икс Archives - Република https://republika.mk/tema/iks/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 08:35:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png икс Archives - Република https://republika.mk/tema/iks/ 32 32 Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно https://republika.mk/vesti/svet/iks-pochna-da-im-naplaka-na-novite-korisnitsi-od-nov-zeland-i-filipinite-po-1-dolar-godishno/ Wed, 18 Oct 2023 08:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=692406

Социјалната мрежа Икс на Илон Маск, порано позната како Твитер, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции, како дел од новото пробно тестирање. Тие вклучуваат можност за објавување, реобјавување, лајкнување на објави и одговарање на објави, пренесува Би-Би-Си.

Оние кои ќе се откажат од претплатата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат профили. Платформата за социјални медиуми соопшти дека целта е „да се намали бројот на ботови, како и манипулацијата со платформата“.

Новите профили, исто така, ќе мораат да го потврдат нивниот телефонски број, иако Маск рече дека сè уште ќе може слободно да се создаваат профили „само за читање“, кои немаат клучни карактеристики.

Минатиот месец, шефот на Икс, Тесла и СпејсИкс сугерираше дека сите корисници на социјалната мрежа можеби ќе треба да платат за пристапот. Откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари минатата година, бележи континуиран пад на приходите.

Иако постои јасен финансиски интерес за компанијата да им наплаќа на корисниците, контроверзниот милијардер рече дека да ги натера луѓето да платат за услугата има за цел да се справи со ботовите. Платените претплатници на подобрената услуга, наречена Икс Премиум, сега плаќаат за повеќе функции како подолги објави и зголемена видливост на платформата.

Икс Премиум моментално чини 8 долари месечно во САД. Цената се разликува во зависност од тоа во која земја престојува претплатникот, додека другите корисници сè уште можат да го користат Икс бесплатно.

Еден ризик од ставање на Икс зад ѕидот за плаќање е дека платформата може да изгуби голем дел од своите корисници. Тоа, пак, може да ги намали приходите од рекламирање, кои во моментов претставуваат огромно мнозинство од приходот на компанијата.

Во последните недели, компанијата беше под истрага од Европската унија за можно ширење на терористичка и насилна содржина и говор на омраза, по нападот на Хамас врз Израел. Исто така, казнет е од австралиското тело за заштита на безбедноста на интернет поради неуспехот да соработува со истрагата за практики против злоупотреба на деца.

The post Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа Икс на Илон Маск, порано позната како Твитер, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции, како дел од новото пробно тестирање. Тие вклучуваат можност за објавување, реобјавување, лајкнување на објави и одговарање на објави, пренесува Би-Би-Си. Оние кои ќе се откажат од претплатата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат профили. Платформата за социјални медиуми соопшти дека целта е „да се намали бројот на ботови, како и манипулацијата со платформата“. Новите профили, исто така, ќе мораат да го потврдат нивниот телефонски број, иако Маск рече дека сè уште ќе може слободно да се создаваат профили „само за читање“, кои немаат клучни карактеристики. Минатиот месец, шефот на Икс, Тесла и СпејсИкс сугерираше дека сите корисници на социјалната мрежа можеби ќе треба да платат за пристапот. Откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари минатата година, бележи континуиран пад на приходите. Иако постои јасен финансиски интерес за компанијата да им наплаќа на корисниците, контроверзниот милијардер рече дека да ги натера луѓето да платат за услугата има за цел да се справи со ботовите. Платените претплатници на подобрената услуга, наречена Икс Премиум, сега плаќаат за повеќе функции како подолги објави и зголемена видливост на платформата. Икс Премиум моментално чини 8 долари месечно во САД. Цената се разликува во зависност од тоа во која земја престојува претплатникот, додека другите корисници сè уште можат да го користат Икс бесплатно. Еден ризик од ставање на Икс зад ѕидот за плаќање е дека платформата може да изгуби голем дел од своите корисници. Тоа, пак, може да ги намали приходите од рекламирање, кои во моментов претставуваат огромно мнозинство од приходот на компанијата. Во последните недели, компанијата беше под истрага од Европската унија за можно ширење на терористичка и насилна содржина и говор на омраза, по нападот на Хамас врз Израел. Исто така, казнет е од австралиското тело за заштита на безбедноста на интернет поради неуспехот да соработува со истрагата за практики против злоупотреба на деца.

