ИКОМОС Archives - Република https://republika.mk/tema/ikomos/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Nov 2022 08:21:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИКОМОС Archives - Република https://republika.mk/tema/ikomos/ 32 32 ИКОМОС Македонија организира форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО“ https://republika.mk/vesti/kultura/ikomos-makedonija-organizira-forum-50-godini-konvencija-za-svetsko-nasledstvo-na-unesko/ Thu, 17 Nov 2022 08:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=574761

ИКОМОС Македонија денеска организира онлајн меѓународен форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“.
Форумот се одржува по повод 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, со финансиска поддршка од Министерството за култура. ИКОМОС Македонија, како дел од Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС кој е советодавно тело на УНЕСКО токму за спроведувањето на оваа конвенција, се приклучува кон одбележувањето на нејзиниот 50-годишен јубилеј, поставувајќи сет прашања за дискусија и дебата: со какви предизвици се соочуваме при имплементација на домашната и меѓународната легислатива кога станува збор за зачувување на културното и природното наследство кое е од глобална важност и дали располагаме со потребните ресурси и капацитети за да се справиме со овој предизвик? На форумот ќе учествуваат стручни лица и меѓународни експерти од надлежните државни и меѓународни институции и организации кои ќе говорат за заштитата и управувањето со светското наследство на национално и меѓународно ниво, како и за состојбата со имплементацијата на оваа конвенција во земјава.

The post ИКОМОС Македонија организира форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО“ appeared first on Република.

]]>

ИКОМОС Македонија денеска организира онлајн меѓународен форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“. Форумот се одржува по повод 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, со финансиска поддршка од Министерството за култура. ИКОМОС Македонија, како дел од Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС кој е советодавно тело на УНЕСКО токму за спроведувањето на оваа конвенција, се приклучува кон одбележувањето на нејзиниот 50-годишен јубилеј, поставувајќи сет прашања за дискусија и дебата: со какви предизвици се соочуваме при имплементација на домашната и меѓународната легислатива кога станува збор за зачувување на културното и природното наследство кое е од глобална важност и дали располагаме со потребните ресурси и капацитети за да се справиме со овој предизвик? На форумот ќе учествуваат стручни лица и меѓународни експерти од надлежните државни и меѓународни институции и организации кои ќе говорат за заштитата и управувањето со светското наследство на национално и меѓународно ниво, како и за состојбата со имплементацијата на оваа конвенција во земјава.

The post ИКОМОС Македонија организира форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО“ appeared first on Република.

]]>
Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ https://republika.mk/vesti/kultura/izvrshen-monitoring-na-preku-250-pravoslavni-kulturni-dobra-vo-ramkite-na-proektot-monitoring-na-pravoslavnoto-kulturno-nasledstvo/ Wed, 10 Aug 2022 08:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=538630

Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација.

Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на државава. Односно, во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-Кичевската епрахија на 71, во Преспанско – Пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – Гостиварската и во Кумановско – Осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти.

Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини.

Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство.

Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.

 

 

 

The post Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>

Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација. Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на државава. Односно, во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-Кичевската епрахија на 71, во Преспанско – Пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – Гостиварската и во Кумановско – Осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти. Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини. Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство. Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.      

The post Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Заштитата на културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-zashtitata-na-kulturnoto-nasledstvo-e-eden-od-najznachajnite-pokazateli-za-prepoznavanje-definiranje-i-afirmacija-na-kulturniot-identitet/ Fri, 20 May 2022 11:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=504765

Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на промотивниот настан и дискусија за изданието на ИКОМОС Македонија „Европски начела за квалитет на интревенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“.

Таа посочи дека Министерството за култура развива механизми и воспоставува мерки за заштита на културното наследство кои подразбираат идентификување, документирање, истражување, одржување, заштита, користење, како и промоција на неговите вредности.

 

 

Поддршката на ЕУ за издавање на оваа публикација на македонски јазик е значаен придонес во збогатувањето на домашната стручна литература која ќе помогне да бидеме во чекор со најсовремените пристапи во заштитата на културното наследство, рече Костадиновска и се заблагодари на делегацијата на Европската Унија за поддршката и за континуираниот придонес во утврдувањето на стандардите во областа на културното наследство и на ИКОМОС Македонија за посветеноста и ентузијазмот при реализацијата на оваа иницијатива.

