иницијатива за референум Archives - Република https://republika.mk/tema/inicijativa-za-referenum/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 18:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иницијатива за референум Archives - Република https://republika.mk/tema/inicijativa-za-referenum/ 32 32 Апасиев: Враќањето на иницијативата за референдум на спикерот Џафери е само купување време https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-vrakjanjeto-na-inicijativata-za-referendum-na-spikerot-dzaferi-e-samo-kupuvanje-vreme/ Wed, 12 Oct 2022 18:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=560287

Лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери е само купување време, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.

Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме, рече вечерва Апасиев во изјава за Сител ТВ.

Тој смета дека правното толкување на Џафери кое што е неиздржано е оти заклучокот бил став, а не бил акт и според тоа прашањето не било соодветно поставено.

Имено, тој го занемарува членот 24 од Законот за референдум и други одлуки на непосредно изјаснување на граѓаните каде што вели дека дополнителен референдум каков што ние бараме може да се распише за други прашања за кои одлучувало Собранието. Токму такво прашање, значи не се бара акт туку прашање е заклучокот, односно заклучоците коишто ние ги ставаме на референдум. Оттука, ова враќање на спикерот Џафери е само добивање време, односно купување време, подвлекува Апасиев.

Тој го повтори ставот дека доколу Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.

Се надеваме дека нема да се дрзне, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание затоа што тоа не е негова своина, не е негова сопственост и за ова одбивање ќе добие и соодветен поднесок од мене против него лично бидејќи како физичко лице ми ги објавил моите лични податоци што исто така е кривично дело, вели Апасиев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва преку соопштение го објави својот став дека барањето за одржување референдум поднесено од политилката партија Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено, и воедно бара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогалси барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prashanjeto-bilo-nesoodvetno-dzaferi-otfrli-ushte-edna-inicijativa-za-referendum-ovojpat-na-levica/

Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”.

Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

The post Апасиев: Враќањето на иницијативата за референдум на спикерот Џафери е само купување време appeared first on Република.

]]>

Лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери е само купување време, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.
Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме, рече вечерва Апасиев во изјава за Сител ТВ.
Тој смета дека правното толкување на Џафери кое што е неиздржано е оти заклучокот бил став, а не бил акт и според тоа прашањето не било соодветно поставено.
Имено, тој го занемарува членот 24 од Законот за референдум и други одлуки на непосредно изјаснување на граѓаните каде што вели дека дополнителен референдум каков што ние бараме може да се распише за други прашања за кои одлучувало Собранието. Токму такво прашање, значи не се бара акт туку прашање е заклучокот, односно заклучоците коишто ние ги ставаме на референдум. Оттука, ова враќање на спикерот Џафери е само добивање време, односно купување време, подвлекува Апасиев.
Тој го повтори ставот дека доколу Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.
Се надеваме дека нема да се дрзне, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание затоа што тоа не е негова своина, не е негова сопственост и за ова одбивање ќе добие и соодветен поднесок од мене против него лично бидејќи како физичко лице ми ги објавил моите лични податоци што исто така е кривично дело, вели Апасиев.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва преку соопштение го објави својот став дека барањето за одржување референдум поднесено од политилката партија Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено, и воедно бара во предвидениот рок од 15 дена предлагачот да го усогалси барањето со одредбите од Деловникот на Собранието. https://republika.mk/vesti/makedonija/prashanjeto-bilo-nesoodvetno-dzaferi-otfrli-ushte-edna-inicijativa-za-referendum-ovojpat-na-levica/ Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

The post Апасиев: Враќањето на иницијативата за референдум на спикерот Џафери е само купување време appeared first on Република.

]]>
Прашањето било несоодветно: Џафери отфрли уште една иницијатива за референдум, овојпат на Левица https://republika.mk/vesti/makedonija/prashanjeto-bilo-nesoodvetno-dzaferi-otfrli-ushte-edna-inicijativa-za-referendum-ovojpat-na-levica/ Wed, 12 Oct 2022 17:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=560264

Барањето за одржување референдум поднесено од политичката партија Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

Испитувајќи го вашето „Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум“, увидов дека барањето не е подготвено во согласност со одредбите на Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што, заклучоците не се општ правен акт, закон или устав, истите по негова природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Cеверна Македонија во нејзиното постапување, наведе вечерва Џафери во соопштение како одговор на граѓанската иницијатива за одржување референдум од Левица.

Претседателот на Собранието воедно бара во предвидениот рок предлагачот да го усогалси барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

Имајќи го во предвид горенаведеното, а согласно член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој гласи: „Ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој Деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието, се смета дека предлогот на законот не е поднесен“, која одредба соодветно се применува и за сите други поднесоци. Барам во предвидениот рок, Вашето барање да го усогласите со одредите на Деловникот на Собранието на Република Македонија, наведува Џафери.

