информации Archives - Република https://republika.mk/tema/informacii/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 19:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png информации Archives - Република https://republika.mk/tema/informacii/ 32 32 Нема индикации дека ова има некаква врска со Украина, велат од Белата куќа за нападот во Москва https://republika.mk/vesti/svet/nema-indikatsii-deka-ova-ima-nekakva-vrska-so-ukraina-velat-od-belata-kuka-za-napadot-vo-moskva/ Fri, 22 Mar 2024 19:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=757561

Ситуацијата во Москва ја коментираше и Џон Кирби, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

Засега нема индикации дека Украина или Украинци се вмешани во нападот. Ние внимателно ја следиме ситуацијата, но во оваа рана фаза сакам да ве уверам дека тоа на никаков начин не е поврзано со Украина“, рече Кирби.

На прашањето дали ова е знак дека се појавуваат пукнатини во режимот на Владимир Путин, Кирби рече:

Има луѓе во Москва и во Русија на кои им пречи начинот на кој Путин ја води земјата, но во овој момент не можеме да го поврземе тоа што се случува со било каква политичка мотивација. Ни треба повеќе време, треба да собереме повеќе информации.

The post Нема индикации дека ова има некаква врска со Украина, велат од Белата куќа за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>

Банките се должни да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците коишто ги наплаќаат https://republika.mk/vesti/ekonomija/bankite-se-dolzhni-da-im-dadat-na-graganite-informativen-dokument-za-nadomestotsite-koishto-gi-naplakaat/ Wed, 06 Mar 2024 10:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=751835

Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка ќе користат платежни услуги, посочува заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи, при Народната банка, Биљана Доновска-Гечева, во гостување на телевизија Канал 5.

Законот за платежни услуги и платни системи има за цел да ја осигури транспарентноста и заштитата на потрошувачите. Во согласност со Законот, Народната банка пропиша единаесет најрепрезентативни услуги коишто се поврзани со платежната сметка и овозможуваат споредба на надоместоците. Од септември минатата година, на веб-страницата на Народната банка е поставена алатка преку која граѓаните може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќаат давателите на платежните услуги, според банката или според видот на услугата. Алатката е едноставна за користење, но доколку на граѓаните им се потребни дополнителни информации, исто така содржи и објаснувања - вели Доновска-Гечева.

Заменик-директорката посочува и дека банките се должни, на почетокот на годината, да им достават извештај на своите корисници за надоместоците коишто им ги наплатиле во текот на изминатата година.

Доновска-Гечева истакнува дека рамковниот договор помеѓу банката и корисниците на платежните услуги е клучен документ, со кој се уредуваат правата и обврските за двете страни. „Законот за првпат ја определува содржината на рамковниот договор и во таа смисла, сите одредби коишто ги пропишува Законот за поголема заштита на потрошувачите важат и за договорите коишто граѓаните ги исклучиле пред стапувањето во сила на овој закон, односно пред 1 јануари 2023 година. Секако, доколку граѓаните не се задоволни од обезбедувањето одредена платежна услуга во согласност со договорот, тие имаат право да поднесат приговор до банката од која ја користат таа услуга, а понатаму и поплака до Народната банка. Ние соодветно постапуваме според поплаките на граѓаните - вели Доновска-Гечева.

The post Банките се должни да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците коишто ги наплаќаат appeared first on Република.

Западни аналитичари обвинуваат дека САД не добива точни информации од официјален Киев https://republika.mk/vesti/svet/zapadni-analitichari-obvinuvaat-deka-sad-ne-dobiva-tochni-informacii-od-oficijalen-kiev/ Thu, 09 Jun 2022 10:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=513107

Некои западни аналитичари не исклучуваат дека украинската влада не ги известува САД за вистинските воени загуби што ги трпи за време на војната со Русија.

Поранешната американска разузнавачка, Бет Санер, ги коментираше таквите претпоставки на експертите, при што истакна дека официјален Вашингтон воопшто нема потврдени податоци за украинските загуби.

Можете ли да најдете личност која со сигурност ќе ви каже колку војници изгуби Украина, колку опрема изгуби Украина - вели Санер за „Њујорк Тајмс“.

https://twitter.com/oldenail/status/1534616769301708801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1534616769301708801%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F638684%2Fzapadni-analiticari-besni-amerikanci-optuzuju-kijev-za-skrivanje-ovih-vaznih-informacija%2Fvest

Таа објаснува дека властите во Киев испраќаат информации до Вашингтон за своите стратешки цели, но не за плановите за војната. Како резултат на тоа, САД се принудени да бараат информации од други извори.

The post Западни аналитичари обвинуваат дека САД не добива точни информации од официјален Киев appeared first on Република.

]]>

Некои западни аналитичари не исклучуваат дека украинската влада не ги известува САД за вистинските воени загуби што ги трпи за време на војната со Русија. Поранешната американска разузнавачка, Бет Санер, ги коментираше таквите претпоставки на експертите, при што истакна дека официјален Вашингтон воопшто нема потврдени податоци за украинските загуби.
Можете ли да најдете личност која со сигурност ќе ви каже колку војници изгуби Украина, колку опрема изгуби Украина - вели Санер за „Њујорк Тајмс“.
https://twitter.com/oldenail/status/1534616769301708801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1534616769301708801%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F638684%2Fzapadni-analiticari-besni-amerikanci-optuzuju-kijev-za-skrivanje-ovih-vaznih-informacija%2Fvest Таа објаснува дека властите во Киев испраќаат информации до Вашингтон за своите стратешки цели, но не за плановите за војната. Како резултат на тоа, САД се принудени да бараат информации од други извори.

The post Западни аналитичари обвинуваат дека САД не добива точни информации од официјален Киев appeared first on Република.

]]>
Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина https://republika.mk/vesti/svet/britanija-rusija-se-obiduva-da-go-namali-pristapot-do-vesti-na-gragjanite-vo-ukraina/ Mon, 07 Mar 2022 08:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=468787

Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА.

„Русија најверојатно ја цели украинската комуникациска инфраструктура, со цел да го намали пристапот на украинските граѓани до веродостојни вести и информации“, информираше денеска Министерството.

Според официјални лица во Украина, телевизиската кула во источниот украински град Харков, беше уништена при руски напад во текот на вчерашниот ден. Најмалку пет лица загинале во сомнителен ракетен напад врз ТВ кулата во Киев во вторникот.

Пристапот до интернет за Украинците, многу веројатно, исто така, е нарушен, како резултат на колатералната штета од руските удари врз инфраструктурата. Изминатата недела, прекини на интернетот се пријавени во Мариупол, Суми, Киев и во Харков, соопшти британското Министерство.

The post Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина appeared first on Република.

]]>

Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА. „Русија најверојатно ја цели украинската комуникациска инфраструктура, со цел да го намали пристапот на украинските граѓани до веродостојни вести и информации“, информираше денеска Министерството. Според официјални лица во Украина, телевизиската кула во источниот украински град Харков, беше уништена при руски напад во текот на вчерашниот ден. Најмалку пет лица загинале во сомнителен ракетен напад врз ТВ кулата во Киев во вторникот. Пристапот до интернет за Украинците, многу веројатно, исто така, е нарушен, како резултат на колатералната штета од руските удари врз инфраструктурата. Изминатата недела, прекини на интернетот се пријавени во Мариупол, Суми, Киев и во Харков, соопшти британското Министерство.

The post Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина appeared first on Република.

]]>