илинден Archives - Република https://republika.mk/tema/ilinden/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 10:18:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илинден Archives - Република https://republika.mk/tema/ilinden/ 32 32 Мицкоски: Со доградбата на детска градинка во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден нема повеќе листи за чекање за упис https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-so-dogradbata-na-detska-gradinka-vo-joudg-gotse-delchev-vo-opshtina-ilinden-nema-poveke-listi-za-chekane-za-upis/ Tue, 03 Sep 2024 10:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=812623

За нас како претставници од Владата, од Парламентот, градоначалници, претставува посебна чест и задоволство што објектот којшто го почнавме да го градиме со симболично би рекол поставување камен темелник пред неколку месеци, денеска го гледате завршен.

Јас му честитам на градоначалникот за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување, ветување со коешто практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња коишто ќе имаат потреба од сместување во објектите овдека во градинките во Општина Илинден ќе бидат сместени.

Овој објект е со капацитет од шеесетина дечиња, инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со коишто располага општината, а опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека можело поразлично, секој ден нов проект, секој ден ново изборно ветување, секој ден ново очекување на граѓаните коишто е испорачано.

Така продолжуваме понатаму за нешто повеќе од два месеци оваа Влада направи навистина работи коишто изминатите години претходната Влада не можеше ниту пак да ги замисли.

Така да уште еднаш му честитам на Александар, на советниците, на администрацијата, на луѓето од градинката за успешно, брзо, експресно завршен проект и им посакувам на дечињата да поминуваат навистина прекрасни мигови, бидејќи од тука ќе почнат да го чекорат својот животен пат и да се образуваат“.

The post Мицкоски: Со доградбата на детска градинка во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден нема повеќе листи за чекање за упис appeared first on Република.

]]>

За нас како претставници од Владата, од Парламентот, градоначалници, претставува посебна чест и задоволство што објектот којшто го почнавме да го градиме со симболично би рекол поставување камен темелник пред неколку месеци, денеска го гледате завршен. Јас му честитам на градоначалникот за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување, ветување со коешто практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња коишто ќе имаат потреба од сместување во објектите овдека во градинките во Општина Илинден ќе бидат сместени. Овој објект е со капацитет од шеесетина дечиња, инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со коишто располага општината, а опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека можело поразлично, секој ден нов проект, секој ден ново изборно ветување, секој ден ново очекување на граѓаните коишто е испорачано. Така продолжуваме понатаму за нешто повеќе од два месеци оваа Влада направи навистина работи коишто изминатите години претходната Влада не можеше ниту пак да ги замисли. Така да уште еднаш му честитам на Александар, на советниците, на администрацијата, на луѓето од градинката за успешно, брзо, експресно завршен проект и им посакувам на дечињата да поминуваат навистина прекрасни мигови, бидејќи од тука ќе почнат да го чекорат својот животен пат и да се образуваат“.

The post Мицкоски: Со доградбата на детска градинка во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден нема повеќе листи за чекање за упис appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-na-pushtane-vo-upotreba-na-dogradbata-na-gradinkata-gotse-delchev-vo-opshtina-ilinden/ Tue, 03 Sep 2024 07:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=812512

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградба на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

Како што информира владината прес-служба, изградбата на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“ траеше 10 месеци. Проектот чини 15 000 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината, додека средства за опремата обезбеди Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Капацитетот на доградбата е за 60 деца и опфаќа 280 квадрати, со две отворени и две затворени занимални, три тоалети, тријажа, чајна кујна и посебен влез со хол.

Во моментот ќе се згрижат децата од најмалата група, но има можност во иднина да се згрижат и деца до шест годишна возраст.

Со отворање на овој оддел во Општина Илинден се реши проблемот и повеќе нема листи на чекање за згрижување на деца во детските градинки, наведуваат од Владата.

The post Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградба на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Како што информира владината прес-служба, изградбата на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“ траеше 10 месеци. Проектот чини 15 000 000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината, додека средства за опремата обезбеди Министерството за социјална политика, демографија и млади. Капацитетот на доградбата е за 60 деца и опфаќа 280 квадрати, со две отворени и две затворени занимални, три тоалети, тријажа, чајна кујна и посебен влез со хол. Во моментот ќе се згрижат децата од најмалата група, но има можност во иднина да се згрижат и деца до шест годишна возраст.
Со отворање на овој оддел во Општина Илинден се реши проблемот и повеќе нема листи на чекање за згрижување на деца во детските градинки, наведуваат од Владата.

The post Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>
Колку младите знаат за Илинден: Крушевската република траела три-четири дена https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kolku-mladite-znaat-za-ilinden-krushevskata-republika-traela-tri-chetiri-dena/ Sat, 03 Aug 2024 19:26:27 +0000 https://republika.mk/?p=803143

Koлку младите знаат за Крушево и Илинден.Судејќи по анкетата објавена на Лазаров поткаст речиси ништо.

На прашањето Каков празник е 2 август велат дека е нешто за државата. Друг вели дека не знае што е Илинден.

Крушевската република пак за тинејџерите траела три-четири дена до неколку години.

Навистина тажно.

The post Колку младите знаат за Илинден: Крушевската република траела три-четири дена appeared first on Република.

]]>

Koлку младите знаат за Крушево и Илинден.Судејќи по анкетата објавена на Лазаров поткаст речиси ништо. На прашањето Каков празник е 2 август велат дека е нешто за државата. Друг вели дека не знае што е Илинден. Крушевската република пак за тинејџерите траела три-четири дена до неколку години. Навистина тажно.        

The post Колку младите знаат за Илинден: Крушевската република траела три-четири дена appeared first on Република.

]]>
Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-od-krushevo-so-kultura-i-traditsija-go-chuvame-amanetot-za-slobodna-i-demokratska-drzhava-2/ Fri, 02 Aug 2024 16:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=802850

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција.

Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“.

Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“.

„Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава.

Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“.

Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници.

По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“.

Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.

The post Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција. Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“. Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“. „Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава. Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“. Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници. По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“. Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.  

The post Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава appeared first on Република.

]]>
Стерјовски од Трново: Илинден е симбол на нашиот колективен дух https://republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-od-trnovo-ilinden-e-simbol-na-nashiot-kolektiven-duh/ Fri, 02 Aug 2024 15:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=802864

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и претседател на друштвото „Сонце“ Васил Стерјовски, присуствуваше и на 53. Семакедонска средба во Трново, каде што традиционално престојува секој Илинден.

-Илинден е симбол на нашиот колективен дух, доказ за нашата посветеност на слободата и олицетворение на нашето културно наследство. Токму на овој ден, пред повеќе од еден век, нашите предци ги поттикнаа ветровите на бунтот, сонувајќи за татковина во која слободата не беше привилегија, туку основно право. Иако востанието беше брутално задушено, духот на Илинден остана жив и продолжи да гори како светилник на нашиот национален идентитет, рече во обраќањето пред присутните.

Порача дека Илинден има посебно значење и за Македонците во Албанија, додавајќи дека македонските села во Албанија активно учествувале во подготовките за општомакедонското востание, а и во „Втората светска војна, Македонците од Албанија се приклучиле на партизанските движења и помогнале во ослободувањето на Македонија и Албанија од наци-фашизмот“.

Потсети уште еднаш дека МАЕИ ги отфрла прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија мината година, поради фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на Бугарија пред и за време на пописот на населението во Албанија.

-И покрај постојаното алармирање пред јавноста и институциите на власта на Албанија во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, изразуваме жалење поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што од Албанската влада не презедоа мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, рече тој.

Не само Македонците и другите малцинства во Албанија, нагласи, не ги прифаќаат пописните резултати и бараат нов попис на населението, во согласност со меѓународните стандарди заради манипулација со бројките на малцинства.

