Илиас Archives - Република https://republika.mk/tema/ilias/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 10:29:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Илиас Archives - Република https://republika.mk/tema/ilias/ 32 32 Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија https://republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-teloto-na-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ Fri, 29 Sep 2023 10:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=686322

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.

Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

The post Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија. Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

The post Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>
Дојде „Илиас“: Пак невреме во Атина https://republika.mk/vesti/dojde-ilias-pak-nevreme-vo-atina/ Wed, 27 Sep 2023 06:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=685462

Невремето „Илиас“, што од понеделникот ја зафати Грција, денеска кулминираше, а во текот на ноќта и рано утринава предизвика проблеми во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Атина има силни и обилни врнежи од дожд и молњи, прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои населби, но засега, без поплавени улици.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за државната телевизија ЕРТ истакна дека противпожарните сили се подготвени, доколку е потребно да интервенираат.

Говорејќи за грчките телевизии префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина Јоргос Патулис соопшти дека училиштата ќе останат затворени, но подоцна тој за ЕРТ објасни дека сепак ќе работат регуларно, а секоја од општините може локално да донесе одлука за наставата, во случај да постојат проблеми.

Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена предупредувачка порака до жителите на Атика, централна Грција и делови од Пелопонез за опасни временски појави и беше побарано за денешниот ден да ги ограничат непотребните движења и патувања.

The post Дојде „Илиас“: Пак невреме во Атина appeared first on Република.

]]>

Невремето „Илиас“, што од понеделникот ја зафати Грција, денеска кулминираше, а во текот на ноќта и рано утринава предизвика проблеми во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во Атина има силни и обилни врнежи од дожд и молњи, прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои населби, но засега, без поплавени улици. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за државната телевизија ЕРТ истакна дека противпожарните сили се подготвени, доколку е потребно да интервенираат. Говорејќи за грчките телевизии префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина Јоргос Патулис соопшти дека училиштата ќе останат затворени, но подоцна тој за ЕРТ објасни дека сепак ќе работат регуларно, а секоја од општините може локално да донесе одлука за наставата, во случај да постојат проблеми. Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена предупредувачка порака до жителите на Атика, централна Грција и делови од Пелопонез за опасни временски појави и беше побарано за денешниот ден да ги ограничат непотребните движења и патувања.

The post Дојде „Илиас“: Пак невреме во Атина appeared first on Република.

]]>