игор Иванов Иви Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-ivanov-ivi/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 12:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png игор Иванов Иви Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-ivanov-ivi/ 32 32 „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodstvoto-na-agentsijata-za-film/ Thu, 29 Jun 2023 12:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=656416

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави.

Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски.

„Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.

Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.

Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници.

„Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ.

Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки.

Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл.

Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа.

Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“

По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:

Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“

Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:

За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:

- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија.

- Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик.

- Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји.

- Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.

 

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави. Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски. „Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.
Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.
Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници. „Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ. Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки. Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл. Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа. Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“ По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:
Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“
Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:
За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:
- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија. - Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик. - Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји. - Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.  

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>