Ига Швјонтек Archives - Република https://republika.mk/tema/iga-shvjontek/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 18:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ига Швјонтек Archives - Република https://republika.mk/tema/iga-shvjontek/ 32 32 Швонтек трета на Олимпијадата https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvontek-treta-na-olimpijadata/ Fri, 02 Aug 2024 18:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=802904

Ига Швионтек освои бронзен медал на олимпискиот женски тениски турнир во Париз. Првата носителка победи со 6:2, 6:1 против Ана Каролина Шмедлова за само 59 минути игра.

На теренот „Филип Шатрие“ лидерката во светската ранг-листа направи вкупно пет брејка наспроти само еден во корист на Словачката и во првата прилика го заврши мечот.

Швионтек е првата тенисерка од Полска која освоила олимписки медал во тенис. Таа има четири титули на Ролан Гарос во изминатите пет сезони.

Шмедлова, која го зазема 67. место на рангирањето на ВТА, оваа недела за првпат во два последователни натпревари ги победи конкурентките од топ 10 на светската ранг-листа. Словачката победи против шампионката на Вимблдон, Барбора Крејчикова и финалистката на Француското отворено првенство од 2024 година, Јазмин Паолини.

Ига Швионтек има 40 победи и само 3 порази во кариерата на терените на Ролан Гарос. Полјачката имаше 20 победи директно на земјена подлога пред да загуби од Кингвен Женг во полуфиналето во Париз.

Во сабота во финалето во француската престолнина ќе се соочат Кинеската Женг и Хрватката Дона Векиќ.

The post Швонтек трета на Олимпијадата appeared first on Република.

]]>

Ига Швионтек освои бронзен медал на олимпискиот женски тениски турнир во Париз. Првата носителка победи со 6:2, 6:1 против Ана Каролина Шмедлова за само 59 минути игра. На теренот „Филип Шатрие“ лидерката во светската ранг-листа направи вкупно пет брејка наспроти само еден во корист на Словачката и во првата прилика го заврши мечот. Швионтек е првата тенисерка од Полска која освоила олимписки медал во тенис. Таа има четири титули на Ролан Гарос во изминатите пет сезони. Шмедлова, која го зазема 67. место на рангирањето на ВТА, оваа недела за првпат во два последователни натпревари ги победи конкурентките од топ 10 на светската ранг-листа. Словачката победи против шампионката на Вимблдон, Барбора Крејчикова и финалистката на Француското отворено првенство од 2024 година, Јазмин Паолини. Ига Швионтек има 40 победи и само 3 порази во кариерата на терените на Ролан Гарос. Полјачката имаше 20 победи директно на земјена подлога пред да загуби од Кингвен Женг во полуфиналето во Париз. Во сабота во финалето во француската престолнина ќе се соочат Кинеската Женг и Хрватката Дона Векиќ.

The post Швонтек трета на Олимпијадата appeared first on Република.

]]>
Швјонтек експресно до триумф над Паолини во финалето на Ролан Гарос https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvjontek-ekspresno-do-triumf-nad-paolini-vo-finaleto-na-rolan-garos/ Sat, 08 Jun 2024 16:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=785775

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Италијанката Јасмине Паолини во финалето на Ролан Гарос со 6:2 и 6:1.

Денешното финале траеше 1 час и 10 минути.

Првиот светски рекет имаше еден ас во текот на играта и реализираше 5 од 9 брејк топки. Паолини која е 15-та на ВТА светската ранг-листа имаше еден ас, две двојни грешки и една конвертирана брејк топка од една шанса.

Дваесет и тригодишната Швјонтек трет пат по ред го освои Отвореното првенство на Франција. Вкупно има четири трофеи на Грен слемот во Париз.

Полската тенисерка еднаш стана и шампион на УС Опен во 2022 година. Таа ги освои сите пет Грен слем финалиња.

Швјонтек освои 22 ВТА турнири во текот на нејзината кариера.

The post Швјонтек експресно до триумф над Паолини во финалето на Ролан Гарос appeared first on Република.

