илија петковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ilija-petkovikj/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Nov 2022 16:22:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png илија петковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/ilija-petkovikj/ 32 32 Татко му беше селектор на Србија на СП 2006: Српски фудбалер уапсен за шверц на 115 килограми кокаин https://republika.mk/sport/fudbal/tatko-mu-beshe-selektor-na-srbija-na-sp-2006-srpski-fudbaler-uapsen-za-shverc-na-115-kilogrami-kokain/ Tue, 29 Nov 2022 18:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=579689

Дамјан Рогановиќ и Душан Петковиќ се уапсени во Амстердам како членови на организирана криминална група одговорна за шврц на 115 килограми кокаин. Како што објавија српските медиуми, уапсениот Петковиќ е поранешен фудбалер и син на славниот Илија Петковиќ (1945 - 2020), познатиот југословенски фудбалер и тренер на фудбалската репрезентација на Србија и Црна Гора на Светското првенство во Германија 2006 година.

Рогановиќ и Петковиќ се уапсени во заедничката меѓународна акција на српските безбедносни агенции со надлежните јавни обвинителства на Белгија и Холандија и Европол, во која се уапсени осум лица, а запленети се вкупно 115 килограми кокаин.

Уапсените се сомничат за кривични дела здружување за извршување кривични дела и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, се вели во соопштението на сртпското обвинителство.

Членовите на оваа организирана криминална група се осомничени дека од територијата на Јужна Америка организирале транспорт на поголема количина на кокаин до пристаништето во Ротердам и натамошен транспорт на оваа наркотична дрога до белгискиот град Арлон, каде што во заедничка акција на надлежните државни органи на Србија, Белгија, Холандија и Луксембург се запленети 115 килограми од таа дрога.

Организираната криминална група требало да го дистрибуира кокаинот, пронајден во хангарот во Арлон, преку германска шпедиција до германскиот град Трир, а потоа и до хангар на таа компанија во Лондон за понатамошна продажба, се додава во соопштението на Обвинителството.

The post Татко му беше селектор на Србија на СП 2006: Српски фудбалер уапсен за шверц на 115 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>

Дамјан Рогановиќ и Душан Петковиќ се уапсени во Амстердам како членови на организирана криминална група одговорна за шврц на 115 килограми кокаин. Како што објавија српските медиуми, уапсениот Петковиќ е поранешен фудбалер и син на славниот Илија Петковиќ (1945 - 2020), познатиот југословенски фудбалер и тренер на фудбалската репрезентација на Србија и Црна Гора на Светското првенство во Германија 2006 година. Рогановиќ и Петковиќ се уапсени во заедничката меѓународна акција на српските безбедносни агенции со надлежните јавни обвинителства на Белгија и Холандија и Европол, во која се уапсени осум лица, а запленети се вкупно 115 килограми кокаин.