индијана џонс Archives - Република https://republika.mk/tema/indijana-dzons/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Jun 2023 11:28:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png индијана џонс Archives - Република https://republika.mk/tema/indijana-dzons/ 32 32 По Кан, во Скопје доаѓа „Индијана Џонс“ со Харисон Форд за последен пат https://republika.mk/scena/film/po-kan-vo-skopje-doaga-indijana-dhons-so-harison-ford-za-posleden-pat/ Thu, 01 Jun 2023 11:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=646803

Петтиот дел на „Индијана Џонс“, насловен „Артефактот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny), со Харисон Форд, за последен пат во оваа улога, од 29 јуни е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје. Во кината во САД ќе се прикажува од 28 јуни.

Американската актерска ѕвезда допатува во Кан овој месец за премиерата, што беше еден од најисчекуваните настани на годинашниот фестивал. Овој филм првпат беше најавен во 2018 и оригинално требаше да излезе во 2019, но по бројни одложувања, тоа се случи дури сега, во мај, , неполни два месеца пред 81. роденден на главната ѕвезда.

Првиот филм од серијалот во чие создавање не учествуваа Стивен Спилберг и Џорџ Лукас го режираше Џејмс Менголд.

Форд дојде на црвениот тепих со сопругата Калиста Флокхарт, по што му се придружија и останатите ѕвезди од филмот Мадс Микелсен и Фиби Волер-Бриџ, како и режисерот Менголд. Во филмот глуми и Антонио Бандерас.

Ова е последен пат Форд да го глуми легендарниот авантурист, а во киното беше награден со громогласен аплауз. На Форд исто така му беше доделена Златна палма за животно дело.

„Трогнат сум. Велат, пред да умреш, животот ти поминува пред очите. Мислам дека токму тоа ми се случи сега. Индијана Џонс беше голем дел од мојот живот“, изјави Форд.

https://www.youtube.com/watch?v=TROgLeCng30

The post По Кан, во Скопје доаѓа „Индијана Џонс“ со Харисон Форд за последен пат appeared first on Република.

]]>

Петтиот дел на „Индијана Џонс“, насловен „Артефактот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny), со Харисон Форд, за последен пат во оваа улога, од 29 јуни е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје. Во кината во САД ќе се прикажува од 28 јуни. Американската актерска ѕвезда допатува во Кан овој месец за премиерата, што беше еден од најисчекуваните настани на годинашниот фестивал. Овој филм првпат беше најавен во 2018 и оригинално требаше да излезе во 2019, но по бројни одложувања, тоа се случи дури сега, во мај, , неполни два месеца пред 81. роденден на главната ѕвезда. Првиот филм од серијалот во чие создавање не учествуваа Стивен Спилберг и Џорџ Лукас го режираше Џејмс Менголд. Форд дојде на црвениот тепих со сопругата Калиста Флокхарт, по што му се придружија и останатите ѕвезди од филмот Мадс Микелсен и Фиби Волер-Бриџ, како и режисерот Менголд. Во филмот глуми и Антонио Бандерас.

Ова е последен пат Форд да го глуми легендарниот авантурист, а во киното беше награден со громогласен аплауз. На Форд исто така му беше доделена Златна палма за животно дело.

„Трогнат сум. Велат, пред да умреш, животот ти поминува пред очите. Мислам дека токму тоа ми се случи сега. Индијана Џонс беше голем дел од мојот живот“, изјави Форд.

https://www.youtube.com/watch?v=TROgLeCng30

The post По Кан, во Скопје доаѓа „Индијана Џонс“ со Харисон Форд за последен пат appeared first on Република.

]]>
Харисон Форд последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист археолог Индијана Џонс https://republika.mk/scena/film/harison-ford-posleden-pat-ke-go-glumi-legendarniot-avanturist-arheolog-indijana-dhons/ Fri, 28 Apr 2023 09:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=634913

Актерот Харисон Форд (80) последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист археолог во новиот, воедно и последен филм од сагата.

Насловот на претстојниот филм е Indiana Jones and the Dial of Destiny („Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“), а Форд го подмладиле цели 44 години за потребите на филмот.

На почетокот на филмот тој ќе се појави како 40-годишник, кој се бори против нацистите некаде околу 1940 година.

Имено, 25 минути од филмот актерот дигитално е подмладен за да може да го глуми Инди од времето на првиот дел од сагата.

Форд морало да изгледа како да има 35 години и да ги сними сите сцени како да е 44 години помлад, а дополнително лицето му било подмладено за да одговара на времето во кое се случува сцената.