]]>

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Италијанката Јасмине Паолини во финалето на Ролан Гарос со 6:2 и 6:1. Денешното финале траеше 1 час и 10 минути. Првиот светски рекет имаше еден ас во текот на играта и реализираше 5 од 9 брејк топки. Паолини која е 15-та на ВТА светската ранг-листа имаше еден ас, две двојни грешки и една конвертирана брејк топка од една шанса. Дваесет и тригодишната Швјонтек трет пат по ред го освои Отвореното првенство на Франција. Вкупно има четири трофеи на Грен слемот во Париз. Полската тенисерка еднаш стана и шампион на УС Опен во 2022 година. Таа ги освои сите пет Грен слем финалиња. Швјонтек освои 22 ВТА турнири во текот на нејзината кариера.

The post Швјонтек експресно до триумф над Паолини во финалето на Ролан Гарос appeared first on Република.

]]>
На Швјонтек најважна и е Олимпијадата https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-shvjontek-najvazhna-i-e-olimpijadata/ Thu, 21 Mar 2024 09:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=756931

Полската тенисерка Ига Швјонтек проговори за приоритетниот турнир за неа оваа сезона.

- Искрено, мислам дека Олимписките игри во Париз се приоритет за мене. Но, има уште толку многу турнири пред нас што навистина не се фокусирам на нив. Тие се на различен план, дури и на различен континент. Сепак одам чекор по чекор, бидејќи има уште многу време до Олимпијадата, изјави Швјонтек за „The Tennis Letter“.

Швјонтек периодов се наоѓа во САД каде настапува на ВТА турнирот на тврда подлога во Мајами

Првиот светски рекет годинава ги освои турнирите во Индијан Велс и Доха.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август

The post На Швјонтек најважна и е Олимпијадата appeared first on Република.

]]>

Полската тенисерка Ига Швјонтек проговори за приоритетниот турнир за неа оваа сезона.
- Искрено, мислам дека Олимписките игри во Париз се приоритет за мене. Но, има уште толку многу турнири пред нас што навистина не се фокусирам на нив. Тие се на различен план, дури и на различен континент. Сепак одам чекор по чекор, бидејќи има уште многу време до Олимпијадата, изјави Швјонтек за „The Tennis Letter“.
Швјонтек периодов се наоѓа во САД каде настапува на ВТА турнирот на тврда подлога во Мајами Првиот светски рекет годинава ги освои турнирите во Индијан Велс и Доха. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август

The post На Швјонтек најважна и е Олимпијадата appeared first on Република.

]]>
Швјонтек го освои турнирот во Доха https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvjontek-go-osvoi-turnirot-vo-doha/ Sat, 17 Feb 2024 22:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=745232

Полската тенисерка Ига Швјонтек третпат во кариерата го освои турнирот во Доха. Во саботата тенисерката од Варшава беше подобра од претставничката на Казахстан - Јелена Рибакина во два сета.

Во сетови беше 7:6 (8), 6:2 за 22-годишната тенисерка, а дуелот траеше два часа и 17 минути.

Никој досега не освоил три последователни титули во Катар. Ова е прва ВТА 1.000 титула за Ига во сезоната, вкупно 18-та во нејзината кариера, кога се бројат титулите на ВТА од сите категории.

- Немате поим колку беше тешко да не размислувате за тоа, рече Швјонтек по финалето.

Во претходните две финалиња Ига ги победи Анет Контаивет и Џесика Пегула.

ВТА турнирот во Доха се игра од 2001 година, кога премиерното издание во сингл го освои легендарната Мартина Хингис. Од оваа сезона турнирот припаѓа на серијата ВТА 1000, се играше на отворено, а подлогата е тврда.

Наградниот фонд изнесуваше 3,2 милиони долари

The post Швјонтек го освои турнирот во Доха appeared first on Република.

