Илир Мехмети Archives - Република https://republika.mk/tema/ilir-mehmeti/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 15:26:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илир Мехмети Archives - Република https://republika.mk/tema/ilir-mehmeti/ 32 32 Илир Мехмети, новиот директор на М-НАВ, кога бил прв човек на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државен трошок ја шетал сопругата во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур https://republika.mk/vesti/makedonija/ilir-mehmeti-noviot-direktor-na-m-nav-koga-bil-prv-chovek-na-upravata-za-tsivilna-i-vozdushna-plovidba-na-drzhaven-troshok-ja-shetal-soprugata-vo-madrid-a-privatno-patuval-i-vo-singapur/ Tue, 09 Jan 2024 15:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=731224

Илир Мехмеди, член на ДУИ е новоназначениот директор на М-НАВ од страна на Владата. Како поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба (УЦВП) бил заедно со сопруга на патување во Мадрид на државна сметка. Приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија Мехмеди незаконски потрошил повеќе од 8.000 евра од касата на УЦВП за патувања што не биле за целите и потребите на Управата.

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законските прописи, а на име на средства за градежно одржување и интервенции во објекти на УЦВП на фирмата „Промонтинг“ и биле исплатени повеќе од 60.000 евра.

Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, телевизори, двд кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на управата на крајот на 2005 година. Од увидот во планот за јавни набавки за 2005 година и документацијата од спроведените јавни набавки, ревизијата констатирала дека од планираните 52 набавки, биле реализирани 11. Од нив, 10 набавки со вкупна вредност од безмалку 400.000 евра биле реализирани надвор од планот за јавни набавки.

„Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот.

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законот во УЦВП повеќе пати се набавувале стоки и услуги со помала вредност, се делеле аванси, спонзорства, не се применувале законските обврски за тужби против авиокомпании должници и повеќе незаконски активности со кои сметките на управата и на државата била оштетена за милионски суми. Ревизорите во извештајот запишале дека во изминатиот период против УЦВП поднесени се тужби од одделни субјекти со барања за наплата на парични побарувања или за надомест на штета по донесени одлуки од претходното раководство. Оттаму информираа дека постапките се во тек и дека не се знае какви и колкави обврски ќе произлезат од ваквите спорови во иднина, имајќи го предвид времетраењето на спорот и каматата која би се платила. Ревизијата предлага да се преиспита целиот случај во врска со исплатата на надоместот на штета на МАТ кој уште од 2001 година на суд побарува отштета од 43 милиони долари за случајот „редовен авиопревозник“. За исплатата се чека судска одлука. Ревизорите бараат да се утврди одговорноста на сите инволвирани страни во наведениот случај заради преземање на соодветни мерки против одговорните лица.

 

The post Илир Мехмети, новиот директор на М-НАВ, кога бил прв човек на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државен трошок ја шетал сопругата во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур appeared first on Република.

]]>

Илир Мехмеди, член на ДУИ е новоназначениот директор на М-НАВ од страна на Владата. Како поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба (УЦВП) бил заедно со сопруга на патување во Мадрид на државна сметка. Приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија. Според извештајот на Државниот завод за ревизија Мехмеди незаконски потрошил повеќе од 8.000 евра од касата на УЦВП за патувања што не биле за целите и потребите на Управата. Ревизорите утврдиле дека спротивно на законските прописи, а на име на средства за градежно одржување и интервенции во објекти на УЦВП на фирмата „Промонтинг“ и биле исплатени повеќе од 60.000 евра. Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, телевизори, двд кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на управата на крајот на 2005 година. Од увидот во планот за јавни набавки за 2005 година и документацијата од спроведените јавни набавки, ревизијата констатирала дека од планираните 52 набавки, биле реализирани 11. Од нив, 10 набавки со вкупна вредност од безмалку 400.000 евра биле реализирани надвор од планот за јавни набавки. „Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот. Ревизорите утврдиле дека спротивно на законот во УЦВП повеќе пати се набавувале стоки и услуги со помала вредност, се делеле аванси, спонзорства, не се применувале законските обврски за тужби против авиокомпании должници и повеќе незаконски активности со кои сметките на управата и на државата била оштетена за милионски суми. Ревизорите во извештајот запишале дека во изминатиот период против УЦВП поднесени се тужби од одделни субјекти со барања за наплата на парични побарувања или за надомест на штета по донесени одлуки од претходното раководство. Оттаму информираа дека постапките се во тек и дека не се знае какви и колкави обврски ќе произлезат од ваквите спорови во иднина, имајќи го предвид времетраењето на спорот и каматата која би се платила. Ревизијата предлага да се преиспита целиот случај во врска со исплатата на надоместот на штета на МАТ кој уште од 2001 година на суд побарува отштета од 43 милиони долари за случајот „редовен авиопревозник“. За исплатата се чека судска одлука. Ревизорите бараат да се утврди одговорноста на сите инволвирани страни во наведениот случај заради преземање на соодветни мерки против одговорните лица.  

The post Илир Мехмети, новиот директор на М-НАВ, кога бил прв човек на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државен трошок ја шетал сопругата во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур appeared first on Република.

]]>