-Ние, Македонците во Албанија, сме лојални граѓани кои придонесуваме за просперитетот на Албанија, додека истовремено го чуваме и негуваме нашето македонско наследство. Во ова време на евроатлантски интеграции, важно е да се осигура дека правата и идентитетот на Македонците во Албанија ќе бидат заштитени и почитувани. Не смееме да дозволиме обиди за асимилација и денационализација да го поткопаат нашиот идентитет и културно наследство, порача тој.

Илинден, рече, не учи да застанеме цврсто, да ги браниме нашите права и да го чуваме нашето наследство.

-Ние, Македонците во Албанија сме нераскинлив дел од македонската нација, без разлика на границите. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден! Да живее македонскиот народ, посака Стерјовски завршувајќи го обраќањето во Трново, каде предводеше делегација на МАЕИ.

The post Стерјовски од Трново: Илинден е симбол на нашиот колективен дух appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и претседател на друштвото „Сонце“ Васил Стерјовски, присуствуваше и на 53. Семакедонска средба во Трново, каде што традиционално престојува секој Илинден. -Илинден е симбол на нашиот колективен дух, доказ за нашата посветеност на слободата и олицетворение на нашето културно наследство. Токму на овој ден, пред повеќе од еден век, нашите предци ги поттикнаа ветровите на бунтот, сонувајќи за татковина во која слободата не беше привилегија, туку основно право. Иако востанието беше брутално задушено, духот на Илинден остана жив и продолжи да гори како светилник на нашиот национален идентитет, рече во обраќањето пред присутните. Порача дека Илинден има посебно значење и за Македонците во Албанија, додавајќи дека македонските села во Албанија активно учествувале во подготовките за општомакедонското востание, а и во „Втората светска војна, Македонците од Албанија се приклучиле на партизанските движења и помогнале во ослободувањето на Македонија и Албанија од наци-фашизмот“. Потсети уште еднаш дека МАЕИ ги отфрла прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија мината година, поради фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на Бугарија пред и за време на пописот на населението во Албанија. -И покрај постојаното алармирање пред јавноста и институциите на власта на Албанија во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, изразуваме жалење поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што од Албанската влада не презедоа мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, рече тој. Не само Македонците и другите малцинства во Албанија, нагласи, не ги прифаќаат пописните резултати и бараат нов попис на населението, во согласност со меѓународните стандарди заради манипулација со бројките на малцинства. -Ние, Македонците во Албанија, сме лојални граѓани кои придонесуваме за просперитетот на Албанија, додека истовремено го чуваме и негуваме нашето македонско наследство. Во ова време на евроатлантски интеграции, важно е да се осигура дека правата и идентитетот на Македонците во Албанија ќе бидат заштитени и почитувани. Не смееме да дозволиме обиди за асимилација и денационализација да го поткопаат нашиот идентитет и културно наследство, порача тој. Илинден, рече, не учи да застанеме цврсто, да ги браниме нашите права и да го чуваме нашето наследство. -Ние, Македонците во Албанија сме нераскинлив дел од македонската нација, без разлика на границите. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден! Да живее македонскиот народ, посака Стерјовски завршувајќи го обраќањето во Трново, каде предводеше делегација на МАЕИ.

The post Стерјовски од Трново: Илинден е симбол на нашиот колективен дух appeared first on Република.

]]>
Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/ministerstvoto-za-chovekovi-i-maltsinski-prava-im-go-chestita-ilinden-na-makedontsite-vo-srbija/ Fri, 02 Aug 2024 15:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=802861

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден, јави дописникот на МИА од Белград.

-Овој празник, кој е и национален празник на Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани - првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство.

Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура.

Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо.

Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци.

Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат - во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад.

-Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови - од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики - за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

The post Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден, јави дописникот на МИА од Белград. -Овој празник, кој е и национален празник на Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани - првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство. Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура. Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо. Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци. Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат - во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад. -Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови - од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики - за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

The post Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>
Делчево го слави Илинден https://republika.mk/zivot/delchevo-go-slavi-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 14:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=802828

Со пригодна свеченост во организација на Општина Делчево денеска во Делчево се одбележаа 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, каде се удрени темелите на македонската држава.

Со почит кон споменот и оставнината на борците за слобода од Илинденското востание, пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД „Гоце Делчев” од Делчево, беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето, пред двете спомен-обележја во градот, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани.

Традиционално, чествувањето на Илинден продолжува со културно-уметничка програма и граѓански собир во манастирот „Свети Илија“ во село Ѕвегор.

The post Делчево го слави Илинден appeared first on Република.

]]>

Со пригодна свеченост во организација на Општина Делчево денеска во Делчево се одбележаа 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, каде се удрени темелите на македонската држава. Со почит кон споменот и оставнината на борците за слобода од Илинденското востание, пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД „Гоце Делчев” од Делчево, беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци. Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“. Во рамките на одбележувањето, пред двете спомен-обележја во градот, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани. Традиционално, чествувањето на Илинден продолжува со културно-уметничка програма и граѓански собир во манастирот „Свети Илија“ во село Ѕвегор.

The post Делчево го слави Илинден appeared first on Република.

]]>
Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-zalozhbata-na-ilindentsite-trae-i-denes-treba-da-ne-obedini-patriotizmot/ Fri, 02 Aug 2024 12:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=802774

Во овие 30 години начивме дека минатото се памети, а се работи за иднината. Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина. Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување, порача денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 2 Август, Денот на Републиката - Илинден.

Според Гаши, заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес. Тоа е, потенцираше, заложба за напредок на државата, благостојба за граѓаните, подобра иднина за поколенијата. Гаши појасни дека идејата која треба да не обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава.

-Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки. Илинден не е ограничен, затоа што тој ни припаѓа на сите, поаѓајќи од 1903, преку 1944-та и на сите кои денес вложуваме за европска Македонија. Како мултиетничка, мултикултурна и мултифункционална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности. Тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава. Ова е во духот на вредностите кои беа промовирани и во Крушевската Република, како и во Асномската независна Македонија, рече Гаши во своето обраќање пред Собранието.

Гаши порача дека е потребно да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања од чие подобрување зависи и подобрувањето на квалитетот на секојдневието на граѓаните.

-Најуспешниот резултат е членството во НАТО. Имајќи го во вид угледот кој го уживаме како рамноправен член на Алијансата, нашата одговорност кон одбраната во наредниот период ќе расне, осовено во време на конфликти не само во Европса, туку и во други делови од светот. Сите членки на НАТО се подеднакво одговорни за овозможување на буџет за одбраната кој е над 2 проценти од БДП. Вложување во модернизацијата на Армијата, соработка со сојузниците и вложување во враќањето и одржувањето на светскиот мир. Чекори кои нема да бидат едноставни, но, благодарение на одличната подготвеност на нашите сили во одбраната и поддршката која се планира од државата, ваквите чекотир се остварливи, додаде Гаши.

Како што рече, втората траса од нашиот пат - онаа кон Европската Унија, се уште трае.

-И покрај низа предизвици, јас сум убеден дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ. Ние мора да се фокусираме на нашите аспирации за иднината. Нашето членство во ЕУ не е само политичка цел, тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност, рече Гаши.

Тој напомена дека заедно со пратениците подготвени се на враќање на довербата во правото и правдата како столб на стабилноста и хармонијата во општеството.

-Никој нема право на поинакви или на подобри услови за градење на кариера или стекнување на материјални добра на сметка на другите Ќе работиме на носење закони кои ќе ја заживеат економијата и ќе донесат странски инвестиции во сите градови подеднакво, но и ќе го поттикнат претприемништвото и иновациите кај нашите млади. За младите пособен акцент ќе ставиме на законите во сферата на образованието, затоа што токму квалитетно образование е клучот на долгорочен развој, напредок и светска конкурентност на една држава. Овие цели не може лесно да ги оствариме доколку не држиме чекот со модерната технологија и дигитализаијцта. Неуморно ќе сме посветени на следење на најновите тенденции во Европа и светот, додаде Гаши.