Верувам дека оваа публикација ќе биде корисно четиво за сите корисници од оваа дејност, особено во поглед на управување со проекти. Суштината на ова издание не е да наметне модалитети за интервенција, правила кои се обврзувачки и да даде готови технички решенија, туку да ги збогати сознанијата, да посоветува, да препорача и да им помогне во донесувањето одлуки на сите што се вклучени во проекти финансирани од ЕУ, а кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство, истакна Костадиновска Стојчевска.

Потенцира дека Министерството за култура годинава поддржа повеќе проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата. Настојувавме, посочи министерката, во овие тешки и неизвесни времиња, кои силно удрија врз економијата, да направиме одржлива распределба на буџетските средства.

Притоа остануваме доследни на заложбата заштитата на културното наследство да остане врвен приоритет на Министерството за култура. Во фокусот останува и засилувањето на ЕУ-интеграциите во културата што се потврдува и со ентузијазмот и задоволството од денешната промоција на оваа битна публикација на македонски јазик. Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува граѓанските иницијативи што водат кон зголемување на граѓанското учество во сферата на заштитата на културното наследство, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ги повика македонските институции, невладини организации, културни оператори и правни лица да се пријават на повиците од Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија за кои Министерството за култура редовно информира на својата веб-страница и за кои организира информативни сесии во повеќе градови во земјава.

Претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева рече дека изданието првпат почнало да се подготвува од експертска група на ИКОМОС, под мандат на Европската комисија и во рамките на водечката иницијатива на ЕУ за Европската година на културното наследство 2018 – „Негување на наследството: развивање стандарди за квалитет за проекти финансирани од ЕУ кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство“. Конечната верзија на овој документ, појасни таа, беше усвоена и промовирана од ИКОМОС во 2021 година.

Главната цел на овој документ е да даде насоки за начелата на квалитет за сите засегнати страни кои се директно или индиректно вклучени во проектите за заштита и управување со културното наследство, главно поврзани со градителското наследство и културните предели, а кои се финансирани од Европската Унија, вклучително и од европските институции, институциите кои се надлежни за заштита на културното наследство, меѓународните организации, граѓанското општество и локалните заедници, но и приватниот сектор и експертите, рече Бицева.

Посочи дека документот се фокусира на суштинското прашање за квалитетот, резимирајќи ги клучните концепти, меѓународни повелби, европски и меѓународни конвенции и стандарди, како и промените во разбирањето и практиката на заштитата на културното наследство.

Наведени се културни, социјални и економски придобивки, како и придобивки кои влијаат врз животната средина, а кои произлегуваат од примената на начелата за квалитет. Со оглед на тоа што препознавањето на културното наследство како заедничко добро и одговорност е предуслов за квалитет, се предлага да се усвојат мерки за квалитет преку подигање на свеста и преку зајакнување на имплементацијата на начелата и стандардите за конзервација во секоја фаза од циклусот – од програмирање до евалуација, додаде Бицева.

Eвроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека земјава има огромно природно и културно наследство кое бара заштита.

Како и во Македонија, така и во ЕУ културното наследство е во срцето на тоа што ние сме, од таму каде доаѓаме, нашите традиции, нашиот јазик, приказните кои ги кажуваме за себе, меѓутоа и музиката која ја слушаме, сликите кои ги гледаме и нашето чувство за светот и сето тоа лежи во срцето на разликите. Не треба да биде изненадување дека ЕУ дава голем акцент на културата, а најмногу на заштитата на културата. Културното наследство не е само израз на идентитетот, туку има и една важна улога во нашите економии и тоа претставува голема привлечност за туристите. Околу 40 проценти од туристите во ЕУ се одлучуваат за земји и места кои нудат големи културни атракции. Заштитата на културното наследство може да даде голем поврат на инвестициите меѓутоа може да има стимулација и за едукацијата и за доживотното учење, рече Гир.

Ако отидеме околу Стоби, посочи евроамбасадорот, ќе можеме да видиме колку има работи да се научат, меѓутоа и за доживотното учење.

