Илир Мете Archives - Република https://republika.mk/tema/ilir-mete/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jan 2022 12:03:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илир Мете Archives - Република https://republika.mk/tema/ilir-mete/ 32 32 Средба Пендаровски-Мета: Потребен е почеток на преговорите за двете земји https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-pendarovski-meta-potreben-e-pochetok-na-pregovorite-za-dvete-zemji/ Tue, 11 Jan 2022 12:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=443107

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Албанија Илир Мета, кој е во посета на земјава, и на средбата разменија  мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.

-Притоа беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница, соопшти Кабинетот на Пендаровски. 

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели, како што се наведува во соопштението, ја констатираа потребата од деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Унијата што, според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот.

Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот 2022-2023 година. 

The post Средба Пендаровски-Мета: Потребен е почеток на преговорите за двете земји appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Албанија Илир Мета, кој е во посета на земјава, и на средбата разменија  мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.
-Притоа беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница, соопшти Кабинетот на Пендаровски. 
Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели, како што се наведува во соопштението, ја констатираа потребата од деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Унијата што, според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот. Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот 2022-2023 година. 

The post Средба Пендаровски-Мета: Потребен е почеток на преговорите за двете земји appeared first on Република.

]]>