Како што додаде, привилегијата да се живее во просперитетна и стабилна држава не е право кое ни следува само по себе, туку треба сериозно и посветено да се имплементираат реформи во сите сфери на општеството и гранките на државно управување.

-Темел на тие реформи е враќањето на суштинските вредности - семејните вредности, меѓусебо почитување, соживотот. Само со здрави темели може да се изгради здрава и напредна држава. Да чиниме се што чинеа великаните кои ја создадоа државата во која живееме дена, како Методија Андонов Ченто и Неџат Аголи и да оставиме белег на кој што ќе се гордеат нашите предци и пример доследен за поколенијата, појасни Гаши.

Потенцираше дека е време да ја потврдиме нашата посветеност на единство, солидарност и напредок.

-Да работиме рака под рака за да изградиме подобро утре за сите граѓани, додаде претседателот на Собранието.

The post Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот appeared first on Република.

]]>

Во овие 30 години начивме дека минатото се памети, а се работи за иднината. Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина. Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување, порача денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 2 Август, Денот на Републиката - Илинден. Според Гаши, заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес. Тоа е, потенцираше, заложба за напредок на државата, благостојба за граѓаните, подобра иднина за поколенијата. Гаши појасни дека идејата која треба да не обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава.
-Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки. Илинден не е ограничен, затоа што тој ни припаѓа на сите, поаѓајќи од 1903, преку 1944-та и на сите кои денес вложуваме за европска Македонија. Како мултиетничка, мултикултурна и мултифункционална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности. Тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава. Ова е во духот на вредностите кои беа промовирани и во Крушевската Република, како и во Асномската независна Македонија, рече Гаши во своето обраќање пред Собранието.
Гаши порача дека е потребно да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања од чие подобрување зависи и подобрувањето на квалитетот на секојдневието на граѓаните.
-Најуспешниот резултат е членството во НАТО. Имајќи го во вид угледот кој го уживаме како рамноправен член на Алијансата, нашата одговорност кон одбраната во наредниот период ќе расне, осовено во време на конфликти не само во Европса, туку и во други делови од светот. Сите членки на НАТО се подеднакво одговорни за овозможување на буџет за одбраната кој е над 2 проценти од БДП. Вложување во модернизацијата на Армијата, соработка со сојузниците и вложување во враќањето и одржувањето на светскиот мир. Чекори кои нема да бидат едноставни, но, благодарение на одличната подготвеност на нашите сили во одбраната и поддршката која се планира од државата, ваквите чекотир се остварливи, додаде Гаши.
Како што рече, втората траса од нашиот пат - онаа кон Европската Унија, се уште трае.
-И покрај низа предизвици, јас сум убеден дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ. Ние мора да се фокусираме на нашите аспирации за иднината. Нашето членство во ЕУ не е само политичка цел, тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност, рече Гаши.
Тој напомена дека заедно со пратениците подготвени се на враќање на довербата во правото и правдата како столб на стабилноста и хармонијата во општеството.
-Никој нема право на поинакви или на подобри услови за градење на кариера или стекнување на материјални добра на сметка на другите Ќе работиме на носење закони кои ќе ја заживеат економијата и ќе донесат странски инвестиции во сите градови подеднакво, но и ќе го поттикнат претприемништвото и иновациите кај нашите млади. За младите пособен акцент ќе ставиме на законите во сферата на образованието, затоа што токму квалитетно образование е клучот на долгорочен развој, напредок и светска конкурентност на една држава. Овие цели не може лесно да ги оствариме доколку не држиме чекот со модерната технологија и дигитализаијцта. Неуморно ќе сме посветени на следење на најновите тенденции во Европа и светот, додаде Гаши.
Како што додаде, привилегијата да се живее во просперитетна и стабилна држава не е право кое ни следува само по себе, туку треба сериозно и посветено да се имплементираат реформи во сите сфери на општеството и гранките на државно управување.
-Темел на тие реформи е враќањето на суштинските вредности - семејните вредности, меѓусебо почитување, соживотот. Само со здрави темели може да се изгради здрава и напредна држава. Да чиниме се што чинеа великаните кои ја создадоа државата во која живееме дена, како Методија Андонов Ченто и Неџат Аголи и да оставиме белег на кој што ќе се гордеат нашите предци и пример доследен за поколенијата, појасни Гаши.
Потенцираше дека е време да ја потврдиме нашата посветеност на единство, солидарност и напредок.
-Да работиме рака под рака за да изградиме подобро утре за сите граѓани, додаде претседателот на Собранието.

The post Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот appeared first on Република.

]]>
Македонците во Србија го одбележаа Илинден https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-srbija-go-odbelezhaa-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 11:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=802764

И годинава претставници на бројните македонски здруженија во Србија, на Македонскиот национален совет, претставници од Министерството за малцински и човекови права, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, во истоименото училиште, им оддадоа почит на двата Илиндена, јави дописникот на МИА од Белград.

Најголемиот македонски национален празник покрај во Јабука се чествуваше со пригодна програма и во повеќето градови каде живее бројната македонска заедница, изјави Зорица Митровиќ, претседател на Македонскиот национален совет во Србија.

-Централната манифестација е во Јабука каде е најголемата концентрација на македонската заедница. Вчера Илинден беше одбележан во Ниш, Врање, Качарево, во Белград, а централната прослава одлучивме да ја одбележиме преку соработка на МПЦ-ОА и СПЦ. Организиравме литургија на македонски јазик во црквата Св. Пророк Илија во Јабука и ќе одржиме свечена седница на Националниот совет, изјави Митровиќ.

Според законските прописи кои ги регулираат празниците за малцинствата, 2 Август се признава како Државен празник за македонското национално малцинство во Србија и тој е неработен ден за Македонците, со можност за негово одбележување.

-Илинден е најголем празник на Македонците и значаен датум на македонското малцинство во Србија и обврска на Министерството за малцински и човекови права е овој празник заеднички со своите сограѓани да се одбележи. Наша задача е да ги поттикнеме во сите активности што ги преземаат и да им помогнеме, оти богатството на едно општество и на Србија е во различноста, изјави Александар Радосављевиќ, помошник-министер во Министерството за човекови и малцински права на Република Србија.

На барање на македонската заедница во Србија, во Јабука во православниот храм Св. Пророк Илија, се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник. Литургија ја одржа јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем со благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, како и архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

The post Македонците во Србија го одбележаа Илинден appeared first on Република.

]]>

И годинава претставници на бројните македонски здруженија во Србија, на Македонскиот национален совет, претставници од Министерството за малцински и човекови права, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, во истоименото училиште, им оддадоа почит на двата Илиндена, јави дописникот на МИА од Белград. Најголемиот македонски национален празник покрај во Јабука се чествуваше со пригодна програма и во повеќето градови каде живее бројната македонска заедница, изјави Зорица Митровиќ, претседател на Македонскиот национален совет во Србија.
-Централната манифестација е во Јабука каде е најголемата концентрација на македонската заедница. Вчера Илинден беше одбележан во Ниш, Врање, Качарево, во Белград, а централната прослава одлучивме да ја одбележиме преку соработка на МПЦ-ОА и СПЦ. Организиравме литургија на македонски јазик во црквата Св. Пророк Илија во Јабука и ќе одржиме свечена седница на Националниот совет, изјави Митровиќ.
Според законските прописи кои ги регулираат празниците за малцинствата, 2 Август се признава како Државен празник за македонското национално малцинство во Србија и тој е неработен ден за Македонците, со можност за негово одбележување.
-Илинден е најголем празник на Македонците и значаен датум на македонското малцинство во Србија и обврска на Министерството за малцински и човекови права е овој празник заеднички со своите сограѓани да се одбележи. Наша задача е да ги поттикнеме во сите активности што ги преземаат и да им помогнеме, оти богатството на едно општество и на Србија е во различноста, изјави Александар Радосављевиќ, помошник-министер во Министерството за човекови и малцински права на Република Србија.
На барање на македонската заедница во Србија, во Јабука во православниот храм Св. Пророк Илија, се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник. Литургија ја одржа јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем со благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, како и архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

The post Македонците во Србија го одбележаа Илинден appeared first on Република.