Политичката партија Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Партијата собрала 750 потписи кои со останатите материјали ги предаде во собраниската архива.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција најави целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.

Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече Апасиев.

Образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот” предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ, појасни Апасеив, при поднесувањето на иницијативата за референдум до ДИК.

Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

The post Прашањето било несоодветно: Џафери отфрли уште една иницијатива за референдум, овојпат на Левица appeared first on Република.

]]>

Барањето за одржување референдум поднесено од политичката партија Левица не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.
Испитувајќи го вашето „Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум“, увидов дека барањето не е подготвено во согласност со одредбите на Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што, заклучоците не се општ правен акт, закон или устав, истите по негова природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Cеверна Македонија во нејзиното постапување, наведе вечерва Џафери во соопштение како одговор на граѓанската иницијатива за одржување референдум од Левица.
Претседателот на Собранието воедно бара во предвидениот рок предлагачот да го усогалси барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.
Имајќи го во предвид горенаведеното, а согласно член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој гласи: „Ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој Деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието, се смета дека предлогот на законот не е поднесен“, која одредба соодветно се применува и за сите други поднесоци. Барам во предвидениот рок, Вашето барање да го усогласите со одредите на Деловникот на Собранието на Република Македонија, наведува Џафери.
Политичката партија Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Партијата собрала 750 потписи кои со останатите материјали ги предаде во собраниската архива. Лидерот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција најави целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.
Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече Апасиев.
Образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.
Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот” предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ, појасни Апасеив, при поднесувањето на иницијативата за референдум до ДИК.
Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

The post Прашањето било несоодветно: Џафери отфрли уште една иницијатива за референдум, овојпат на Левица appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе ја уриваме оваа влада сѐ до предвремени парламентарни избори https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-kje-ja-urivame-ovaa-vlada-s-do-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Wed, 21 Sep 2022 14:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=552944

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави партијата после пропаднатата иницијатива за одржување референдум против Договорот за Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја урива оваа Влада сѐ до организирање предвремени парламентарни избори.

За тоа дали опозициската партија ќе ја поддржи иницијативата на Левица, рече дека „играта на поднесување иницијативи можеме да ја играме до бескрај”, но дека е направен преседан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што претседателот на Собранието еден ден ќе одговара.

Но видовте ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за неговите постапки тој човек ќе одговара – рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе ја уриваме оваа влада сѐ до предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави партијата после пропаднатата иницијатива за одржување референдум против Договорот за Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја урива оваа Влада сѐ до организирање предвремени парламентарни избори. За тоа дали опозициската партија ќе ја поддржи иницијативата на Левица, рече дека „играта на поднесување иницијативи можеме да ја играме до бескрај”, но дека е направен преседан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што претседателот на Собранието еден ден ќе одговара.
Но видовте ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за неговите постапки тој човек ќе одговара – рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе ја уриваме оваа влада сѐ до предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум https://republika.mk/vesti/makedonija/i-levica-kje-podnese-inicijativa-za-referendum/ Thu, 15 Sep 2022 19:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=551185

Левица ќе достави нова иницијатива за референдум против Договорот со Бугарија. Од партијата велат дека во текот на наредната недела ќе се знае како ќе биде формулирано референдумското прашање.

Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот против Бугарија – соопшти пратеникот Борислав Крмов на прес- конференција во Собранието.

Највисоките органи на партијата вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање.

Крмов рече дека ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието.

Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија. Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието. Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине – изјави Крмов.

Инаку, лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера повика на целосна блокада на Собранието поради односот на Џафери кој ја отфрли иницијативата за референдум и кажа дека тоа било спротивно на Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спикерот се однесува како уставен судија.

The post И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум appeared first on Република.

]]>

Левица ќе достави нова иницијатива за референдум против Договорот со Бугарија. Од партијата велат дека во текот на наредната недела ќе се знае како ќе биде формулирано референдумското прашање.
Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот против Бугарија – соопшти пратеникот Борислав Крмов на прес- конференција во Собранието.
Највисоките органи на партијата вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање. Крмов рече дека ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието.
Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија. Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието. Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине – изјави Крмов.
Инаку, лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера повика на целосна блокада на Собранието поради односот на Џафери кој ја отфрли иницијативата за референдум и кажа дека тоа било спротивно на Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спикерот се однесува како уставен судија.

The post И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум appeared first on Република.