The post Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно appeared first on Република.

]]>
„Икс“ под истрага на ЕК за ширење дезинформации, терористички и насилни содржини и говор на омраза https://republika.mk/vesti/svet/iks-pod-istraga-na-ek-za-shirene-dezinformatsii-teroristichki-i-nasilni-sodrzhini-i-govor-na-omraza/ Fri, 13 Oct 2023 07:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=690706

Европската комисија упати формално барање за истрага до платформата Икс (Х) врз основа на добиените индиции дека преку оваа социјална мрежа се шират дезинформации, терористички и насилни содржини и говор на омраза.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, барањето е поднесено согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), врз основа на кој Икс, поранешен Твитер, доби статус на „многу голема онлајн платформа“, што го обврзува да се справува со „негативните ефекти врз основните човекови права, правата на детето, јавната безбедност и менталната благосостојба“.

Во конкретниот случај, ЕК ќе ја истражува усогласеноста на Икс со Законот за дигитални услуги во однос на неговите политики и практики поврзани со известувањата за нелегални содржини, постапувањето по жалби, птароценката на ризик и за мерки за ублажување на идентификуваните ризици.

Согласно процедурата, Икс ќе треба најдоцна до среда (18 октомври) на Еврокомисијата да и достави одговори на побараните информации поврзани со практиките на активирање и функционирање на протоколот за итни реакции на платформата, а до крајот на месецот (31 октомври) и на останатите барања.

Врз основа на добиените одговори, ЕК може да ја прекине постапката или да започне детална истрага за индициите согласно членот 66 од ДСА.

The post „Икс“ под истрага на ЕК за ширење дезинформации, терористички и насилни содржини и говор на омраза appeared first on Република.

]]>

Европската комисија упати формално барање за истрага до платформата Икс (Х) врз основа на добиените индиции дека преку оваа социјална мрежа се шират дезинформации, терористички и насилни содржини и говор на омраза. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, барањето е поднесено согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), врз основа на кој Икс, поранешен Твитер, доби статус на „многу голема онлајн платформа“, што го обврзува да се справува со „негативните ефекти врз основните човекови права, правата на детето, јавната безбедност и менталната благосостојба“. Во конкретниот случај, ЕК ќе ја истражува усогласеноста на Икс со Законот за дигитални услуги во однос на неговите политики и практики поврзани со известувањата за нелегални содржини, постапувањето по жалби, птароценката на ризик и за мерки за ублажување на идентификуваните ризици. Согласно процедурата, Икс ќе треба најдоцна до среда (18 октомври) на Еврокомисијата да и достави одговори на побараните информации поврзани со практиките на активирање и функционирање на протоколот за итни реакции на платформата, а до крајот на месецот (31 октомври) и на останатите барања. Врз основа на добиените одговори, ЕК може да ја прекине постапката или да започне детална истрага за индициите согласно членот 66 од ДСА.

The post „Икс“ под истрага на ЕК за ширење дезинформации, терористички и насилни содржини и говор на омраза appeared first on Република.

]]>
Социјалната мрежа „X“ нагласува дека „твитовите“ веќе не се „твитови“: Еве како ги нарекуваат сега https://republika.mk/vesti/svet/sotsijalnata-mrezha-x-naglasuva-deka-tvitovite-veke-ne-se-tvitovi-eve-kako-gi-narekuvaat-sega/ Tue, 12 Sep 2023 07:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=681085

Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име.

Компанијата „X“ одлучи дефинитивно да ги остави зад себе своите корени поврзани со „Twitter“. Почнувајќи од 29-ти септември, корисниците ќе бидат известени за новите услови за користење, меѓу кои најизразена промена е замената на изразот „retweet“ со „repost“, што укажува на крајот на ерата на „твитот“. Исто така повеќе не е „tweet“, туку само „post“.

Името „Twitter“ речиси во целост е отстрането од новите услови за користење, а заменето е со името „X“. Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име. Дури и доменот „X.com“ моментално пренасочува на „twitter.com“. Не се споменува ни „Periscope“, апликација за „лајвстрим“ која „Twitter“ ја изгаси во 2021-ва година.

