инагурација Archives - Република https://republika.mk/tema/inaguracija/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 10:33:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инагурација Archives - Република https://republika.mk/tema/inaguracija/ 32 32 ВО ЖИВО: Инаугурација на Гордана Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-inauguratsija-na-gordana-siljanovska-davkova/ Sun, 12 May 2024 10:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=777204

Денеска напладне во 12 часот ќе се одржи инаугурација во Собранието во салата „Македонија“.

Победничката на претседателските избори, Гордана Силјановска Давкова пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.

Следете ја во живо инаугурацијата на новата претседателка на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова

The post ВО ЖИВО: Инаугурација на Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Денеска напладне во 12 часот ќе се одржи инаугурација во Собранието во салата „Македонија“. Победничката на претседателските избори, Гордана Силјановска Давкова пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Следете ја во живо инаугурацијата на новата претседателка на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова

The post ВО ЖИВО: Инаугурација на Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
На 12 мај во 12 часот инагурација на новата претседателка Силјановска-Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/na-12-maj-vo-12-chasot-inaguratsija-na-novata-pretsedatelka-siljanovska-davkova/ Thu, 09 May 2024 11:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=776308

Инугаративната седница за новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ќе се случи в недела.

Седницата ќе биде во 12 часот

Најпрво ќе се чека Извештајот од ДИК со кој и официјално ќе се прогласи Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.

„Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот. Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.05 (недела) во 12 часот“, стои во прес-службата на Собранието.

The post На 12 мај во 12 часот инагурација на новата претседателка Силјановска-Давкова appeared first on Република.

]]>

Инугаративната седница за новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ќе се случи в недела. Седницата ќе биде во 12 часот Најпрво ќе се чека Извештајот од ДИК со кој и официјално ќе се прогласи Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија. „Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот. Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.05 (недела) во 12 часот“, стои во прес-службата на Собранието.

The post На 12 мај во 12 часот инагурација на новата претседателка Силјановска-Давкова appeared first on Република.

]]>
Инаугурацијата на Силјановска Давкова најдоцна до 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/inauguratsijata-na-siljanovska-davkova-najdotsna-do-12-maj-koga-istekuva-mandatot-na-pendarovski/ Thu, 09 May 2024 06:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=776103

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна до 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.

На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Седницата за инаугурација на новиот претседател треба да ја свика актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески.

Доколку инаугурацијата на новиот претседател се случи на 12 мај, тој треба да го додели мандатот за составот на новата Влада.

Врз основа на Уставот Претседателот е врховен командант на вооружените сили. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Претседателот на Република Македонија го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија; ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; предлага двајца членови на Републичкиот судски совет; именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи; именува и разрешува и други носители на државни и јавниименува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; доделува одликувања и признанија во согласност со закон; дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.

Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

The post Инаугурацијата на Силјановска Давкова најдоцна до 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски appeared first on Република.

]]>

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна до 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Седницата за инаугурација на новиот претседател треба да ја свика актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески. Доколку инаугурацијата на новиот претседател се случи на 12 мај, тој треба да го додели мандатот за составот на новата Влада. Врз основа на Уставот Претседателот е врховен командант на вооружените сили. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност. Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Претседателот на Република Македонија го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија; ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; предлага двајца членови на Републичкиот судски совет; именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи; именува и разрешува и други носители на државни и јавниименува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; доделува одликувања и признанија во согласност со закон; дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот. Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност. Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

The post Инаугурацијата на Силјановска Давкова најдоцна до 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин https://republika.mk/vesti/svet/stano-ambasadorite-na-eu-sad-germanija-velika-britanija-baltichkite-zemji-nema-da-prisustvuvaat-na-inauguratsijata-na-putin/ Tue, 07 May 2024 07:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=774935

Денеска во Москва ќе се одржи инаугурацијата на старо-новиот руски претседател, Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат, а на церемонијата нема да присутвуваат амбасадорите на Европската унија и на САД во Москва.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на Унијата.

-Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки, рече Стано, пренесен од британските медиуми.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.

Британските медиуми вчера објавија дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник.

Неименуван извор изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресија во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека е кршење на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.

Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.

Делегација на Велика Британија, исто така, нема да присуствува на денешната церемонија, соопшти Форин Офисот.

-Велика Британија нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи, пренесен од британските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Украина ги повика сојузниците на Киев да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија.

„Украина не гледа правна основа да го признае како демократски избран и легитимен претседател на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

И Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

The post Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин appeared first on Република.

]]>

Денеска во Москва ќе се одржи инаугурацијата на старо-новиот руски претседател, Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат, а на церемонијата нема да присутвуваат амбасадорите на Европската унија и на САД во Москва. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на Унијата. -Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки, рече Стано, пренесен од британските медиуми. Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател. Британските медиуми вчера објавија дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник. Неименуван извор изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресија во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека е кршење на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации. Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин. Делегација на Велика Британија, исто така, нема да присуствува на денешната церемонија, соопшти Форин Офисот. -Велика Британија нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи, пренесен од британските медиуми. Министерството за надворешни работи на Украина ги повика сојузниците на Киев да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија. „Украина не гледа правна основа да го признае како демократски избран и легитимен претседател на Руската Федерација“, се наведува во соопштението. И Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

The post Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин appeared first on Република.

]]>
Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против присуство https://republika.mk/vesti/svet/stano-eu-se-ushte-ne-reshila-dali-ke-uchestvuva-na-inauguratsijata-na-putin-borel-e-protiv-prisustvo/ Mon, 06 May 2024 11:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=774694

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

The post Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против присуство appeared first on Република.

]]>

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. – Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано. Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

The post Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против присуство appeared first on Република.

]]>