Илина Archives - Република https://republika.mk/tema/ilina/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 09:28:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илина Archives - Република https://republika.mk/tema/ilina/ 32 32 Илина е прваче: Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден https://republika.mk/vesti/makedonija/ilina-e-prvache-ministerot-toshkovski-ja-isprati-kerkata-na-prviot-uchilishen-den/ Mon, 02 Sep 2024 09:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=812197

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја испрати својата помала ќерка на првиот училишен ден како прваче.

Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така денеска нашата мала принцеза Илина го прави својот прв чекор во светот на образованието.
Со многу радост и емоции ја испративме на ова нејзино патување. Секој момент од ова значајно животно поглавје да ѝ биде исполнет со радости, нови пријателства и нови знаења, напиша Тошковски на социјалните мрежи.

Министерот сподели и две фотографии од првиот училишен ден на ќерката.

The post Илина е прваче: Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја испрати својата помала ќерка на првиот училишен ден како прваче.
Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така денеска нашата мала принцеза Илина го прави својот прв чекор во светот на образованието. Со многу радост и емоции ја испративме на ова нејзино патување. Секој момент од ова значајно животно поглавје да ѝ биде исполнет со радости, нови пријателства и нови знаења, напиша Тошковски на социјалните мрежи.
Министерот сподели и две фотографии од првиот училишен ден на ќерката.  

The post Илина е прваче: Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден appeared first on Република.

]]>
Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола https://republika.mk/zivot/semejstvo/antonia-i-ilina-se-prvite-novorodenchina-vo-bitola/ Mon, 01 Jan 2024 14:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=728681

Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година.

Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.

Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи.

The post Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола appeared first on Република.

]]>

Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година. Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.
Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи.

The post Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола appeared first on Република.

]]>
Илина и Ева ќе го веат македонското знаме низ Европа https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-i-eva-ke-go-veat-makedonskoto-zname-niz-evropa/ Sat, 03 Jun 2023 16:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=647468

Илина и Ева Соколовски повторно редат успеси, а најубавото е што ќе се натпреваруваат под македонско знаме на интернационални натпревари по ритмичка гимнастика.

Илина и Ева со родителите живеат во Германија, и сите досегашни нивни успеси, златни, сребрени и бронзени медаљи што ги освојуваа, ги освојуваа за Германија иако и двете се со македонски пасош. Но, овој пат и з адвете задоволството е поголемо, бидејќи, како што велат ќе ги бранат боите на татковината.

Илина се квалификуваше за големото германско финале во ритмичка гимнастика, односно Германскиот куп, кој ќе се одржи  на 10 јуни, додека нејзината сестра Ева прв пат ќе ја претставува Македонија на интернационален натпревар, кој ќе се одржи на 15 овој септември во Будва.

-Германскиот куп ќе се одржи за 10 дена во градот Вестербург и ова ми е четврти пат што се натпреварувам во финалето, каде секогаш земаат учество топ 15 најдобри гимнастичарки во Германија. Пред две недели се натпреварував во полуфиналето во градот Хепенхаим, во сениорската категорија, каде што настапија 32 натпреварувачки со врвен квалитет. Настапив со три кореографии, топка, чуневи и лента и едноставно тргна се како што треба. Бев перфектна во трите кореогафии, со што се квалификував во големото германско финале или Германскиот куп во ритмичка гимнастика, рече Илина и ги откри плановите:

-Во план ми се уште четири интернационални натпревари оваа и следната година. Натпреварите ќе бидат во Полска, Италија, Германија и Португалија. Сите овие натпревари ќе ми бидат како еден вид подготовка за Европското првенство на кое за прв пат ќе ја претставувам Македонија, вели Илина.

Но, успеси во оваа дисциплина не реди само Илина, туку и нејзината сестра Ева(13).

Ева, по големите успеси во Германија,  за првпат ќе настапи на интернационален натпревар, каде ќе ја претставува Македонија.

-Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика ќе се одржи на 15 септември во Будва. Ќе се натпреварувам под македонско знаме и задоволството е глемо. Но, голема е и одговорноста, да направам се што можам достојно да ја претставам Македонија. Па прв пат ја претставувам Македонија и ќе навистина ќе дадам се од себе за да направам што подобри резултати и да ја претставам татковината во најдобро светло, вели Ева.