Во склад со овие, нови одредби во условите за користење дополнително се менува и начинот за интеракција на корисниците на платформата. Една од клучните измени се однесува на правото на корисниците да учествуваат во колективни тужби. Новите услови за користење сега јасно наведуваат дека корисниците, „во мерка дозволена со законот, се откажуваат од правото на учество како тужител или член на класа во сите наводни колективни или репрезентативни постапки“.

Сопственикот на компанијата „X“, Илон Маск, ги изразил своето негодување и кон „web scraping“-от. „Scraping“ претставува извлекување на податоци од веб страници во локални бази на податоци или табели. Во склад со тоа, условите за користење содржат строги одредби кои јасно забрануваат „scraping“ без претходна пишана согласност од компанијата.

Од 29-ти септември на сила стапува и новата политика за приватност, која најавува дека „X“ ќе го прошири обемот на податоци кои ги собира од корисниците. Овие податоци сега ќе вклучуваат и биометриски информации и работна историја на корисниците.

The post Социјалната мрежа „X“ нагласува дека „твитовите“ веќе не се „твитови“: Еве како ги нарекуваат сега appeared first on Република.

]]>

Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име. Компанијата „X“ одлучи дефинитивно да ги остави зад себе своите корени поврзани со „Twitter“. Почнувајќи од 29-ти септември, корисниците ќе бидат известени за новите услови за користење, меѓу кои најизразена промена е замената на изразот „retweet“ со „repost“, што укажува на крајот на ерата на „твитот“. Исто така повеќе не е „tweet“, туку само „post“. Името „Twitter“ речиси во целост е отстрането од новите услови за користење, а заменето е со името „X“. Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име. Дури и доменот „X.com“ моментално пренасочува на „twitter.com“. Не се споменува ни „Periscope“, апликација за „лајвстрим“ која „Twitter“ ја изгаси во 2021-ва година. Во склад со овие, нови одредби во условите за користење дополнително се менува и начинот за интеракција на корисниците на платформата. Една од клучните измени се однесува на правото на корисниците да учествуваат во колективни тужби. Новите услови за користење сега јасно наведуваат дека корисниците, „во мерка дозволена со законот, се откажуваат од правото на учество како тужител или член на класа во сите наводни колективни или репрезентативни постапки“. Сопственикот на компанијата „X“, Илон Маск, ги изразил своето негодување и кон „web scraping“-от. „Scraping“ претставува извлекување на податоци од веб страници во локални бази на податоци или табели. Во склад со тоа, условите за користење содржат строги одредби кои јасно забрануваат „scraping“ без претходна пишана согласност од компанијата. Од 29-ти септември на сила стапува и новата политика за приватност, која најавува дека „X“ ќе го прошири обемот на податоци кои ги собира од корисниците. Овие податоци сега ќе вклучуваат и биометриски информации и работна историја на корисниците.

The post Социјалната мрежа „X“ нагласува дека „твитовите“ веќе не се „твитови“: Еве како ги нарекуваат сега appeared first on Република.

]]>
Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот https://republika.mk/vesti/svet/h-ke-ja-otstrani-mozhnosta-za-blokirane-na-profilot/ Sat, 19 Aug 2023 12:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=673688

Социјалната мрежа за микроблогирање Х, порано позната како Twitter, ќе ја отстрани опцијата којашто на корисниците им овозможува блокирање на другите профили, изјави во петокот сопственикот Илон Маск во уште еден потег кој се проценува како контроверзен на компанијата коај ја купи минатата година за 44 милијарди долари.

Функцијата за блокирање на профилите на Х му овозможува на кориснокот да им забани на одредени профили да го контактираат, да ги гледаат неговите објави или да го следат.

„Блокирањето ќе биде отстрането, освен за DM-те“, наведе Маск во објавата на мрежата, мислејќи на израмните пораки.

Вели и дека Х ќе ја задржи функцијата „mute“ којашто го спречува корисникот да гледа одредени профили, но за разлика од блокирањето не го предупредува корисникот на таа активност.

Технолошкиот милијардер се опишува себеси како заговорник на неограничената слобода на говорот, но неговите критичари главно со политичка заднина токму од либертаријанскиот спектар велат дека неговиот пристап е неодговорен.

Така, истражувачите кои имаат цел да ги ограничат објавите и информациите кои не му одговараат на политичкиот естаблишмент, тврдат дека наводно има раст на говорот на омраза и антисемитски содржини на платформата Х откако ја преземал Маск, а некои западни влади ја обвинуваат компанијата дека не прави доволно во ограничувањето на содржините, залагајќи се така за воведување на цензура.

