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион - Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа.

Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

The post Гужви за ваучери за инвертер: За два дена 2.000 лично поднесени барања, плус голем број стигнати по пошта appeared first on Република.

]]>

Околу 1.500 граѓани денеска лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, а во текот на вчерашниот ден тоа го направиле 500 граѓани. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат во текот на викендов, информираат од Министерството за економија. Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди. За првата мерка крајниот рок е 12 февруари, а за втората 15 февруари годинава. За лично да поднесат барање до архивата, како што велат, граѓаните чекаат по околу 20 минути. Распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде што граѓаните ќе може да набавуваат клими. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден - прв услужен. За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди - печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето. Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење. За да аплицираат на огласите граѓаните треба да пополнат барање кое што може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион - Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион - Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа. Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

The post Гужви за ваучери за инвертер: За два дена 2.000 лично поднесени барања, плус голем број стигнати по пошта appeared first on Република.

]]>
Пристигнати 220 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертер клима уреди https://republika.mk/vesti/skopje/pristignati-220-onlajn-aplikacii-za-subvencii-za-nabavka-na-inverter-klima-uredi/ Tue, 14 Jun 2022 14:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=514892

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 220 апликации, што говори за голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците. Според проценките за исплата во максималниот износ остануваат финансиски средства за уште околу 120 барања. Доколку се исполни бројката од околу 340 барање, онлајн аплицирањето автоматски ќе биде прекинато за да се разгледаат барањата и согласно тоа да се направи проценка на финансиските средства.

Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2022 година, до завршувањето на повикот на 01.11.2022 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

The post Пристигнати 220 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертер клима уреди appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 220 апликации, што говори за голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците. Според проценките за исплата во максималниот износ остануваат финансиски средства за уште околу 120 барања. Доколку се исполни бројката од околу 340 барање, онлајн аплицирањето автоматски ќе биде прекинато за да се разгледаат барањата и согласно тоа да се направи проценка на финансиските средства. Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2022 година, до завршувањето на повикот на 01.11.2022 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

The post Пристигнати 220 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертер клима уреди appeared first on Република.

]]>
Објавен јавниот повик за субвенции за набавка на инвертери – аплицирајте онлајн https://republika.mk/vesti/skopje/objaven-javniot-povik-za-subvencii-za-nabavka-na-inverteri-aplicirajte-onlajn/ Mon, 13 Jun 2022 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=514327

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните може да аплицираат онлајн.

На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај)  и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.
Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.
Документацијата потребна за онлајн аплицирање e достапна на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето се врши преку платформата - uslugi.skopje.gov.mk
Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.
Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот –
https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/
Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот –
https://skopje.gov.mk/sq/apliciraj/subvencii/
Аплицирајте на - uslugi.skopje.gov.mk
Овие субвенции се дел од мерките што Градот Скопје ги има предвидено во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Градот. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено се ефикасни при затоплувањето на домовите.

The post Објавен јавниот повик за субвенции за набавка на инвертери – аплицирајте онлајн appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните може да аплицираат онлајн. На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај)  и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка. Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери. Документацијата потребна за онлајн аплицирање e достапна на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето се врши преку платформата - uslugi.skopje.gov.mk Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари. Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/ Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/sq/apliciraj/subvencii/ Аплицирајте на - uslugi.skopje.gov.mk Овие субвенции се дел од мерките што Градот Скопје ги има предвидено во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Градот. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено се ефикасни при затоплувањето на домовите.

The post Објавен јавниот повик за субвенции за набавка на инвертери – аплицирајте онлајн appeared first on Република.

]]>
В понеделник ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за инвертер клими – аплицирањето ќе биде онлајн https://republika.mk/vesti/skopje/v-ponedelnik-kje-bide-objaven-javniot-povik-za-subvencii-za-inverter-klimi-apliciranjeto-kje-bide-onlajn/ Thu, 09 Jun 2022 20:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=513256

Градот Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај)  и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.

Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена во понеделник на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата  www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана во понеделник.

Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

The post В понеделник ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за инвертер клими – аплицирањето ќе биде онлајн appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн. На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај)  и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка. Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери. Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена во понеделник на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата  www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана во понеделник. Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

The post В понеделник ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за инвертер клими – аплицирањето ќе биде онлајн appeared first on Република.

]]>
И годинава Градот ќе дава субвенции за инвертери https://republika.mk/vesti/skopje/i-godinava-gradot-kje-dava-subvencii-za-inverteri/ Thu, 31 Mar 2022 18:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=481601

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.

Советот на Град Скопје на денешната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.

Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година.

Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено постигнуваат затоплување на домовите.

Доколку  се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

- Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 76.000 денари годишно;

-  Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 48.000 денари годишно;

- Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 30.000 денари годишно.

Според  анализата на  годишно ниво ќе се  заштедат  околу 18.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 46.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

 

The post И годинава Градот ќе дава субвенции за инвертери appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање. Советот на Град Скопје на денешната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање. Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година. Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено постигнуваат затоплување на домовите. Доколку  се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки: - Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 76.000 денари годишно; -  Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 48.000 денари годишно; - Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 30.000 денари годишно. Според  анализата на  годишно ниво ќе се  заштедат  околу 18.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 46.000 денари во однос на загревањето со термо печка.  

The post И годинава Градот ќе дава субвенции за инвертери appeared first on Република.

]]>