The post Илина и Ева ќе го веат македонското знаме низ Европа appeared first on Република.

]]>

Илина и Ева Соколовски повторно редат успеси, а најубавото е што ќе се натпреваруваат под македонско знаме на интернационални натпревари по ритмичка гимнастика. Илина и Ева со родителите живеат во Германија, и сите досегашни нивни успеси, златни, сребрени и бронзени медаљи што ги освојуваа, ги освојуваа за Германија иако и двете се со македонски пасош. Но, овој пат и з адвете задоволството е поголемо, бидејќи, како што велат ќе ги бранат боите на татковината. Илина се квалификуваше за големото германско финале во ритмичка гимнастика, односно Германскиот куп, кој ќе се одржи  на 10 јуни, додека нејзината сестра Ева прв пат ќе ја претставува Македонија на интернационален натпревар, кој ќе се одржи на 15 овој септември во Будва. -Германскиот куп ќе се одржи за 10 дена во градот Вестербург и ова ми е четврти пат што се натпреварувам во финалето, каде секогаш земаат учество топ 15 најдобри гимнастичарки во Германија. Пред две недели се натпреварував во полуфиналето во градот Хепенхаим, во сениорската категорија, каде што настапија 32 натпреварувачки со врвен квалитет. Настапив со три кореографии, топка, чуневи и лента и едноставно тргна се како што треба. Бев перфектна во трите кореогафии, со што се квалификував во големото германско финале или Германскиот куп во ритмичка гимнастика, рече Илина и ги откри плановите: -Во план ми се уште четири интернационални натпревари оваа и следната година. Натпреварите ќе бидат во Полска, Италија, Германија и Португалија. Сите овие натпревари ќе ми бидат како еден вид подготовка за Европското првенство на кое за прв пат ќе ја претставувам Македонија, вели Илина. Но, успеси во оваа дисциплина не реди само Илина, туку и нејзината сестра Ева(13). Ева, по големите успеси во Германија,  за првпат ќе настапи на интернационален натпревар, каде ќе ја претставува Македонија. -Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика ќе се одржи на 15 септември во Будва. Ќе се натпреварувам под македонско знаме и задоволството е глемо. Но, голема е и одговорноста, да направам се што можам достојно да ја претставам Македонија. Па прв пат ја претставувам Македонија и ќе навистина ќе дадам се од себе за да направам што подобри резултати и да ја претставам татковината во најдобро светло, вели Ева.

The post Илина и Ева ќе го веат македонското знаме низ Европа appeared first on Република.

]]>
Илина Соколовска освои сребрен медал во ритмичка гимнастика во Германија на песна од „Некст тајм“ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-sokolovska-osvoi-srebren-medal-vo-ritmichka-gimnastika-vo-germanija-na-pesna-od-nekst-tajm/ Mon, 12 Dec 2022 09:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=584586

Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место.

Илина се натпреваруваше за Германија и и донесе сребро во конкуренција на над 20 земји  учеснички од целиот свет.

Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен,  македонското девојче Илина, кое веќе неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона.

Среќна сум многу, особено што настапуваа гимнастичарки од над 20 земји од целиот свет. Им се радувам на сите медали што ги освоив за Германија, но ми е жал што не се тоа успеси за Македонија. А оваа песна ја одбрав бидејќи иако живееме во Германија, ние дома постојано слушаме македонска музика, а и ги сакам „Некст тајм“, вели Илина.

Илина и нејзината помала сестра Ева се дел и од Бундес лига и во претходните два напревари екипно ги освоија вторите места за Бундес лига и на републичкиот напревар.

Се натпреварував екипно и се собираа поени за целиот тим.  Ние со нашиот тим по бодови бевме втори уште по вториот натпревар. Четири екипи се сретнаа во финале и се натпреваруваа кој ќе биде првак на Германија, а кој ќе биде во прва Бундес лига, ни рече Илина, која и на двата натпревари се натпреваруваше со повреда.

Но, и покрај тоа што имаше проблем со ногата, сепак, успеа екипно да освои најмногу бодови и да го освојат сребрениот медал.