Аналитичарите во технолошката индистрија велат дека опциите за блокирање би можеле да ја доведат Х во судир со насоките со „Apple Store“ и „Alphabet Google Play“.

И двете компании, имено, бараат апликациите со содржина генерирана од корисниците да вклучуваат механизми за блокирање на навредливи корисници или содржина. „Apple“ пропишува дека апликациите мора да имаат можност да блокираат навредливи корисници, додека „Google Play Store“ наложува обезбедување систем во апликација за блокирање на содржината и корисниците генерирани од корисниците.

Одговарајќи на објавата на активистката против малтретирањара на социјалните мрежи Моника Левински, позната по контроверзната сексуална афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ја изрази својата загриженост за отстранувањето на функцијата за блокирање на објавите, повикувајќи ја X да ја задржи оваа „критична алатка за да ги одржува луѓето безбедни на интернет“. Како одговор, главната извршна директорка на компанијата Линда Јакарино ја бранеше одлуката на Маск и нагласи дека безбедноста на корисниците е главен приоритет на платформата. Јакарино, исто така, ги уверува корисниците дека X активно развива подобрено решение што ја надминува моменталната состојба на функциите за блокирање и исклучување на звукот.

„Безбедноста на корисниците на X е наш приоритет број еден. Развиваме нешто подобро од опцијата за блокирање и исклучување. Повратните информации се добредојдени“, објави Јакарино.

The post Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа за микроблогирање Х, порано позната како Twitter, ќе ја отстрани опцијата којашто на корисниците им овозможува блокирање на другите профили, изјави во петокот сопственикот Илон Маск во уште еден потег кој се проценува како контроверзен на компанијата коај ја купи минатата година за 44 милијарди долари. Функцијата за блокирање на профилите на Х му овозможува на кориснокот да им забани на одредени профили да го контактираат, да ги гледаат неговите објави или да го следат. „Блокирањето ќе биде отстрането, освен за DM-те“, наведе Маск во објавата на мрежата, мислејќи на израмните пораки. Вели и дека Х ќе ја задржи функцијата „mute“ којашто го спречува корисникот да гледа одредени профили, но за разлика од блокирањето не го предупредува корисникот на таа активност. Технолошкиот милијардер се опишува себеси како заговорник на неограничената слобода на говорот, но неговите критичари главно со политичка заднина токму од либертаријанскиот спектар велат дека неговиот пристап е неодговорен. Така, истражувачите кои имаат цел да ги ограничат објавите и информациите кои не му одговараат на политичкиот естаблишмент, тврдат дека наводно има раст на говорот на омраза и антисемитски содржини на платформата Х откако ја преземал Маск, а некои западни влади ја обвинуваат компанијата дека не прави доволно во ограничувањето на содржините, залагајќи се така за воведување на цензура. Аналитичарите во технолошката индистрија велат дека опциите за блокирање би можеле да ја доведат Х во судир со насоките со „Apple Store“ и „Alphabet Google Play“. И двете компании, имено, бараат апликациите со содржина генерирана од корисниците да вклучуваат механизми за блокирање на навредливи корисници или содржина. „Apple“ пропишува дека апликациите мора да имаат можност да блокираат навредливи корисници, додека „Google Play Store“ наложува обезбедување систем во апликација за блокирање на содржината и корисниците генерирани од корисниците. Одговарајќи на објавата на активистката против малтретирањара на социјалните мрежи Моника Левински, позната по контроверзната сексуална афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ја изрази својата загриженост за отстранувањето на функцијата за блокирање на објавите, повикувајќи ја X да ја задржи оваа „критична алатка за да ги одржува луѓето безбедни на интернет“. Како одговор, главната извршна директорка на компанијата Линда Јакарино ја бранеше одлуката на Маск и нагласи дека безбедноста на корисниците е главен приоритет на платформата. Јакарино, исто така, ги уверува корисниците дека X активно развива подобрено решение што ја надминува моменталната состојба на функциите за блокирање и исклучување на звукот. „Безбедноста на корисниците на X е наш приоритет број еден. Развиваме нешто подобро од опцијата за блокирање и исклучување. Повратните информации се добредојдени“, објави Јакарино.

The post Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот appeared first on Република.