]]>
Министерот Тошковски од историското Смилево: Честит празник! Вечен да е споменот на илинденците и асномците! https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-od-istoriskoto-smilevo-chestit-praznik-vechen-da-e-spomenot-na-ilindentsite-i-asnomtsite/ Fri, 02 Aug 2024 11:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=802752

„Денеска на овој свет ден - 2 август, на денот на нашиот голем Илинден, се собравме во Смилево, срцето на македонската револуционерна борба“, вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го започна своето обраќање пред присутните граѓани и делегации во историското Смилево, додавајќи дека токму овде, пред 121 година, нашите храбри предци го донесоа пламенот на слободата и ја запалија искрата на Илинденското востание.

„Тие покажаа дека мал, но горд народ, може да се спротивстави на тиранската власт и да се бори за својата слобода и независност. Македонскиот народ е народ со голема историја, но и со голема иднина. Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, но истовремено, сакаме и заслужуваме почит и достоинство. Нека е вечна мајка Македонија! Честит празник!“, рече министерот Тошковски, притоа додавајќи дека дојде време да ја подигнеме нашата глава, да го покажеме нашиот дух и да ја продолжиме нашата борба за подобра и посветла иднина.

The post Министерот Тошковски од историското Смилево: Честит празник! Вечен да е споменот на илинденците и асномците! appeared first on Република.

Републиката постои заради вас граѓаните, за да ви овозможи да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате https://republika.mk/vesti/makedonija/obrakane-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-chestvuvaneto-na-2-avgust-ilinden-denot-na-republikata-vo-pelintse/ Fri, 02 Aug 2024 11:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=802746

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката што под нејзино покровителство се одржа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Претседателката Сиљановска Давкова положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова рече дека на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.

Според претседателката Сиљановска Давкова, успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите.

Според претседателката Сиљановска Давкова, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани граѓани,
Почитувани потомци на нашите знајни и незнајни херои кои своите животи ги положија за татковината Македонија,

Ќе зборувам како партизанска ќерка. Илинден е ден на светлината и на слободата. На овој празник над празниците се потсетуваме на двете етапи на вековната македонска борба за слобода и за државност. На овој ден над деновите се сеќаваме на двете илинденски поколенија – на Гоце Делчев и на Кузман Јосифовски-Питу, на Никола Карев и на Методија Андонов-Ченто. А таа силна врска меѓу двете етапи и двете генерации најдобро ја изрази Панко Брашнаров, живиот сведок на двата Илиндени. Пред 80 години, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, тој со треперлив глас, како мојов, воскликна дека по вековните борби и жртви „се роди нова, светла и слободна македонска држава“.

Но, како дојдовме до тој победоносен Илинден?

Во 1939-тата, пред 85 години, неколкумина млади напредни македонски интелектуалци објавија една мала, но многу важна книга. Насловена „150 години од Француската револуција“, оваа брошура меѓу кориците ги собра француската Декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789-тата и Крушевскиот манифест од 1903-тата година.

Клучната поента на оваа книга е дека секој народ има своја Француска револуција. И дека токму Крушевската Република, „иако мала по обем и краткотрајна“, со својот полет, одушевување и идеали „многу потсетува на првите денови на Големата револуција“.

Со Француската револуција започна нова епоха. Револуцијата стана патоказ за народите на Европа и на светот како да се пресметаат со непријателите на слободата и напредокот. Врз урнатините на старите монархии се издигнаа модерните егалитарни републики. Нејзините демократски придобивки станаа инспирација и за македонската револуционерна интелигенција којашто ги вгради идеалите за слобода, еднаквост и братство, за неотуѓиви човекови и граѓански права во сите наши востанички устави, прогласи и манифести.

Не случајно, Гоце Делчев се бореше за „слободна Македонија со широки права за сите сиромаси од сите нации, религии и јазици во неа“.

Не случајно, Васил Главинов се залагаше за слободна македонска република како центар на балканската демократија.

Не случајно, Крушевскиот манифест прокламираше слобода, братство и рамноправност, независно од вера, народност и убедување.

Малата книга била најпрво цензурирана, а потоа и забранета. Но, пред да биде запленета и уништена, таа веќе била поделена меѓу македонската младина, којашто станала свесна дека е наследник на две големи револуционерни традиции – француската и илинденската. И дека нивна генерациска одговорност е да го продолжат незапирливиот марш кон слободна македонска република.

Во предвечерјето на Втората светска војна и на фашистичкиот мрак којшто се спушти над Европа, оваа мала книга ги мобилизираше напредните сили и ги фокусираше нивните напори кон претстојната народноослободителна и антифашистичка борба. Во неа, тие најдоа инспирација за прогласите, за паролите и за манифестите со кои се окрупнуваше фронтот и се ослободуваше татковината.

И конечно, на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.

Земете ја Декларацијата на АСНОМ за правата на граѓаните. Во неа се гледа дека нашите основоположници не биле реалисти коишто се адаптирале кон моќта, туку биле идеалисти ко создавале република на национална слобода и социјална правда, на рамноправни граѓани, „не гледајќи на нивната народност, пол, раса и вероисповедание“. Тие создале република на гарантирани човекови права и слободи.

Драги сограѓани, почитувани присутни,

Секоја генерација има право и должност да го обнови духот на републиката и да го усогласи со новите околности и новите можности.

Ако денес, 80 години потоа, ги прашате младите генерации, кое човеково право им е најважно, верувам дека огромен дел од нив ќе речат – правото на напредок, правото на потрага по среќа. Потрагата по среќа, за мене, не е холивудско клише, туку насушна потреба на човекот осмислено да придонесува за доброто на заедницата во која и самиот припаѓа. Ова право, што најпрво било прокламирано со Американската револуција, и било потврдено со Француската револуција, било прегрнато од нашите илинденци и асномци и, преку нив, вградено во македонската република.

И тоа не е случајно, бидејќи републиката постои заради граѓаните, заради вас, за да им овозможи, за да ви овозможи, да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате не врз основа на врски, привилегии и протекции, туку само и само со врз основа на знаењето, квалитетот и способностите. Тоа е целта на постоењето на секоја република, вклучително и нашата, независна македонска република. Во 1991 година, таа беше конституирана за да „се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок“, повторувам, „напредок на личниот и заедничкиот живот“.

Повеќе од многу други човекови права и слободи, токму правото на напредок, на потрага по среќа е сврзано со младите. Тоа е нервот што ги придвижува младите луѓе, ги мотивира да се надградуваат, да се натпреваруваат, да бидат активни, да бидат граѓани коишто се залагаат за позитивни општествени промени. И затоа, повеќе од многу други права, токму од правото на прогрес зависи иднината на републиката.

Да се запрашаме: Зошто многу млади луѓе ја напуштија нашата држава изминативе години и децении? Зошто си заминаа од Македонија? Зошто имаме сè помалку деца во градинките, сè помалку ученици во училиштата, сè помалку студенти на факултетите? Причината, за мене, не се само платите и примањата бидејќи, статистички, низ годиниве доходот растеше. Животниот стандард е многу повеќе од пари и од куповната моќ на граѓаните. Животниот стандард се и вредностите, владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи.

Успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто, изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата.

Затоа, сè повеќе млади Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, веруваат дека потрагата по среќа и по напредок ги води надвор од нашата единствена заедничка татковина. За некои од нив татковината станува само место за привремен престој, хотел, наместо дом во кој би основале семејство.

