имиња Archives - Република https://republika.mk/tema/iminja/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 12:04:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png имиња Archives - Република https://republika.mk/tema/iminja/ 32 32 Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М https://republika.mk/zivot/semejstvo/od-makedonskoto-tsrkovno-kalendarche-ova-se-najubavite-imina-na-bukvata-m/ Tue, 22 Oct 2024 16:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=824720

Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј - Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени.

Марин - Името е со латинско потекло, и значи - од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина - Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога.

Меглена - Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.

The post Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М appeared first on Република.

]]>

Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј - Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени. Марин - Името е со латинско потекло, и значи - од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина - Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога. Меглена - Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.

The post Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М appeared first on Република.

]]>
17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња https://republika.mk/zivot/semejstvo/17-imina-inspirirani-od-moreto-za-vashite-letni-novorodenchina/ Mon, 12 Aug 2024 19:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=803454

Предлог имиња со значење поврзано со морето за сите новороденчиња кои ќе пристигнат во лето, но и за оние чии родители го обожаваат морето:

Женски имиња инспирирани од морето:

  1. Адријана (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Дарија (море на персиски)
  3. Марина (од латинско потекло, значи пристаниште)
  4. Дорис (дериват на името Дорида, морска нимфа од грчката митологија, мажена за грчкиот морски бог Нереј)
  5. Каилани (хавајско име, што значи море и небо)
  6. Корделија (име со велшки корени, што значи морски скапоцен камен)
  7. Маре (море на италијански)
  8. Марис (море или од морето на латински)
  9. Мери (море на фински)
  10. Нериса (грчка морска нимфа)
  11. Талиса (од индијанското женско име Талиса што значи убава вода)

Имиња за момчиња инспирирани од морето:

  1. Адријан (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Гал (име од хебрејско потекло, што значи бран)
  3. Вал (исто така значи бран, но на хрватски)
  4. Хали (име од грчко потекло што значи море)
  5. Лир (ирски бог на морето)
  6. Каи (море на хавајски)

The post 17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња appeared first on Република.

]]>

Предлог имиња со значење поврзано со морето за сите новороденчиња кои ќе пристигнат во лето, но и за оние чии родители го обожаваат морето:

Женски имиња инспирирани од морето:

  1. Адријана (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Дарија (море на персиски)
  3. Марина (од латинско потекло, значи пристаниште)
  4. Дорис (дериват на името Дорида, морска нимфа од грчката митологија, мажена за грчкиот морски бог Нереј)
  5. Каилани (хавајско име, што значи море и небо)
  6. Корделија (име со велшки корени, што значи морски скапоцен камен)
  7. Маре (море на италијански)
  8. Марис (море или од морето на латински)
  9. Мери (море на фински)
  10. Нериса (грчка морска нимфа)
  11. Талиса (од индијанското женско име Талиса што значи убава вода)

Имиња за момчиња инспирирани од морето:

  1. Адријан (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Гал (име од хебрејско потекло, што значи бран)
  3. Вал (исто така значи бран, но на хрватски)
  4. Хали (име од грчко потекло што значи море)
  5. Лир (ирски бог на морето)
  6. Каи (море на хавајски)

The post 17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња appeared first on Република.

]]>
Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tri-zhenski-makedonski-imina-za-koi-se-veruva-deka-nosat-nesreka/ Mon, 20 May 2024 16:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=777824

Според некои стари руски традиции, се верува дека имињата можат да влијаат на судбината на една личност. Според нив одредени имиња се сметаат за непожелни за девојките, бидејќи се верува дека носат предизвици и тешкотии во животот.

Три од тие имиња се доста чести во Македонија:

Вера

Името Вера симболизира внатрешна сила и голема способност да се надминат тешкотиите. Но токму поради тоа, се верува дека девојките со ова име може да доживеат значителни пречки и предизвици пред да постигнат просперитет или успех.