]]>
Џафери за отфрлената иницијатива: Парламентот работи според Уставот и Деловникот https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-za-otfrlenata-inicijativa-parlamentot-raboti-spored-ustavot-i-delovnikot/ Wed, 14 Sep 2022 11:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=550704

Џафери на обвинувањата на опозицијата за отфрлањето на Иницијативата одговори дека Парламентот работи според Уставот и Деловникот, а претседателот на Собранието е должен да ги следи работите не само како форма, туку да ја следи и нивната суштина.

-Ова е Собрание, а не суд вие да судите. Ако сметате дека сте во право, има процедура, соодветен посебен уставен орган, со соодветни надлежности. Обратете се таму, ќе ви одговорат. Има Уставен суд. А ако има работа и за Јовески, јавете се и кај него, му рече Џафери на Мицевски.

На Апасиев, Џафери му порача да ги чита законите и дека целта на обвинувањето му е да собира политички поени.

-Верувам дека ова што го прочитавте ќе имате можност да го кажете пред студентите. Тука сме во Собрание, а не на факултет за да ни држите предавање. Сакате да добивате политички дневни поени, рече Џафери

The post Џафери за отфрлената иницијатива: Парламентот работи според Уставот и Деловникот appeared first on Република.

]]>

Џафери на обвинувањата на опозицијата за отфрлањето на Иницијативата одговори дека Парламентот работи според Уставот и Деловникот, а претседателот на Собранието е должен да ги следи работите не само како форма, туку да ја следи и нивната суштина.
-Ова е Собрание, а не суд вие да судите. Ако сметате дека сте во право, има процедура, соодветен посебен уставен орган, со соодветни надлежности. Обратете се таму, ќе ви одговорат. Има Уставен суд. А ако има работа и за Јовески, јавете се и кај него, му рече Џафери на Мицевски.
На Апасиев, Џафери му порача да ги чита законите и дека целта на обвинувањето му е да собира политички поени. -Верувам дека ова што го прочитавте ќе имате можност да го кажете пред студентите. Тука сме во Собрание, а не на факултет за да ни држите предавање. Сакате да добивате политички дневни поени, рече Џафери

The post Џафери за отфрлената иницијатива: Парламентот работи според Уставот и Деловникот appeared first on Република.

]]>
Дури и Тито Петковски смета дека Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-i-tito-petkovski-smeta-deka-dzaferi-ne-e-nadlezen-da-ceni-ustavnost-i-zakonitost/ Wed, 14 Sep 2022 10:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=550655

Претседателот на парламентот Талат Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост, тоа е во рацете на Уставниот суд, вели за МКД.мк поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со одлуката на Џафери да ја отфрли иницијативата на одржување на референдум, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието е само прв меѓу еднаквите пратеници и тој ги потпишува актите во името на Собранието. Не само од правен и деловнички аспект, туку и од демократски аспект е добро одлучувањето да се постави на седница на Собранието, секако, откако собраниските комисии ќе предложат став за кој потоа на пленарна седница ќе се носи одлука. Многу е битно од демократски аспект пратениците да одлучуваат бидејќи Собранието е местото каде се носат најкрупните одлуки врз основа на политичка дебата. Не треба никој да се става над Собранието, во случајот претседателот. Од формално правен аспект нема пречка барањето да се стави пред Собранието и тоа да се произнесе", вели Петковски за „МКД.мк“

The post Дури и Тито Петковски смета дека Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост appeared first on Република.

Талат во обид да ја спаси кариерата на Ковачевски стана и уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/talat-vo-obid-da-ja-spasi-karierata-na-kovachevski-stana-i-ustaven-sudija/ Wed, 14 Sep 2022 07:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=550547

Талат Џафери и неговите ортаци од антимакедонската СДС врска немаат со Устав, право, закони и демократија. Единствено што знаат е да ги погазуваат и кршат.

Се потврди дека антимакедонската СДС има уплав од соочување со народот. Се потврди дека заедно со Талат Џафери ќе направат се за да го избегнат референдумот на кој народот ќе каже што мисли за штетниот договор со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Знае антимакедонската СДС дека народот во огромно мнозинство е против изворот на асимилаторската и негаторска политика насочена кон Македонија, па заедно со Талат Џафери се претворија во уставни судии и самоволно одлучија да го толкуваат и газат Уставот. Прават се само за да не го слушнат народот и да му ја спасат кариерата на Ковачевски. Но во очајот и нервозата уште повеќе се заплеткаа.

Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Ова референдумско прашање не го менува Договорот, туку се спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки.

Очигледен е стравот на власта предводена од Ковачевски. Со ваквиот кукавички потег тоа само го потврдија. Може да бегаат, но нема да избегаат од народната казна. Народот никој не го поразил. Од народната казна никој не се спасил, па ни антимакедонската СДС, ни Ковачевски

The post Талат во обид да ја спаси кариерата на Ковачевски стана и уставен судија appeared first on Република.