инклузивност Archives - Република https://republika.mk/tema/inkluzivnost/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 08:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инклузивност Archives - Република https://republika.mk/tema/inkluzivnost/ 32 32 Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“ https://republika.mk/vesti/skopje/denis-kosmonautko-organizira-inkluziven-nastan-narechen-peshachime-za-poddrshka/ Wed, 25 Sep 2024 08:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=819457

На 5 октомври од 11 до 13 часот, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“. Јанкуловски ги кани сите граѓани да му се придружат на прошетката која ќе започне од споменикот на Гоце Делчев, ќе се движи низ Градскиот парк до хотелот „Александар палас“. Целта на настанот, како што вели тој, е да им се даде поддршка на лицата со атипичен развој.

Сакаш да дадеш поддршка за различностите?
Ти недостасува дружбата со пријателите и другарите?
Ти недостасува рекреација?
05.10 е датумот на кој можеш овие работи да ги комбинираш и оствариш.
Каде - во градски парк Скопје, прошетка од споменикот на Гоце Делчев низ парк до хотел Александар Палас
Кое време - од 11 до 13ч, збирно место 11ч кај споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната
Зошто - 1. за да дадеме поддршка на нашите атипични другарчиња и нивните семејства, уште еднаш да покажеме дека ние сме тука за нив
2. за да се видиме и помуабетиме во една опуштена и релаксирана атмосфера, да прашаме, да се запознаеме, да дознаеме како ние може да придонесеме.
3. за да се релаксираме од глупостите и мачнотии со кои сме бомбардирани
Кој е поканет - сите, тоа значи атипични, типични, мали и големи, вораст од 1 месец па се' до сите месеци, со куче или точак, тивки или гласни, вакви, такви, онакви, инакви. Секакви, различни но и многу слични. А сите насмеани ❤️ значи буквално секој кој сака да се дружи, да си помине убави дружбени саати и да покаже дека прифаќа и почитува.
Што треба да донесете - насмевки, прегратки, расположение и многу многу љубов
Битно - Пешачиме онаму каде можат сите да се движат.
Идејата е вакви дружби да правиме секогаш кога ќе ни дозволат временските услови, да стане еден вид традиција. Неформални, опуштени, разговорни, другарски. Оваа дружба на 05.10 ја правиме во сабота заради други фактори, но начелно „Пешачиме за поддршка“ ќе биде во недела, независно дали е секоја недела, еднаш или двапати месечно. Ве чекаме на прошетка муабет - стои во објавата за настанот организиран од Денис Космонаутко.

The post Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“ appeared first on Република.

]]>

На 5 октомври од 11 до 13 часот, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“. Јанкуловски ги кани сите граѓани да му се придружат на прошетката која ќе започне од споменикот на Гоце Делчев, ќе се движи низ Градскиот парк до хотелот „Александар палас“. Целта на настанот, како што вели тој, е да им се даде поддршка на лицата со атипичен развој.
Сакаш да дадеш поддршка за различностите? Ти недостасува дружбата со пријателите и другарите? Ти недостасува рекреација? 05.10 е датумот на кој можеш овие работи да ги комбинираш и оствариш. Каде - во градски парк Скопје, прошетка од споменикот на Гоце Делчев низ парк до хотел Александар Палас Кое време - од 11 до 13ч, збирно место 11ч кај споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната Зошто - 1. за да дадеме поддршка на нашите атипични другарчиња и нивните семејства, уште еднаш да покажеме дека ние сме тука за нив 2. за да се видиме и помуабетиме во една опуштена и релаксирана атмосфера, да прашаме, да се запознаеме, да дознаеме како ние може да придонесеме. 3. за да се релаксираме од глупостите и мачнотии со кои сме бомбардирани Кој е поканет - сите, тоа значи атипични, типични, мали и големи, вораст од 1 месец па се' до сите месеци, со куче или точак, тивки или гласни, вакви, такви, онакви, инакви. Секакви, различни но и многу слични. А сите насмеани ❤️ значи буквално секој кој сака да се дружи, да си помине убави дружбени саати и да покаже дека прифаќа и почитува. Што треба да донесете - насмевки, прегратки, расположение и многу многу љубов Битно - Пешачиме онаму каде можат сите да се движат. Идејата е вакви дружби да правиме секогаш кога ќе ни дозволат временските услови, да стане еден вид традиција. Неформални, опуштени, разговорни, другарски. Оваа дружба на 05.10 ја правиме во сабота заради други фактори, но начелно „Пешачиме за поддршка“ ќе биде во недела, независно дали е секоја недела, еднаш или двапати месечно. Ве чекаме на прошетка муабет - стои во објавата за настанот организиран од Денис Космонаутко.

The post Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“ appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите https://republika.mk/zivot/bitiki-preku-inkluzivnost-vo-zelenata-i-digitalnata-transformatsija-na-ekonomijata-ke-postigneme-pogolema-vkluchenost-na-romite/ Wed, 28 Feb 2024 13:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=749276

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста на инклузивноста во зелената и дигиталната трансформација на економијата, како и потребата од поголема заедничка посветеност во пронаоѓање на иновативни решенија за поголема вклученост на Ромите во овие процеси.

„Владата е цврсто посветена на градење на системска сензибилност кон различностите, кон инклузијата и градењето на едно општество за сите, што беше формализирано со „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и социјалната кохезија, 2024-2026 година“, како и со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година, која беше изработена и усвоена согласно насоките на Стратешката рамка на ЕУ за Ромите. Ова значи дека вредносните патеки кои водат кон ЕУ и инклузија на различностите, се спојуваат една со друга“, рече во своето обраќање вицепремиерот Битиќи.

Тој посочи на важноста на изработката на Националната развојна стратегија 2024-2024 како пример за широко инклузивен процес во кој беа вклучени сите општествени чинители.

„Кога зборуваме за инклузијата, овде е и Националната развојна стратегија 2024-2044 година, која токму, преку инклузивен процес успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии. Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето на дваесет годишната визија за развојот на државата“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој изрази уверување дека Македонија има резервоар на претприемачка и иновативна енергија, скриен сограѓаните Роми, кој за да го ослободиме треба да ги срушиме стереотипите и предрасудите, да ги разбереме различностите.

The post Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во Скопје. Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста на инклузивноста во зелената и дигиталната трансформација на економијата, како и потребата од поголема заедничка посветеност во пронаоѓање на иновативни решенија за поголема вклученост на Ромите во овие процеси. „Владата е цврсто посветена на градење на системска сензибилност кон различностите, кон инклузијата и градењето на едно општество за сите, што беше формализирано со „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и социјалната кохезија, 2024-2026 година“, како и со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година, која беше изработена и усвоена согласно насоките на Стратешката рамка на ЕУ за Ромите. Ова значи дека вредносните патеки кои водат кон ЕУ и инклузија на различностите, се спојуваат една со друга“, рече во своето обраќање вицепремиерот Битиќи. Тој посочи на важноста на изработката на Националната развојна стратегија 2024-2024 како пример за широко инклузивен процес во кој беа вклучени сите општествени чинители. „Кога зборуваме за инклузијата, овде е и Националната развојна стратегија 2024-2044 година, која токму, преку инклузивен процес успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии. Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето на дваесет годишната визија за развојот на државата“, рече вицепремиерот Битиќи. Тој изрази уверување дека Македонија има резервоар на претприемачка и иновативна енергија, скриен сограѓаните Роми, кој за да го ослободиме треба да ги срушиме стереотипите и предрасудите, да ги разбереме различностите.

The post Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да направи се што е можно им го подобри животот на лицата со попреченост https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-se-obvrzuva-da-napravi-se-shto-e-mozhno-im-go-podobri-zhivotot-na-litsata-so-poprechenost/ Sun, 03 Dec 2023 14:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=718933

Општеството треба да стане свесно за потребата од инклузијата на различностите, институциите да преземат обврска и да покажат поголем активизам за да може да се постигне некаква цел која навистина ќе им го подобри животот на овие луѓе, изјави претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска на денешната трибина на тема „Инклузивно образование во Република Македонија, состојби, предизвици и перспективи“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Јаневска истакна дека за да се остварат правата на луѓето со попреченост треба да се остварат неколку услови меѓу кои достапност, образование, вработување и учество во социјални и културни настани.

Една од најважните елементи за овие луѓе е образованието и затоа денес го одбележуваме овој ден, затоа што образованието на овие луѓе треба да биде рано препознаено за да им се овозможи и прилагоди. Освен еднакви можности за образование, опфаќа и достапност, но и модифицирани материјали и услови за да можат да стекнат знаење, вештини компетенции. Покрај тоа треба да им се понудат индивидуални програми и трансфер од еден во друг степен на образование, рече Јаневска.

Јаневска нагласи дека сепак, ништо од тоа не може да се направи ако нема доволно специјализирани луѓе и експерти од таа област кои се потребни да работат со овие лица.

Мора да се зголеми видливоста за потребите на овие луѓе. Свесност, разбирање, волја, поддршка и борба и желба да направиме нешто добро во ова општество. Ова што е најважно е и поддршка на хероите родители на децата без оглед на која возраст се наоѓаат за да заедно со нив направиме посреќен ден на овие деца, изјави Јаневска.

Јаневска посочи дека Македонија има направено прилично но тоа никогаш не е доволно.

Мора да се преземаат повеќе чекори. Она што сите треба да го знаат дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да направи се што можно во можностите кои оваа држава може да ги понуди на целото општество да го подобри животот и чувството на благосостојба на овие лица, истакна Јаневска.

The post Јаневска: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да направи се што е можно им го подобри животот на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>

Општеството треба да стане свесно за потребата од инклузијата на различностите, институциите да преземат обврска и да покажат поголем активизам за да може да се постигне некаква цел која навистина ќе им го подобри животот на овие луѓе, изјави претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска на денешната трибина на тема „Инклузивно образование во Република Македонија, состојби, предизвици и перспективи“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост Јаневска истакна дека за да се остварат правата на луѓето со попреченост треба да се остварат неколку услови меѓу кои достапност, образование, вработување и учество во социјални и културни настани.