Александра

Се верува дека девојките со името Александра често ќе се најдат во ситуации кога треба да се грижат за семејството и секојдневно да да се соочуваат со проблеми, дури и ако повеќе би сакале да прават нешто што ги исполнува. Овој јаз помеѓу желбите и обврските може да доведе до чувство на незадоволство.

Тамара

На Тамарите им се припишуваат предизвици како соочување со предавство и здравствени проблеми. Исто така, се верува дека е можно девојките со име Тамара да доживеат неуспеси во бракот, можеби дури и да станат вдовица или да се разведат. Ако Тамара повторно се омажи, таа може премногу да се врзе за партнерот, што може да доведе до тензија во врската поради нејзините стравови и сомнежи.

 

The post Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа appeared first on Република.

]]>

Според некои стари руски традиции, се верува дека имињата можат да влијаат на судбината на една личност. Според нив одредени имиња се сметаат за непожелни за девојките, бидејќи се верува дека носат предизвици и тешкотии во животот. Три од тие имиња се доста чести во Македонија:

Вера

Името Вера симболизира внатрешна сила и голема способност да се надминат тешкотиите. Но токму поради тоа, се верува дека девојките со ова име може да доживеат значителни пречки и предизвици пред да постигнат просперитет или успех.

Александра

Се верува дека девојките со името Александра често ќе се најдат во ситуации кога треба да се грижат за семејството и секојдневно да да се соочуваат со проблеми, дури и ако повеќе би сакале да прават нешто што ги исполнува. Овој јаз помеѓу желбите и обврските може да доведе до чувство на незадоволство.

Тамара

На Тамарите им се припишуваат предизвици како соочување со предавство и здравствени проблеми. Исто така, се верува дека е можно девојките со име Тамара да доживеат неуспеси во бракот, можеби дури и да станат вдовица или да се разведат. Ако Тамара повторно се омажи, таа може премногу да се врзе за партнерот, што може да доведе до тензија во врската поради нејзините стравови и сомнежи.  

The post Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа appeared first on Република.

]]>
Стари македонски женски имиња со убава симболика https://republika.mk/zivot/semejstvo/stari-makedonski-zhenski-imina-so-ubava-simbolika/ Sun, 12 Nov 2023 15:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=700764

Неколку стари македонски имиња кои иако веќе не се популарни, во себе кријат неверојатна симболика.

1. Ружица – име на кралицата на цвеќињата, кое одлично ќе ми прилега на секое девојче. Розата е истовремено е нешто нежно, романтично и кршливо, но силно и симболично.

2. Лидија – ова име значи „родена од Бога“, односно жена од Лидија, покраина во Мала Азија. Во коренот на името има асирски збор кој значи луѓе.

3. Љубица – женско име со старословенско потекло, настанато од билката љубичица.

4. Верица – основното толкување е христијанската доблест, верата, а самото име ќе се преведе како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“.

5. Зорица – името потекнува од поимот кој означува дел од денот, зората и симболизира почеток на светлината. Како симбол за убавина, зората била инспирација на многу уметници во нивното создавање.

6. Јасна – името настанало од придавката јасна, која значи светла, сјајна. Ова име симболизира позитивност, оптимизам и шарм.

 

The post Стари македонски женски имиња со убава симболика appeared first on Република.

]]>

Неколку стари македонски имиња кои иако веќе не се популарни, во себе кријат неверојатна симболика. 1. Ружица – име на кралицата на цвеќињата, кое одлично ќе ми прилега на секое девојче. Розата е истовремено е нешто нежно, романтично и кршливо, но силно и симболично. 2. Лидија – ова име значи „родена од Бога“, односно жена од Лидија, покраина во Мала Азија. Во коренот на името има асирски збор кој значи луѓе. 3. Љубица – женско име со старословенско потекло, настанато од билката љубичица. 4. Верица – основното толкување е христијанската доблест, верата, а самото име ќе се преведе како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“. 5. Зорица – името потекнува од поимот кој означува дел од денот, зората и симболизира почеток на светлината. Како симбол за убавина, зората била инспирација на многу уметници во нивното создавање. 6. Јасна – името настанало од придавката јасна, која значи светла, сјајна. Ова име симболизира позитивност, оптимизам и шарм.  