Свесна сум дека многу млади луѓе со големо внимание и со голема надеж ги следат зборовите и чекорите на новоизбраната власт. Свесна сум дека кај многу млади луѓе еден наш збор или една наша одлука може да биде пресудна – дали да останат тука и да ѝ дадат шанса на државата или, пак, да си заминат, и да ја бараат среќата во туѓина. А таквата нивна одлука влијае и на нивните семејства.

Почитувани граѓани, почитувани присутни,

Поклонувајќи се пред спомениците на нашите илинденци, партизани и асномци, ќе забележиме дека и покрај разликите, речиси сите имаат две нешта заеднички. Тоа се нивните идеали и нивната младост.

Во минатото, младите се жртвуваа за нашата слобода. Денес, ние мора да се жртвуваме за иднината на младите.

Таа наша жртва подразбира да не правиме компромис со нивната иднина. Колку и да е тешко, ние мора да создаваме услови за младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, не само да трагаат, туку и да ја остваруваат својата среќа тука, во нашата единствена и нивна заедничка татковина. Да ги оставиме на страна поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Преку таа жртва, ние всушност ќе учествуваме во создавањето на новата, четврта македонска република.

Таа република мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. Грижлива бидејќи најдобрите, најуспешните се предуслов за нашиот успех. Републиката мора да биде инклузивна бидејќи нашата сила е во нашата различност, етничка, верска, јазична, генерациска. Инклузивноста не трпи поделби и предрасуди. Четвртата македонска република мора да биде и солидарна бидејќи грижата за сиромашните, ранливите и маргинализираните е аршинот за мерење на вистинската вредност на општеството. И, конечно, таа република мора да биде праведна бидејќи правдата е врската меѓу граѓанинот и државата.

Драги и поитувани сограѓани, присутни,

Битката за младите е битка за четвртата македонска република.

Битката за најдобрите и на најталентираните е битка за четвртата македонска република.

Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, е битка за четвртата македонска република.

Битката за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии, е битка за четвртата македонска република.

Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина.

Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети.

Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд.

Јас веќе се вклучив во оваа битка. Ќе ги искористам моите уставни и законски ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на републиката. Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, како да се издигнеме и да постигнеме нови успеси и победи.

Почитувани,

На овој план, соработката со нашите стратешки партнери и европски пријатели е врвен приоритет. Нашата република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.

Ниту илинденците, ниту асномците не беа имитатори, туку креативни интерпретатори на историјата на Француската револуција. Како автентични борци за македонската кауза, тие свесно ги избегнале недостатоците и ги критикувале недоследностите, а ги презеле придобивките на таа демократска револуционерна традиција. И ние денес треба да го следиме нивниот пример. Да им помогнеме на нашите денешни млади генерации да не бидат имитатори, туку креативни интерпретатори на европските вредности и придобивки. На свој, автентичен начин, да се борат за просперитетна сегашност и иднина.

Така ќе ја направиме нашата република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската, јазичната, политичката или која било друга припадност. Така ќе ја исполниме нашата генерациска должност и ќе го обновиме духот на нашата македонска република.

Драги сограѓани,

Ќе завршам како што почнав. Истата 1939-та, кога 150-годишнината од Француската револуција се одбележуваше во сенката на Втората светска војна, од печат излезе уште една мала, но многу важна книга, којашто исто така беше цензурирана и забранувана. Но, пред да биде запленета и уништена, и оваа книга беше поделена меѓу напредната македонска младина. Во фашистичкиот мрак којшто во тој период веќе се спушти над Европа, авторот на оваа книга ги навести белите мугри на македонската слобода.

Во последната строфа, од последната песна, нашиот поет Кочо Рацин запиша:

„Се к'ти ноќта црна!

Се рути карпа – мрак!

И петли в село пеат

и зората се зори −

над карпа в крв се мие

и темнината пие

cилнo

светнал

ден!“

И навистина. Пет години подоцна, на Илинден, силно светна денот за нашата слобода.

Почитувани присутни, млади,

Нека ни е за многу години Илинден!

Да ни е вековита македонската република!

