ИКТ Archives - Република https://republika.mk/tema/ikt/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 08:41:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИКТ Archives - Република https://republika.mk/tema/ikt/ 32 32 Лорета Горгиева и Миљазим Мустафа поднесоа оставки од Советот за ИКТ https://republika.mk/vesti/makedonija/loreta-gorgieva-i-milazim-mustafa-podnesoa-ostavki-od-sovetot-za-ikt/ Mon, 13 Nov 2023 08:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=700910

Членовите на Судскиот совет, судијата Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа, доставија оставки до Министерот за правда, Кренар Лога, и се повлекоа од членство во Советот на ИКТ, бидејќи сметаат дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно, соопштуваат од Судскиот совет.

Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев и заменичката, проф. д-р Гордана Лажетиќ и затоа сметам дека нема простор за мое натамошно учество, се вели во оставката на судијата Георгиева, пренесуваат од Советот.

Во образложението на оставката на м-р Мустафа, како што дополнуваат, наведува дека по разрешувањето на претседателот на ИКТ од страна на mинистерот за правда Лога, и изнесените инсинуации за неправилно работење на Советот на ИКТ, како и по тврдењата на ресорниот министер за реформирање на истоимениот Совет, нецелисходно е понатаму да се биде член во ова тело.

- И покрај сѐ, горд сум што бев член во тело што ги постави темелите и ги воспостави насоките за дигитално судство и успеа да воведе алатки и сервиси кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните до правдата и на правосудните органи, а со тоа и зголемување на довербата на правосудството, наведува Мустафа.

Министерот за правда, Кренар Лога, изминатата недела го разреши судијата и претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев, од функцијата член на Советот за ИКТ и со тоа од функцијата претседател на ова тело.

- До Судскиот совет доставив допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на претседателот на Основен суд Кавадарци, судијата Лазар Нанев, изјави своевремено Лога.

Појасни дека по добивање и анализа на материјалите за седница на Судскиот совет констатирал дека во доставените материјали се присутни сериозни наводи за нарушен интегритет на судија и евидентно е постоењето на состојба која сериозно загрижува и ја доведува во прашање правната сигурност на граѓаните и загарантираното право да му суди независен и непристрасен судија.

Лога, на прес-конференцијата тогаш информираше и дека иницирал и постапка за изработување на нов правилник за функционирање на Советот на ИКТ, врз основа на кој, како што најави, ќе биде формиран и нов состав на ова тело.

The post Лорета Горгиева и Миљазим Мустафа поднесоа оставки од Советот за ИКТ appeared first on Република.

]]>

Членовите на Судскиот совет, судијата Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа, доставија оставки до Министерот за правда, Кренар Лога, и се повлекоа од членство во Советот на ИКТ, бидејќи сметаат дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно, соопштуваат од Судскиот совет. Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев и заменичката, проф. д-р Гордана Лажетиќ и затоа сметам дека нема простор за мое натамошно учество, се вели во оставката на судијата Георгиева, пренесуваат од Советот. Во образложението на оставката на м-р Мустафа, како што дополнуваат, наведува дека по разрешувањето на претседателот на ИКТ од страна на mинистерот за правда Лога, и изнесените инсинуации за неправилно работење на Советот на ИКТ, како и по тврдењата на ресорниот министер за реформирање на истоимениот Совет, нецелисходно е понатаму да се биде член во ова тело. - И покрај сѐ, горд сум што бев член во тело што ги постави темелите и ги воспостави насоките за дигитално судство и успеа да воведе алатки и сервиси кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните до правдата и на правосудните органи, а со тоа и зголемување на довербата на правосудството, наведува Мустафа. Министерот за правда, Кренар Лога, изминатата недела го разреши судијата и претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев, од функцијата член на Советот за ИКТ и со тоа од функцијата претседател на ова тело. - До Судскиот совет доставив допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на претседателот на Основен суд Кавадарци, судијата Лазар Нанев, изјави своевремено Лога. Појасни дека по добивање и анализа на материјалите за седница на Судскиот совет констатирал дека во доставените материјали се присутни сериозни наводи за нарушен интегритет на судија и евидентно е постоењето на состојба која сериозно загрижува и ја доведува во прашање правната сигурност на граѓаните и загарантираното право да му суди независен и непристрасен судија. Лога, на прес-конференцијата тогаш информираше и дека иницирал и постапка за изработување на нов правилник за функционирање на Советот на ИКТ, врз основа на кој, како што најави, ќе биде формиран и нов состав на ова тело.

The post Лорета Горгиева и Миљазим Мустафа поднесоа оставки од Советот за ИКТ appeared first on Република.

]]>