]]>

Полската тенисерка Ига Швјонтек третпат во кариерата го освои турнирот во Доха. Во саботата тенисерката од Варшава беше подобра од претставничката на Казахстан - Јелена Рибакина во два сета. Во сетови беше 7:6 (8), 6:2 за 22-годишната тенисерка, а дуелот траеше два часа и 17 минути. Никој досега не освоил три последователни титули во Катар. Ова е прва ВТА 1.000 титула за Ига во сезоната, вкупно 18-та во нејзината кариера, кога се бројат титулите на ВТА од сите категории.
- Немате поим колку беше тешко да не размислувате за тоа, рече Швјонтек по финалето.
Во претходните две финалиња Ига ги победи Анет Контаивет и Џесика Пегула. ВТА турнирот во Доха се игра од 2001 година, кога премиерното издание во сингл го освои легендарната Мартина Хингис. Од оваа сезона турнирот припаѓа на серијата ВТА 1000, се играше на отворено, а подлогата е тврда. Наградниот фонд изнесуваше 3,2 милиони долари

The post Швјонтек го освои турнирот во Доха appeared first on Република.

]]>
Нема кој да ја сопре Швјонтек https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nema-koj-da-ja-sopre-shvjontek/ Sat, 10 Jun 2023 17:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=649990

Никој во женскиот тенис не може да ja запре Игa Швионтек. Полската тенисерка ја совлада Каролина Мухова во драматичното финале на Ролан Гарос со 2:1, по сетови 6:2, 5:7, 6:4.

Најдобрата светска тенисерка со тоа ја потврди доминацијата во женскиот тенис, стигнувајќи до четвртата Грен слем титула во кариерата, а третата на Ролан Гарос.

Мухова одигра многу подобро и победи на седум од следните девет гејма, што и беа доволни за израмнување. Дека Чехинката ќе има за што да жали говори и тоа што во неколку наврати имаше брејк предност во третиот сет, но не можеше да се одбрани од новите напади на Полјаката.

The post Нема кој да ја сопре Швјонтек appeared first on Република.

]]>

Никој во женскиот тенис не може да ja запре Игa Швионтек. Полската тенисерка ја совлада Каролина Мухова во драматичното финале на Ролан Гарос со 2:1, по сетови 6:2, 5:7, 6:4. Најдобрата светска тенисерка со тоа ја потврди доминацијата во женскиот тенис, стигнувајќи до четвртата Грен слем титула во кариерата, а третата на Ролан Гарос. Мухова одигра многу подобро и победи на седум од следните девет гејма, што и беа доволни за израмнување. Дека Чехинката ќе има за што да жали говори и тоа што во неколку наврати имаше брејк предност во третиот сет, но не можеше да се одбрани од новите напади на Полјаката.

The post Нема кој да ја сопре Швјонтек appeared first on Република.

]]>
Сензација во Австралија: Eлиминирана најдобрата тенисерка Швјонтек https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/senzatsija-vo-avstralija-eliminirana-najdobrata-teniserka-shvjontek/ Sun, 22 Jan 2023 11:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=599561

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска го заврши настапот на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако претпладнево загуби во осминафиналето од Елена Рибакина од Казахстан со 6-4, 6-4.

Рибакина досега имаше девет победи против тенисерки од ТОП 10, од кои две беа на грен – слем турнирите, но досега немаше триумф над прворангирана тенисерка на ВТА листата.

Казахстанската тенисерка, рангирана на 25 на ВТА листата, е прва четвртфиналистка на грен – слем турнирот во Мелбурн, а за сензационалниот триумф над Швјонтек и беа потребни 90 минути.

The post Сензација во Австралија: Eлиминирана најдобрата тенисерка Швјонтек appeared first on Република.

]]>

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска го заврши настапот на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако претпладнево загуби во осминафиналето од Елена Рибакина од Казахстан со 6-4, 6-4. Рибакина досега имаше девет победи против тенисерки од ТОП 10, од кои две беа на грен – слем турнирите, но досега немаше триумф над прворангирана тенисерка на ВТА листата. Казахстанската тенисерка, рангирана на 25 на ВТА листата, е прва четвртфиналистка на грен – слем турнирот во Мелбурн, а за сензационалниот триумф над Швјонтек и беа потребни 90 минути.

