интерпелација на Џафери Archives - Република https://republika.mk/tema/interpelacija-na-dzaferi/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Jun 2022 06:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интерпелација на Џафери Archives - Република https://republika.mk/tema/interpelacija-na-dzaferi/ 32 32 Денеска на собраниска седница интерпелацијата за Талат Џафери https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-na-sobraniska-sednica-interpelacijata-za-talat-dzaferi/ Thu, 30 Jun 2022 06:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=521356

Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.

Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

Интерпелацијата за Џафери ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе на 30 мај. Џафери запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа денешната седница.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои спроведуваат, како што ја нарекоа активна блокада во Собранието, го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се почесто има скандали во неговото работење и оти последен во низата бил скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ биле заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница.

Џафери, како што посочуваат од опозицијата, постапил несовесно, со тоа што извршил најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, кога со непристоен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршел притисок врз службите во Собранието.  Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори Џафери постапувал како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието.

Дополнително, опозицијата обвинува и дека во изминатиов период имало повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот. Според ВМРО-ДПМНЕ, Џафери покажал дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери преку соопштение одговори на поднесената интерпелација која, како што наведе, „содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација“.

„Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања, посебниот придонес што го дадов во изминатите пет години во подигнувањето на нивото на дијалог и демократска култура во законодавниот дом, преземајќи чекори кон јакнење на независноста на Собранието и на неговата контролна функција во однос на извршната власт – нешто што беше речиси незамисливо во периодот кога дел од сегашните подносители на интерпелацијата беа мнозинство во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, секако, се свесни дека, за дневно – политички цели, поттикнати од нивното партиско седиште, пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник“, стои, меѓу другото, во одговорот на Џафери.

The post Денеска на собраниска седница интерпелацијата за Талат Џафери appeared first on Република.

]]>

Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација. Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Интерпелацијата за Џафери ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе на 30 мај. Џафери запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа денешната седница. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои спроведуваат, како што ја нарекоа активна блокада во Собранието, го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се почесто има скандали во неговото работење и оти последен во низата бил скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ биле заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Џафери, како што посочуваат од опозицијата, постапил несовесно, со тоа што извршил најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, кога со непристоен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршел притисок врз службите во Собранието.  Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори Џафери постапувал како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието. Дополнително, опозицијата обвинува и дека во изминатиов период имало повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот. Според ВМРО-ДПМНЕ, Џафери покажал дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот. Претседателот на Собранието Талат Џафери преку соопштение одговори на поднесената интерпелација која, како што наведе, „содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација“. „Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања, посебниот придонес што го дадов во изминатите пет години во подигнувањето на нивото на дијалог и демократска култура во законодавниот дом, преземајќи чекори кон јакнење на независноста на Собранието и на неговата контролна функција во однос на извршната власт – нешто што беше речиси незамисливо во периодот кога дел од сегашните подносители на интерпелацијата беа мнозинство во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, секако, се свесни дека, за дневно – политички цели, поттикнати од нивното партиско седиште, пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник“, стои, меѓу другото, во одговорот на Џафери.

The post Денеска на собраниска седница интерпелацијата за Талат Џафери appeared first on Република.

]]>
Џафери ја доби интерпелацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-ja-dobi-interpelacijata/ Tue, 31 May 2022 12:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=509276

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, соопшти неговиот кабинет.

Интерпелацијата треба да биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако нема одговор во рокот интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.

Во соопштението од Кабинетот се објаснува процедурата откако ќе биде доставена интерпелација до Собранието и кога треба да биде закажана седницата.

Според Деловникот на Собранието на Република Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците. Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. (член 46) Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47) Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери.

The post Џафери ја доби интерпелацијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, соопшти неговиот кабинет. Интерпелацијата треба да биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако нема одговор во рокот интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. Во соопштението од Кабинетот се објаснува процедурата откако ќе биде доставена интерпелација до Собранието и кога треба да биде закажана седницата.
Според Деловникот на Собранието на Република Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците. Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. (член 46) Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47) Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери.

The post Џафери ја доби интерпелацијата appeared first on Република.

]]>
Поднесена интерпелацијата за Талат Џафери: Никогаш немало толку скандали и понижувања во Собранието како што има сега https://republika.mk/vesti/makedonija/podnesena-interpelacijata-za-talat-dzaferi-nikogash-nemalo-tolku-skandali-i-ponizuvanja-vo-sobranieto-kako-shto-ima-sega/ Mon, 30 May 2022 11:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=508721

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес, официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој што се случува во Собранието, а е под директива на Џафери и како резултат на се почестото кршење на Деловникот, како и самоволието кое што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција, информира Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“.

-Во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само заради тоа што очигледно Џафери дефинитивно не сака или не знае капацитетно да води една демократска институција. Ги повикуваме сите пратеници од овој парламентарен состав да се приклучат кон оваа интерпелација и заедно сите да ставиме крај на овој човек кој што си ја има присвоено оваа функција и се однесува како да има право да вреѓа, да пцуе, да омаловажува и да заклучува пратеници. Апелираме до пратениците од СДСМ и мнозинството дека сега е моментот, кога треба да се стават настрана партиските договори и да застанат во одбрана на, пред се човековите права, а потоа и во одбрана на Собранието на Република Македонија. Во спротивно, доколку не ја поддржат оваа интерпелација ќе покажат дека, не само што го оправдуваат ваквото однесување на Џафери туку и дека се дел од него, истакна тој.

Мицевски му порача на Тала Џафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност, а доколку повторно избега и не ја стави на седница ќе даде до знаење нема ни грам одговорност кон функцијата што ја извршува.

The post Поднесена интерпелацијата за Талат Џафери: Никогаш немало толку скандали и понижувања во Собранието како што има сега appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ја достави интерпелацијата за Џафери, Беса ќе гласа „за“, АА се уште нема став https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-denes-kje-ja-dostavi-interpelacijata-za-dzaferi-besa-kje-glasa-za-aa-se-ushte-nema-stav/ Mon, 30 May 2022 06:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=508515

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска и формално ќе поднесат интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери.

Последователните скандали и неодговорното и непрофесионално работење на собранискиот спикер се некои од причините на ВМРО-ДПМНЕ кои ги смета како основа за интерпелацијата против претседателот на Собранието.

Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење, рече вчера пратеничката афина Стојаноска.

Според неа, Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.

Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

За да помине интерпелацијата потребни се 61 глас. Засега АА нема став дали ќе ја поддржи интерпелацијата,

Од Движењето Беса велат дека ќе ја поддржат интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е дека по последните случувања во Собранието, особено по разрешувањето на пратеникот Фадиљ Зендели од Комисијата за избори и именувања, Талат Џафери несомнено дека нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе ја поддржат интерпелацијата но најважно е мнозинството да сфати дека ги измами граѓаните на земјава и затоа треба да одиме што поскоро на предвремени парламентарни избори, велат од Беса.

Ова не е прва интерпелација против Џафери како претседател на Собранието, а според Правилникот и во случај кога се покрева интерпелација за претседателот на Собранието, тој самиот ја води седницата за интерпелацијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ја достави интерпелацијата за Џафери, Беса ќе гласа „за“, АА се уште нема став appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска и формално ќе поднесат интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери. Последователните скандали и неодговорното и непрофесионално работење на собранискиот спикер се некои од причините на ВМРО-ДПМНЕ кои ги смета како основа за интерпелацијата против претседателот на Собранието.
Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење, рече вчера пратеничката афина Стојаноска.
Според неа, Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.
Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
За да помине интерпелацијата потребни се 61 глас. Засега АА нема став дали ќе ја поддржи интерпелацијата, Од Движењето Беса велат дека ќе ја поддржат интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од јасно е дека по последните случувања во Собранието, особено по разрешувањето на пратеникот Фадиљ Зендели од Комисијата за избори и именувања, Талат Џафери несомнено дека нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе ја поддржат интерпелацијата но најважно е мнозинството да сфати дека ги измами граѓаните на земјава и затоа треба да одиме што поскоро на предвремени парламентарни избори, велат од Беса.
Ова не е прва интерпелација против Џафери како претседател на Собранието, а според Правилникот и во случај кога се покрева интерпелација за претседателот на Собранието, тој самиот ја води седницата за интерпелацијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ја достави интерпелацијата за Џафери, Беса ќе гласа „за“, АА се уште нема став appeared first on Република.

]]>
Поради нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе формално интерпелацијата за Талат Џафери https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nestruchno-i-nesovesno-rabotenje-i-pretsedavanje-so-makedonskoto-sobranie-vmro-dpmne-utre-kje-ja-podnese-formalno-interpelacijata-za-talat-dzaferi/ Sun, 29 May 2022 11:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=508267

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.
Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание, објави пратеничката Дафина Стојаноска.

Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.
Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.

Според неа, Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.

Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина.

Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел - изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт.

Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа:
- Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции;

https://www.youtube.com/watch?v=MyRnuwMlN9w

- Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници;
- Ненавремено доставување на материјал до пратениците;
- Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата;
- Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието;
- Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело;
- Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.

Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот.

Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација.
Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.

Но, добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на Талат Џафери.

The post Поради нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе формално интерпелацијата за Талат Џафери appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија. Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание, објави пратеничката Дафина Стојаноска.
Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.
Според неа, Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.
Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина.
Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел - изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт.
Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа: - Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции; https://www.youtube.com/watch?v=MyRnuwMlN9w - Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници; - Ненавремено доставување на материјал до пратениците; - Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата; - Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието; - Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело; - Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.
Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот. Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација. Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.