Игор Додон Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-dodon/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 09:04:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Игор Додон Archives - Република https://republika.mk/tema/igor-dodon/ 32 32 Во Молдавија приведен поранешниот проруски претседател https://republika.mk/vesti/svet/vo-moldavija-priveden-poraneshniot-proruski-pretsedatel/ Fri, 27 May 2022 09:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=507511

Судот во Молдавија му одреди 30-дневен домашен притвор на поранешниот претседател и проруски опозициски лидер Игор Додон за да му овозможи на обвинителството да ги испита наводите за корупција и предавство.

Окружниот суд во областа Чиокана во главниот град Кишињев донесе одлука два дена откако беше извршен претрес во куќата на Додон, а нему му беше одреден 72-часовен притвор.

Обраќајќи им се на медиумите по судското рочиште, Додон изјави дека судијата извршувал „политичка наредба“ на прозападната претседателка Маја Санду, која го наследи по победата на изборите во 2020 година.

Тој истакна и дека нема никаков имот освен тој што официјално го пријавил.

Молдавската влада ги отфрли обвинувањата за политичко мешање, а министерот за правда Сергиу Литвиненко порача дека случајот ќе се води „строго во согласност со законот“.

Апсењето на Додон доаѓа во време кога односите меѓу Москва и Кишињев стануваат сè позатегнати.

Кремљ претходно изрази загриженост поради веста дека Додон е приведен, а портпаролот Дмитриј Песков ги повика властите во Молдавија да ги почитуваат неговите права.

The post Во Молдавија приведен поранешниот проруски претседател appeared first on Република.

]]>

Судот во Молдавија му одреди 30-дневен домашен притвор на поранешниот претседател и проруски опозициски лидер Игор Додон за да му овозможи на обвинителството да ги испита наводите за корупција и предавство. Окружниот суд во областа Чиокана во главниот град Кишињев донесе одлука два дена откако беше извршен претрес во куќата на Додон, а нему му беше одреден 72-часовен притвор. Обраќајќи им се на медиумите по судското рочиште, Додон изјави дека судијата извршувал „политичка наредба“ на прозападната претседателка Маја Санду, која го наследи по победата на изборите во 2020 година. Тој истакна и дека нема никаков имот освен тој што официјално го пријавил. Молдавската влада ги отфрли обвинувањата за политичко мешање, а министерот за правда Сергиу Литвиненко порача дека случајот ќе се води „строго во согласност со законот“. Апсењето на Додон доаѓа во време кога односите меѓу Москва и Кишињев стануваат сè позатегнати. Кремљ претходно изрази загриженост поради веста дека Додон е приведен, а портпаролот Дмитриј Песков ги повика властите во Молдавија да ги почитуваат неговите права.

The post Во Молдавија приведен поранешниот проруски претседател appeared first on Република.

]]>