The post Стари македонски женски имиња со убава симболика appeared first on Република.

]]>
Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ на Фестивал во Монпелје https://republika.mk/vesti/kultura/kratkiot-film-imina-na-jane-spasik-na-festival-vo-monpelje/ Mon, 23 Oct 2023 08:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=694040

Kраткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција. Филмот ќе биде прикажан вечерва и на 27 октомври, а по втората проекција, ќе следува и разговор со Спасиќ.

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните се појавуваат: Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов

„Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на „Арт проект лаб“, со поддршка на Агенцијата за филм, а домашната премиера на филмот беше на годинашното издание на „Синедејс“ во Скопје.

 

The post Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ на Фестивал во Монпелје appeared first on Република.

]]>

Kраткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција. Филмот ќе биде прикажан вечерва и на 27 октомври, а по втората проекција, ќе следува и разговор со Спасиќ. Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните се појавуваат: Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов „Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на „Арт проект лаб“, со поддршка на Агенцијата за филм, а домашната премиера на филмот беше на годинашното издание на „Синедејс“ во Скопје.  

The post Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ на Фестивал во Монпелје appeared first on Република.

]]>
Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“ https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-kratkometrazhniot-igran-film-imina-na-sinedejs/ Mon, 17 Jul 2023 07:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=662102

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје.

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и три деца актери Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

-Кога Марко и неговата мајка ќе пристигнат во прифатен центар за бегалци полн со деца, жени и стари луѓе, момчето запознава двајца другари, кои му објаснуваат дека е само прашање на време кога војниците ќе донесат кутија за чевли, полна со предметите на некој од нивните татковци, кои загинале во војната. Штом ќе се сместат во центарот, едно од децата му открива на Марко дека училницата во која се сместени е проколната: Смртта ќе ги посети оние чие презиме е на вратата и тие најверојатно ќе добијат кутија. Марко станува опседнат со звукот на војничкиот џип, кој ја носи кутијата од која сите се плашат и смислува план за да ја надитри смртта, се вели во најавата за содржината на филмот.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска. Дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и косценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски.

Филмот се реализираше со финансиска поддшка на Агенцијата за филм на Република Серверна Македонија, a снимањето освен од СУГС „Лазар Танев“ беше помогнато и од Круг филм, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Генералштаб – Армија на РСМ, JЗУ СБГА „Мајка Тереза” – Чаир и Црвен крст – Социјално претпријатие Копче.

 

The post Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје. Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и три деца актери Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска. -Кога Марко и неговата мајка ќе пристигнат во прифатен центар за бегалци полн со деца, жени и стари луѓе, момчето запознава двајца другари, кои му објаснуваат дека е само прашање на време кога војниците ќе донесат кутија за чевли, полна со предметите на некој од нивните татковци, кои загинале во војната. Штом ќе се сместат во центарот, едно од децата му открива на Марко дека училницата во која се сместени е проколната: Смртта ќе ги посети оние чие презиме е на вратата и тие најверојатно ќе добијат кутија. Марко станува опседнат со звукот на војничкиот џип, кој ја носи кутијата од која сите се плашат и смислува план за да ја надитри смртта, се вели во најавата за содржината на филмот. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска. Дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и косценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски. Филмот се реализираше со финансиска поддшка на Агенцијата за филм на Република Серверна Македонија, a снимањето освен од СУГС „Лазар Танев“ беше помогнато и од Круг филм, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Генералштаб – Армија на РСМ, JЗУ СБГА „Мајка Тереза” – Чаир и Црвен крст – Социјално претпријатие Копче.  

