Илина Чоревска Archives - Република https://republika.mk/tema/ilina-chorevska/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 20:14:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илина Чоревска Archives - Република https://republika.mk/tema/ilina-chorevska/ 32 32 Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар https://republika.mk/vesti/kultura/dovolno-e-barem-eden-gledach-od-publikata-da-zapameti-eden-od-nashite-iskazi-zoshto-sme-na-dnoto-i-toj-da-mu-promeni-nekakov-negov-svet-kazha-akterkata-ilina-chorevska-koja-glumi-vo-na-dnoto-na-bitols/ Tue, 11 Jun 2024 20:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=786727

„На дното сме зошто ги учиме децата да учат на факултети, а потоа да се изгубат во битката за вработувања со партиски книшки. На дното сме кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. На дното сме кога глумиме од обврска, а не од задоволство. На дното сме кога ќе сфатиме дека не оставаме никаква иднина за нашите деца. На дното сме кога ги губиме најсаканиот зашто лекарите наместо со хемотерапија го лечеле со физиолошки раствор. На дното сме бидејќи прабаба ми 12, баба ми 8, мајка ми 4, јас 2 деца, моите деца куче, кучето стерилизирано“, велат актерите во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во продукција на Народен театар Битола која е дел од официјалната селекција на 58. Издание на Македонскиот театарси фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во тек во Прилел.

Моето на дното гласеше: кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. Мене тоа ми се случи. Јас тогаш во таа ситуација не изреагирав, не платив пари, но ете на некаков начин го кажав тоа гласно. Уметник сум и можам да го искористам тоа во една одредена претставата и да прозвучи некако. Заради тоа, оваа наша професија е специфична и посебна и како што кажа и колегата Иван Јерчиќ должни сме да отвораме прашања, да дискутираме за темите надвор од рамките на културните институации, Можеби луѓето ги забораваат и ги ставаат под тепих. Можеби ништо нема да се промени со тие наши реченици, но доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска на тркалезната маса која се одржа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по одиграната претстава за која владееше огромен интерес на „Војдан Чернодрински“.

Повеќе од два часа, 16 актерти играат на платформа која постојано се ниша, горе-долу, а над нив висат раствори со инфузија и кеси со крв. Впечатливата сценографијата е на Валентин Светозарев, а актерската игра е највисоко ниво. Полни со енергија, брутални, енергични, безмилосни, точно и совршено актерите го прикажаа македонското дно и бесперспективноста. Крадци, насилници, убијци, пациенти пред умирање, зависници од таблети, алкохол, луѓе кои по секоја цена сакаат да заработат пари.

Горки ја напишал „На дното“ во 1905 година и како што кажа драматургот на претставата Билјана Крајчевска интервенциите биле според концептот на режисерот.

Да се работи на текст од 1905 година не е лесно. Осовременувањето бара многу интервенции. Ликовите добија неколку промени. Имаше неколку драматуршки интервенции, се внесоа и авторски текстови, рече Крајчевска.

За актерот Иван Јерчиќ театарот има смисла ако кај публиката предизвика барем едно прашање. Според него, мисијата на театарот е да се занимава со проблемите во општеството, да се отворат повеќе прашања.

Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, смета дека таков театар нѝ недостасува.

Ни недостасува театар кој гласно го говори она кое сите го премолчуваат. Оваа претстава ми даде сила да помислам: Добро си онаму каде што си. Има и некој друг што така размислува, рече Стојаноска.

The post Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар appeared first on Република.

