илиноис Archives - Република https://republika.mk/tema/ilinois/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Sep 2023 07:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илиноис Archives - Република https://republika.mk/tema/ilinois/ 32 32 И Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ilinois-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo/ Fri, 22 Sep 2023 07:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=683989

Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство.

Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова прокламација од серија известувања за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.

Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски, се вели во известувањето.

Во него пишува дека „бројни вредни македонски имигранти помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“.

Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност, објави Гласот на Америка на македонски.

Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор.

Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

The post И Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство. Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова прокламација од серија известувања за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.
Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски, се вели во известувањето.
Во него пишува дека „бројни вредни македонски имигранти помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“. Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност, објави Гласот на Америка на македонски. Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор. Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

The post И Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство appeared first on Република.

]]>
Во Илиноис католички свештеници сексуално злоставувале околу 2.000 деца https://republika.mk/vesti/svet/vo-ilinois-katolichki-sveshtenitsi-seksualno-zlostavuvale-okolu-2-000-detsa/ Wed, 24 May 2023 15:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=644310

Во американската сојузна држава Илиноис од 1950-тите до 2010-тите свештениците на Римокатоличката црква сексуално злоставувале околу 2.000 деца, соопшти државниот обвинител.

Извештајот на обвинителот се изнесуваат детали дека црковните лидери често пати ја толерирале и прикривале злоупотребата.

Британските медиуми пренесуваат дека во извештајот од 696 страници, јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, изнесува наводи за злоупотреба против 451 католички свештеник во шест епархии.

Во него се потенцира дека во последните шест-седум децении најмалку 1.997 деца биле сексуално злоставувани.

Во извештајот за првпат се објавуваат имињата на 149 свештеници против кои има веродостојни обвинувања за сексуална злоупотреба.

Подготовката на извештајот беше нарачана во 2018 година од страна на претходничката на Раул, Лиза Мадиган, која ја обвини Црквата за недоволно пријавување на бројот на случаи, бидејќи првично беа идентификувани само 103 лица како одговорни за злоупотреба во нејзините редови.

Децениските одлуки и политики на католичките лидери им овозможувале на познатите злоставувачи да се кријат, рече Раул.

Извештајот е дел од неколку истраги ширум светот за сексуалната злоупотреба во Католичката црква и честата практика да не се казнуваат одговорните, туку да се префрлаат на други места, со што децата се ставаат во уште поголем ризик.

Сите овие скандали го уништија угледот на црквата и претставуваат голем предизвик за папата Франциск, кој во изминатите 10 години усвои низа мерки со цел да се побара одговорност од што поголем број свештеници, но тие имаа делумни резултати.

 

The post Во Илиноис католички свештеници сексуално злоставувале околу 2.000 деца appeared first on Република.

]]>

Во американската сојузна држава Илиноис од 1950-тите до 2010-тите свештениците на Римокатоличката црква сексуално злоставувале околу 2.000 деца, соопшти државниот обвинител. Извештајот на обвинителот се изнесуваат детали дека црковните лидери често пати ја толерирале и прикривале злоупотребата. Британските медиуми пренесуваат дека во извештајот од 696 страници, јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, изнесува наводи за злоупотреба против 451 католички свештеник во шест епархии. Во него се потенцира дека во последните шест-седум децении најмалку 1.997 деца биле сексуално злоставувани. Во извештајот за првпат се објавуваат имињата на 149 свештеници против кои има веродостојни обвинувања за сексуална злоупотреба. Подготовката на извештајот беше нарачана во 2018 година од страна на претходничката на Раул, Лиза Мадиган, која ја обвини Црквата за недоволно пријавување на бројот на случаи, бидејќи првично беа идентификувани само 103 лица како одговорни за злоупотреба во нејзините редови.
Децениските одлуки и политики на католичките лидери им овозможувале на познатите злоставувачи да се кријат, рече Раул.
Извештајот е дел од неколку истраги ширум светот за сексуалната злоупотреба во Католичката црква и честата практика да не се казнуваат одговорните, туку да се префрлаат на други места, со што децата се ставаат во уште поголем ризик. Сите овие скандали го уништија угледот на црквата и претставуваат голем предизвик за папата Франциск, кој во изминатите 10 години усвои низа мерки со цел да се побара одговорност од што поголем број свештеници, но тие имаа делумни резултати.  

The post Во Илиноис католички свештеници сексуално злоставувале околу 2.000 деца appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајна несреќа во Илиноис, возел во погрешна насока на автопат https://republika.mk/vesti/svet/teshka-soobrakjajna-nesrekja-vo-ilinois-vozel-vo-pogreshna-nasoka-na-avtopat/ Mon, 01 Aug 2022 07:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=535572

Седум лица, од кои пет деца, загинаа во сообраќајна несреќа предизвикана од возило кое се движело во погрешна насока на автопат во северниот дел на американската сојузна држава Илиноис, соопштија локалните власти.

Сообраќајната несреќа се случи утринава на автопатот 90 на околу 50 милји од Чикаго.

Државната полиција соопшти дека комбето што ја предизвикало несреќата се движело во погрешен правец на автопатот.

Една жена и пет деца загинаа во комбето, а друга жена загина во друго возило, соопшти државната полиција на Илиноис.

The post Тешка сообраќајна несреќа во Илиноис, возел во погрешна насока на автопат appeared first on Република.

]]>

Седум лица, од кои пет деца, загинаа во сообраќајна несреќа предизвикана од возило кое се движело во погрешна насока на автопат во северниот дел на американската сојузна држава Илиноис, соопштија локалните власти. Сообраќајната несреќа се случи утринава на автопатот 90 на околу 50 милји од Чикаго. Државната полиција соопшти дека комбето што ја предизвикало несреќата се движело во погрешен правец на автопатот. Една жена и пет деца загинаа во комбето, а друга жена загина во друго возило, соопшти државната полиција на Илиноис.

The post Тешка сообраќајна несреќа во Илиноис, возел во погрешна насока на автопат appeared first on Република.

]]>