The post Сензација во Австралија: Eлиминирана најдобрата тенисерка Швјонтек appeared first on Република.

]]>
Швјонтек и Надал ќе настапат на дебитантскиот Јунајтед куп https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvjontek-i-nadal-kje-nastapat-na-debitantskiot-junajted-kup/ Thu, 10 Nov 2022 22:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=572511

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и вториот светски рекет Рафаел Надал ќе ја отворат новата сезона со настап на Јунајтед купот во Австралија, соопштија организаторите.

Турнирот ќе ги замени поранешните натпреварувања Хопман куп и АТП куп и ќе се игра во Бризбејн, Перт и Сиднеј.

На турнирот ќе учествуваат 18 репрезентации со по четири машки и женски претставници.

Турнирот ќе стартува на 29 декември и ќе се игра до 8 јануари.

Меѓу учесниците на дебитантскиот Јунајтед куп ќе бидат и Ник Кирјос, Каспер Руд, Александер Зверев и Каролин Гарсија.

The post Швјонтек и Надал ќе настапат на дебитантскиот Јунајтед куп appeared first on Република.

]]>

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и вториот светски рекет Рафаел Надал ќе ја отворат новата сезона со настап на Јунајтед купот во Австралија, соопштија организаторите. Турнирот ќе ги замени поранешните натпреварувања Хопман куп и АТП куп и ќе се игра во Бризбејн, Перт и Сиднеј. На турнирот ќе учествуваат 18 репрезентации со по четири машки и женски претставници. Турнирот ќе стартува на 29 декември и ќе се игра до 8 јануари. Меѓу учесниците на дебитантскиот Јунајтед куп ќе бидат и Ник Кирјос, Каспер Руд, Александер Зверев и Каролин Гарсија.

The post Швјонтек и Надал ќе настапат на дебитантскиот Јунајтед куп appeared first on Република.

]]>
Ига – полското чудо од дете oд 21 година https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/iga-polskoto-chudo-od-dete-od-21-godina/ Wed, 02 Nov 2022 09:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=568599

Полската тенисерка Ига Швјонтек успешно го почна завршниот турнир на осумте најдобри на ВТА листата, совладувајќи ја во првото коло на турнирот во американскиот Форт Ворт тенисерката од Русија Дарја Касаткина со 6-2, 6-3.

Првата фаворитка на турнирот во Тексас немаше многу проблеми во воведното коло и за триумф над руската противничка и беа потребни еден час и 23 минути игра.

За Швјонтек ова беше 46. последователна победа оваа година без загубен сет.

Швјонтек е првата на која тоа и успеа по нејзината сонародничка Агњешка Радванска и американската тенисерка Серена Вилијамс. Легендарната Американка во 2013 година нанижа 66 победи без загубен сет, а истата година Радванска имаше серија од 46 победи без да загуби сет

The post Ига – полското чудо од дете oд 21 година appeared first on Република.

]]>

Полската тенисерка Ига Швјонтек успешно го почна завршниот турнир на осумте најдобри на ВТА листата, совладувајќи ја во првото коло на турнирот во американскиот Форт Ворт тенисерката од Русија Дарја Касаткина со 6-2, 6-3. Првата фаворитка на турнирот во Тексас немаше многу проблеми во воведното коло и за триумф над руската противничка и беа потребни еден час и 23 минути игра. За Швјонтек ова беше 46. последователна победа оваа година без загубен сет. Швјонтек е првата на која тоа и успеа по нејзината сонародничка Агњешка Радванска и американската тенисерка Серена Вилијамс. Легендарната Американка во 2013 година нанижа 66 победи без загубен сет, а истата година Радванска имаше серија од 46 победи без да загуби сет

The post Ига – полското чудо од дете oд 21 година appeared first on Република.

]]>