The post Републиката постои заради вас граѓаните, за да ви овозможи да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката што под нејзино покровителство се одржа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Претседателката Сиљановска Давкова положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова рече дека на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности. Според претседателката Сиљановска Давкова, успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Според претседателката Сиљановска Давкова, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова. Почитувани граѓани, Почитувани потомци на нашите знајни и незнајни херои кои своите животи ги положија за татковината Македонија, Ќе зборувам како партизанска ќерка. Илинден е ден на светлината и на слободата. На овој празник над празниците се потсетуваме на двете етапи на вековната македонска борба за слобода и за државност. На овој ден над деновите се сеќаваме на двете илинденски поколенија – на Гоце Делчев и на Кузман Јосифовски-Питу, на Никола Карев и на Методија Андонов-Ченто. А таа силна врска меѓу двете етапи и двете генерации најдобро ја изрази Панко Брашнаров, живиот сведок на двата Илиндени. Пред 80 години, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, тој со треперлив глас, како мојов, воскликна дека по вековните борби и жртви „се роди нова, светла и слободна македонска држава“. Но, како дојдовме до тој победоносен Илинден? Во 1939-тата, пред 85 години, неколкумина млади напредни македонски интелектуалци објавија една мала, но многу важна книга. Насловена „150 години од Француската револуција“, оваа брошура меѓу кориците ги собра француската Декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789-тата и Крушевскиот манифест од 1903-тата година. Клучната поента на оваа книга е дека секој народ има своја Француска револуција. И дека токму Крушевската Република, „иако мала по обем и краткотрајна“, со својот полет, одушевување и идеали „многу потсетува на првите денови на Големата револуција“. Со Француската револуција започна нова епоха. Револуцијата стана патоказ за народите на Европа и на светот како да се пресметаат со непријателите на слободата и напредокот. Врз урнатините на старите монархии се издигнаа модерните егалитарни републики. Нејзините демократски придобивки станаа инспирација и за македонската револуционерна интелигенција којашто ги вгради идеалите за слобода, еднаквост и братство, за неотуѓиви човекови и граѓански права во сите наши востанички устави, прогласи и манифести. Не случајно, Гоце Делчев се бореше за „слободна Македонија со широки права за сите сиромаси од сите нации, религии и јазици во неа“. Не случајно, Васил Главинов се залагаше за слободна македонска република како центар на балканската демократија. Не случајно, Крушевскиот манифест прокламираше слобода, братство и рамноправност, независно од вера, народност и убедување. Малата книга била најпрво цензурирана, а потоа и забранета. Но, пред да биде запленета и уништена, таа веќе била поделена меѓу македонската младина, којашто станала свесна дека е наследник на две големи револуционерни традиции – француската и илинденската. И дека нивна генерациска одговорност е да го продолжат незапирливиот марш кон слободна македонска република. Во предвечерјето на Втората светска војна и на фашистичкиот мрак којшто се спушти над Европа, оваа мала книга ги мобилизираше напредните сили и ги фокусираше нивните напори кон претстојната народноослободителна и антифашистичка борба. Во неа, тие најдоа инспирација за прогласите, за паролите и за манифестите со кои се окрупнуваше фронтот и се ослободуваше татковината. И конечно, на 2 Август 1944-тата, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности. Земете ја Декларацијата на АСНОМ за правата на граѓаните. Во неа се гледа дека нашите основоположници не биле реалисти коишто се адаптирале кон моќта, туку биле идеалисти ко создавале република на национална слобода и социјална правда, на рамноправни граѓани, „не гледајќи на нивната народност, пол, раса и вероисповедание“. Тие создале република на гарантирани човекови права и слободи. Драги сограѓани, почитувани присутни, Секоја генерација има право и должност да го обнови духот на републиката и да го усогласи со новите околности и новите можности. Ако денес, 80 години потоа, ги прашате младите генерации, кое човеково право им е најважно, верувам дека огромен дел од нив ќе речат – правото на напредок, правото на потрага по среќа. Потрагата по среќа, за мене, не е холивудско клише, туку насушна потреба на човекот осмислено да придонесува за доброто на заедницата во која и самиот припаѓа. Ова право, што најпрво било прокламирано со Американската револуција, и било потврдено со Француската револуција, било прегрнато од нашите илинденци и асномци и, преку нив, вградено во македонската република. И тоа не е случајно, бидејќи републиката постои заради граѓаните, заради вас, за да им овозможи, за да ви овозможи, да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате не врз основа на врски, привилегии и протекции, туку само и само со врз основа на знаењето, квалитетот и способностите. Тоа е целта на постоењето на секоја република, вклучително и нашата, независна македонска република. Во 1991 година, таа беше конституирана за да „се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок“, повторувам, „напредок на личниот и заедничкиот живот“. Повеќе од многу други човекови права и слободи, токму правото на напредок, на потрага по среќа е сврзано со младите. Тоа е нервот што ги придвижува младите луѓе, ги мотивира да се надградуваат, да се натпреваруваат, да бидат активни, да бидат граѓани коишто се залагаат за позитивни општествени промени. И затоа, повеќе од многу други права, токму од правото на прогрес зависи иднината на републиката. Да се запрашаме: Зошто многу млади луѓе ја напуштија нашата држава изминативе години и децении? Зошто си заминаа од Македонија? Зошто имаме сè помалку деца во градинките, сè помалку ученици во училиштата, сè помалку студенти на факултетите? Причината, за мене, не се само платите и примањата бидејќи, статистички, низ годиниве доходот растеше. Животниот стандард е многу повеќе од пари и од куповната моќ на граѓаните. Животниот стандард се и вредностите, владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи. Успехот на републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто, изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата. Затоа, сè повеќе млади Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, веруваат дека потрагата по среќа и по напредок ги води надвор од нашата единствена заедничка татковина. За некои од нив татковината станува само место за привремен престој, хотел, наместо дом во кој би основале семејство. Свесна сум дека многу млади луѓе со големо внимание и со голема надеж ги следат зборовите и чекорите на новоизбраната власт. Свесна сум дека кај многу млади луѓе еден наш збор или една наша одлука може да биде пресудна – дали да останат тука и да ѝ дадат шанса на државата или, пак, да си заминат, и да ја бараат среќата во туѓина. А таквата нивна одлука влијае и на нивните семејства. Почитувани граѓани, почитувани присутни, Поклонувајќи се пред спомениците на нашите илинденци, партизани и асномци, ќе забележиме дека и покрај разликите, речиси сите имаат две нешта заеднички. Тоа се нивните идеали и нивната младост. Во минатото, младите се жртвуваа за нашата слобода. Денес, ние мора да се жртвуваме за иднината на младите. Таа наша жртва подразбира да не правиме компромис со нивната иднина. Колку и да е тешко, ние мора да создаваме услови за младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други, не само да трагаат, туку и да ја остваруваат својата среќа тука, во нашата единствена и нивна заедничка татковина. Да ги оставиме на страна поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Преку таа жртва, ние всушност ќе учествуваме во создавањето на новата, четврта македонска република. Таа република мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. Грижлива бидејќи најдобрите, најуспешните се предуслов за нашиот успех. Републиката мора да биде инклузивна бидејќи нашата сила е во нашата различност, етничка, верска, јазична, генерациска. Инклузивноста не трпи поделби и предрасуди. Четвртата македонска република мора да биде и солидарна бидејќи грижата за сиромашните, ранливите и маргинализираните е аршинот за мерење на вистинската вредност на општеството. И, конечно, таа република мора да биде праведна бидејќи правдата е врската меѓу граѓанинот и државата. Драги и поитувани сограѓани, присутни, Битката за младите е битка за четвртата македонска република. Битката за најдобрите и на најталентираните е битка за четвртата македонска република. Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, е битка за четвртата македонска република. Битката за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии, е битка за четвртата македонска република. Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина. Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети. Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд. Јас веќе се вклучив во оваа битка. Ќе ги искористам моите уставни и законски ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на републиката. Наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, како да се издигнеме и да постигнеме нови успеси и победи. Почитувани, На овој план, соработката со нашите стратешки партнери и европски пријатели е врвен приоритет. Нашата република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија. Ниту илинденците, ниту асномците не беа имитатори, туку креативни интерпретатори на историјата на Француската револуција. Како автентични борци за македонската кауза, тие свесно ги избегнале недостатоците и ги критикувале недоследностите, а ги презеле придобивките на таа демократска револуционерна традиција. И ние денес треба да го следиме нивниот пример. Да им помогнеме на нашите денешни млади генерации да не бидат имитатори, туку креативни интерпретатори на европските вредности и придобивки. На свој, автентичен начин, да се борат за просперитетна сегашност и иднина. Така ќе ја направиме нашата република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската, јазичната, политичката или која било друга припадност. Така ќе ја исполниме нашата генерациска должност и ќе го обновиме духот на нашата македонска република. Драги сограѓани, Ќе завршам како што почнав. Истата 1939-та, кога 150-годишнината од Француската револуција се одбележуваше во сенката на Втората светска војна, од печат излезе уште една мала, но многу важна книга, којашто исто така беше цензурирана и забранувана. Но, пред да биде запленета и уништена, и оваа книга беше поделена меѓу напредната македонска младина. Во фашистичкиот мрак којшто во тој период веќе се спушти над Европа, авторот на оваа книга ги навести белите мугри на македонската слобода. Во последната строфа, од последната песна, нашиот поет Кочо Рацин запиша: „Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа – мрак! И петли в село пеат и зората се зори − над карпа в крв се мие и темнината пие cилнo светнал ден!“ И навистина. Пет години подоцна, на Илинден, силно светна денот за нашата слобода. Почитувани присутни, млади, Нека ни е за многу години Илинден! Да ни е вековита македонската република!

The post Републиката постои заради вас граѓаните, за да ви овозможи да ја достигнете среќата, да создавате вредности, да напредувате appeared first on Република.

]]>
Нашата сила е во нашето единство и заедништво: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани! https://republika.mk/vesti/makedonija/nashata-sila-e-vo-nasheto-edinstvo-i-zaednishtvo-da-izgradime-posilna-drzhava-na-ednakvi-gragani/ Fri, 02 Aug 2024 11:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=802615

Младите се нашата иднина. Тие се нашата надеж и нашата сила. Вложуваме во нивното образование и во нивниот развој за да ги подготвиме за предизвиците на иднината. Младите се тие што ќе ја водат државата напред, а ние сме тука да ги поддржиме на секој чекор од нивниот пат. Им порачувам на младите: не плашете се од предизвиците, бидејќи вие сте тие што ќе ја градите иднината на нашата земја. И вие сте тие кои мора да го негувате, браните и да се борите за единството, се обрати претседателот на Владата на Република Македонија до младите кои во голем број ја следат свеченоста на Гумење по повод одбележувањето 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република.

Македонија е заеднички дом на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други. Заедно се боревме во Илинден и заедно ќе ја изградиме новата и силна Македонија. Нашата сила е во нашата различност и нашето единство. Само заедно можеме да изградиме општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ценет. Илинден е нашиот заеднички светилник во темнината. Илинден е нашата заедничка инспирација и нашиот најголем потсетник дека секоја генерација има своја борба. Како што нашите предци се бореа за слобода и правда, така и ние денес заедно се бориме за нашите идеали. Ова е нашата заклетва дека никогаш нема да се откажеме, дека секогаш ќе се бориме за нашата татковина, за нашите деца и за нашата иднина. Без разлика на различностите, сите ние сме дел од една поголема цел – Македонија! Ова е повик за солидарност за да изградиме посилна држава на еднакви граѓани! Во оваа смисла, од тука, на славниот Мечкин Камен повикувам на единство и со нашите политички противници. Да ја имаме пред нас големата слика на развиена и европска држава. Држава која е обединета независно од нашите политички разлики. Да зборуваме во еден глас! Да се бориме заедно и да освојуваме големи врвови и да победуваме заедно! Само со заеднички сили и заеднички цели можеме да ја изградиме држава од нашите соништа. Борбата трае е повеќе од слоган. Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна држава. Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме. Нека секој збор, секоја акција и секој сон за подобра иднина бидат нашата борба. Нека нашата борба трае, како што траеше и во времето на нашите предци. Како што рекол Винстон Черчил: „Крајот на една ера значи почеток на нова. Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја прифатиме промената со надеж и да се стремиме кон подобра иднина.“, заврши Мицкоски.