„Форд е неверојатно талентиран и агилен и тоа му олесни да ги одглуми сите сцени. Технологијата вклучена во процесот на снимање е сосема друга работа“, рекол режисерот на филмот Џејмс Манголд, пренесува „Вараети“.

„Имавме куп снимки од него во крупен кадар, среден, широк, при јако и слабо осветление… Еден ден снимавме 79-годишен Форд како глуми 35-годишен Инди и два дена подоцна неговото лице беше сосема поинакво и дигитално подмладено“, вели режисерот.

Претходно, Форд откри дека била користена вештачка интелигенција за снимање на сцените во кои е подмладен и дека неговото дигитално лице е, всушност, преземено од архивски снимки достапни на „Лукас филм“.

„Ја имаат оваа програма за вештачка интелигенција, која може да го анализира секој детаљ од секој филм што го поседува ‘Лукас филм’. По снимањето многу филмови за нив, имаат многу материјал со моето лице. Не знам точно како го прават тоа, но она што ќе го видите во ‘Индијана’ е моето вистинско лице. Ми ставаат некакви точки на лицето, кажувам зборови и потоа прават нешто фантастично“, рекол Форд, но на крајот заклучил дека сето тоа е малку застрашувачки.

„Првпат гледам вакво нешто и малку е страшно. Всушност, не сакам да знам како функционира, но функционира. Меѓутоа, оваа технологија не ми буди желба да бидам повторно млад. Мило ми е што сум во годините во кои сум“, изјави Форд за „Емпајр“.

https://www.youtube.com/watch?v=eQfMbSe7F2g

The post Харисон Форд последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист археолог Индијана Џонс appeared first on Република.

]]>

Актерот Харисон Форд (80) последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист археолог во новиот, воедно и последен филм од сагата. Насловот на претстојниот филм е Indiana Jones and the Dial of Destiny („Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“), а Форд го подмладиле цели 44 години за потребите на филмот. На почетокот на филмот тој ќе се појави како 40-годишник, кој се бори против нацистите некаде околу 1940 година. Имено, 25 минути од филмот актерот дигитално е подмладен за да може да го глуми Инди од времето на првиот дел од сагата. Форд морало да изгледа како да има 35 години и да ги сними сите сцени како да е 44 години помлад, а дополнително лицето му било подмладено за да одговара на времето во кое се случува сцената. „Форд е неверојатно талентиран и агилен и тоа му олесни да ги одглуми сите сцени. Технологијата вклучена во процесот на снимање е сосема друга работа“, рекол режисерот на филмот Џејмс Манголд, пренесува „Вараети“. „Имавме куп снимки од него во крупен кадар, среден, широк, при јако и слабо осветление… Еден ден снимавме 79-годишен Форд како глуми 35-годишен Инди и два дена подоцна неговото лице беше сосема поинакво и дигитално подмладено“, вели режисерот. Претходно, Форд откри дека била користена вештачка интелигенција за снимање на сцените во кои е подмладен и дека неговото дигитално лице е, всушност, преземено од архивски снимки достапни на „Лукас филм“. „Ја имаат оваа програма за вештачка интелигенција, која може да го анализира секој детаљ од секој филм што го поседува ‘Лукас филм’. По снимањето многу филмови за нив, имаат многу материјал со моето лице. Не знам точно како го прават тоа, но она што ќе го видите во ‘Индијана’ е моето вистинско лице. Ми ставаат некакви точки на лицето, кажувам зборови и потоа прават нешто фантастично“, рекол Форд, но на крајот заклучил дека сето тоа е малку застрашувачки. „Првпат гледам вакво нешто и малку е страшно. Всушност, не сакам да знам како функционира, но функционира. Меѓутоа, оваа технологија не ми буди желба да бидам повторно млад. Мило ми е што сум во годините во кои сум“, изјави Форд за „Емпајр“. https://www.youtube.com/watch?v=eQfMbSe7F2g

The post Харисон Форд последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист археолог Индијана Џонс appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Индијана Џонс“ во Кан https://republika.mk/scena/film/premiera-na-indijana-dhons-vo-kan/ Tue, 04 Apr 2023 12:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=627133

Долгоочекуваниот нов филм од серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс, кого за последен пат ќе го глуми Харисон Форд, ќе биде премиерно прикажан на францускиот Филмски фестивал во Кан во мај, потврдија организаторите. Кан, исто така, ќе му оддаде почит на Форд за неговата кариера .

„Индијана Џонс и Бројчаникот на судбината“ со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас покрај Форд, е петтиот дел оваа филмска авантура. Холивудскиот ветеран веќе најави дека ова ќе биде негов последен „Индијана Џонс“ филм. За тој филмски лик светот првпат дозна 1981 година, со филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“.

Дејството на петтиот филм е сместено во времето на светската тн. „вселенска трка“ од 60-тите и содржи ретросцени во коишто 80-годишниот актер е дигитално подмладен. Ова е и првиот филм што не е режиран од Стивен Спилберг. Тој ја потпишува продукцијата на филмот, но режисерската палка му ја предаде на Џејмс Манголд.

Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16. до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена следниве неколку недели.

The post Премиера на „Индијана Џонс“ во Кан appeared first on Република.

]]>

Долгоочекуваниот нов филм од серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс, кого за последен пат ќе го глуми Харисон Форд, ќе биде премиерно прикажан на францускиот Филмски фестивал во Кан во мај, потврдија организаторите. Кан, исто така, ќе му оддаде почит на Форд за неговата кариера . „Индијана Џонс и Бројчаникот на судбината“ со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас покрај Форд, е петтиот дел оваа филмска авантура. Холивудскиот ветеран веќе најави дека ова ќе биде негов последен „Индијана Џонс“ филм. За тој филмски лик светот првпат дозна 1981 година, со филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“. Дејството на петтиот филм е сместено во времето на светската тн. „вселенска трка“ од 60-тите и содржи ретросцени во коишто 80-годишниот актер е дигитално подмладен. Ова е и првиот филм што не е режиран од Стивен Спилберг. Тој ја потпишува продукцијата на филмот, но режисерската палка му ја предаде на Џејмс Манголд. Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16. до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена следниве неколку недели.

The post Премиера на „Индијана Џонс“ во Кан appeared first on Република.

]]>
Бандерас: Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо https://republika.mk/scena/film/banderas-samoto-toa-shto-moeto-ime-e-povrzano-so-indijana-dhons-e-neshto-golemo/ Mon, 06 Feb 2023 10:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=605379

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи.

Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс, кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече.

Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.

Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови.“

„Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив,“ рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс, е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс.“

https://www.youtube.com/watch?v=ZfVYgWYaHmE

The post Бандерас: Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо appeared first on Република.

]]>

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи. Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс, кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече. Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.
Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови.“ „Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив,“ рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс, е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс.“
https://www.youtube.com/watch?v=ZfVYgWYaHmE

The post Бандерас: Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо appeared first on Република.

]]>
Харисон Форд со многу емоции го претстави „Индијана Џонс 5“ https://republika.mk/scena/film/harison-ford-so-mnogu-emocii-go-pretstavi-indijana-dzons-5/ Mon, 12 Sep 2022 09:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=549946

Харисон Форд го претстави петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс” на шоуто „Д-23“ на „Дизни“ во околијата на Лос Анџелес. Околу 6.000 луѓе притоа му ракоплескаа на 80-годишниот американски глумец.

Филмот допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година.

Многу сум горд што можам да кажам дека (филмот, з.п.) е фантастичен! И таа е една од причините (покажува кон другата ѕвезда на филмот, глумицата Фиби Волер-Бриџ)… Да се ​​следи овaa личност е исцрпувачки! - изјави Форд, видно возбуден.

Форд изјави дека ова е негов последен настап како Индијана Џонс. Овојпат, првпат режисер не е Стивен Спилберг, туку Џејмс Манголд.

Во филмот глумат и Мадс Микелсен, Тоби Џонс и Антонио Бандерас.

The post Харисон Форд со многу емоции го претстави „Индијана Џонс 5“ appeared first on Република.

]]>

Харисон Форд го претстави петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс” на шоуто „Д-23“ на „Дизни“ во околијата на Лос Анџелес. Околу 6.000 луѓе притоа му ракоплескаа на 80-годишниот американски глумец. Филмот допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година.
Многу сум горд што можам да кажам дека (филмот, з.п.) е фантастичен! И таа е една од причините (покажува кон другата ѕвезда на филмот, глумицата Фиби Волер-Бриџ)… Да се ​​следи овaa личност е исцрпувачки! - изјави Форд, видно возбуден.
Форд изјави дека ова е негов последен настап како Индијана Џонс. Овојпат, првпат режисер не е Стивен Спилберг, туку Џејмс Манголд. Во филмот глумат и Мадс Микелсен, Тоби Џонс и Антонио Бандерас.

The post Харисон Форд со многу емоции го претстави „Индијана Џонс 5“ appeared first on Република.

]]>