Игор Иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-ivanov/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 13:27:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-ivanov/ 32 32 Фестивалска награда по десетти пат за „Хомо“ во режија на Игор Иванов: „Златен Козорог“ за најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал https://republika.mk/scena/film/festivalska-nagrada-po-desetti-pat-za-homo-vo-rezhija-na-igor-ivanov-zlaten-kozorog-za-najdobro-stsenario-na-tamil-nadu-film-festival/ Thu, 22 Aug 2024 12:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=809095

Фестивалска награда по десетти пат за ХОМО во режија на Игор Иванов. Филмот беше прикажан на овогодинешното издание на Тамил Наду Филм Фестивал, што се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај - главниот град на најјужната индиска држава.

Фестивалското жири му ја додели Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов.

Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови.

Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија е Маја Радошевиќ од Србија, сценограф е Кирил Спасески, костимографијата е на Полонца Валентинчиќ, автор на маска на Аленка Нахтигал двете од Словенија, снимател на звук Борис Трајанов, монтажа Мартин Иванов и аврот на оригиналната музика е Зоран Спасовски.

Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски и други.

Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија), кои добија финансиска поддршка од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар.

„ХОМО“ Светската премиера ја доживеа на 51. ГОА ИФФ Индија во 2021 година и до сега беше прикажан на фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Австралија, Чешка, Италија, Шпанија, Франција, Романија, Србија, Бугарија, Грција, Турција, Египет. Учестовот на ХОМО во рамките на официјалната програма на Тамил Наду Филм Фестивал, каде ја доби својата десетта награда е негово петто фестивалско претставување во Индија.

Филмот е дистрибуиран на териториите на Балканот, а од неодамна ѝ е достапен и на публиката во Северна Америка и Бразил.

The post Фестивалска награда по десетти пат за „Хомо“ во режија на Игор Иванов: „Златен Козорог“ за најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>

Фестивалска награда по десетти пат за ХОМО во режија на Игор Иванов. Филмот беше прикажан на овогодинешното издание на Тамил Наду Филм Фестивал, што се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај - главниот град на најјужната индиска држава. Фестивалското жири му ја додели Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија е Маја Радошевиќ од Србија, сценограф е Кирил Спасески, костимографијата е на Полонца Валентинчиќ, автор на маска на Аленка Нахтигал двете од Словенија, снимател на звук Борис Трајанов, монтажа Мартин Иванов и аврот на оригиналната музика е Зоран Спасовски. Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски и други. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија), кои добија финансиска поддршка од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар. „ХОМО“ Светската премиера ја доживеа на 51. ГОА ИФФ Индија во 2021 година и до сега беше прикажан на фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Австралија, Чешка, Италија, Шпанија, Франција, Романија, Србија, Бугарија, Грција, Турција, Египет. Учестовот на ХОМО во рамките на официјалната програма на Тамил Наду Филм Фестивал, каде ја доби својата десетта награда е негово петто фестивалско претставување во Индија. Филмот е дистрибуиран на териториите на Балканот, а од неодамна ѝ е достапен и на публиката во Северна Америка и Бразил.

The post Фестивалска награда по десетти пат за „Хомо“ во режија на Игор Иванов: „Златен Козорог“ за најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>
Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-dokumentarniot-film-vreme-na-beton-na-igor-ivanov-vo-mkts/ Thu, 18 Apr 2024 07:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=767381

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов премиерно ќе се прикаже денеска (18 април) од 20 часот во кино Фросина во Скопје.

’Време на бетон’ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на 20. век, посебно кусата ера на брутализмот. Што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност и зошто тој со децении е предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? ‘Време на бетон’ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени“, велат од продукцијата „Скопје филм студио“.

„Време на бетон“ е снимен по сценарио на Иванов и Томи Салковски, кој е и продуцент. Автор на нарацијата која го води филмот е новинарот Ѕвездан Георгиевски, а наратор е актерот Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова.

Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

 

The post Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов премиерно ќе се прикаже денеска (18 април) од 20 часот во кино Фросина во Скопје.
’Време на бетон’ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на 20. век, посебно кусата ера на брутализмот. Што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност и зошто тој со децении е предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? ‘Време на бетон’ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени“, велат од продукцијата „Скопје филм студио“.
„Време на бетон“ е снимен по сценарио на Иванов и Томи Салковски, кој е и продуцент. Автор на нарацијата која го води филмот е новинарот Ѕвездан Георгиевски, а наратор е актерот Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.  

The post Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Докуметарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов премиерно во Кино „Фросина“ https://republika.mk/scena/film/dokumetarniot-film-vreme-na-beton-na-igor-ivanov-premierno-vo-kino-frosina/ Tue, 16 Apr 2024 11:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=766674

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе биде премиерно прикажан во четврток, 18. април во Кино Фросина.

„Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Посебно кусата ера на брутализмот. Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? „Време на бетон“ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени.

Грижливо компронираните кадри, надополнети со архивски снимки и фотографии, како и 3Д анимации, водени од нарација, го прават овој филм едно уникатно аудио-визуелно патување низ скопскиот бетон и неговата контроверзност.

„Време на бетон“ е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.

 

The post Докуметарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов премиерно во Кино „Фросина“ appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе биде премиерно прикажан во четврток, 18. април во Кино Фросина. „Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Посебно кусата ера на брутализмот. Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? „Време на бетон“ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени. Грижливо компронираните кадри, надополнети со архивски снимки и фотографии, како и 3Д анимации, водени од нарација, го прават овој филм едно уникатно аудио-визуелно патување низ скопскиот бетон и неговата контроверзност. „Време на бетон“ е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.  

The post Докуметарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов премиерно во Кино „Фросина“ appeared first on Република.

]]>