игри Archives - Република https://republika.mk/tema/igri/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Mar 2022 08:47:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png игри Archives - Република https://republika.mk/tema/igri/ 32 32 Украинска параолимпијка ги напушти Игрите бидејќи Русите го заробиле татко ѝ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ukrainska-paraolimpijka-gi-napushti-igrite-bidejkji-rusite-go-zarobile-tatko/ Thu, 10 Mar 2022 08:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=470424

Украинската биатлонка Анастасија Лалетина (19) се повлече од Зимските параолимписки игри во Пекинг откако нејзиниот татко бил заробен од руските сили.

Нејзиниот татко е војник во украинската армија и бил заробен од руските сили, изјавила портпаролката на украинската репрезентација, додавајќи дека немаат дополнителни детали за неговата судбина.

Лалетина тешко ја примила веста за нејзиниот татко и не можела да настапи. Украински лекар и` помогнал да се справи со трауматичниот настан. Младата 19-годишна Украинка се уште е во параолимпиското село во Жанџијак, но наскоро ќе отпатува за Полска.

Лоша вест дознал и еден од украинските тренери чија куќа била уништена од руски проектил во Харков. И покрај неизвесноста околу учеството на ЗПОИ, Украина моментално е третопласирана на листата на освојувачи на медали со шест златни, осум сребрени и пет бронзени медали.

Пред нив се само Кинезите со 10 златни и вкупно 31 медали и Канада со седум златни и 16 медали. На руските и белоруските спортисти со инвалидитет им е забрането да учествуваат на Зимските параолимписки игри во Пекинг поради руската инвазија на Украина.

The post Украинска параолимпијка ги напушти Игрите бидејќи Русите го заробиле татко ѝ appeared first on Република.

]]>

Украинската биатлонка Анастасија Лалетина (19) се повлече од Зимските параолимписки игри во Пекинг откако нејзиниот татко бил заробен од руските сили. Нејзиниот татко е војник во украинската армија и бил заробен од руските сили, изјавила портпаролката на украинската репрезентација, додавајќи дека немаат дополнителни детали за неговата судбина. Лалетина тешко ја примила веста за нејзиниот татко и не можела да настапи. Украински лекар и` помогнал да се справи со трауматичниот настан. Младата 19-годишна Украинка се уште е во параолимпиското село во Жанџијак, но наскоро ќе отпатува за Полска. Лоша вест дознал и еден од украинските тренери чија куќа била уништена од руски проектил во Харков. И покрај неизвесноста околу учеството на ЗПОИ, Украина моментално е третопласирана на листата на освојувачи на медали со шест златни, осум сребрени и пет бронзени медали. Пред нив се само Кинезите со 10 златни и вкупно 31 медали и Канада со седум златни и 16 медали. На руските и белоруските спортисти со инвалидитет им е забрането да учествуваат на Зимските параолимписки игри во Пекинг поради руската инвазија на Украина.

The post Украинска параолимпијка ги напушти Игрите бидејќи Русите го заробиле татко ѝ appeared first on Република.

]]>