The post Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Дванесет имиња за деца кои значат убав(а) https://republika.mk/zivot/semejstvo/dvaneset-imina-za-detsa-koi-znachat-ubav-a/ Sun, 23 Apr 2023 17:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=632092

Доколку сакате уникатно име за вашето новороденче, погледнете ги овие имиња од различни страни на светот кои имаат една убава заедничка особина - значат убав или убава:

1. Розалинда – Во преносно значење е „убава ружа“. Вилијам Шекспир е виновникот зашто ова е популарно, поради хероината Розалинда во неговото дело „Како ви се допаѓа?

2. Меи – преслатко кинеско име кое врвот на популарноста го доживеа во 80-те години на минатиот век.

3. Ромео – популарно италијанско име кое означува привлечна и страствена машка личнност. Викторија Бекам на својот втор син му го даде името Ромео и оттогаш тоа има повторно стана популарно во Британија.

4. Јамила – женска форма на Јамил кој на арапски и свахили значи „убав“.

5. Адонис – според грчката митологија Адонис бил преубав млад пастир вљубен во божицата Афродита. Денес со ова име се врзува дефиницијата за машката убавина.

6. Калиста – во преносна смила значи „најубава“.

7. Жоли – француско име кое буквално значи „убав (а)“. Според нумерологијата, луѓето со ова име се вистински хуманитарци и сакаат да работат за други за да се постигне мир.

8. Венус (Венера) – според римската митологија Венера била божица на убавината и љубовта.

9. Бо – машко популарно име во САД и води француско потекло значи „убав“.

10. Арабела – многу родители за своите девојчиња сакаат поинаква варијанта од честото име Изабела, а всушност Арабела е еден од најпопуларните алтернативи.

11. Кенет – во Шкотска и Ирска ова машко има значење „убав и создаден од пламен“.

12. Бони – шкотско име со француско потекло се врати на сцената благодарејќи на филмот „Однесено со виорот“ во кој легендарните ликови Скарлет и Рит на својата ќерка и го даваат прекарот Бони.

The post Дванесет имиња за деца кои значат убав(а) appeared first on Република.

]]>

Доколку сакате уникатно име за вашето новороденче, погледнете ги овие имиња од различни страни на светот кои имаат една убава заедничка особина - значат убав или убава: 1. Розалинда – Во преносно значење е „убава ружа“. Вилијам Шекспир е виновникот зашто ова е популарно, поради хероината Розалинда во неговото дело „Како ви се допаѓа? 2. Меи – преслатко кинеско име кое врвот на популарноста го доживеа во 80-те години на минатиот век. 3. Ромео – популарно италијанско име кое означува привлечна и страствена машка личнност. Викторија Бекам на својот втор син му го даде името Ромео и оттогаш тоа има повторно стана популарно во Британија. 4. Јамила – женска форма на Јамил кој на арапски и свахили значи „убав“. 5. Адонис – според грчката митологија Адонис бил преубав млад пастир вљубен во божицата Афродита. Денес со ова име се врзува дефиницијата за машката убавина. 6. Калиста – во преносна смила значи „најубава“. 7. Жоли – француско име кое буквално значи „убав (а)“. Според нумерологијата, луѓето со ова име се вистински хуманитарци и сакаат да работат за други за да се постигне мир. 8. Венус (Венера) – според римската митологија Венера била божица на убавината и љубовта. 9. Бо – машко популарно име во САД и води француско потекло значи „убав“. 10. Арабела – многу родители за своите девојчиња сакаат поинаква варијанта од честото име Изабела, а всушност Арабела е еден од најпопуларните алтернативи. 11. Кенет – во Шкотска и Ирска ова машко има значење „убав и создаден од пламен“. 12. Бони – шкотско име со француско потекло се врати на сцената благодарејќи на филмот „Однесено со виорот“ во кој легендарните ликови Скарлет и Рит на својата ќерка и го даваат прекарот Бони.

The post Дванесет имиња за деца кои значат убав(а) appeared first on Република.

]]>
Девојчињата родени околу Велигден најчесто го носат ова преубаво име https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojchinata-rodeni-okolu-veligden-najchesto-go-nosat-ova-preubavo-ime/ Sun, 16 Apr 2023 14:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=630540

Имињата што им се даваат на децата во нашите краишта имаат посебно значење. „Името е судбина“ верувале нашите предци, кои ги избирале имињата на своите деца и според празниците околу кои се родени, традиција која трае и денеска.

За девојчињата родени околу најголемиот христијански празник, Христовото воскресение или Велигден, најчесто се одбира името - Анастасија, што и самото значи воскресение.

Доаѓа од грчкиот збор „anastasia“ што значи „таа што воскресна“ („anastasis“ = воскресение, подигање).

Машката форма на ова име е Анастас, и таа, како и женското лично име, спаѓа во т.н. група на имиња од „верско календарче“.

Според значењето на името се верува дека личностите кои го носат секогаш имаат повеќе шанси за среќа во животот, тие се ведри и вредни и секогаш се исправаат гордо после животните порази.

 

The post Девојчињата родени околу Велигден најчесто го носат ова преубаво име appeared first on Република.

]]>

Имињата што им се даваат на децата во нашите краишта имаат посебно значење. „Името е судбина“ верувале нашите предци, кои ги избирале имињата на своите деца и според празниците околу кои се родени, традиција која трае и денеска. За девојчињата родени околу најголемиот христијански празник, Христовото воскресение или Велигден, најчесто се одбира името - Анастасија, што и самото значи воскресение. Доаѓа од грчкиот збор „anastasia“ што значи „таа што воскресна“ („anastasis“ = воскресение, подигање). Машката форма на ова име е Анастас, и таа, како и женското лично име, спаѓа во т.н. група на имиња од „верско календарче“. Според значењето на името се верува дека личностите кои го носат секогаш имаат повеќе шанси за среќа во животот, тие се ведри и вредни и секогаш се исправаат гордо после животните порази.  

The post Девојчињата родени околу Велигден најчесто го носат ова преубаво име appeared first on Република.

]]>
Се родија Тиан, Арт и Дуа – ова се имињата што се одбираа за македонските новороденчиња https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-rodija-tian-art-i-dua-ova-se-iminata-shto-se-odbiraa-za-makedonskite-novorodenchina/ Tue, 03 Jan 2023 13:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=593214

Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име.

Според последните податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, Бисера, Мелек, Алина…, додека кај машките деца најчести имиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко, Ајан, Амар, Хамза….

Како специфични имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња се Аника, Инара, Асја, Бора, Дуа, Олег, Јан, Тиар и Арт.

Според Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.

Според месецот на раѓање, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 735.

The post Се родија Тиан, Арт и Дуа – ова се имињата што се одбираа за македонските новороденчиња appeared first on Република.

]]>

Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име. Според последните податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, Бисера, Мелек, Алина…, додека кај машките деца најчести имиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко, Ајан, Амар, Хамза…. Како специфични имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња се Аника, Инара, Асја, Бора, Дуа, Олег, Јан, Тиар и Арт. Според Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски. Според месецот на раѓање, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 735.

The post Се родија Тиан, Арт и Дуа – ова се имињата што се одбираа за македонските новороденчиња appeared first on Република.

]]>
Ова се 10-те најубави женски и машки имиња на светот https://republika.mk/zivot/semejstvo/ova-se-10-te-najubavi-zenski-i-mashki-iminja-na-svetot/ Fri, 04 Nov 2022 21:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=569751

Според една студија која ја спроведоа научници од Универзитетот во Бирмингем, утврдено е дека првото место на оваа листа го зазема името Софија кога се во прашање девојчињата, а Метју и Зејн кога се во прашање имињата за момчиња.