]]>

„На дното сме зошто ги учиме децата да учат на факултети, а потоа да се изгубат во битката за вработувања со партиски книшки. На дното сме кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. На дното сме кога глумиме од обврска, а не од задоволство. На дното сме кога ќе сфатиме дека не оставаме никаква иднина за нашите деца. На дното сме кога ги губиме најсаканиот зашто лекарите наместо со хемотерапија го лечеле со физиолошки раствор. На дното сме бидејќи прабаба ми 12, баба ми 8, мајка ми 4, јас 2 деца, моите деца куче, кучето стерилизирано“, велат актерите во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во продукција на Народен театар Битола која е дел од официјалната селекција на 58. Издание на Македонскиот театарси фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во тек во Прилел.
Моето на дното гласеше: кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. Мене тоа ми се случи. Јас тогаш во таа ситуација не изреагирав, не платив пари, но ете на некаков начин го кажав тоа гласно. Уметник сум и можам да го искористам тоа во една одредена претставата и да прозвучи некако. Заради тоа, оваа наша професија е специфична и посебна и како што кажа и колегата Иван Јерчиќ должни сме да отвораме прашања, да дискутираме за темите надвор од рамките на културните институации, Можеби луѓето ги забораваат и ги ставаат под тепих. Можеби ништо нема да се промени со тие наши реченици, но доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска на тркалезната маса која се одржа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по одиграната претстава за која владееше огромен интерес на „Војдан Чернодрински“.
Повеќе од два часа, 16 актерти играат на платформа која постојано се ниша, горе-долу, а над нив висат раствори со инфузија и кеси со крв. Впечатливата сценографијата е на Валентин Светозарев, а актерската игра е највисоко ниво. Полни со енергија, брутални, енергични, безмилосни, точно и совршено актерите го прикажаа македонското дно и бесперспективноста. Крадци, насилници, убијци, пациенти пред умирање, зависници од таблети, алкохол, луѓе кои по секоја цена сакаат да заработат пари. Горки ја напишал „На дното“ во 1905 година и како што кажа драматургот на претставата Билјана Крајчевска интервенциите биле според концептот на режисерот.
Да се работи на текст од 1905 година не е лесно. Осовременувањето бара многу интервенции. Ликовите добија неколку промени. Имаше неколку драматуршки интервенции, се внесоа и авторски текстови, рече Крајчевска.
За актерот Иван Јерчиќ театарот има смисла ако кај публиката предизвика барем едно прашање. Според него, мисијата на театарот е да се занимава со проблемите во општеството, да се отворат повеќе прашања. Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, смета дека таков театар нѝ недостасува.
Ни недостасува театар кој гласно го говори она кое сите го премолчуваат. Оваа претстава ми даде сила да помислам: Добро си онаму каде што си. Има и некој друг што така размислува, рече Стојаноска.

The post Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Дамјан Цветановски и Илина Чоревска добитници на наградите за најдобри актери на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/damjan-tsvetanovski-i-ilina-chorevska-dobitnitsi-na-nagradite-za-najdobri-akteri-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Fri, 16 Jun 2023 11:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=652101

Илина Чоревска, за улогата на Медеја во претставата „My name id Medeja“ на Народен театар Битола и Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер во „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје се добитници на наградите за најдобра главна женска и машка улога на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ кој вечерва завршува во Прилеп.

Претставата на битолскиот театар „My name is Medeja“ е најдобра претстава на годинашниов Фестивал во Прилеп.  Оваа претстава освои вкупно пет награди меѓу кои и за најдобра режија, за режисерот Себастијан Хорват и за главна женска улога на Чоревска, потоа за рекламен материјал на претставата кој го изработи Сашо Илковски, за музика на Драго Ивануша и за уметничко остварување во целина.

Уметничкиот директор Љумовиќ истакна дека „My Name is Medeja“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“ се издвојуваа по својата естетика и по истражувачкиот театар што во нив го има. Жирито се согласи дека македонскиот театар треба да продолжи да истражува, дека актерската игра била најдоброто во сите претстави. Тие порачаа театарските менаџери повеќе да се фокусираат на домашната драма.

Естетските и уметничките квалитети на претставата на Битолскиот театар, и ставот на режисерот Хорват кој влегува во проблемите на современоста се нешто импресивно кои ја означуваат мисијата на театарот денес. Денешниот театар ја промислува современоста преку стварноста. Очигледно има две претстави кои се издвојуваат. Тие претстави покажуваат високо постигнат уметнички резултат, ансамблите исклучително го изнесоа режисерскиот концепт – истакна Љумовиќ.

„Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар, е наградена за кореографија и сценски движења (Симон Симоновски), потоа за костимографија (Елена Вангеловска и Раде Василев), за сценографија (Константин Трпеноски), а Емилија Мицевска ја доби наградата за женска епизодна улога за улогата на Џуди.

