инфалција Archives - Република https://republika.mk/tema/infalcija/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 21:16:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инфалција Archives - Република https://republika.mk/tema/infalcija/ 32 32 Стојаноски: Предложениот буџет е инфлаторен и нема никаква контура на стабилизирање на економијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-predlozeniot-budzet-e-inflatoren-i-nema-nikakva-kontura-na-stabiliziranje-na-ekonomijata/ Mon, 14 Nov 2022 21:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=573883

„Буџетот е инфлаторен и нема никаква контура на стабилизирање на економијата. Ние донесовме закон за буџет консезуално во кој кажавме дека дефицитот ќе биде ограничен на 3 проценти, тоа беше пред месец дена а сега имаме буџет пред нас со 4,6 дефицит што фактички значи дека владата што си го донесе законот не си го почитува“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Стојаноски потенцира дека буџетот е инфлаторен, заради тоа што кога има инфлација од 20 проценти во државата тогаш многу треба затегнување на буџетските расходи, а во овој буџет такво нешто не се гледа.

Овој буџет е 75 проценти поголем од оној кој го донесоа во 2017-тата година. Сега имаме планирано повеќе приходи за 700-тини милиони евра претходната година тоа е совршена можност заради инфлацијата кога ќе пренесете повеќе приходи да соберете да го стабилизирате буџетот наместо да ги ширите расходите да ги стесните и на тој начин да се дојде во ситуација на суфицит затоа што сега е возможно, вели Стојаноски.

Тој додаде дека не може да кажеме дека имаме квалитетен буџет кога клучните чинители во општеството двата репрезентативни синдикати КСС и ССМ се против на начинот на кој е поставен буџетот и при тоа не се консултирани коморите и организација на работодавачи.

Во овој буџет може да се види дека нема институција во која не се покачени стоките и услугите, договорните услуги има многу институции кои имаат зголемено ставки во однос на буџетот од претходната година, за набавка на мебел и возила. Има доста институции кои покачуваат во ставката на плати не за покачување на платите туку за примање на нови вработени и така се создава инфлаторен буџет. Овој буџет од 5,3 милијарди е инфлаторен буџет, кажа Стојаноски.

The post Стојаноски: Предложениот буџет е инфлаторен и нема никаква контура на стабилизирање на економијата appeared first on Република.

]]>

„Буџетот е инфлаторен и нема никаква контура на стабилизирање на економијата. Ние донесовме закон за буџет консезуално во кој кажавме дека дефицитот ќе биде ограничен на 3 проценти, тоа беше пред месец дена а сега имаме буџет пред нас со 4,6 дефицит што фактички значи дека владата што си го донесе законот не си го почитува“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24. Стојаноски потенцира дека буџетот е инфлаторен, заради тоа што кога има инфлација од 20 проценти во државата тогаш многу треба затегнување на буџетските расходи, а во овој буџет такво нешто не се гледа.
Овој буџет е 75 проценти поголем од оној кој го донесоа во 2017-тата година. Сега имаме планирано повеќе приходи за 700-тини милиони евра претходната година тоа е совршена можност заради инфлацијата кога ќе пренесете повеќе приходи да соберете да го стабилизирате буџетот наместо да ги ширите расходите да ги стесните и на тој начин да се дојде во ситуација на суфицит затоа што сега е возможно, вели Стојаноски.
Тој додаде дека не може да кажеме дека имаме квалитетен буџет кога клучните чинители во општеството двата репрезентативни синдикати КСС и ССМ се против на начинот на кој е поставен буџетот и при тоа не се консултирани коморите и организација на работодавачи.
Во овој буџет може да се види дека нема институција во која не се покачени стоките и услугите, договорните услуги има многу институции кои имаат зголемено ставки во однос на буџетот од претходната година, за набавка на мебел и возила. Има доста институции кои покачуваат во ставката на плати не за покачување на платите туку за примање на нови вработени и така се создава инфлаторен буџет. Овој буџет од 5,3 милијарди е инфлаторен буџет, кажа Стојаноски.
 
The post Стојаноски: Предложениот буџет е инфлаторен и нема никаква контура на стабилизирање на економијата appeared first on Република.

]]>
Народот се бори да се прехрани, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodot-se-bori-da-se-prehrani-veli-mickoski/ Thu, 20 Oct 2022 20:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=563779

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Јади бурек“ на ТВ Сонце истакна дека народот во Македонија се бори да обезбеди храна затоа што се е поскапено, нема куповна моќ, а инфлацијата е двојно поголема од еврозоната и тоа ни покажува дека не е увезена како што сака власта да прикаже.

Ближиме до 20% инфлација. Основните прехранбени производи се главните генератори на таа инфлација статистички гледано. Поскапени се производите и по 30-40% и тоа основните, како лебот, млекото, брашното, зејтинот. Тие се главниот генератор на таа инфлација, не дека таа е увезена како власта што се обидува да каже, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека не може толку висока инфлација да биде увезена, затоа што во еврозоната е 9-10%, а кај нас двојно поголема.

Кај оние основни артикли за кои зборуваме цената е за 30-40% а можеби и повеќе зголемена. Можеби кај облеката и обувките нема толкава инфлација, ама народот веќе не е куповно моќен за да купува. Сега народот се бори да се прехрани и тоа е суштинскиот предизвик за луѓето, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека народот е свесен и тоа ќе се види на следните предвремени парламентарни избори, бидејќи огромно мнозинство граѓани сметаат дека оваа влада е лоша и треба да си заминe.

The post Народот се бори да се прехрани, вели Мицкоски appeared first on Република.