имитација Archives - Република https://republika.mk/tema/imitatsija/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Mar 2023 10:10:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png имитација Archives - Република https://republika.mk/tema/imitatsija/ 32 32 За имитирањето https://republika.mk/kolumni/za-imitiraneto/ Wed, 29 Mar 2023 10:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=624969

Атанас Кирјаковски

Сѐ тргнува од способноста за имитирање – таа е една од најсофистицираните еволутивни адаптации кои се развиле кај социјалните животни. Најкомплексна е кај човекот и кај нашите најблиски биолошки роднини – шимпанзата, горилите и орангутаните. Иако и други животни имаат одредени способности да имитираат, како на пр. кучињата, птиците, делфините, итн., сепак кај нив повеќе се сведува на привремени монотони повторувања на едноставни рутини без некаков впечаток дека тие животни го разбираат посуштински причинско-последничниот однос и подлабокото значење и смислата на имитацијата.

Дефинициски, имитирањето претставува копирање, свесно или несвесно повторување на нечие туѓо однесување, мисла, емоција или акција. Тоа е форма на социјално учење и моделирање и игра клучна улога во раниот развој на децата, особено во периодот на стекнување на јазикот и другите когнитивни способности. Бебињата на пример, учат да имитираат звуци, изрази на лицето и гестикулации од нивните родители/старатели, што им помага да научат за опкружувањето и за природата на другите луѓе. Како што растат, децата и младите продолжуваат да имитираат однесувања и ставови, што подоцна го обликува нивниот идентитет, верувања и вредности. Имитирањето не завршува со адолесценцијата туку е присутно до крајот на животот. И возрасните имитираат поради слични причини како и децата: преку имитирањето учат нови вештини и стекнуваат знаење (на пр., готвење и гастрономски навики, спортски вештини, музички вештини, културни форми и норми, и сл.); социјално се приврзуваат едни со други преку имитација на однесувањата, облекувањето и взаемните невербални сигнализации; ја продлабочуваат комуникацијата преку имитирање на фацијални експресии, емотивни изрази и вокализации со кои успеваат да ја разберат афективната и когнитивна состојба на другите и да чувствуваат емпатија едни за други (за подетално види „Теорија на умот [Theory of Mind]“).

Имитацијата се случува и на далеку поглобално и покомплексно ниво – разни групи, држави, општества, култури и цивилизации се имитираат едни со други преку размена на идеи или поточно кажано – преку размена и прифаќање на мемиња. „Мемето“ (на македонски се корсти и „мим“ или „мем“) како концепт го воведува Ричард Докинс во 1976 г. во неговата семинална книга „Себичниот ген“ (во оригинал The Selfish Gene). Според Докинс, мемињата се идеи, однесувања или стилови кои се пренесуваат од човек на човек во дадена култура и претставуваат своевиден културолошки пандан на гените. Мемињата се реплицираат, варираат и селектираат на сличен принцип како и гените, но мемињата немаат свој биолошки код како ДНК-та. Наместо тоа, тие се единици на културолошка информација која се пренесува од човек на човек и се зачувуваат во колективната меморија. Можат да заземат многу форми: популарна музика, модни трендови, фрази, слогани, технолошки решенија, па дури и цели системи, идеологии, организациски хиерархии, културолошки вредности и норми. Се пренесуваат преку јазикот, мас медиумите, слики, пишан збор, филмови, интернетот – и другите современи форми на комуникација. За илустрација на тоа што е успешно меме, добар пример се фармерките, оригинално измислени и дизајнирани од Леви Штраус во средината на 19-тиот век, првично како издржлива работна облека и материјал, а денес толку распространети низ целиот свет што скоро и да нема култура и географски регион без ова парче облека.

Бидејќи повеќето земји во светот не создаваат сопствени технолошки иновации, барем не во доволен број кој би направил некаква значајна разлика, тие тежнеат да напредуваат и да го подобруваат секојдневниот живот на своите жители преку имитирање и преземање од мал број земји–генератори на технолошки мемиња и патенти (според Индексот на Блумберг, Јужна Кореја, Јапонија, Кина, САД и Германија се оние коишто регистрираат најмногу патенти на светско ниво). Република Македонија е една таквите земји кои се обидуваат да напреднат преку имитирање на т.н. „европски вредности“ или генерално, преку обид за емулација на западно-цивилизациските политички системи, институции, уредување и технологија. Иако имитирањето е вредно поради неговата уталитарна функција, иако стратешкото имитирање е неверојатно корисно, сепак македонската држава или поточно македонските влади и лидери низ децениите, па дури и граѓаните, некаде сигурно потфрлија и наместо цивилизациска, културолошка и технолошка имитација, живееме во бледа илузија на истата. Се прашувам дури и дали ние воопшто имаме способност да имитираме нешто корисно и прогресивно? Или сме неспособни дури и за тоа?