Има голем број алатки кои може да ги користиме како и во земјите од Западен Балкан. Документот нуди и финансиска и техничка поддршка на иновацијата и истражувањето, едукацијата, културата во Западниот Балкан, меѓутоа и за младите и за спортот преку нашите инструменти за претпристапна помош. ЕУ ја поддржа Македонија во заштита и подобрување на нејзиното законодавство за подобрување на европските стандарди меѓутоа и со потикнување на специјални тела кои се основа за планираните реформи и за јакнење на капацитетите, но финансираме и голем број проекти за заштита на културното наследство низ целата земја кои беа финансирани согласно ИПА инструментот за претпристапна помош и преку нашата прекугранична соработка и регионален развој. Македонија може да има полза од целата наша поддршка што можеме да ја дадеме, рече Гир.

Тој им се заблагодари на сите кои биле вклучени во развивање на овој документ и во преводот и смета дека ќе биде од голема помош за сите кои работат на заштитата на културното наследство.

The post Костадиновска-Стојчевска: Заштитата на културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет appeared first on Република.

]]>

Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на промотивниот настан и дискусија за изданието на ИКОМОС Македонија „Европски начела за квалитет на интревенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“. Таа посочи дека Министерството за култура развива механизми и воспоставува мерки за заштита на културното наследство кои подразбираат идентификување, документирање, истражување, одржување, заштита, користење, како и промоција на неговите вредности.
 
 
Поддршката на ЕУ за издавање на оваа публикација на македонски јазик е значаен придонес во збогатувањето на домашната стручна литература која ќе помогне да бидеме во чекор со најсовремените пристапи во заштитата на културното наследство, рече Костадиновска и се заблагодари на делегацијата на Европската Унија за поддршката и за континуираниот придонес во утврдувањето на стандардите во областа на културното наследство и на ИКОМОС Македонија за посветеноста и ентузијазмот при реализацијата на оваа иницијатива. Верувам дека оваа публикација ќе биде корисно четиво за сите корисници од оваа дејност, особено во поглед на управување со проекти. Суштината на ова издание не е да наметне модалитети за интервенција, правила кои се обврзувачки и да даде готови технички решенија, туку да ги збогати сознанијата, да посоветува, да препорача и да им помогне во донесувањето одлуки на сите што се вклучени во проекти финансирани од ЕУ, а кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство, истакна Костадиновска Стојчевска.
Потенцира дека Министерството за култура годинава поддржа повеќе проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата. Настојувавме, посочи министерката, во овие тешки и неизвесни времиња, кои силно удрија врз економијата, да направиме одржлива распределба на буџетските средства.
Притоа остануваме доследни на заложбата заштитата на културното наследство да остане врвен приоритет на Министерството за култура. Во фокусот останува и засилувањето на ЕУ-интеграциите во културата што се потврдува и со ентузијазмот и задоволството од денешната промоција на оваа битна публикација на македонски јазик. Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува граѓанските иницијативи што водат кон зголемување на граѓанското учество во сферата на заштитата на културното наследство, рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа ги повика македонските институции, невладини организации, културни оператори и правни лица да се пријават на повиците од Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија за кои Министерството за култура редовно информира на својата веб-страница и за кои организира информативни сесии во повеќе градови во земјава. Претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева рече дека изданието првпат почнало да се подготвува од експертска група на ИКОМОС, под мандат на Европската комисија и во рамките на водечката иницијатива на ЕУ за Европската година на културното наследство 2018 – „Негување на наследството: развивање стандарди за квалитет за проекти финансирани од ЕУ кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство“. Конечната верзија на овој документ, појасни таа, беше усвоена и промовирана од ИКОМОС во 2021 година.
Главната цел на овој документ е да даде насоки за начелата на квалитет за сите засегнати страни кои се директно или индиректно вклучени во проектите за заштита и управување со културното наследство, главно поврзани со градителското наследство и културните предели, а кои се финансирани од Европската Унија, вклучително и од европските институции, институциите кои се надлежни за заштита на културното наследство, меѓународните организации, граѓанското општество и локалните заедници, но и приватниот сектор и експертите, рече Бицева.
Посочи дека документот се фокусира на суштинското прашање за квалитетот, резимирајќи ги клучните концепти, меѓународни повелби, европски и меѓународни конвенции и стандарди, како и промените во разбирањето и практиката на заштитата на културното наследство.
Наведени се културни, социјални и економски придобивки, како и придобивки кои влијаат врз животната средина, а кои произлегуваат од примената на начелата за квалитет. Со оглед на тоа што препознавањето на културното наследство како заедничко добро и одговорност е предуслов за квалитет, се предлага да се усвојат мерки за квалитет преку подигање на свеста и преку зајакнување на имплементацијата на начелата и стандардите за конзервација во секоја фаза од циклусот – од програмирање до евалуација, додаде Бицева.
Eвроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека земјава има огромно природно и културно наследство кое бара заштита.
Како и во Македонија, така и во ЕУ културното наследство е во срцето на тоа што ние сме, од таму каде доаѓаме, нашите традиции, нашиот јазик, приказните кои ги кажуваме за себе, меѓутоа и музиката која ја слушаме, сликите кои ги гледаме и нашето чувство за светот и сето тоа лежи во срцето на разликите. Не треба да биде изненадување дека ЕУ дава голем акцент на културата, а најмногу на заштитата на културата. Културното наследство не е само израз на идентитетот, туку има и една важна улога во нашите економии и тоа претставува голема привлечност за туристите. Околу 40 проценти од туристите во ЕУ се одлучуваат за земји и места кои нудат големи културни атракции. Заштитата на културното наследство може да даде голем поврат на инвестициите меѓутоа може да има стимулација и за едукацијата и за доживотното учење, рече Гир.
Ако отидеме околу Стоби, посочи евроамбасадорот, ќе можеме да видиме колку има работи да се научат, меѓутоа и за доживотното учење.
Има голем број алатки кои може да ги користиме како и во земјите од Западен Балкан. Документот нуди и финансиска и техничка поддршка на иновацијата и истражувањето, едукацијата, културата во Западниот Балкан, меѓутоа и за младите и за спортот преку нашите инструменти за претпристапна помош. ЕУ ја поддржа Македонија во заштита и подобрување на нејзиното законодавство за подобрување на европските стандарди меѓутоа и со потикнување на специјални тела кои се основа за планираните реформи и за јакнење на капацитетите, но финансираме и голем број проекти за заштита на културното наследство низ целата земја кои беа финансирани согласно ИПА инструментот за претпристапна помош и преку нашата прекугранична соработка и регионален развој. Македонија може да има полза од целата наша поддршка што можеме да ја дадеме, рече Гир.
Тој им се заблагодари на сите кои биле вклучени во развивање на овој документ и во преводот и смета дека ќе биде од голема помош за сите кои работат на заштитата на културното наследство.

