ИК Archives - Република https://republika.mk/tema/ik/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 19:34:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИК Archives - Република https://republika.mk/tema/ik/ 32 32 ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да учествува во техничката влада https://republika.mk/vesti/makedonija/ik-na-vmro-dpmne-odluchi-partijata-da-uchestvuva-vo-tehnichkata-vlada/ Thu, 11 Jan 2024 18:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=732122

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот Извршен комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на ова партиско тело на опозициската партија. Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да се донесе одлука да се овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.

ИК завзема став да се воздржи од гласањето за техничката влада, а Муцунски одговарајќи на новинарско прашање рече дека за министрите и замениците министри од нивната партија за техничката влада ќе се знае после Водици.

Причината поради која Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација, од криминал до корупција. Нема нерегуларност која не е направена од страна на оваа власт. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Поради сите овие причини, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ завзема став да се воздржи од гласање на техничка влада која под водство на Талат Џафери и ДУИ нема никаков легитимитет, рече Муцунски.

Прашан има ли краен рок до кога ќе биде донесена одлуката за министрите кои ќе бидат во техничка влада, Муцунски одговори дека одлуката ќе биде донесена до крајот на јануари.

Апсолутно крајните рокови ќе бидат роковите кои што се врзани до моментот кога ќе треба да се изгласа таа влада, а тоа е крајот на месецот јануари, но очекувам и од таа најава која што ја имаме во внатрешните дискусии, дека по празникот Водици веројатно ќе има веќе некоја поголема извесност за тоа кои ќе бидат и двајцата министри и тројцата дополнителни заменици министри, рече Муцунски.

Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата. Исто така, Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски информираше и дека Извршниот комитет донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи.

Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и за Ковачевски кои се директно виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи, рече Муцунски.

Со овие одлуки, според него, ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува.

The post ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да учествува во техничката влада appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот Извршен комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на ова партиско тело на опозициската партија. Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да се донесе одлука да се овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада. ИК завзема став да се воздржи од гласањето за техничката влада, а Муцунски одговарајќи на новинарско прашање рече дека за министрите и замениците министри од нивната партија за техничката влада ќе се знае после Водици.
Причината поради која Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација, од криминал до корупција. Нема нерегуларност која не е направена од страна на оваа власт. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Поради сите овие причини, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ завзема став да се воздржи од гласање на техничка влада која под водство на Талат Џафери и ДУИ нема никаков легитимитет, рече Муцунски.
Прашан има ли краен рок до кога ќе биде донесена одлуката за министрите кои ќе бидат во техничка влада, Муцунски одговори дека одлуката ќе биде донесена до крајот на јануари.
Апсолутно крајните рокови ќе бидат роковите кои што се врзани до моментот кога ќе треба да се изгласа таа влада, а тоа е крајот на месецот јануари, но очекувам и од таа најава која што ја имаме во внатрешните дискусии, дека по празникот Водици веројатно ќе има веќе некоја поголема извесност за тоа кои ќе бидат и двајцата министри и тројцата дополнителни заменици министри, рече Муцунски.
Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата. Исто така, Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Муцунски информираше и дека Извршниот комитет донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи.
Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и за Ковачевски кои се директно виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи, рече Муцунски.
Со овие одлуки, според него, ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува.

The post ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да учествува во техничката влада appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Заседаваат ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат соопштени новите одлуки на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-zasedavaat-ik-i-tsk-na-vmro-dpmne-ke-bidat-soopshteni-novite-odluki-na-partijata/ Thu, 11 Jan 2024 17:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=732099

Вечерва заседаваат ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на седницата предвидена е изјава за медиумите.

Почитувани, Ве известуваме дека денеска (11.01.2024) во 19:15 часот по завршување на седниците на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, пред Централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе биде дадена изјава за медиуми, информираат од партијата.

https://www.youtube.com/watch?v=BNw6FeNKSZw

The post Следете во живо: Заседаваат ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат соопштени новите одлуки на партијата appeared first on Република.

Седница на Извршниот комитет на ВМРO-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsa-na-izvrshniot-komitet-na-vmro-dpmne/ Mon, 21 Aug 2023 10:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=674159

ВМРO-ДПМНЕ вечерва во 18 часот во партиското седиште ќе одржи седница на Извршниот комитет, на која како што најавуваат од партијата се очекува да стане збор за актуелни теми после собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени.

Во Собранието денеска пратеникот Миле Лефков го повтори барањето на партијата Џафери да свика продолжение на оваа седница на која би се гласало за уставните измени и да се види дека мнозинството нема доволен број гласови за уставни измени по што би требало, според нив, да се оди на предвремени парламентарни избори.

Очекувањата се дека во опозициската партија ќе се разговара за натамошното делување поврзано со барањето за одржување избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека околу 19 часот преку изјава за медиумите ќе соопштат што било заклучено на седницата на Извршниот комитет.

The post Седница на Извршниот комитет на ВМРO-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

ВМРO-ДПМНЕ вечерва во 18 часот во партиското седиште ќе одржи седница на Извршниот комитет, на која како што најавуваат од партијата се очекува да стане збор за актуелни теми после собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени. Во Собранието денеска пратеникот Миле Лефков го повтори барањето на партијата Џафери да свика продолжение на оваа седница на која би се гласало за уставните измени и да се види дека мнозинството нема доволен број гласови за уставни измени по што би требало, според нив, да се оди на предвремени парламентарни избори. Очекувањата се дека во опозициската партија ќе се разговара за натамошното делување поврзано со барањето за одржување избори. Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека околу 19 часот преку изјава за медиумите ќе соопштат што било заклучено на седницата на Извршниот комитет.

The post Седница на Извршниот комитет на ВМРO-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за следните чекори на партијата во однос на активната болкада https://republika.mk/vesti/makedonija/ik-na-vmro-dpmne-vecherva-kje-odluchuva-za-slednite-chekori-na-partijata-vo-odnos-na-aktivnata-bolkada/ Mon, 16 May 2022 11:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=502872

На Извршниот комитет ќе се расправа за новата фаза од блокадата, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ по однос на најавената блокада.

Па нели според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам они велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието си функционира нормално, ама затоа секаде каде што идат по амбасади коленичат и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Парламентот. Ако мислат дека ако ние ќе го напуштиме Парламентот е нешто што они најмногу го сакаат Зоран Заев преку Ковачевски и Талат Џафери за да може се да си поминат, она кое што во овој момент е против интересите на народот и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Ние кажавме се што е за интересот на граѓаните, се што е за интересот на народот, се што е за интересот на Македонија, повисоки плати, повисоки пензии, субвенции за земјоделците, помош за стопанството ќе го поддржиме. Се она кое што цениме дека е спротивно на интересите на народот и граѓаните ќе го блокираме и така ќе се однесуваме во иднина - рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ИК вечерва ќе одлучи за понатамошните чекори на партијата во однос на активната блокада потенцирајќи дека во партијата ќе се отвори дебата, а како што рече се е на маса, освен напуштање на парламентот.

Вечер ќе имаме ИК. Имаме ние демократска атмосфера на одлучување, треба да отвориме дебата, да може да слушнеме и останатите членови на Извршниот Комитет што ќе кажат и ќе излеземе многу скоро со динамиката на активностите. Но, се е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт, да го напуштиме Парламентот за да можат од Законот за марихуана па наваму се да си поминат - кажа тој.

На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста.

Да, одговори Мицкоски.

The post ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за следните чекори на партијата во однос на активната болкада appeared first on Република.

На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста. Да, одговори Мицкоски.

The post ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за следните чекори на партијата во однос на активната болкада appeared first on Република.

]]>