Игор Ивановски Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-ivanovski/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 13:29:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Ивановски Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-ivanovski/ 32 32 „Брендот под кошевите“- нов документарец за КК Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/brendot-pod-koshevite-nov-dokumentarets-za-kk-rabotnichki/ Thu, 13 Jun 2024 18:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=787360

По успехот на  документарниот филм „Први до Четврто“ кој  ќе биде  претставник на интернационалниот филмски фестивал за спорт кој ќе се одржи во месец август во Златибор, Србија, се подготвува нов документарец.

Новиот филм е насловен „Брендот под кошевите“ за КК Работнички.

Нема подобра најава за снимањето на новиот проект КК Работнички - брендот под кошевите, преку фотографијата од човекот која кажува многу, фотографија која говори за минатото и одекнува како ехо кон сегашноста и иднината. Фотографија која буди спомени и нема да не остави рамнодушни. Ние, кои сме дел од кошарката го нарекуваме „жива легенда“ или „гркот господин кошарка“, Лазар Лазо Лечиќ - стои во најавата за документарецот.

Најавуваме уште една спортска сторија за Златната генерација која го создаде „Работнички“ брендот под кошевите , клуб кој со успех ја претставуваше македонската кошарка во СФРЈ и во Македонија - вели авторскиот тим, Саша Каталиниќ проект менаџер, Матеј Милев камера и монтажа и сценаристот Игор Ивановски.

The post „Брендот под кошевите“- нов документарец за КК Работнички appeared first on Република.

]]>

Саша Каталиниќ за „Први до четврто“ https://republika.mk/sport/kosarka/sasha-katalinik-za-prvi-do-chetvrto/ Mon, 25 Dec 2023 16:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=726593

„Први до Четврто”e документарен видео запис кој со години чекаше да биде реализиран, со насмевка ни потврди нашиот соговорник Саша Каталиниќ.

Поминати се точно 30 години од процесот на создавање на селекцијата со која Митко Луковски го направи најголемиот успех во својата богата спортска, кошаркарска кариера, нагласи Саша Каталиниќ, еден од 12те играчи кои го поминаа целокупниот селективен циклус од самиот почеток па се до финалните натпревари кои оваа успешна генерација ги одигра во далечната 1995 година во Лисабон, Португалија.
Како што реков, идејата за овој проект постоеше, само требаше да дојде вистинскиот момент, и како за повеќето убави работи во животот, така и проектот „Први до Четврто” се случи сосема спонтано.

Во еден неврзан разговор со спортскиот новинар Игор Ивановски дојдовме до заедничка идеја дека оваа селекција заслужува посебен третман и така одлучивме да го реализираме овој документарен видео запис кој ќе остави еден траен белег во македонскиот спорт, ни потврди Саша Каталиниќ.

Саша Каталиниќ е магистер на социологија-менаџмент на општествени промени, и активен кошаркарски тренер па затоа од него побаравме да ни даде еден краток осврт за времето во кое е создадена репрезентацијатa.

Гледано 30 години наназад тоа беа бурни времиња, еден цел систем во кој веруваа над 24 милиони луѓе се сруши, многу сегменти на опшественото живеење се најдоа пред тестот на транзицијата, влегоа во непознатото. Општеството почна рапидно да се менува, етичките и моралните норми станаа аномични, почна да се чувствува економскиот пад, се одрази на нуклеусот, семејството почна да доживува негативен импакт под влијание на новата средина, работите не одеа на добро, мислам дека не одат ни во моментов, за жал- ни потврди Саша.

Спортот не остана имун, кошарката воопшто, КФM беше ставена пред испит и мораше да покаже дека има сила и капацитет, кадар кој ќе може да одговори на барањата на македонската јавност и да докаже дека Македонија е способна сама да оствари резултати и значајни победи.

Зоре Темелковски, тогашен претседател на МКФ заедно со секретарот одговорен за кошаркарски операции, Димитар Маневски, го направија најдобриот избор- Митко Луковски за селектор на Кадетската Кошаркарска Репрезентација на Македонија која имаше задача да ја претстави нашата самостојна држава во најдобро можно светло на претстојното европско првенство во Лисабон, Португалија 1995 година.

Го прашавме за Митко Луковски, а како одговор на ова прашање добивме реакција која не може да се опише со зборови. Саша кратко ни одговори: –

Ако го пројдеш Митко Луковски, тогаш си спремен за животот во секоја смисла на зборот. Стабилен, цврст човек, човек од збор, тренер за почит со јасна визија и победнички менталитет. Митко за сите нас кои бевме дел од репрезентацијата беше синоним за борба, секогаш ни велеше НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, го цитирам:

Тогаш кога мислиш дека не можеш повеќе но продолжиш да тренираш, само тогаш напредуваш. На крајот на краиштата што имавме да изгубиме; бевме млади деца, имавме желба, сакавме да се докажеме, ја сакавме кошарката.