The post Костадиновска-Стојчевска: Заштитата на културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет appeared first on Република.

]]>
ИКОМОС ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите со дебата за „Климатските промени и културното наследство“ https://republika.mk/vesti/kultura/ikomos-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-spomenicite-i-lokalitetite-so-debata-za-klimatskite-promeni-i-kulturnoto-nasledstvo/ Mon, 18 Apr 2022 06:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=489747

По повод  Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април ИКОМОС Македонија денеска организира дебата на тема „Климатските промени и културното наследство“.

Овогодинешната тема на ИКОМОС, за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата и практиките за зачувување на наследството со цел изнаоѓање соодветни начини на нивно спроведување, а во насока на зајакнување на одржливиот развој, истовремено залагајќи се за праведни транзиции кон емисии со низок јаглерод, велат од ИКОМОС.

Избраната тема „Наследството и климата“, според организаторите, нуди можност да се одговори на прашањата: како да се користи климатската правда и правичноста при заштита на наследството и начините на кои можеме да постигнеме правична заштита на ранливите заедници преку климатска акција.

Преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и Сузана Касовска Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.

 

The post ИКОМОС ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите со дебата за „Климатските промени и културното наследство“ appeared first on Република.

]]>

По повод  Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април ИКОМОС Македонија денеска организира дебата на тема „Климатските промени и културното наследство“.
Овогодинешната тема на ИКОМОС, за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата и практиките за зачувување на наследството со цел изнаоѓање соодветни начини на нивно спроведување, а во насока на зајакнување на одржливиот развој, истовремено залагајќи се за праведни транзиции кон емисии со низок јаглерод, велат од ИКОМОС.
Избраната тема „Наследството и климата“, според организаторите, нуди можност да се одговори на прашањата: како да се користи климатската правда и правичноста при заштита на наследството и начините на кои можеме да постигнеме правична заштита на ранливите заедници преку климатска акција. Преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и Сузана Касовска Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.  

The post ИКОМОС ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите со дебата за „Климатските промени и културното наследство“ appeared first on Република.

]]>