]]>
Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/preimenuvaneto-na-tviter-vo-iks-mozhe-da-mu-predizvika-pravni-glavobolki-na-mask-vo-eu/ Fri, 28 Jul 2023 10:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=666242

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија.

Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу кои и на компании како „Рокерс Металика“, „Мајкрософт“, „Хонда“ и „Адидас“.

Со регистрирањето на трговската марка во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, овие компании имаат ексклузивни права за користење на брендот „Икс“ во различни формати на дизајн, облека, индустрии за забава или финансиски услуги. Но, меѓу овие брендови во регистерот на ЕУ не се појавува името на „Твитер“ или Маск.

Според застапникот за трговски марки на адвокатската фирма „Аомб“, Дејвид Кранц, доколку некој планира да го преименува својот бренд и за тоа да одбере „добро познато име“, би очекувале да ги почитува правата на интелектуална сопственост.

Во овај случај, сепак, се чини дека тоа не е испочитувно, изјави Кранц.

Доколку не добие одобрение за користење на брендот „Икс“, Маск би можел да се соочи со правни постаки кои може да резултираат со забрана за употреба на тој назив или симбол или во целина или во одредени околности, како и со барања за исплата за надомест на штета за повреда на правата на регистрирана трговска марка на друга компанија, наведува „Политико“.

„Сони“ и „Панасоник“ поседуваат права на неколку заштитени брендови под називот „Икс“, „Мајкрософт“ има два, вклучително и за логото на неговата најпродавана конзола за игри „Иксбокс“, а британската „Фриментал Медија“ го поседува ова име како заштитен знак за своето телевизиско талент шоу „Икс Фактор“.

Доколку сопствениците на овие заштитени марки „Икс“ сметаат дека нивните логоа се „премногу слични“ со она на Маск и може да создадат „ризик од забуна меѓу потрошувачите“, би можеле да преземат правна постапка против него.

Адвокатката на „Пинсент Мејсонс“, Триона Дезмонд, изјави дека Маск би можел да се соочи со барања за „прилично високи отштети“ за прекршување на правото на заштитен бренд, оценувајќи ја неговата за одлука за преименување на „Твитер“ во „Икс“ како „храбра работа“.

Очекувам трети страни да преземат акција, изјави Дезмонд.

The post Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија. Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу кои и на компании како „Рокерс Металика“, „Мајкрософт“, „Хонда“ и „Адидас“. Со регистрирањето на трговската марка во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, овие компании имаат ексклузивни права за користење на брендот „Икс“ во различни формати на дизајн, облека, индустрии за забава или финансиски услуги. Но, меѓу овие брендови во регистерот на ЕУ не се појавува името на „Твитер“ или Маск. Според застапникот за трговски марки на адвокатската фирма „Аомб“, Дејвид Кранц, доколку некој планира да го преименува својот бренд и за тоа да одбере „добро познато име“, би очекувале да ги почитува правата на интелектуална сопственост.
Во овај случај, сепак, се чини дека тоа не е испочитувно, изјави Кранц.
Доколку не добие одобрение за користење на брендот „Икс“, Маск би можел да се соочи со правни постаки кои може да резултираат со забрана за употреба на тој назив или симбол или во целина или во одредени околности, како и со барања за исплата за надомест на штета за повреда на правата на регистрирана трговска марка на друга компанија, наведува „Политико“. „Сони“ и „Панасоник“ поседуваат права на неколку заштитени брендови под називот „Икс“, „Мајкрософт“ има два, вклучително и за логото на неговата најпродавана конзола за игри „Иксбокс“, а британската „Фриментал Медија“ го поседува ова име како заштитен знак за своето телевизиско талент шоу „Икс Фактор“. Доколку сопствениците на овие заштитени марки „Икс“ сметаат дека нивните логоа се „премногу слични“ со она на Маск и може да создадат „ризик од забуна меѓу потрошувачите“, би можеле да преземат правна постапка против него. Адвокатката на „Пинсент Мејсонс“, Триона Дезмонд, изјави дека Маск би можел да се соочи со барања за „прилично високи отштети“ за прекршување на правото на заштитен бренд, оценувајќи ја неговата за одлука за преименување на „Твитер“ во „Икс“ како „храбра работа“. Очекувам трети страни да преземат акција, изјави Дезмонд.

The post Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ appeared first on Република.

]]>