Бевме тим во кој имаше кохезија, важна улога во тимот имаше и тренерот Сашо Тодоровски, помлад генерациски од Митко, човек со фантастичен дух, секогаш во добро расположение, некако релаксиран но секогаш на ниво на задачата. Неговиот пристап всушност беше баланс во работењето бидејќи ги амортизираше строгите правила и спартанскиот метод на работа кој го наметнуваше Митко Луковски.

На прашањето зошто документарецот е именуван „Први до Четврто”, Саша одговори:

Затоа што ние први дојдовме до тој успех, заслужено, атакувавме на третото место и сите посакувавме бронза, но ете факторот спортска среќа не беше на наша страна. Грците одиграа во последната четвртина подобро, крајниот резултат за нас до ден денес е неприфатлив, Македонија – Грција 72-73 имавме и последен напад, згрешивме…денот не беше наш.

Го прашавме за прерано починатиот Благоја Патровски, член на оваа селекција, на што емотивно ни одговори: – Секогаш кога Благоја ќе биде тема на разговор имам микс од емоции, беше фантастичен другар, секогаш насмеан, полн со енергија, со огромна смисла за хумор, беше посебен во секој поглед.

Благоја беше вистински кошаркарски талент, нагласи Каталиниќ, му предвидуваа успешна кариера и ги имаше сите предиспозиции да успее во овој спорт, висок 213 см, одлична координација и спортска конституција, фатастичен шут, одлично се движеше во рекетот. Огромна загуба, огромна, во секој поглед изубивме многу, изгубивме еден од нас, лично многу ме погоди оваа трагедија, сите не погоди- додаде Каталиниќ.

Кои се плановите на кошаркарски план, што е со тренерската кариера во иднина, го прашавме Саша.

Во моментов работам на деловни проекти за странски и домашни компании кои се од оперативен карактер, но веќе сум во преговори со неколку клубови за започнување на соработка од 2024 година кога и официјално започнуватренажниот циклус во новата сезона. Сепак во овој период мојата желба е соработката да биде насочена кон младинските селекции.Поседувам ФИБА тренерска лиценца, како и А лиценци од две сениорски национални првенства, знаете професионалниот пристап во работењето за мене е пресуден и секогаш барам средина која е со победнички менталитет и насочена кон постигнување на резултати.

Меѓудругото, Саша веќе бил дел од стручниот штаб на младинската репрезентација која играше во квалификациските натпреварувања во Б дивизија во Анкона, Италија.

Го прашавме дали повторно би прифатил тренерска позиција во некоја од сегашните селекции на Македонија, на што потврдно ни одговори:

Секако, како и до сега, задоволство и чест ми е да ја претставувам Македонија.

На крајот од разговорот Саша Каталиниќ посочи:

Погледнете го документарниот видео запис бидејќи тоа е сведоштво за едно време, за успех кој преставува гордост за целата македонска нација, нешто што е за паметење и пример за генерациите кои доаѓаат.

The post Саша Каталиниќ за „Први до четврто“ appeared first on Република.

