Индиец Archives - Република https://republika.mk/tema/indiec/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 11:07:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Индиец Archives - Република https://republika.mk/tema/indiec/ 32 32 35-годишен Индиец две години се жалел на болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети https://republika.mk/zivot/zdravje/35-godishen-indiets-dve-godini-se-zhalel-na-bolki-vo-stomakot-lekarite-mu-izvadile-60-predmeti/ Fri, 29 Sep 2023 11:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=686350

Човек кој две години се жалел на болки во стомакот ги шокирал лекарите кои откриле дека пациентот всушност голтал разни предмети од домаќинството, од копчиња до слушалки.

Индиецот Кулдип Синг (35) решил да оди во болница поради долготрајни стомачни проблеми и покачена телесна температура.

За време на прегледот, лекарите решиле да направат рендген за подобро да ја разберат ситуацијата, а она што го откриле ги оставило во целосен шок. Синг, наводно, проголтал околу 60 различни предмети, вклучително и алки, навртки, завртки, слушалки, магнети, копчиња од кошула, патенти и многу други непрехранбени производи, пишува „NY Post“.

Лекарите му дијагностицирале психичко заболување поради кое „компулсивно голтал други предмети кои не се храна“. Болеста е најчеста кај малите деца, бремените жени и лицата со ментални нарушувања, вклучувајќи нарушувања од аутистички спектар, интелектуална попреченост и шизофренија.

Роднините на пациентот не биле свесни за проблемот.

Не е изненадувачки што јадењето несварливи производи може да се покаже опасно по здравјето, како што беше случајот со Синг. Бидејќи јадел остри предмети, имал тешки рани во стомакот, појаснил Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, Пенџаб, каде што бил лекуван пациентот.

Синг бил подложен на тричасовна операција, која иако била успешна, тој се уште е во критична состојба, вели директорот на болницата.

 

The post 35-годишен Индиец две години се жалел на болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети appeared first on Република.

]]>

Човек кој две години се жалел на болки во стомакот ги шокирал лекарите кои откриле дека пациентот всушност голтал разни предмети од домаќинството, од копчиња до слушалки. Индиецот Кулдип Синг (35) решил да оди во болница поради долготрајни стомачни проблеми и покачена телесна температура. За време на прегледот, лекарите решиле да направат рендген за подобро да ја разберат ситуацијата, а она што го откриле ги оставило во целосен шок. Синг, наводно, проголтал околу 60 различни предмети, вклучително и алки, навртки, завртки, слушалки, магнети, копчиња од кошула, патенти и многу други непрехранбени производи, пишува „NY Post“. Лекарите му дијагностицирале психичко заболување поради кое „компулсивно голтал други предмети кои не се храна“. Болеста е најчеста кај малите деца, бремените жени и лицата со ментални нарушувања, вклучувајќи нарушувања од аутистички спектар, интелектуална попреченост и шизофренија. Роднините на пациентот не биле свесни за проблемот.
Не е изненадувачки што јадењето несварливи производи може да се покаже опасно по здравјето, како што беше случајот со Синг. Бидејќи јадел остри предмети, имал тешки рани во стомакот, појаснил Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, Пенџаб, каде што бил лекуван пациентот.
Синг бил подложен на тричасовна операција, која иако била успешна, тој се уште е во критична состојба, вели директорот на болницата.  

The post 35-годишен Индиец две години се жалел на болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети appeared first on Република.

]]>
Индиец се спаси од ропство: „Не врзуваа со синџири и не тераа да копаме бунари со часови“ https://republika.mk/vesti/svet/indiets-se-spasi-od-ropstvo-ne-vrzuvaa-so-sindhiri-i-ne-teraa-da-kopame-bunari-so-chasovi/ Thu, 29 Jun 2023 14:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=656493

Во изминатиот месец, Индиецот Багван Гуксе беше заробен во западната индиска држава Махараштра заедно со уште шест работници кои работеле на дневница. Работниците биле ангажирани од други изведувачи да ги ископаат бунарите, но подоцна биле принудени на ропска работа, што е нелегално во Индија.

Гуксе опиша дехуманизирачки услови за живот, тепање, дрогирање и принудување на долгичасовна физичка работа со малку храна и вода. Ноќе работниците ги врзувале со синџири за трактори за да не можат да избегаат. А кога не можеле да спијат, немирни од болка, глад и умор, Гуксе рекол дека мажите ги камшикувале со стапови, а потоа ги принудувале  да пијат седативи со алкохол.

Знаев дека тука смртта е неизбежна. Но, сакав да се обидам да избегам, да си го спасам животот барем еднаш – рекол несреќниот човек, пишува Би-би-си.

Робовите биле толку исцрпени од тепањето, работата и недостатокот на храна што немале енергија да го испланираат своето бегство.

Но, 15 или 16 јуни. Ѓуксе не може да се сети на точниот датум бидејќи деновите одамна почнаа да се спојуваат еден во друг - тој реши да се обиде да избега. Додека клечел во мракот, го заби прстот во металниот дел и со часови го вртеше додека конечно не се отклучи.

Кога излегол од комплексот, видел огромно поле со шеќерна трска и истрчал кон него.

Немав поим каде сум. Се што знаев е дека морам да се вратам дома. Ја следев железничката пруга до теренот и продолжив да трчам - рекол Ѓуксе кој успеал да стигне до своето село и за се ја известил полицијата, по што полицијата од два одвоени бунари спасила уште 11 работници.

Прво не му верувавме на работникот, но кога стигнавме на локацијата ја видовме состојбата на приведените мажи - изјави за Би-Би-Си претставник на локалната полиција Јагдиш Раут, кој е одговорен за случајот.

Мажите биле принудувани да копаат бунар од 12 до 14 часа на ден, по што ги врзувале со синџири и повторно ги мачеле физички и психички. Немале тоалет, морале да вршат нужда во бунарот што го ископале, а потоа да го исчистат отпадот по завршувањето на работата - рекол Раут, додавајќи дека повеќето од нив имаат плускавци и длабоки рани на очите и стапалата. Некои од нив се на лекување во болница.

Седум лица, меѓу кои две жени и едно малолетно лице, се обвинети за трговија со луѓе, киднапирање, злоупотреба и незаконско притворање според индискиот кривичен законик, од кои сите станаа насловни страници во Индија. Четворица се во притвор, малолетникот во малолетнички притвор, а двајца се во бегство.

Полицијата соопшти дека сите жртви се сиромашни работници кои дошле во градот во потрага по работа. Овде со нив контактирал агент кој ги продавал овие работници на претприемачи од друг град за 2.000 до 5.000 рупии, или 21 до 55 евра по лице.

Агентот им ветил на работниците дека за копање бунар покрај три оброци дневно ќе добијат и 5,5 евра. Кога мажите се согласиле, тој ги ставил во тук-тук и ги опијанил пред да ги вози на различни места.

Во пределот на бунарот, изведувачите им ги одзеле телефоните и им ги украле службените документи.

Откако ќе ги држеи во такви ужасни услови два до три месеци, обвинетиот ќе ги ослободи такви измачени без ниту еден цент - рече Раут и додаде дека истражуваат дали има други локации во областа што работат на сличен начин.

Семејствата на тројцата работници изјавија за Би-Би-Си дека поднеле пријави за исчезнати лица, но рекоа дека полицијата одбила да отвори истрага.

Полициските службеници не одговорија на барањето на Би-Би-Си за коментар за наводите, но официјален претставник изјави неофицијално за Би-Би-Си дека полицијата не дејствувала навреме.

The post Индиец се спаси од ропство: „Не врзуваа со синџири и не тераа да копаме бунари со часови“ appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот месец, Индиецот Багван Гуксе беше заробен во западната индиска држава Махараштра заедно со уште шест работници кои работеле на дневница. Работниците биле ангажирани од други изведувачи да ги ископаат бунарите, но подоцна биле принудени на ропска работа, што е нелегално во Индија. Гуксе опиша дехуманизирачки услови за живот, тепање, дрогирање и принудување на долгичасовна физичка работа со малку храна и вода. Ноќе работниците ги врзувале со синџири за трактори за да не можат да избегаат. А кога не можеле да спијат, немирни од болка, глад и умор, Гуксе рекол дека мажите ги камшикувале со стапови, а потоа ги принудувале  да пијат седативи со алкохол.
Знаев дека тука смртта е неизбежна. Но, сакав да се обидам да избегам, да си го спасам животот барем еднаш – рекол несреќниот човек, пишува Би-би-си.
Робовите биле толку исцрпени од тепањето, работата и недостатокот на храна што немале енергија да го испланираат своето бегство. Но, 15 или 16 јуни. Ѓуксе не може да се сети на точниот датум бидејќи деновите одамна почнаа да се спојуваат еден во друг - тој реши да се обиде да избега. Додека клечел во мракот, го заби прстот во металниот дел и со часови го вртеше додека конечно не се отклучи. Кога излегол од комплексот, видел огромно поле со шеќерна трска и истрчал кон него.
Немав поим каде сум. Се што знаев е дека морам да се вратам дома. Ја следев железничката пруга до теренот и продолжив да трчам - рекол Ѓуксе кој успеал да стигне до своето село и за се ја известил полицијата, по што полицијата од два одвоени бунари спасила уште 11 работници. Прво не му верувавме на работникот, но кога стигнавме на локацијата ја видовме состојбата на приведените мажи - изјави за Би-Би-Си претставник на локалната полиција Јагдиш Раут, кој е одговорен за случајот.
Мажите биле принудувани да копаат бунар од 12 до 14 часа на ден, по што ги врзувале со синџири и повторно ги мачеле физички и психички. Немале тоалет, морале да вршат нужда во бунарот што го ископале, а потоа да го исчистат отпадот по завршувањето на работата - рекол Раут, додавајќи дека повеќето од нив имаат плускавци и длабоки рани на очите и стапалата. Некои од нив се на лекување во болница. Седум лица, меѓу кои две жени и едно малолетно лице, се обвинети за трговија со луѓе, киднапирање, злоупотреба и незаконско притворање според индискиот кривичен законик, од кои сите станаа насловни страници во Индија. Четворица се во притвор, малолетникот во малолетнички притвор, а двајца се во бегство. Полицијата соопшти дека сите жртви се сиромашни работници кои дошле во градот во потрага по работа. Овде со нив контактирал агент кој ги продавал овие работници на претприемачи од друг град за 2.000 до 5.000 рупии, или 21 до 55 евра по лице. Агентот им ветил на работниците дека за копање бунар покрај три оброци дневно ќе добијат и 5,5 евра. Кога мажите се согласиле, тој ги ставил во тук-тук и ги опијанил пред да ги вози на различни места. Во пределот на бунарот, изведувачите им ги одзеле телефоните и им ги украле службените документи.
Откако ќе ги држеи во такви ужасни услови два до три месеци, обвинетиот ќе ги ослободи такви измачени без ниту еден цент - рече Раут и додаде дека истражуваат дали има други локации во областа што работат на сличен начин.
Семејствата на тројцата работници изјавија за Би-Би-Си дека поднеле пријави за исчезнати лица, но рекоа дека полицијата одбила да отвори истрага. Полициските службеници не одговорија на барањето на Би-Би-Си за коментар за наводите, но официјален претставник изјави неофицијално за Би-Би-Си дека полицијата не дејствувала навреме.

The post Индиец се спаси од ропство: „Не врзуваа со синџири и не тераа да копаме бунари со часови“ appeared first on Република.

]]>
Индиец доби судски спор за 25 центи по 22 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/indiec-dobi-sudski-spor-za-25-centi-po-22-godini/ Fri, 12 Aug 2022 19:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=539455

По речиси 22 години, Индиец го добил судскиот спор околу билет за железницата преплатена за 25 центи, пренесe Би-Би-Си.

На адвокатот Тунгнат Чатурведи во 1999 година во сојузната држава Утар Прадеш му биле наплатени дополнителни 20 рупии, односно 25 центи од американскиот долар, за два билети за железницата.

Минатата седмица судот за спорови во врска со потрошувачките права пресудил во полза на Чатурведи и побарал од железничкиот оператор враќање на парите со камата.

Бев на повеќе од 100 рочишта во врска со овој случај. Но нема цена за загубеното време и за енергијата што ја вложив во овој случај, изјавил сега 66-годишниот Чатурведи.

Пред 22 години Чатурведи, кој живее во Утар Прадеп, патувал од Матуара за Морадабад кога контролорот двата билета наместо 70 му ги наплатил 90 рупии.

Судовите за потрошувачи во Индија се инаку многу оптоварени и парниците понекогаш траат со години, потсетува BBC.

The post Индиец доби судски спор за 25 центи по 22 години appeared first on Република.

]]>

По речиси 22 години, Индиец го добил судскиот спор околу билет за железницата преплатена за 25 центи, пренесe Би-Би-Си. На адвокатот Тунгнат Чатурведи во 1999 година во сојузната држава Утар Прадеш му биле наплатени дополнителни 20 рупии, односно 25 центи од американскиот долар, за два билети за железницата. Минатата седмица судот за спорови во врска со потрошувачките права пресудил во полза на Чатурведи и побарал од железничкиот оператор враќање на парите со камата. Бев на повеќе од 100 рочишта во врска со овој случај. Но нема цена за загубеното време и за енергијата што ја вложив во овој случај, изјавил сега 66-годишниот Чатурведи. Пред 22 години Чатурведи, кој живее во Утар Прадеп, патувал од Матуара за Морадабад кога контролорот двата билета наместо 70 му ги наплатил 90 рупии. Судовите за потрошувачи во Индија се инаку многу оптоварени и парниците понекогаш траат со години, потсетува BBC.

The post Индиец доби судски спор за 25 центи по 22 години appeared first on Република.

]]>
Индиец примил 12 дози од вакцината против Ковид и сака уште https://republika.mk/vesti/svet/indiec-primil-12-dozi-od-vakcinata-protiv-kovid-i-saka-ushte/ Sat, 08 Jan 2022 14:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=441957

Маж од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина против Ковид и вели дека верува оти тие дози му помогнале против болките во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми.

Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар рече дека девет пати примил доза на начин што се регистрирал со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот телефон на сопругата, објави „USA Today“.

Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и првата доза ја примил во февруари минатата година.

Верувам дека тоа ми помага за општото здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна - изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителните дози на вакцини против коронавирус придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да продолжи да се вакцинира.

The post Индиец примил 12 дози од вакцината против Ковид и сака уште appeared first on Република.

]]>

Маж од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина против Ковид и вели дека верува оти тие дози му помогнале против болките во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми. Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар рече дека девет пати примил доза на начин што се регистрирал со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот телефон на сопругата, објави „USA Today“. Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и првата доза ја примил во февруари минатата година.
Верувам дека тоа ми помага за општото здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна - изјави Мандал.
Засега нема докази дека дополнителните дози на вакцини против коронавирус придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да продолжи да се вакцинира.

The post Индиец примил 12 дози од вакцината против Ковид и сака уште appeared first on Република.

]]>