Еве на пример „као имаме“ урбан автобуски превоз по примерот на модерните западните градови (нема врска што е само во Скопје и што останатите градови низ Македонија може да се сликаат). Намерата е секогаш да има што е можно повеќе линии, со модерни градски автобуси и тоа компјутерски вмрежени во еден глобален систем кој ги вклучува и корисниците. И така на мојот телефон, верувајќи во мемето на современиот градски превоз, ја инсталирав апликацијата на јавното сообраќајно претпријатие која малку е старомодно дизајнирана, но сепак функционална, брзо стартува, не крахира и досега не сум забележал некакви софтверски бубачки. Арна е. Има само еден проблем: никогаш не погодува кога пристигнува автобусот. Илузија. Друг пример е високото образованието кое „као го моделираме“ според Болоњската декларација која има за цел да создаде унифициран систем низ Европската унија, со главен фокус на квалитетот, меритократијата, вмреженоста и слободното движење. Секако, и тука потфрливме. Се преправаме дека имаме и здравствен систем, кој во принцип е меме според кое државата одзема секој месец дел од твоите мачно заработени пари за да ти врати со услуга кога си најбеспомошен и кога најмногу ти требаат – кога си болен. Не сме способни ни тоа да го изимитираме. Имитираме и некаква си професионалност, „као“ градиме кариери, а некако сето тоа на крајот се сведува на онаа сатирична поговорка меѓу работниците во комбинатите на комунистичкиот систем во СССР – „ние се преправаме дека работиме, тие се преправаат дека нѐ плаќаат“. Лошо имитираме и култура – пропаднати театри и филхармонии, се помалку и помалку писатели, еден снимен филм или серија е „вау“, а обичниот граѓанин кубурејќи од ден за ден да преживее – нема ниту интерес ниту пак потреба за уметничкиот духовен леб. Веројатно кога живееш театар на апсурдот надвор од театарот, односно во реалниот живот, не ти се гледаат баш претстави. На крајот делува дека имаме и лош обид за држава, особено откако стана северен Франкенштајн, во која има лоша имитација на институции, илузија на демократија и несмасен и дисфункционален политички систем. Си постојат само „ради реда“ недокрај исполнувајќи си ја својата функција за којашто постојат. На крајот, имитацијата е корисна, важна и вредна способност. Ако ништо друго, можеме барем да научиме да имитираме докрај нешто паметно и корисно. Или пак и за тоа не нѐ бидува?

The post За имитирањето appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Сѐ тргнува од способноста за имитирање – таа е една од најсофистицираните еволутивни адаптации кои се развиле кај социјалните животни. Најкомплексна е кај човекот и кај нашите најблиски биолошки роднини – шимпанзата, горилите и орангутаните. Иако и други животни имаат одредени способности да имитираат, како на пр. кучињата, птиците, делфините, итн., сепак кај нив повеќе се сведува на привремени монотони повторувања на едноставни рутини без некаков впечаток дека тие животни го разбираат посуштински причинско-последничниот однос и подлабокото значење и смислата на имитацијата. Дефинициски, имитирањето претставува копирање, свесно или несвесно повторување на нечие туѓо однесување, мисла, емоција или акција. Тоа е форма на социјално учење и моделирање и игра клучна улога во раниот развој на децата, особено во периодот на стекнување на јазикот и другите когнитивни способности. Бебињата на пример, учат да имитираат звуци, изрази на лицето и гестикулации од нивните родители/старатели, што им помага да научат за опкружувањето и за природата на другите луѓе. Како што растат, децата и младите продолжуваат да имитираат однесувања и ставови, што подоцна го обликува нивниот идентитет, верувања и вредности. Имитирањето не завршува со адолесценцијата туку е присутно до крајот на животот. И возрасните имитираат поради слични причини како и децата: преку имитирањето учат нови вештини и стекнуваат знаење (на пр., готвење и гастрономски навики, спортски вештини, музички вештини, културни форми и норми, и сл.); социјално се приврзуваат едни со други преку имитација на однесувањата, облекувањето и взаемните невербални сигнализации; ја продлабочуваат комуникацијата преку имитирање на фацијални експресии, емотивни изрази и вокализации со кои успеваат да ја разберат афективната и когнитивна состојба на другите и да чувствуваат емпатија едни за други (за подетално види „Теорија на умот [Theory of Mind]“). Имитацијата се случува и на далеку поглобално и покомплексно ниво – разни групи, држави, општества, култури и цивилизации се имитираат едни со други преку размена на идеи или поточно кажано – преку размена и прифаќање на мемиња. „Мемето“ (на македонски се корсти и „мим“ или „мем“) како концепт го воведува Ричард Докинс во 1976 г. во неговата семинална книга „Себичниот ген“ (во оригинал The Selfish Gene). Според Докинс, мемињата се идеи, однесувања или стилови кои се пренесуваат од човек на човек во дадена култура и претставуваат своевиден културолошки пандан на гените. Мемињата се реплицираат, варираат и селектираат на сличен принцип како и гените, но мемињата немаат свој биолошки код како ДНК-та. Наместо тоа, тие се единици на културолошка информација која се пренесува од човек на човек и се зачувуваат во колективната меморија. Можат да заземат многу форми: популарна музика, модни трендови, фрази, слогани, технолошки решенија, па дури и цели системи, идеологии, организациски хиерархии, културолошки вредности и норми. Се пренесуваат преку јазикот, мас медиумите, слики, пишан збор, филмови, интернетот – и другите современи форми на комуникација. За илустрација на тоа што е успешно меме, добар пример се фармерките, оригинално измислени и дизајнирани од Леви Штраус во средината на 19-тиот век, првично како издржлива работна облека и материјал, а денес толку распространети низ целиот свет што скоро и да нема култура и географски регион без ова парче облека. Бидејќи повеќето земји во светот не создаваат сопствени технолошки иновации, барем не во доволен број кој би направил некаква значајна разлика, тие тежнеат да напредуваат и да го подобруваат секојдневниот живот на своите жители преку имитирање и преземање од мал број земји–генератори на технолошки мемиња и патенти (според Индексот на Блумберг, Јужна Кореја, Јапонија, Кина, САД и Германија се оние коишто регистрираат најмногу патенти на светско ниво). Република Македонија е една таквите земји кои се обидуваат да напреднат преку имитирање на т.н. „европски вредности“ или генерално, преку обид за емулација на западно-цивилизациските политички системи, институции, уредување и технологија. Иако имитирањето е вредно поради неговата уталитарна функција, иако стратешкото имитирање е неверојатно корисно, сепак македонската држава или поточно македонските влади и лидери низ децениите, па дури и граѓаните, некаде сигурно потфрлија и наместо цивилизациска, културолошка и технолошка имитација, живееме во бледа илузија на истата. Се прашувам дури и дали ние воопшто имаме способност да имитираме нешто корисно и прогресивно? Или сме неспособни дури и за тоа? Еве на пример „као имаме“ урбан автобуски превоз по примерот на модерните западните градови (нема врска што е само во Скопје и што останатите градови низ Македонија може да се сликаат). Намерата е секогаш да има што е можно повеќе линии, со модерни градски автобуси и тоа компјутерски вмрежени во еден глобален систем кој ги вклучува и корисниците. И така на мојот телефон, верувајќи во мемето на современиот градски превоз, ја инсталирав апликацијата на јавното сообраќајно претпријатие која малку е старомодно дизајнирана, но сепак функционална, брзо стартува, не крахира и досега не сум забележал некакви софтверски бубачки. Арна е. Има само еден проблем: никогаш не погодува кога пристигнува автобусот. Илузија. Друг пример е високото образованието кое „као го моделираме“ според Болоњската декларација која има за цел да создаде унифициран систем низ Европската унија, со главен фокус на квалитетот, меритократијата, вмреженоста и слободното движење. Секако, и тука потфрливме. Се преправаме дека имаме и здравствен систем, кој во принцип е меме според кое државата одзема секој месец дел од твоите мачно заработени пари за да ти врати со услуга кога си најбеспомошен и кога најмногу ти требаат – кога си болен. Не сме способни ни тоа да го изимитираме. Имитираме и некаква си професионалност, „као“ градиме кариери, а некако сето тоа на крајот се сведува на онаа сатирична поговорка меѓу работниците во комбинатите на комунистичкиот систем во СССР – „ние се преправаме дека работиме, тие се преправаат дека нѐ плаќаат“. Лошо имитираме и култура – пропаднати театри и филхармонии, се помалку и помалку писатели, еден снимен филм или серија е „вау“, а обичниот граѓанин кубурејќи од ден за ден да преживее – нема ниту интерес ниту пак потреба за уметничкиот духовен леб. Веројатно кога живееш театар на апсурдот надвор од театарот, односно во реалниот живот, не ти се гледаат баш претстави. На крајот делува дека имаме и лош обид за држава, особено откако стана северен Франкенштајн, во која има лоша имитација на институции, илузија на демократија и несмасен и дисфункционален политички систем. Си постојат само „ради реда“ недокрај исполнувајќи си ја својата функција за којашто постојат. На крајот, имитацијата е корисна, важна и вредна способност. Ако ништо друго, можеме барем да научиме да имитираме докрај нешто паметно и корисно. Или пак и за тоа не нѐ бидува?

The post За имитирањето appeared first on Република.

]]>