]]>

„Први до Четврто”e документарен видео запис кој со години чекаше да биде реализиран, со насмевка ни потврди нашиот соговорник Саша Каталиниќ.
Поминати се точно 30 години од процесот на создавање на селекцијата со која Митко Луковски го направи најголемиот успех во својата богата спортска, кошаркарска кариера, нагласи Саша Каталиниќ, еден од 12те играчи кои го поминаа целокупниот селективен циклус од самиот почеток па се до финалните натпревари кои оваа успешна генерација ги одигра во далечната 1995 година во Лисабон, Португалија. Како што реков, идејата за овој проект постоеше, само требаше да дојде вистинскиот момент, и како за повеќето убави работи во животот, така и проектот „Први до Четврто” се случи сосема спонтано.
Во еден неврзан разговор со спортскиот новинар Игор Ивановски дојдовме до заедничка идеја дека оваа селекција заслужува посебен третман и така одлучивме да го реализираме овој документарен видео запис кој ќе остави еден траен белег во македонскиот спорт, ни потврди Саша Каталиниќ. Саша Каталиниќ е магистер на социологија-менаџмент на општествени промени, и активен кошаркарски тренер па затоа од него побаравме да ни даде еден краток осврт за времето во кое е создадена репрезентацијатa.
Гледано 30 години наназад тоа беа бурни времиња, еден цел систем во кој веруваа над 24 милиони луѓе се сруши, многу сегменти на опшественото живеење се најдоа пред тестот на транзицијата, влегоа во непознатото. Општеството почна рапидно да се менува, етичките и моралните норми станаа аномични, почна да се чувствува економскиот пад, се одрази на нуклеусот, семејството почна да доживува негативен импакт под влијание на новата средина, работите не одеа на добро, мислам дека не одат ни во моментов, за жал- ни потврди Саша.
Спортот не остана имун, кошарката воопшто, КФM беше ставена пред испит и мораше да покаже дека има сила и капацитет, кадар кој ќе може да одговори на барањата на македонската јавност и да докаже дека Македонија е способна сама да оствари резултати и значајни победи. Зоре Темелковски, тогашен претседател на МКФ заедно со секретарот одговорен за кошаркарски операции, Димитар Маневски, го направија најдобриот избор- Митко Луковски за селектор на Кадетската Кошаркарска Репрезентација на Македонија која имаше задача да ја претстави нашата самостојна држава во најдобро можно светло на претстојното европско првенство во Лисабон, Португалија 1995 година. Го прашавме за Митко Луковски, а како одговор на ова прашање добивме реакција која не може да се опише со зборови. Саша кратко ни одговори: – Ако го пројдеш Митко Луковски, тогаш си спремен за животот во секоја смисла на зборот. Стабилен, цврст човек, човек од збор, тренер за почит со јасна визија и победнички менталитет. Митко за сите нас кои бевме дел од репрезентацијата беше синоним за борба, секогаш ни велеше НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, го цитирам:
Тогаш кога мислиш дека не можеш повеќе но продолжиш да тренираш, само тогаш напредуваш. На крајот на краиштата што имавме да изгубиме; бевме млади деца, имавме желба, сакавме да се докажеме, ја сакавме кошарката.
Бевме тим во кој имаше кохезија, важна улога во тимот имаше и тренерот Сашо Тодоровски, помлад генерациски од Митко, човек со фантастичен дух, секогаш во добро расположение, некако релаксиран но секогаш на ниво на задачата. Неговиот пристап всушност беше баланс во работењето бидејќи ги амортизираше строгите правила и спартанскиот метод на работа кој го наметнуваше Митко Луковски. На прашањето зошто документарецот е именуван „Први до Четврто”, Саша одговори:
Затоа што ние први дојдовме до тој успех, заслужено, атакувавме на третото место и сите посакувавме бронза, но ете факторот спортска среќа не беше на наша страна. Грците одиграа во последната четвртина подобро, крајниот резултат за нас до ден денес е неприфатлив, Македонија – Грција 72-73 имавме и последен напад, згрешивме…денот не беше наш.
Го прашавме за прерано починатиот Благоја Патровски, член на оваа селекција, на што емотивно ни одговори: – Секогаш кога Благоја ќе биде тема на разговор имам микс од емоции, беше фантастичен другар, секогаш насмеан, полн со енергија, со огромна смисла за хумор, беше посебен во секој поглед.
Благоја беше вистински кошаркарски талент, нагласи Каталиниќ, му предвидуваа успешна кариера и ги имаше сите предиспозиции да успее во овој спорт, висок 213 см, одлична координација и спортска конституција, фатастичен шут, одлично се движеше во рекетот. Огромна загуба, огромна, во секој поглед изубивме многу, изгубивме еден од нас, лично многу ме погоди оваа трагедија, сите не погоди- додаде Каталиниќ.
Кои се плановите на кошаркарски план, што е со тренерската кариера во иднина, го прашавме Саша.
Во моментов работам на деловни проекти за странски и домашни компании кои се од оперативен карактер, но веќе сум во преговори со неколку клубови за започнување на соработка од 2024 година кога и официјално започнуватренажниот циклус во новата сезона. Сепак во овој период мојата желба е соработката да биде насочена кон младинските селекции.Поседувам ФИБА тренерска лиценца, како и А лиценци од две сениорски национални првенства, знаете професионалниот пристап во работењето за мене е пресуден и секогаш барам средина која е со победнички менталитет и насочена кон постигнување на резултати.
Меѓудругото, Саша веќе бил дел од стручниот штаб на младинската репрезентација која играше во квалификациските натпреварувања во Б дивизија во Анкона, Италија. Го прашавме дали повторно би прифатил тренерска позиција во некоја од сегашните селекции на Македонија, на што потврдно ни одговори: