илустрација Archives - Република https://republika.mk/tema/ilustratsija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 12:25:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илустрација Archives - Република https://republika.mk/tema/ilustratsija/ 32 32 Под мотото „Летаме заедно“ 6. издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од 15-18 мај во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/pod-mototo-letame-zaedno-6-izdanie-na-festivalot-za-literatura-i-ilustratsija-za-detsa-litera-od-15-18-maj-vo-mkts/ Mon, 13 May 2024 12:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=777607

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера” ќе се одржи од 15 до 18 мај под мотото „Летаме заедно'“ во Младински културен центар.

Во среда (15 мај) напладне ќе биде отворен саемскиот дел на Фестивалот, а свеченото отворање е закажано за 19 часот, по кое следува музичка програма.

Оваа година земја во фокус на Литера ќе биде Турција, од каде како гости на Фестивалот доаѓаат Гизем Ѓозде Учар, Зејнеп Севде Паксу, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, илустратори и автори на книги за деца. Гизем Ѓозде Учар во четврток ( 16 мај) ќе одржи мастер клас во 10 часот, а два часа подоцна е закажана средба со авторката Зејнеп Севде Паксу, чија домаќина ќе биде Александра Тодоровиќ . Во петок (17 мај) во 10 часот работилница за илустрација ќе одржи Серхат Албамја, а два часа подоцна ќе биде претставено творештвото на Мурат Калкаван, кој истиот ден во 18 часот ќе одржи работилница за деца од 8-12 годишна возраст.

Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Таа ќе одржи мастерклас на 16 мај во 10 часот наменет за илустратори и студенти.

Серхат Албамја е роден во Бурса во 1985 година. Илустрирал детски книги и цртал за месечни детски списанија. Откако имал одредено искуство во изработка на содржини за детски медиуми, напишал и режирал неколку анимирани проекти. Homur & Gumur се емитуваше во различни земји, а некои од неговите книги беа преведени на различни јазици. Сега работи во компанија за мобилни игри и пишува нови приказни за деца.

Мурат Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги.Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил.Калкаван го изразува својот свет нагласувајќи ги живописните бои и хумористичните елементи во неговите илустрации и го комбинира овој пристап со различни техники и уникатни карактери. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Неговото творештво ќе биде промовирано на 17 мај во 12 часот. Гостинка на фестивалот ќе биде и турската писателка за деца Зејнеп Севде, со која публиката ќе може да се сретне на 16 мај во 12 часот.

Ние сме многу горди што стигнавме до шестото издание на Литера, проект кој го започнавме група ентузијасти во 2018 година. Овој фестивал е израз на нашата преданост кон креативноста и културното наследство, а оваа година ние го прославуваме во Младинскиот Културен Центар, каде овој настан најмногу припаѓа, на младите. За прв пат, во рамките на Литера, навистина сме возбудени да најавиме и Меѓународно Биенале на илустрација што ќе се одржи следната година. Освен тоа, во склоп на годинешната Литера ќе има и Саем на литература за деца, една идеја што природно се вклопува во концепцијата на фестивалот, бидејќи публиката го бара тоа.“ - изјави Софија Семенпеева Трајановска, директор на фестивалот.

Организаторите на Фестивалот, соопштија дека годинава за  прв пат во рамките на фестивалот ќе биде организиран Саем на литература за деца, каде македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа ќе се организираат средби со автори, промотивни активности, работилници, мастеркласови и панел дискусии на интересни теми.

Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, која ја доби наградата за најдобра илустрација на „Литера“ минатата година, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера”.

Таа ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца. Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување.

The post Под мотото „Летаме заедно“ 6. издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од 15-18 мај во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера” ќе се одржи од 15 до 18 мај под мотото „Летаме заедно'“ во Младински културен центар. Во среда (15 мај) напладне ќе биде отворен саемскиот дел на Фестивалот, а свеченото отворање е закажано за 19 часот, по кое следува музичка програма. Оваа година земја во фокус на Литера ќе биде Турција, од каде како гости на Фестивалот доаѓаат Гизем Ѓозде Учар, Зејнеп Севде Паксу, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, илустратори и автори на книги за деца. Гизем Ѓозде Учар во четврток ( 16 мај) ќе одржи мастер клас во 10 часот, а два часа подоцна е закажана средба со авторката Зејнеп Севде Паксу, чија домаќина ќе биде Александра Тодоровиќ . Во петок (17 мај) во 10 часот работилница за илустрација ќе одржи Серхат Албамја, а два часа подоцна ќе биде претставено творештвото на Мурат Калкаван, кој истиот ден во 18 часот ќе одржи работилница за деца од 8-12 годишна возраст.

Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Таа ќе одржи мастерклас на 16 мај во 10 часот наменет за илустратори и студенти.

Серхат Албамја е роден во Бурса во 1985 година. Илустрирал детски книги и цртал за месечни детски списанија. Откако имал одредено искуство во изработка на содржини за детски медиуми, напишал и режирал неколку анимирани проекти. Homur & Gumur се емитуваше во различни земји, а некои од неговите книги беа преведени на различни јазици. Сега работи во компанија за мобилни игри и пишува нови приказни за деца.

Мурат Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги.Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил.Калкаван го изразува својот свет нагласувајќи ги живописните бои и хумористичните елементи во неговите илустрации и го комбинира овој пристап со различни техники и уникатни карактери. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Неговото творештво ќе биде промовирано на 17 мај во 12 часот. Гостинка на фестивалот ќе биде и турската писателка за деца Зејнеп Севде, со која публиката ќе може да се сретне на 16 мај во 12 часот.

Ние сме многу горди што стигнавме до шестото издание на Литера, проект кој го започнавме група ентузијасти во 2018 година. Овој фестивал е израз на нашата преданост кон креативноста и културното наследство, а оваа година ние го прославуваме во Младинскиот Културен Центар, каде овој настан најмногу припаѓа, на младите. За прв пат, во рамките на Литера, навистина сме возбудени да најавиме и Меѓународно Биенале на илустрација што ќе се одржи следната година. Освен тоа, во склоп на годинешната Литера ќе има и Саем на литература за деца, една идеја што природно се вклопува во концепцијата на фестивалот, бидејќи публиката го бара тоа.“ - изјави Софија Семенпеева Трајановска, директор на фестивалот.

Организаторите на Фестивалот, соопштија дека годинава за  прв пат во рамките на фестивалот ќе биде организиран Саем на литература за деца, каде македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа ќе се организираат средби со автори, промотивни активности, работилници, мастеркласови и панел дискусии на интересни теми. Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, која ја доби наградата за најдобра илустрација на „Литера“ минатата година, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера”. Таа ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца. Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување.      

The post Под мотото „Летаме заедно“ 6. издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од 15-18 мај во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација https://republika.mk/vesti/kultura/so-slikovnitsite-koncheto-od-ringishpilot-i-vo-polskata-kukichka-se-reafirmiraat-klasichnite-dela-so-nova-vizuelna-naratsija/ Wed, 08 Feb 2023 14:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=606553

Новата едиција „Љубов на прв збор“, со која издавачката куќа „Арс Ламина“ реафирмира постари, класични дела на познати македонски писатели за деца, објавувајќи ги во нов илустративен формат, се збогати со уште две сликовници. Станува збор за книгите „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова.
Сликовниците беа промовирани вчеравечер (7 февруари), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во рамките на настанот „Денови на литературата“. Кон книгите, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа уредничката Оливера Ќорвезироска и Орце Нинески, а „Во полската куќичка“ ја претставија уредничката Бисера Бендевска и графичката дизајнерка Ангела Чучкова.

Едицијата „Љубов на прв збор“ пред јавноста првично беше претставена минатиот месец, со промоција на „Танцот на шарените шамичиња“ на Александар Прокопиев. Со оваа нова едиција, во живот се враќаат старите и подзаборавени текстови за деца од домашните писатели од најразлични провениенции, се реобјавуваат одредени наслови во нов илустративен и ликовно-графички формат или се извлекуваат текстови од поголеми целини што можат да функционираат и самостојно. На објавувањето му претходеше пребарување по книжевната периодика за деца во минатото и наоѓање на квалитетен книжевен материјал што можеби сè досега воопшто и се нема најдено во книга.

„Коњчето од рингишпилот“ е сликовница за авантурата на едно дрвено коњче од рингишпилот на крајот од градот. Оживувајќи го коњчето со класична постапка на персонификација, стиховите на Јован Стрезовски од него прават лирски херој со кој децата лесно ќе се идентификуваат и сигурно ќе го засакаат. Песната „Коњчето од рингишпилот“ првично била објавена во списание за деца, пред дваесетина години, но веројатно не се нашла и во ниту една од книгите на познатиот писател. Јован Стрезовски е еден од најпознатите и најплодни писатели за деца во Македонија. Активно пишува и сега, во својата десетта деценија од животот. За него, иако напишал десетина збирки поезија за деца, исто толку збирки раскази и романи за млади, не може да се каже дека е автор само за деца, зашто и за возрасни еднакво создавал сето свое активно време од педесеттите години на минатиот век до денес. Автор е на познатиот роман – „Дружината ’Братско стебло‘“, што со децении беше лектира во основните училишта. Стрезовски има постигнато бележити успеси и во сферата на литературата за возрасни, пред само три години ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за збирка куса проза, жанр во тренд последниве години, особено кај помладите писатели – истакна уредничката Ќорвезироска.

За илустрациите на Орце Нинески, уредничката рече дека „тие ѝ даваат впечатлив визуелен лик на оваа ноќна авантура кога коњчето бега од рингишпилот, се прошетува низ градот и наутро се враќа на рингишпилот да ги чека децата. ’Тајниот‘ соновен живот на омилените детски нешта, меѓу кои е и дрвеното коњче, придонесува за емоционалниот развој на малите големи читатели“.
Орце Нинески има 12 години работно искуство како историчар на уметност, а нашол нов животен предизвик – како самостоен уметник, сликар и графички дизајнер. За него, уметноста е исклучително предизвикувачка, привлечна и забавна. Со сликарство се занимава повеќе години, главно сликајќи апстракција, надреализам, обоени полиња итн. Кога го видел конкурсот на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ за визуализација на победничките четири бајки од проектот „Нови бајки од Македонија“, решил да си ја испроба среќата и како илустратор на книги за деца. За него, најинспиративна била бајката „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова, за која направил илустрации и ги пријавил на изборот. Жирито на конкурсот го избра токму неговото креативно решение како најдобро за оваа книга. „Коњчето од рингишпилот“ е негова втора сликовница, а наскоро ќе биде публикувана и третата, која е дел од новото дополнување на едицијата „Нови бајки од Македонија“.

Како историчар на уметноста истовремено бев (и сум) голем вљубеник и во уметноста, сликарството, скулптурата и илустрацијата. Конкурсот за „Нови бајки од Македонија“ беше моја шанса да си ја пробам среќата и да се докажам како илустратор на книги. Кога дознав дека моја илустрација е една од победничките, ме направи најсреќниот илустратор на светот. Тоа за мене беше неверојатна шанса и неверојатна среќа. Потоа, сфатив дека илустрацијата може да биде дел од сликарството и дека сликарството не мора да биде ограничено на платно. Знам голем број сликари кои се занимаваат со илустрирање книги. Кога го добив текстот на Јован Стрезовски за „Коњчето од рингишпилот“ се израдував што повторно ќе имам можност да работам сликовница за деца. Веднаш се инспирирав од текстот, бидејќи на некој начин ме потсети на мојата омилена приказна за дрвеното момче Пинокио. За мене беше преубав предизвик да ја илустрирам книгата. Немав големи тешкотии во визуелното оживување на приказната, бидејќи, пред сè, имав помалку текст и повеќе простор за ликовно дораскажување. Минимализмот во текстот за мене, како илустратор, ми беше полесно да се изразам. Како илустратор-почетник сметам дека со секоја нова сликовница одам понапред, стилски и технички. Се надевам дека ќе продолжам со оваа работа и дека ќе се надградам како илустратор – рече Нинески.

„Во полската куќичка“ од Ванчо Николески е поема напишана врз мотив од народна бајка и е објавена во 1962 година. Шеесет години подоцна, оваа поема добива ликовна креација со современ израз. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Во основата, оваа бајка зборува за моќта на другарството и сплотеноста. Зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст.
Ванчо Николески (1912 – 1980) е претставник на првата повоена генерација на македонски писатели за деца и млади. Автор е на првата стихозбирка за деца на македонски јазик, „Македонче“ (1946) и на првиот роман за деца и млади на македонски јазик, „Волшебното самарче“ (1959). За својот богат и значаен опус ги добива наградите „Климент Охридски“, „Младо поколение“, „11 Октомври“.

Николески не случајно го нарекуваат „татко и прво перо на детската литература“. Неговите дела се засноваат на мотиви од фолклорот, од народната ризница, а тоа се должи на изложеноста на народните приказни уште како мало момче, кога од неговата баба Софија, од мајка му и од селаните слушал лирски песни, сказни и други приказни. Во поемата „Во полската куќичка“ може да се забележи еволуцијата на поетскиот израз на Николески. Од една страна е формалниот напредок на ниво на стихотворење (користи катрени, терцини, дистих итн.), но и од содржински аспект – во оваа поема тој го проширува хуманистичкиот поттекст. Всушност, „Во полската куќичка“ е басна-бајка, во која човечките карактеристики се персонифицирани во животински ликови и која ја изнесува пораката за моќта на здружувањето, на дружељубивоста, особено кога заедницата е загрозена. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Освен за моќта на другарството и сплотеноста, оваа бајка зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст – изјави уредничката Бисера Бендевска.

Во комплетирање на овие дела, спојувањето на текстовите стари повеќе децении и новите илустрации голем удел има графичко-ликовното обликување. За процесот на спојување на текстот и сликата зборуваше графичката дизајнерка Ангела Чучкова.

Секој илустратор имаше слобода сам да го интерпретира текстот визуелно, да го прикаже како што го разбрал. Илустрациите го дополнуваат текстот. Со одредени детали во илустрацијата можат да се доловат елементи од приказната што не се детално објаснети во текстот, а се значајни за сликовницата во целина. Визуелното раскажување на приказната е многу важно, особено за младите или идните читатели, бидејќи децата преку сликата подобро ја разбираат приказната. За успешно спојување на двете нарации (текстуална и ликовна) важни се повеќе елементи од графичкото уредување, како што е, на пример, типографијата. Таа е мост меѓу илустрацијата и текстот, бидејќи преку добро избрана типографија можат да се доловат емоциите. „Во полската куќичка“, на пример, има директен говор, кој е доловен со големи и разиграни букви. Така, децата ќе можат да ги разликуваат – рече Чучкова.

The post Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација appeared first on Република.

]]>

Новата едиција „Љубов на прв збор“, со која издавачката куќа „Арс Ламина“ реафирмира постари, класични дела на познати македонски писатели за деца, објавувајќи ги во нов илустративен формат, се збогати со уште две сликовници. Станува збор за книгите „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова. Сликовниците беа промовирани вчеравечер (7 февруари), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во рамките на настанот „Денови на литературата“. Кон книгите, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа уредничката Оливера Ќорвезироска и Орце Нинески, а „Во полската куќичка“ ја претставија уредничката Бисера Бендевска и графичката дизајнерка Ангела Чучкова. Едицијата „Љубов на прв збор“ пред јавноста првично беше претставена минатиот месец, со промоција на „Танцот на шарените шамичиња“ на Александар Прокопиев. Со оваа нова едиција, во живот се враќаат старите и подзаборавени текстови за деца од домашните писатели од најразлични провениенции, се реобјавуваат одредени наслови во нов илустративен и ликовно-графички формат или се извлекуваат текстови од поголеми целини што можат да функционираат и самостојно. На објавувањето му претходеше пребарување по книжевната периодика за деца во минатото и наоѓање на квалитетен книжевен материјал што можеби сè досега воопшто и се нема најдено во книга.
„Коњчето од рингишпилот“ е сликовница за авантурата на едно дрвено коњче од рингишпилот на крајот од градот. Оживувајќи го коњчето со класична постапка на персонификација, стиховите на Јован Стрезовски од него прават лирски херој со кој децата лесно ќе се идентификуваат и сигурно ќе го засакаат. Песната „Коњчето од рингишпилот“ првично била објавена во списание за деца, пред дваесетина години, но веројатно не се нашла и во ниту една од книгите на познатиот писател. Јован Стрезовски е еден од најпознатите и најплодни писатели за деца во Македонија. Активно пишува и сега, во својата десетта деценија од животот. За него, иако напишал десетина збирки поезија за деца, исто толку збирки раскази и романи за млади, не може да се каже дека е автор само за деца, зашто и за возрасни еднакво создавал сето свое активно време од педесеттите години на минатиот век до денес. Автор е на познатиот роман – „Дружината ’Братско стебло‘“, што со децении беше лектира во основните училишта. Стрезовски има постигнато бележити успеси и во сферата на литературата за возрасни, пред само три години ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за збирка куса проза, жанр во тренд последниве години, особено кај помладите писатели – истакна уредничката Ќорвезироска.
За илустрациите на Орце Нинески, уредничката рече дека „тие ѝ даваат впечатлив визуелен лик на оваа ноќна авантура кога коњчето бега од рингишпилот, се прошетува низ градот и наутро се враќа на рингишпилот да ги чека децата. ’Тајниот‘ соновен живот на омилените детски нешта, меѓу кои е и дрвеното коњче, придонесува за емоционалниот развој на малите големи читатели“. Орце Нинески има 12 години работно искуство како историчар на уметност, а нашол нов животен предизвик – како самостоен уметник, сликар и графички дизајнер. За него, уметноста е исклучително предизвикувачка, привлечна и забавна. Со сликарство се занимава повеќе години, главно сликајќи апстракција, надреализам, обоени полиња итн. Кога го видел конкурсот на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ за визуализација на победничките четири бајки од проектот „Нови бајки од Македонија“, решил да си ја испроба среќата и како илустратор на книги за деца. За него, најинспиративна била бајката „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова, за која направил илустрации и ги пријавил на изборот. Жирито на конкурсот го избра токму неговото креативно решение како најдобро за оваа книга. „Коњчето од рингишпилот“ е негова втора сликовница, а наскоро ќе биде публикувана и третата, која е дел од новото дополнување на едицијата „Нови бајки од Македонија“.
Како историчар на уметноста истовремено бев (и сум) голем вљубеник и во уметноста, сликарството, скулптурата и илустрацијата. Конкурсот за „Нови бајки од Македонија“ беше моја шанса да си ја пробам среќата и да се докажам како илустратор на книги. Кога дознав дека моја илустрација е една од победничките, ме направи најсреќниот илустратор на светот. Тоа за мене беше неверојатна шанса и неверојатна среќа. Потоа, сфатив дека илустрацијата може да биде дел од сликарството и дека сликарството не мора да биде ограничено на платно. Знам голем број сликари кои се занимаваат со илустрирање книги. Кога го добив текстот на Јован Стрезовски за „Коњчето од рингишпилот“ се израдував што повторно ќе имам можност да работам сликовница за деца. Веднаш се инспирирав од текстот, бидејќи на некој начин ме потсети на мојата омилена приказна за дрвеното момче Пинокио. За мене беше преубав предизвик да ја илустрирам книгата. Немав големи тешкотии во визуелното оживување на приказната, бидејќи, пред сè, имав помалку текст и повеќе простор за ликовно дораскажување. Минимализмот во текстот за мене, како илустратор, ми беше полесно да се изразам. Како илустратор-почетник сметам дека со секоја нова сликовница одам понапред, стилски и технички. Се надевам дека ќе продолжам со оваа работа и дека ќе се надградам како илустратор – рече Нинески.
„Во полската куќичка“ од Ванчо Николески е поема напишана врз мотив од народна бајка и е објавена во 1962 година. Шеесет години подоцна, оваа поема добива ликовна креација со современ израз. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Во основата, оваа бајка зборува за моќта на другарството и сплотеноста. Зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст. Ванчо Николески (1912 – 1980) е претставник на првата повоена генерација на македонски писатели за деца и млади. Автор е на првата стихозбирка за деца на македонски јазик, „Македонче“ (1946) и на првиот роман за деца и млади на македонски јазик, „Волшебното самарче“ (1959). За својот богат и значаен опус ги добива наградите „Климент Охридски“, „Младо поколение“, „11 Октомври“.