Инфкетивна клиника Archives - Република https://republika.mk/tema/infketivna-klinika/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 11:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Инфкетивна клиника Archives - Република https://republika.mk/tema/infketivna-klinika/ 32 32 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска https://republika.mk/zivot/zdravje/78-godishen-zhitel-na-seloto-obleshevo-pochina-na-klinikata-za-infektivni-bolesti-po-komplikatsii-od-zapadno-nilska-treska/ Thu, 19 Sep 2024 09:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=817723

78-годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, објавено е во последниот извештај на Инстититот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според ИЈЗ, ова е четврти случај годинава на пациент кој се заразил со западнонилска треска, и прв годинава кој завршил трагично. Првиот случај бил импортиран, регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот случај е исто така импортиран, забележан е јули 2024 година, кај жител на Кочани. Третиот случај е автохтон, во август, кај жител на Тетово.

Првичните симптоми кај четвртиот пациент започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во Клиничката болница во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.

Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Пациентот бил пензионер, кој се занимавал со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ Македон ија) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми.

Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, додека во општина Чешиново-Облешево планирана е тендерска постапка, но досега не се спроведени активности за дезинсекција, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста.

Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во  Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата.

Имајќи го во предвид претходно наведеното, постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на  Македонија. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

The post 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>

78-годишен жител од Чешиново–Облешево починал на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на западнонилска треска, објавено е во последниот извештај на Инстититот за јавно здравје (ИЈЗ). Според ИЈЗ, ова е четврти случај годинава на пациент кој се заразил со западнонилска треска, и прв годинава кој завршил трагично. Првиот случај бил импортиран, регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот случај е исто така импортиран, забележан е јули 2024 година, кај жител на Кочани. Третиот случај е автохтон, во август, кај жител на Тетово. Првичните симптоми кај четвртиот пациент започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во Клиничката болница во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.
Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители. Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Пациентот бил пензионер, кој се занимавал со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во с. Облешево, Кочани. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ Македон ија) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми.
Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, додека во општина Чешиново-Облешево планирана е тендерска постапка, но досега не се спроведени активности за дезинсекција, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Од ИЈЗ велат дека оваа болест во Македонија се регистрира со спорадични случаи, најчесто кај тестирани пациенти со невроинвазивна форма на болеста. Вектор преносливите заболувања стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во  Македонија (лајмската болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески, туларемија и др.), а други како што се маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата. Имајќи го во предвид претходно наведеното, постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на  Македонија. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции.

The post 78-годишен жител на селото Облешево почина на Клиниката за инфективни болести по компликации од западнонилска треска appeared first on Република.

]]>
На Инфективната клиника почина 20-годишна девојка од грип https://republika.mk/zivot/zdravje/na-infektivnata-klinika-pochina-20-godishna-devojka-od-grip/ Mon, 29 Jan 2024 14:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=738254

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.

Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кон крајот на февруари и почеток на март.

Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.

The post На Инфективната клиника почина 20-годишна девојка од грип appeared first on Република.

]]>

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип. Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“. Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кон крајот на февруари и почеток на март. Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.  

The post На Инфективната клиника почина 20-годишна девојка од грип appeared first on Република.

]]>
Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника https://republika.mk/zivot/zdravje/desetina-patsienti-so-grip-a-trojtsa-od-niv-so-kovid-se-na-infektivna-ministerot-veli-nema-prostor-za-panika/ Mon, 22 Jan 2024 11:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=735443

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.

Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.

Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.

Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.

Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

The post Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника appeared first on Република.

]]>

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања. И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.
Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.
Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира. Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.
Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.
Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов. Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

The post Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари на Инфективна клиника прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19 https://republika.mk/zivot/zdravje/od-1-januari-na-infektivna-klinika-pregledani-47-patsienti-so-grip-minatata-nedela-registrirani-72-sluchai-na-kovid-19/ Thu, 04 Jan 2024 10:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=729547

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информираше за МИА директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.

На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ.

Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.

Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.

Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.

Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.

Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.

The post Од 1 јануари на Инфективна клиника прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информираше за МИА директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип. На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.
Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ.
Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид. Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.
Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.
Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.  

The post Од 1 јануари на Инфективна клиника прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна, информираат од Инфективната клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/pristigna-lekot-za-kongo-krimska-hemoragichna-treska-patsientkata-koja-e-infitsirana-e-stabilna-informiraat-od-infektivnata-klinika/ Wed, 09 Aug 2023 11:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=670344

Лекот кој е единствена на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во држвата во текот на вчерашниот ден, а пацинтката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска е стабилна, со повремено покачена температура, информираат од Клиниката за инфкетивни болсти.

Пациентката, која се инфицираше во тек на својата работа, е стабилна со повремено покачена температура, без други симптоми на болест. Лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата, велат од Инфективната клиника.

Оттаму додаваат дека лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во државата во тек на вчерашниот ден.

Вчера беа реализирани и веб конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство, велат од Клиниката.

Од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест.

На 30 јули почина жена од Штипско, по убод од крлеж. Од неа се зарази болничарка, која моментално е на Инфкетивната клиника. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) издаде решенија за изолација за 29 контакти, а само болничарката пројави симптоми. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10 август.

Од контактот со болничарката, издадени се решенија за изолација за уште 11 контакти, 10 членови на нејзиното семејство и колешка од Инфективната клиника. Тие ќе бидат 14 дена под надзор.

The post Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна, информираат од Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>

Лекот кој е единствена на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во држвата во текот на вчерашниот ден, а пацинтката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска е стабилна, со повремено покачена температура, информираат од Клиниката за инфкетивни болсти.
Пациентката, која се инфицираше во тек на својата работа, е стабилна со повремено покачена температура, без други симптоми на болест. Лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата, велат од Инфективната клиника.
Оттаму додаваат дека лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во државата во тек на вчерашниот ден.
Вчера беа реализирани и веб конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство, велат од Клиниката.
Од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест. На 30 јули почина жена од Штипско, по убод од крлеж. Од неа се зарази болничарка, која моментално е на Инфкетивната клиника. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) издаде решенија за изолација за 29 контакти, а само болничарката пројави симптоми. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10 август. Од контактот со болничарката, издадени се решенија за изолација за уште 11 контакти, 10 членови на нејзиното семејство и колешка од Инфективната клиника. Тие ќе бидат 14 дена под надзор.  

The post Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна, информираат од Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>
Вкупно 40 луѓе се под здравствен надзор за конго-кримска треска https://republika.mk/zivot/zdravje/vkupno-40-luge-se-pod-zdravstven-nadzor-za-kongo-krimska-treska/ Tue, 08 Aug 2023 16:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=670103

Болничарката од Инфективата клиника која е зарасена со конго-кримска хеморагична треска е во стабилна состојба, информираат од Инфективната клиника во Скопје.

Се надеваме дека пациентката ќе остане во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, првите денови не се така лоши, но потоа може да се влоши затоа се следи за да може да се интервенира во одредени ситуации, изјави д-р Добринка Наунова Јовановска од Универзитетска клиника за инфективни болести.

Според информациите кои ги споделија со јавноста докторите, околу 40 луѓе се под здравствен надзор од превентивни причини. Од нив 11 кои биле во директен контакт со сега веќе хоспитализирана болничарка се под 14-дневен здравствен надзор.

https://republika.mk/zivot/zdravje/bolnicharkata-so-kongo-krimska-hemoragichna-treska-zasega-vo-stabilna-sostojba/

Здравствен надзор подразбира дека контактите ќе треба да се јавуваат кај надлежен епидемиолог од ЦЈЗ Скопје, тоа не е класична изолација но треба да имаат контакт со останатите, едноставно да издржат 14 дена за да не се прошири оваа зараза и се надевам ќе биде последен случај. Од претходните 29 контакти еден се потврди, а вкупно имаме здравствен надзор за 40 луѓе, изјави директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска.

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-ne-ochekuva-da-ima-poveke-sluchai-ne-e-prvpat-da-se-javuva-vo-drzhavava-kongo-krimska-hemoragichna-treska/

Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

The post Вкупно 40 луѓе се под здравствен надзор за конго-кримска треска appeared first on Република.

]]>

Болничарката од Инфективата клиника која е зарасена со конго-кримска хеморагична треска е во стабилна состојба, информираат од Инфективната клиника во Скопје.
Се надеваме дека пациентката ќе остане во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, првите денови не се така лоши, но потоа може да се влоши затоа се следи за да може да се интервенира во одредени ситуации, изјави д-р Добринка Наунова Јовановска од Универзитетска клиника за инфективни болести.
Според информациите кои ги споделија со јавноста докторите, околу 40 луѓе се под здравствен надзор од превентивни причини. Од нив 11 кои биле во директен контакт со сега веќе хоспитализирана болничарка се под 14-дневен здравствен надзор. https://republika.mk/zivot/zdravje/bolnicharkata-so-kongo-krimska-hemoragichna-treska-zasega-vo-stabilna-sostojba/
Здравствен надзор подразбира дека контактите ќе треба да се јавуваат кај надлежен епидемиолог од ЦЈЗ Скопје, тоа не е класична изолација но треба да имаат контакт со останатите, едноставно да издржат 14 дена за да не се прошири оваа зараза и се надевам ќе биде последен случај. Од претходните 29 контакти еден се потврди, а вкупно имаме здравствен надзор за 40 луѓе, изјави директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска.
Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-ne-ochekuva-da-ima-poveke-sluchai-ne-e-prvpat-da-se-javuva-vo-drzhavava-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.  

The post Вкупно 40 луѓе се под здравствен надзор за конго-кримска треска appeared first on Република.

]]>
Пред Инфективна клиника течат фекалии и се слеваат во шахта, се шири неподнослива реа https://republika.mk/vesti/makedonija/pred-infektivna-klinika-techat-fekalii-i-se-slevaat-vo-shahta-se-shiri-nepodnosliva-rea/ Thu, 13 Jul 2023 09:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=660747

Пред Инфективна клиника течат фекалии и се слеваат во шахта, се шири неподнослива реа, апелираат од Здравствената комисија на ВМРО ДПМНЕ.

Вака ли треба да изгледа „темелно исчистениот" клинички комплекс како што информираа надлежните? Ова ли е тој посебен фокус за грижата за хигиената, значаен и за пациентите и за здравствените работници, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Негрижа и континуирано запоставување на овој сегмент - хигиената во комплексот клиники за што сведочат секојдневно здравствените работници и пациентите.
Пред Инфективна клиника течат фекалии и истите се слеваат во шахта и се шири неподнослива реа, веќе подолг временски период, а ниту една институција не се смета за надлежна.

Со цел да не доживееме една епидемија на инфективни болести заради неспособност, неодговорност и неработа ги повикуваме одговорните кои се фалеа дека „направиле генерално чистење" да се фатат за работа со цел да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Пред Инфективна клиника течат фекалии и се слеваат во шахта, се шири неподнослива реа appeared first on Република.

]]>

Пред Инфективна клиника течат фекалии и се слеваат во шахта, се шири неподнослива реа, апелираат од Здравствената комисија на ВМРО ДПМНЕ. Вака ли треба да изгледа „темелно исчистениот" клинички комплекс како што информираа надлежните? Ова ли е тој посебен фокус за грижата за хигиената, значаен и за пациентите и за здравствените работници, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Негрижа и континуирано запоставување на овој сегмент - хигиената во комплексот клиники за што сведочат секојдневно здравствените работници и пациентите. Пред Инфективна клиника течат фекалии и истите се слеваат во шахта и се шири неподнослива реа, веќе подолг временски период, а ниту една институција не се смета за надлежна. Со цел да не доживееме една епидемија на инфективни болести заради неспособност, неодговорност и неработа ги повикуваме одговорните кои се фалеа дека „направиле генерално чистење" да се фатат за работа со цел да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
 
The post Пред Инфективна клиника течат фекалии и се слеваат во шахта, се шири неподнослива реа appeared first on Република.

]]>
Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ https://republika.mk/zivot/zdravje/japonska-grant-pomosh-za-nabavka-na-oprema-za-infektivnata-klinika-i-karil-nov-angiograf-kje-dobie-gob-8-septemvri/ Mon, 07 Feb 2022 13:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=455177

Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.

Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со Ковид во износ од над 800.000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија, напиша Сали.

Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA), како што посочува министерот, се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100.886 евра.

Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции. Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство, објави Сали.

The post Јапонска грант помош за набавка на опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, нов ангиограф ќе добие ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.