Наградата за современа сценска драматизација е доделена на Лидија Митоска – Ѓорѓиевска за драматизацијата на „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во претставата „Мистерија буфо“ во изведба на театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Награда за текст не беше доделена.

Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“, во изведба на Турски театар – Скопје, во копродукција со Машина продакшн и Пик продукција.

Матеа Јанковска ја доби наградата за млада актерка за улогата на Роња во претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, во изведба на Театар за деца и младинци – Скопје.

Наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ ја доби Дин Ибрахим за улогата на Микаил во претставата „Човек перница“ во изведба на Турски театар - Скопје, во копродукција со Машина продакшн и Пик продукција.

Годинашново жири што одлучуваше за наградите на фестивалот е во состав: Јанко Љумовиќ, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радолиќ.

На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечер од 20 часот свечено ќе бидат доделени наградите, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Последниот балкански вампир“ ,со која гостува Српско народно позориште од Нови Сад. Со ова ќе биде затворен годинашниов 57 МТФ „Војдан Чернодрински“.

The post Дамјан Цветановски и Илина Чоревска добитници на наградите за најдобри актери на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Илина Чоревска, за улогата на Медеја во претставата „My name id Medeja“ на Народен театар Битола и Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер во „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје се добитници на наградите за најдобра главна женска и машка улога на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ кој вечерва завршува во Прилеп. Претставата на битолскиот театар „My name is Medeja“ е најдобра претстава на годинашниов Фестивал во Прилеп.  Оваа претстава освои вкупно пет награди меѓу кои и за најдобра режија, за режисерот Себастијан Хорват и за главна женска улога на Чоревска, потоа за рекламен материјал на претставата кој го изработи Сашо Илковски, за музика на Драго Ивануша и за уметничко остварување во целина. Уметничкиот директор Љумовиќ истакна дека „My Name is Medeja“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“ се издвојуваа по својата естетика и по истражувачкиот театар што во нив го има. Жирито се согласи дека македонскиот театар треба да продолжи да истражува, дека актерската игра била најдоброто во сите претстави. Тие порачаа театарските менаџери повеќе да се фокусираат на домашната драма.
Естетските и уметничките квалитети на претставата на Битолскиот театар, и ставот на режисерот Хорват кој влегува во проблемите на современоста се нешто импресивно кои ја означуваат мисијата на театарот денес. Денешниот театар ја промислува современоста преку стварноста. Очигледно има две претстави кои се издвојуваат. Тие претстави покажуваат високо постигнат уметнички резултат, ансамблите исклучително го изнесоа режисерскиот концепт – истакна Љумовиќ.
„Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар, е наградена за кореографија и сценски движења (Симон Симоновски), потоа за костимографија (Елена Вангеловска и Раде Василев), за сценографија (Константин Трпеноски), а Емилија Мицевска ја доби наградата за женска епизодна улога за улогата на Џуди. Наградата за современа сценска драматизација е доделена на Лидија Митоска – Ѓорѓиевска за драматизацијата на „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во претставата „Мистерија буфо“ во изведба на театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Награда за текст не беше доделена. Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“, во изведба на Турски театар – Скопје, во копродукција со Машина продакшн и Пик продукција. Матеа Јанковска ја доби наградата за млада актерка за улогата на Роња во претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, во изведба на Театар за деца и младинци – Скопје. Наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ ја доби Дин Ибрахим за улогата на Микаил во претставата „Човек перница“ во изведба на Турски театар - Скопје, во копродукција со Машина продакшн и Пик продукција. Годинашново жири што одлучуваше за наградите на фестивалот е во состав: Јанко Љумовиќ, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радолиќ. На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечер од 20 часот свечено ќе бидат доделени наградите, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Последниот балкански вампир“ ,со која гостува Српско народно позориште од Нови Сад. Со ова ќе биде затворен годинашниов 57 МТФ „Војдан Чернодрински“.

The post Дамјан Цветановски и Илина Чоревска добитници на наградите за најдобри актери на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>