инаугурација Archives - Република https://republika.mk/tema/inauguracija/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 16:08:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инаугурација Archives - Република https://republika.mk/tema/inauguracija/ 32 32 Мексико го покани Путин на инаугурацијата на новата претседателка https://republika.mk/vesti/svet/meksiko-go-pokani-putin-na-inauguratsijata-na-novata-pretsedatelka/ Wed, 07 Aug 2024 20:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=804343

Мексико го покани рускиот претседател Владимир Путин на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1 октомври, објави во средата рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на мексиканската амбасада во Русија.

„Поканата до Русија да учествува на инаугурацијата на претседателот Шејнбаум е испратена до претседателот Путин“, изјави претставник на мексиканската амбасада, пренесува „Известија“.

„Рускиот претседател ќе одлучи дали самиот ќе учествува на церемонијата или ќе назначи друг висок функционер да го стори тоа во негово име“, пишува весникот.

Министерството за надворешни работи на Мексико подоцна за Reuters изјави дека владата испратила дипломатски ноти до сите земји со кои има односи, како и до меѓународните организации чиишто членка е, поканувајќи ги на инаугурацијата.

Меѓународниот кривичен суд (ICC) издаде налог за апсење против Путин во 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство за илегално депортирање на стотици деца од Украина, откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Иако Русија не е членка на ICC, Мексико е. Но, двете земји развиваат блиски врски, а Путин ѝ честиташе на Шејнбаум за нејзината победа во јуни, велејќи дека Мексико е „историски пријателски партнер на Русија во Латинска Америка“.

Министерството за надворешни работи не одговори на прашањето како членството на Мексико во ICC ќе влијае на евентуалното доаѓање на Путин на инаугурацијата на претседателот.

The post Мексико го покани Путин на инаугурацијата на новата претседателка appeared first on Република.

]]>

Мексико го покани рускиот претседател Владимир Путин на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1 октомври, објави во средата рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на мексиканската амбасада во Русија. „Поканата до Русија да учествува на инаугурацијата на претседателот Шејнбаум е испратена до претседателот Путин“, изјави претставник на мексиканската амбасада, пренесува „Известија“. „Рускиот претседател ќе одлучи дали самиот ќе учествува на церемонијата или ќе назначи друг висок функционер да го стори тоа во негово име“, пишува весникот.
Министерството за надворешни работи на Мексико подоцна за Reuters изјави дека владата испратила дипломатски ноти до сите земји со кои има односи, како и до меѓународните организации чиишто членка е, поканувајќи ги на инаугурацијата. Меѓународниот кривичен суд (ICC) издаде налог за апсење против Путин во 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство за илегално депортирање на стотици деца од Украина, откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Иако Русија не е членка на ICC, Мексико е. Но, двете земји развиваат блиски врски, а Путин ѝ честиташе на Шејнбаум за нејзината победа во јуни, велејќи дека Мексико е „историски пријателски партнер на Русија во Латинска Америка“. Министерството за надворешни работи не одговори на прашањето како членството на Мексико во ICC ќе влијае на евентуалното доаѓање на Путин на инаугурацијата на претседателот.

The post Мексико го покани Путин на инаугурацијата на новата претседателка appeared first on Република.

]]>
Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-bilateralnite-odnosi-i-evropskiot-pat-na-sosedite-zavisat-od-upotrebata-na-ustavnoto-ime/ Sun, 12 May 2024 14:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=777345

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името Македонија и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Cеверна Македонија“, „новата претседателка на Република Cеверна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече Македонија“.

Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Cеверна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

The post Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име appeared first on Република.

]]>

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името Македонија и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина. Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Cеверна Македонија“, „новата претседателка на Република Cеверна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече Македонија“.
Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.
Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.
Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Cеверна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

The post Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-siguren-sum-deka-so-lubovta-shto-ja-ima-za-makedonija-ke-bide-vistinski-chuvar-na-nashite-vrednosti/ Sun, 12 May 2024 14:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=777340

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Собранието, како што вели, имаше чест да присуствува на историскиот чин - инаугурацијата на првата жена претседател на Македонија.

Во оваа прилика сакам да упатам најсрдечни честитки до Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и да ѝ посакам успех на почетокот од нејзиното благородно патување за обезбедување на посветла и попросперитетна иднина за нашата татковина. Сигурен сум дека со нејзиниот лидерски капацитет, а пред сѐ со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности и достоинствено ќе не претставува во светот, а нејзиното неизмерно знаење, посветеност и визија несомнено ќе бидат инспирација за генерациите што доаѓаат!, рече Тошковски по повод овој историски чин.

The post Тошковски: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности appeared first on Република.

Закажана седницата за инаугурација на Силјановска Давкова: На пладне ќе даде свечена изјава во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/zakazhana-sednitsata-za-inauguratsija-na-siljanovska-davkova-na-pladne-ke-dade-svechena-izjava-vo-sobranieto/ Sat, 11 May 2024 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=777038

За утре на пладне е закажана седницата на Собранието на која ќе биде инаугурирана новата претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова.

Се очекува таа во салата „Македонија“ да даде свечена изјава по што ќе почне да тече нејзиниот мандат како претседател.

Денеска, претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски ѝ го врачи на Силјановска Давкова Уверението за претседател.

Мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски истекува утре.

The post Закажана седницата за инаугурација на Силјановска Давкова: На пладне ќе даде свечена изјава во Собранието appeared first on Република.

]]>

За утре на пладне е закажана седницата на Собранието на која ќе биде инаугурирана новата претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова. Се очекува таа во салата „Македонија“ да даде свечена изјава по што ќе почне да тече нејзиниот мандат како претседател. Денеска, претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски ѝ го врачи на Силјановска Давкова Уверението за претседател. Мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски истекува утре.

The post Закажана седницата за инаугурација на Силјановска Давкова: На пладне ќе даде свечена изјава во Собранието appeared first on Република.

]]>
Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/najdotsna-na-12-maj-treba-da-bide-svikana-sobraniska-sednitsa-za-inauguratsija-na-novoizbranata-pretsedatelka-gordana-siljanovska-davkova/ Thu, 09 May 2024 10:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=776277

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Седницата за инаугурација на новиот претседател треба да ја свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески. На средбата со новинарите на крајот на март, Митрески најави дека ова ќе биде една од последните активности на стариот состав на Парламентот, пред конституирање на новиот собраниски состав.

Доколку инаугурацијата на новиот претседател се случи на 12 мај, тој треба да го додели мандатот за новиот состав на Владата.

Врз основа на Уставот претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Претседателот на Република Македонија го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија; ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; предлага двајца членови на Републичкиот судски совет; именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи; именува и разрешува и други носители на државни и јавниименува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; доделува одликувања и признанија во согласност со закон; дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.

Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

The post Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.
Седницата за инаугурација на новиот претседател треба да ја свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески. На средбата со новинарите на крајот на март, Митрески најави дека ова ќе биде една од последните активности на стариот состав на Парламентот, пред конституирање на новиот собраниски состав.
Доколку инаугурацијата на новиот претседател се случи на 12 мај, тој треба да го додели мандатот за новиот состав на Владата.
Врз основа на Уставот претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.
За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.
Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност. Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Претседателот на Република Македонија го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија; ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; предлага двајца членови на Републичкиот судски совет; именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи; именува и разрешува и други носители на државни и јавниименува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; доделува одликувања и признанија во согласност со закон; дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот. Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност. Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.  

The post Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>