The post Нашата сила е во нашето единство и заедништво: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани! appeared first on Република.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-pretsedatelot-na-srbija-vuchik-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski/ Fri, 02 Aug 2024 11:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=802735

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден - Денот на Републиката.

Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“.

Во моментот трае билатерланата средсба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите.

Претходно престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите.

[gallery ids="802727,802723,802722,802716,802712,802704,802701,802699,802700,802691,802689,802686,802684,802677,802669"]

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден - Денот на Републиката. Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“. Во моментот трае билатерланата средсба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите. Претходно престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. [gallery ids="802727,802723,802722,802716,802712,802704,802701,802699,802700,802691,802689,802686,802684,802677,802669"]  

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-proglasuvam-moratorium-na-temi-koi-razdeluvaat-i-podavam-raka-za-konstruktivni-dijalozi/ Fri, 02 Aug 2024 11:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=802612

Во говорот од Гумење, по повод одбележувањето на 121 година од Илинденското востание, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на барањата кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството и целовитоста на Македонија.

Неодминливо е чуството дека не сите субјекти и политички чинители ја чуствуваат Македонија како своја татковина. Односно во наративите тие секогаш ќе ја почитуваат, но со делата и барањата кои ги ставаат на маса тие го прават токму спротивното. Било тоа да се барања за регионализација, дводомност и слични чекори на редефинирање. И затоа претходно ви говорев за единството врз кое се градеше Крушевскиот манифест а кое денес се помалку го имаме, а е идеал за кој вреди секоја борба денес и затоа борбата мора да трае. И ова е политичкиот фолклор, иако во самата суштина мотивите за ваквото однесување кон државата како да е туѓа, се наоѓаат во личните интереси и лукративните цели кои ги имаат. Смислуваат барања за да дојдат до власт која за нив значи привилегии, пари, империи, згради, имоти, удобства стекнати на грбот на народот. И кога така се расфлаат со барања со кои удираат по државата, треба да се свесни дека и јас како лидер можам и во суштина имам барања кои лесно може да се извадат на маса, но дали тоа ќе ги реши проблемите. Дали тоа ќе донесе доверба едни кон други и дали тоа ќе обезбеди иднина за сите нас. А сите сме под едно исто небо и делиме една заедничка судбина. Суштината не се политичките барања што може да се измислат, туку напорот да го направиме животот на граѓаните подобар. Не е поважно какво слово ќе има на парче хартија, од тоа каков живот има во реалноста. Не е поважно од тоа каков закон ќе има од тоа дали Липково, Желино, Тетово или Делчево има вода за пиење. И Македонците, и Албанците, И Турците, и Ромите, и Србите, И Власите, и Бошњаците се вистински уморни од злоупотребата на нивните позиции и фактот што политички елити градат кариери на нивниот грб додека сите заедно делиме една иста судбина, рече Мицкоски.

Затоа во име на подобар живот за сите Мицкоски прогласи мораториум на разговор на теми кои делат, создаваат тензии и се злоупотребуваат етничките прашања, и ги повика сите партии, субјекти и лидери да зборуваат за она што е вистински важно, економијата, образованието и иновациите кои носат иднина.

Ајде да збориме за повеќе пари за народот и економија. Ајде да отвориме дебата за економијата и како да ги решиме проблемите на граѓаните овде во Крушево, Гостивар, Дебар или Струмица и Прилеп, Кавадрци или Кичево. Подавам рака за решавање на проблеми, за конструктивни дијалози и за предлози како до подобар живот. Еве ги слушам вашите предлози. Да обезбедиме единство за економска иднина, повика Мицкоски во својата илинденска порака.

Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите.

Имаме економска визија за развиена Македонија. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина.

The post Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози appeared first on Република.

Муцунски: Илинден е ден кој нè потсетува на долгогодишната борба за слобода и правда https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ilinden-e-den-koj-ne-potsetuva-na-dolgogodishnata-borba-za-sloboda-i-pravda/ Fri, 02 Aug 2024 11:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=802724

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по повод 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, на својата фејсбук страна упати честитка до граѓаните.

-Честит 2 Август - Денот на Републиката. Илинден е ден кој нè потсетува на долгогодишната борба за слобода и правда, како и на многуте жртви дадени за нашата државност и слобода. Овој празник, исто така, ни служи како потсетник дека како наследници на хероите од АСНОМ и Крушевската република, имаме обврска да ја чуваме и сакаме нашата држава, и да обезбедиме мирен и просперитетен живот за сите граѓани, напиша министерот Муцунски во објава на својот Фејсбук профил.

The post Муцунски: Илинден е ден кој нè потсетува на долгогодишната борба за слобода и правда appeared first on Република.

Мицкоски за спорот со Бугарија: Верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sporot-so-bugarija-veruvam-vo-reshenija-diktirani-od-razumot-a-ne-od-silata/ Fri, 02 Aug 2024 11:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=802603

Додека ја решаваме катастрофата која ја наследивме, се борам и за нови инвестиции, за повисоки пензии и за нови пари за капитални инвестиции во општините и поддршка на домашниот бизнис, порача Христијан Мицкоски во првото обраќање пред народот откако е на чело на владата.

Тоа што ќе се менуваат работите не им одговара на оние кои со децении ја краделе оваа држава, се однесувале како моќници, се заканувале, се богателе на грбот на граѓаните. Не им одговара на сите оние кои научија дека во оваа држава за едни е мајка, за друѓи маќеа. Мора да ставиме ред, бидејќи кога нема систем постои мито и корупција, рече Мицкоски.

Тој потсети на заветот дека Македонија е неговото семејство и дека нема да ја изневери дадената поддршка.

Оние кои ме познаваат, знаат дека сум човек кој се држи до својот збор. А пред вас дадов завет дека оваа држава е моето семејство и дека ќе се грижам за неа како да се грижам за семејството. Дадов завет дека нема да ве разочарам, бидејќи не барав ваша поддршка да продолжиме и како досега – што милуваа нашите претходници да кажат, туку да воспоставиме систем што ќе функционира. Да направиме држава каде нема да има граѓани од прв и втор ред. Да имаме држава каде секој ќе знае дека е заштитен, а не уплашен ако му се закани некој политичар. Ова не смее да биде држава каде ќе има неправди. Ова не смее да биде држава каде ќе има наредени и потчинети поради политичка припадност. Ова ќе биде држава каде ќе се почитува секој оној што е чесен, искрен и вреден, а ќе се казнува секој оној што е корумпиран, и неработник. Да ги вратиме вредностите онаму каде што им е местото – тие кои се огрешиле кон законите да одговараат, работниците да бидат со пристојни плати, младите со шанса за иднина, земјоделците да бидат задоволни, лекарите почитувани... Македонија повторно горда и повторно твоја, рече Мицкоски.

Направени се големи национални предавства. Но, ќе се носиме достоинствено со овие проблеми и ќе градиме принципиелни односи помеѓу рамноправни партнери, а не помеѓу господари и поданици.

Македонија ќе стои гордо, силна и независна. И колку и пати да ме прашаат и во колку и форми да се постави прашањето за Бугарија, одговорот секогаш ќе биде единствен. Ние сме за достоинствено решение, и сакаме решение, но не по цена на нашиот иденитет и по цена на погазено достоинство. Воедно неспорна е нашата заложба за членство во Европската Унија, исто како што е неспорен и нашиот ангажман во исполнување на критериумите. И ова го правиме не за да угодиме на некој однадвор туку да си помогнеме себе си одвнатре, но воедно неодминлива е и забелешката дека овој процес трае предолго, со премногу пречки, сопки и барања кои не секогаш се разумни, а многу повеќе политички. Ние ќе водиме дијалог, но со блага горчина ќе се присетиме дека држави кои направија многу помалку од нас, но и без политички сопки на тој план сега се рамноправни членки. Тој интегративен процес мора да биде двонасочна улица во кој ќе се слуша и нашиот глас. И верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата. Решенија кои ќе создаваат и носат иднина, наместо живот во минатото.

The post Мицкоски за спорот со Бугарија: Верувам во решенија диктирани од разумот, а не од силата appeared first on Република.

Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-opozitsijata-im-se-raduva-na-pozharite-im-oddavam-pochit-na-pozharnikarite/ Fri, 02 Aug 2024 11:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=802578

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.

Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.   

И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.

Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.

И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата - разградување на единството .

The post Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.
Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.    И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.
Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.
И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата - разградување на единството .
 
The post Додека опозицијата им се радува на пожарите, им оддавам почит на пожарникарите appeared first on Република.

]]>
Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат https://republika.mk/vesti/makedonija/vrz-edinstvo-se-gradeshe-krushevskata-republika-a-denes-poedintsi-go-prodavaat/ Fri, 02 Aug 2024 11:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=802561

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево.

Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.

Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.

Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.

Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.

The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево. Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.
Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.
Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.
Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.
 
The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-krushevo-dodeka-vo-evropa-vladeat-monarhiite-vo-porobena-makedonija-se-raga-republikata/ Fri, 02 Aug 2024 11:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=802556

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

На централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката во Крушево на Гумење и на Мечкин Камен, се обраќа премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Треба секој од нас овде, и насекаде низ светот, да знае дека хероите на оваа земја беа скромни и пркосни луѓе кои со своите животи ја плаќаа слободата која денес ја имаме и живееме. Секое парче земја по која денес се движиме е натопено со крвта на Илинденците, со маката и жртвата на илјадници пред тоа, што само дава одговор дека нашата борба има континуитет, таа траела и опстојувала, дека хероите на оваа земја се сите оние кои на свои плеќи со своја жртва ја плаќаа скапата цена на слободата која имаме денес, започна премиерот Мицкоски.

Во говорот тој се осврна и на визијата на илинденската генерација. Во време кога во Европа монархиите го доживуваат својот врв, на Балканот се раѓа република.

Овде среде лутиот Балкан, во поробена Македонија, во малото и славно Крушево се раѓа Републиката, чии темели се потпираат врз идејата за демократија, народно владеење и целосно почитување на човековите права, Мицкоски го потенцира фактот дека секогаш во кодот на нашиот народ била почита на народната волја, колективните права и достоинството на поединецот.

Овие шуми и падини не се сведоци само за громогрласното ехо УРА за слободна Македонија, туку и на жртвата која ја дале комитите за слободата што ја имаме денес, но и за неспорното дело на Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО, мајката на македонската борба за слобода.

Дел од луѓето на четите на славните војводи Никола Карев и Питу Гули беа и со ненавршени 19 и 20 години, со огромна енергија и жар ги положуваа животите водени со мисла, идеја, верба и надеж за слобода каква имаме денес и иднина за која се бориме и денес. Тие го даваа најскапото. За нашата иднина, рече Мицкоски.

Со Крушевската Република тие ни оставија наследство на борба и надеж - наследство кое денес гордо го носиме и го чуваме како најголема светост.

Ехото на денешниот настан, на слоганот „Борбата трае“ извира од зборовите на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани подготвени да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“.

Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес, рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката appeared first on Република.

]]>

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. На централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката во Крушево на Гумење и на Мечкин Камен, се обраќа премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.
Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Треба секој од нас овде, и насекаде низ светот, да знае дека хероите на оваа земја беа скромни и пркосни луѓе кои со своите животи ја плаќаа слободата која денес ја имаме и живееме. Секое парче земја по која денес се движиме е натопено со крвта на Илинденците, со маката и жртвата на илјадници пред тоа, што само дава одговор дека нашата борба има континуитет, таа траела и опстојувала, дека хероите на оваа земја се сите оние кои на свои плеќи со своја жртва ја плаќаа скапата цена на слободата која имаме денес, започна премиерот Мицкоски.
Во говорот тој се осврна и на визијата на илинденската генерација. Во време кога во Европа монархиите го доживуваат својот врв, на Балканот се раѓа република.
Овде среде лутиот Балкан, во поробена Македонија, во малото и славно Крушево се раѓа Републиката, чии темели се потпираат врз идејата за демократија, народно владеење и целосно почитување на човековите права, Мицкоски го потенцира фактот дека секогаш во кодот на нашиот народ била почита на народната волја, колективните права и достоинството на поединецот.
Овие шуми и падини не се сведоци само за громогрласното ехо УРА за слободна Македонија, туку и на жртвата која ја дале комитите за слободата што ја имаме денес, но и за неспорното дело на Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО, мајката на македонската борба за слобода.
Дел од луѓето на четите на славните војводи Никола Карев и Питу Гули беа и со ненавршени 19 и 20 години, со огромна енергија и жар ги положуваа животите водени со мисла, идеја, верба и надеж за слобода каква имаме денес и иднина за која се бориме и денес. Тие го даваа најскапото. За нашата иднина, рече Мицкоски.
Со Крушевската Република тие ни оставија наследство на борба и надеж - наследство кое денес гордо го носиме и го чуваме како најголема светост. Ехото на денешниот настан, на слоганот „Борбата трае“ извира од зборовите на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани подготвени да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“.
Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес, рече Мицкоски.

The post Мицкоски од Крушево: Додека во Европа владеат монархиите, во поробена Македонија се раѓа Републиката appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Пустец и МАЕИ го честитаа Илинден https://republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-pustets-i-maei-go-chestitaa-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 10:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=802627

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колевски и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски во нивно и во име на општината и партијата, на сите Македонци каде и да се, им го честитаа денешниот голем празник - Илинден.

-Среќен Илинден, Македонијо! Нека овој празник нѐ потсети на нашата борба за слобода и независност, и нека ни донесе единство и просперитет, стои во честитката на градоначалникот Колефски.

Тој заедно со Ефтим Митревски, шеф на неговиот кабинет, положија цвеќе на бистата на Гоце Делчев, која на 4 мај годинава беше поставена на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име.

И делегација на МАЕИ денеска положи свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Пустец, како и на бистата на Јосиф Јосифовски - Свештарот во село Царев Двор во Република Македонија.

-Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со гордост се поклонуваме пред нашите предци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија. Денес, одбележуваме 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Овие настани се светилници во историјата на нашиот народ, потсетувајќи нè на храброста и решителноста на нашите предци, кои се бореа за слобода и независност. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден, посака Стерјовски.

Делегација на МАЕИ, традиционално, ќе присуствува на 53. Семакедонска средба во Трново, каде свое обраќање ќе има Стерјовски.

The post Градоначалникот на Пустец и МАЕИ го честитаа Илинден appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колевски и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски во нивно и во име на општината и партијата, на сите Македонци каде и да се, им го честитаа денешниот голем празник - Илинден.
-Среќен Илинден, Македонијо! Нека овој празник нѐ потсети на нашата борба за слобода и независност, и нека ни донесе единство и просперитет, стои во честитката на градоначалникот Колефски.
Тој заедно со Ефтим Митревски, шеф на неговиот кабинет, положија цвеќе на бистата на Гоце Делчев, која на 4 мај годинава беше поставена на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име. И делегација на МАЕИ денеска положи свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Пустец, како и на бистата на Јосиф Јосифовски - Свештарот во село Царев Двор во Република Македонија.