интервенција Archives - Република https://republika.mk/tema/intervencija/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 07:36:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интервенција Archives - Република https://republika.mk/tema/intervencija/ 32 32 Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/intervencijata-prodziren-chovek-im-se-obrakja-na-mladite-za-da-ja-pottikne-nivnata-mediumska-i-informaciska-pismenost/ Thu, 27 Oct 2022 07:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=566117

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн.

Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“.

„Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост.

Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.

Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет.

Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.

Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.

Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.

Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.

Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.

Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.

Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.

 

The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн. Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“. „Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост. Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.
Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.
Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет. Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.
Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.
Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.
Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.
Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.
Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.
Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.
 

The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>
Славевски: Ако има прекршоци од Арсовска можеби ќе бараме интервенција од правосудните органи https://republika.mk/vesti/skopje/slavevski-ako-ima-prekrshoci-od-arsovska-mozebi-kje-barame-intervencija-od-pravosudnite-organi/ Thu, 15 Sep 2022 08:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=550956

Гледаме дека во континуитет овие неколку дена од понеделникот директорите објаснуваат, даваат аргументи вклучително и на некои медиуми преку соопштенија, преку статуси на социјалните мрежи, а денес имаме молк од кабинетот на градоначалникот и од госпоѓата Арсовска после и од нејзина страна изнесени тешки обвинувања, истакна Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на Град Скопје.

Дополнително Славески потенцираше дека после неколку месечно следење на активностите на Арсовска од страна на партијата, донеле став дека е далеку од очекувањата за перфомансот на градоначалниката Данела Арсовска, тој посочи дека неговото мислење е дека нема да дојде до откажување од овој капитален проект важен за скопјани.

Тој потврди дека градоначалничката не воспоставила комуникација која е природна помеѓу градоначалник и претседател на совет, потврдувајќи ги аргументите на екс-директорите за односот на Арсовска кон соработниците.

Не сме разговарале за оставка во партијата, но ако се испостави сега дека има прекршоци од страна на градоначалникот Арсовска во смисла на антидатирање на документи како што е истакнато на прес-конференции итн, понатаму ако се испостави дека упадот во процесот на избор на најповолен понудувач, протекувањето на информации во некој медиуми два дена пред отворање на понудите, тоа е сериозна работа, во тој случај по закон може да бараме примена на законот, интервенција на органите на правосудството а тоа значи дека ќе има посериозни консеквенци. Како претседател на советот, како и до сега се трудам и ќе обезбедам оние прашања и проекти што се во интерес на скопјани, некој што ние заедно работејќи на програмата минатата година сме ги поддржале и предложиле, ќе ги поддржуваме и понатаму, рече Славески.

 

The post Славевски: Ако има прекршоци од Арсовска можеби ќе бараме интервенција од правосудните органи appeared first on Република.

]]>

Гледаме дека во континуитет овие неколку дена од понеделникот директорите објаснуваат, даваат аргументи вклучително и на некои медиуми преку соопштенија, преку статуси на социјалните мрежи, а денес имаме молк од кабинетот на градоначалникот и од госпоѓата Арсовска после и од нејзина страна изнесени тешки обвинувања, истакна Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на Град Скопје.
Дополнително Славески потенцираше дека после неколку месечно следење на активностите на Арсовска од страна на партијата, донеле став дека е далеку од очекувањата за перфомансот на градоначалниката Данела Арсовска, тој посочи дека неговото мислење е дека нема да дојде до откажување од овој капитален проект важен за скопјани. Тој потврди дека градоначалничката не воспоставила комуникација која е природна помеѓу градоначалник и претседател на совет, потврдувајќи ги аргументите на екс-директорите за односот на Арсовска кон соработниците.
Не сме разговарале за оставка во партијата, но ако се испостави сега дека има прекршоци од страна на градоначалникот Арсовска во смисла на антидатирање на документи како што е истакнато на прес-конференции итн, понатаму ако се испостави дека упадот во процесот на избор на најповолен понудувач, протекувањето на информации во некој медиуми два дена пред отворање на понудите, тоа е сериозна работа, во тој случај по закон може да бараме примена на законот, интервенција на органите на правосудството а тоа значи дека ќе има посериозни консеквенци. Како претседател на советот, како и до сега се трудам и ќе обезбедам оние прашања и проекти што се во интерес на скопјани, некој што ние заедно работејќи на програмата минатата година сме ги поддржале и предложиле, ќе ги поддржуваме и понатаму, рече Славески.
 

The post Славевски: Ако има прекршоци од Арсовска можеби ќе бараме интервенција од правосудните органи appeared first on Република.

]]>
На Клиника во Брисел првпат извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinika-vo-brisel-prvpat-izvrshena-intervencija-so-kateter-vrz-trilistniot-zalistok-na-srceto/ Wed, 31 Aug 2022 08:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=545962

Во Универзитетските клиники Сен Лук во Брисел за првпат е извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова го соопштија денеска од универзитетската болница во Белгија. Лекарите успеале да заменат трилистен залисток на срцето на пациент со катетер за првпат во светот. Овој третман значи нова надеж за пациентите кои се премногу слаби и кревки за да претрпат хируршка интервенција, а не реагираат на медикаментозната терапија.

Трилистниот залисток е еден од четирите залистоци на срцето, а кога тој лошо функционира може да доведе до сериозни срцеви проблеми, и досега заболените се третираа само со хируршка интервенција или со лекови.

Интервенцијата е извршена на 22 август, јавува белгиската новинска агенција Белга, врз 84-годишна пациентка без отворање на тораксот, туку со катетер преку препоните до срцето.

Пациентката е дома, во добра состојба, соопштија од болницата.

The post На Клиника во Брисел првпат извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето appeared first on Република.

]]>

Во Универзитетските клиники Сен Лук во Брисел за првпат е извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ова го соопштија денеска од универзитетската болница во Белгија. Лекарите успеале да заменат трилистен залисток на срцето на пациент со катетер за првпат во светот. Овој третман значи нова надеж за пациентите кои се премногу слаби и кревки за да претрпат хируршка интервенција, а не реагираат на медикаментозната терапија. Трилистниот залисток е еден од четирите залистоци на срцето, а кога тој лошо функционира може да доведе до сериозни срцеви проблеми, и досега заболените се третираа само со хируршка интервенција или со лекови. Интервенцијата е извршена на 22 август, јавува белгиската новинска агенција Белга, врз 84-годишна пациентка без отворање на тораксот, туку со катетер преку препоните до срцето. Пациентката е дома, во добра состојба, соопштија од болницата.

The post На Клиника во Брисел првпат извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето appeared first on Република.

]]>
Анкета на Си-Ен-Ен: Повеќето Американци се противат САД воено да интервенираат во Украина https://republika.mk/vesti/svet/anketa-na-si-en-en-povekjeto-amerikanci-se-protivat-sad-voeno-da-interveniraat-vo-ukraina/ Tue, 01 Mar 2022 14:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=465980

Повеќето Американци се противат САД да имаат директна воена акција за да ја запрат руската воена акција во Украина, покажа анкетата на Си-Ен-Ен.

Анкетата на Си-Ен-Ен покажува дека 62 отсто од Американците веруваат дека САД треба да сторат повеќе за да ги запрат руските воени дејствија што моментално се случуваат во Украина, додека 38 отсто од Американците веруваат дека САД веќе направиле доволно.

Меѓутоа, на прашањето дали испитаниците би биле за или против САД да преземат директна воена акција за запирање на Русија доколку економските санкции не функционираат, само 42 отсто одговориле дека ја поддржуваат акцијата бидејќи мнозинството (58 отсто) рекле дека би се спротивставиле на која било воена акција.

Покрај тоа, постои консензус на мнозинството дека повеќето луѓе имаат растечки страв од руска агресија. Огромното мнозинство 77 отсто рекле дека се загрижени дека војната во Украина ќе доведе до руски напади на друго место, додека само 23 отсто рекле дека не се загрижени.

Освен тоа, 80 отсто рекле дека се загрижени дека војната во Украина ќе доведе до поширока војна во Европа, додека само 20 отсто рекле дека не се загрижени. Имаше и 72% од оние кои изјавија дека се загрижени дека војната во Украина ќе ја загрози националната безбедност на САД.

Анкетата на Си-Ен-Ен беше спроведена помеѓу 25 и 26 февруари и преку СМС пораки со 1.001 возрасно лице во САД. Можната грешка е 4 проценти. 30 отсто од демократите, 31 отсто од републиканците и 39 отсто од независните одговориле на прашањата.

The post Анкета на Си-Ен-Ен: Повеќето Американци се противат САД воено да интервенираат во Украина appeared first on Република.

]]>

Повеќето Американци се противат САД да имаат директна воена акција за да ја запрат руската воена акција во Украина, покажа анкетата на Си-Ен-Ен. Анкетата на Си-Ен-Ен покажува дека 62 отсто од Американците веруваат дека САД треба да сторат повеќе за да ги запрат руските воени дејствија што моментално се случуваат во Украина, додека 38 отсто од Американците веруваат дека САД веќе направиле доволно.
Меѓутоа, на прашањето дали испитаниците би биле за или против САД да преземат директна воена акција за запирање на Русија доколку економските санкции не функционираат, само 42 отсто одговориле дека ја поддржуваат акцијата бидејќи мнозинството (58 отсто) рекле дека би се спротивставиле на која било воена акција. Покрај тоа, постои консензус на мнозинството дека повеќето луѓе имаат растечки страв од руска агресија. Огромното мнозинство 77 отсто рекле дека се загрижени дека војната во Украина ќе доведе до руски напади на друго место, додека само 23 отсто рекле дека не се загрижени. Освен тоа, 80 отсто рекле дека се загрижени дека војната во Украина ќе доведе до поширока војна во Европа, додека само 20 отсто рекле дека не се загрижени. Имаше и 72% од оние кои изјавија дека се загрижени дека војната во Украина ќе ја загрози националната безбедност на САД. Анкетата на Си-Ен-Ен беше спроведена помеѓу 25 и 26 февруари и преку СМС пораки со 1.001 возрасно лице во САД. Можната грешка е 4 проценти. 30 отсто од демократите, 31 отсто од републиканците и 39 отсто од независните одговориле на прашањата.

The post Анкета на Си-Ен-Ен: Повеќето Американци се противат САД воено да интервенираат во Украина appeared first on Република.

]]>