Д-р Бодо Винтер, вонреден професор на Универзитетот, ја водел студијата, а открил дека имињата што почнуваат со Е се најпријатни за ушите, како што се Емили, Елена, Ела, Ева, Евелин, кои влегоа во топ 15 на листата.

И имиња инспирирани од цвеќиња исто така се најдоа на првите 25 – Лили, Ајви и Виолет.

Топ 10 најубави машки и женски имиња во Америка

Метју/Софија
Џулиен/Зои
Вилијам/Еверли
Исаија/Софи
Лео/Рајли
Леви/Ајви
Џозеф/Пејзли
Тео/Вилоу
Ајзак/Ели
Семјуел/Емили

Топ 10 најубави машки и женски имиња во Велика Британија

Зејн/Софија
Џеси/Зои
Чарли/Рози
Луис/Софи
Вилијам/Ајви
Фреди/Фиби
Џорџ/Вајолет
Али/Вилоу
Даниел/Хана
Рајли/Ели

The post Ова се 10-те најубави женски и машки имиња на светот appeared first on Република.

]]>

Според една студија која ја спроведоа научници од Универзитетот во Бирмингем, утврдено е дека првото место на оваа листа го зазема името Софија кога се во прашање девојчињата, а Метју и Зејн кога се во прашање имињата за момчиња. Д-р Бодо Винтер, вонреден професор на Универзитетот, ја водел студијата, а открил дека имињата што почнуваат со Е се најпријатни за ушите, како што се Емили, Елена, Ела, Ева, Евелин, кои влегоа во топ 15 на листата. И имиња инспирирани од цвеќиња исто така се најдоа на првите 25 – Лили, Ајви и Виолет. Топ 10 најубави машки и женски имиња во Америка Метју/Софија Џулиен/Зои Вилијам/Еверли Исаија/Софи Лео/Рајли Леви/Ајви Џозеф/Пејзли Тео/Вилоу Ајзак/Ели Семјуел/Емили Топ 10 најубави машки и женски имиња во Велика Британија Зејн/Софија Џеси/Зои Чарли/Рози Луис/Софи Вилијам/Ајви Фреди/Фиби Џорџ/Вајолет Али/Вилоу Даниел/Хана Рајли/Ели

The post Ова се 10-те најубави женски и машки имиња на светот appeared first on Република.

]]>
Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-chlenovite-na-sovetodavnoto-telo-koi-kje-odluchuvaat-za-upotrebata-na-iminja-na-istoriski-i-drugi-poznati-lichnosti/ Wed, 05 Oct 2022 10:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=557572

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата.

Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.

За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија.

Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира.

Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје - за прашања од антички период и среден век/ д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје - за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар.

Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

The post Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности appeared first on Република.

]]>

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата. Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија. Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира. Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје - за прашања од антички период и среден век/ д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје - за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар.
Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

The post Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности appeared first on Република.

]]>
Ова се жртвите од масакрот во Цетиње https://republika.mk/vesti/balkan/ova-se-zrtvite-od-masakrot-vo-cetinje/ Sat, 13 Aug 2022 10:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=539848

Вук Бориловиќ (34) од Цетиње вчера уби десет сограѓани и рани шестмина. За време на крвавата драма во која уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, екипата на Брза помош, припадници на полицијата и случајни минувачи.

Според официјалните податоци, Бориловиќ околу 15 часот и 30 минути влегол во станот на своите станари и на врата го убил единаесетгодишниот М., потоа неговиот три години помлад брат, а потоа преку прозорецот ја застрелал нивната мајка - Наташа Пајовиќ Мартиновиќ.

Откако ги убил, му се јавил на Милош Мартиновиќ, таткото на децата и сопруг на Наташа Пајовиќ Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорници на Вијести.ме од Управата на полицијата.

Во следните 45 минути, во вкупно 80 метри од својата куќа сеел смрт, при што убил уште седум лица, а ранил шест.

Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ влегол во куќата на соседот каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрекун и тешко го ранил нивниот внук Александар Дрекун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрекун (56), кој дотрчал до куќата кога слушнал пукање, пишува Вијести.ме.

Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и својот вујко Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).

На Вијести им е речено дека Бориловиќ, опашан со два шаржера куршуми и со пушка во раката, отишол кон куќата на својот сосед И.Ј. и го повикал да излезе надвор.

Тој ранил уште четворица соседи - Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидел да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите се оперирани и сместени на Одделот за интензивна нега.

Директорот на Полициската управа (УП), Зоран Брѓанин, доцна синоќа соопшти дека Бориловиќ, според засега познатите околности, околу 15 часот и 30 минути ги убил првите жртви - Мартиновиќ.

Засега не е јасно што го натерало В.Б. да изврши вакво грозоморно дело, по што и самиот го загуби животот. Потенцирам дека сè уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и одземањето на животот на В.Б. , а јавноста ќе биде информирана за сите детали преку медиумите. Исто така, сакам да изразам надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора, рече Брѓанин, додавајќи дека сочувствува со семејствата на жртвите и се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат.

 

The post Ова се жртвите од масакрот во Цетиње appeared first on Република.

]]>

Вук Бориловиќ (34) од Цетиње вчера уби десет сограѓани и рани шестмина. За време на крвавата драма во која уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, екипата на Брза помош, припадници на полицијата и случајни минувачи. Според официјалните податоци, Бориловиќ околу 15 часот и 30 минути влегол во станот на своите станари и на врата го убил единаесетгодишниот М., потоа неговиот три години помлад брат, а потоа преку прозорецот ја застрелал нивната мајка - Наташа Пајовиќ Мартиновиќ. Откако ги убил, му се јавил на Милош Мартиновиќ, таткото на децата и сопруг на Наташа Пајовиќ Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорници на Вијести.ме од Управата на полицијата. Во следните 45 минути, во вкупно 80 метри од својата куќа сеел смрт, при што убил уште седум лица, а ранил шест. Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ влегол во куќата на соседот каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрекун и тешко го ранил нивниот внук Александар Дрекун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрекун (56), кој дотрчал до куќата кога слушнал пукање, пишува Вијести.ме. Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и својот вујко Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51). На Вијести им е речено дека Бориловиќ, опашан со два шаржера куршуми и со пушка во раката, отишол кон куќата на својот сосед И.Ј. и го повикал да излезе надвор. Тој ранил уште четворица соседи - Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидел да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите се оперирани и сместени на Одделот за интензивна нега. Директорот на Полициската управа (УП), Зоран Брѓанин, доцна синоќа соопшти дека Бориловиќ, според засега познатите околности, околу 15 часот и 30 минути ги убил првите жртви - Мартиновиќ.
Засега не е јасно што го натерало В.Б. да изврши вакво грозоморно дело, по што и самиот го загуби животот. Потенцирам дека сè уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и одземањето на животот на В.Б. , а јавноста ќе биде информирана за сите детали преку медиумите. Исто така, сакам да изразам надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора, рече Брѓанин, додавајќи дека сочувствува со семејствата на жртвите и се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат.
 

The post Ова се жртвите од масакрот во Цетиње appeared first on Република.

]]>
Се бараат предлози за имиња за новите женски лавчиња во Зоолошка https://republika.mk/vesti/skopje/se-baraat-predlozi-za-iminja-za-novite-zenski-lavchinja-vo-zooloshka/ Mon, 27 Jun 2022 09:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=520158

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу.

Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје.

Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата, како што посочуваат од Зоолошката, одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.

Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните, се вели во соопштението.

 

The post Се бараат предлози за имиња за новите женски лавчиња во Зоолошка appeared first on Република.

]]>

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу. Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје. Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени. По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата, како што посочуваат од Зоолошката, одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.
Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните, се вели во соопштението.
 

The post Се бараат предлози за имиња за новите женски лавчиња во Зоолошка appeared first on Република.

]]>