Последниве месеци напорно тренирав, ме чекаа големи натпреварувања и немаше простор за одмор. Одеднаш почна ногата да ме боли, едвај газев на неа, но не се откажав. И покрај болките настапив. Бев на лекар, ми рекоа дека имам истегнат мускул. Затоа во оваа пауза до почеток на новата сезона ќе вежбам само фитнес заради мускулите, ни рече Илина.

Нејзината помала сестра, Ева, пак, пред една недела имаше републички напревар и го освои второто месо.

The post Илина Соколовска освои сребрен медал во ритмичка гимнастика во Германија на песна од „Некст тајм“ appeared first on Република.

]]>

Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место. Илина се натпреваруваше за Германија и и донесе сребро во конкуренција на над 20 земји  учеснички од целиот свет. Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен,  македонското девојче Илина, кое веќе неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона.
Среќна сум многу, особено што настапуваа гимнастичарки од над 20 земји од целиот свет. Им се радувам на сите медали што ги освоив за Германија, но ми е жал што не се тоа успеси за Македонија. А оваа песна ја одбрав бидејќи иако живееме во Германија, ние дома постојано слушаме македонска музика, а и ги сакам „Некст тајм“, вели Илина.
Илина и нејзината помала сестра Ева се дел и од Бундес лига и во претходните два напревари екипно ги освоија вторите места за Бундес лига и на републичкиот напревар.
Се натпреварував екипно и се собираа поени за целиот тим.  Ние со нашиот тим по бодови бевме втори уште по вториот натпревар. Четири екипи се сретнаа во финале и се натпреваруваа кој ќе биде првак на Германија, а кој ќе биде во прва Бундес лига, ни рече Илина, која и на двата натпревари се натпреваруваше со повреда.
Но, и покрај тоа што имаше проблем со ногата, сепак, успеа екипно да освои најмногу бодови и да го освојат сребрениот медал.
Последниве месеци напорно тренирав, ме чекаа големи натпреварувања и немаше простор за одмор. Одеднаш почна ногата да ме боли, едвај газев на неа, но не се откажав. И покрај болките настапив. Бев на лекар, ми рекоа дека имам истегнат мускул. Затоа во оваа пауза до почеток на новата сезона ќе вежбам само фитнес заради мускулите, ни рече Илина.
  Нејзината помала сестра, Ева, пак, пред една недела имаше републички напревар и го освои второто месо.

The post Илина Соколовска освои сребрен медал во ритмичка гимнастика во Германија на песна од „Некст тајм“ appeared first on Република.

]]>
Бронза за македонското девојче во Бундес лига – Нов успех на Илина Соколовска https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bronza-za-makedonskoto-devojche-vo-bundes-liga-nov-uspeh-na-ilina-sokolovska/ Thu, 27 Oct 2022 07:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=566150

Срцето му е топло на секој Македонец, кога наши луѓе ќе успеат во светот. Едни од нив се сестрите Илина и Ева Соколовски, кој нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика.

Она што во моментов претставува македоска гордост е успехот на Илина (16) во Бундес лигата, која започна по пауза поради короната. И на стартот на натпреварувањето Илина се закити со бронза.

Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но екипно за влакно им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот.

Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап, ни рече гордо Илина.

Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување, но поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена.

А до крајот на спортската сезона овие две македонски донца, кои боите на Германија го бранат со македонски пасош, ги очекуваат повеќе републички и интернационални натпревари.

Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол.

Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел Ашрам. Јас се израдував и јас ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и  сонот ми се оствари лично да ја запознам, вели Илина.

Илина и Ева веќе се подготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории. И, секако, како што е вообичаено, ќе се закитат со некој медал.

The post Бронза за македонското девојче во Бундес лига – Нов успех на Илина Соколовска appeared first on Република.

]]>

Срцето му е топло на секој Македонец, кога наши луѓе ќе успеат во светот. Едни од нив се сестрите Илина и Ева Соколовски, кој нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика. Она што во моментов претставува македоска гордост е успехот на Илина (16) во Бундес лигата, која започна по пауза поради короната. И на стартот на натпреварувањето Илина се закити со бронза. Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но екипно за влакно им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот.
Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап, ни рече гордо Илина.
Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување, но поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена. А до крајот на спортската сезона овие две македонски донца, кои боите на Германија го бранат со македонски пасош, ги очекуваат повеќе републички и интернационални натпревари. Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол.