ИФФК Браќа Манаки Archives - Република https://republika.mk/tema/iffkbrakja-manaki/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 21:00:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИФФК Браќа Манаки Archives - Република https://republika.mk/tema/iffkbrakja-manaki/ 32 32 Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман https://republika.mk/vesti/kultura/zlatna-kamera-300-za-germanskata-kinematograferka-dhudit-kaufman/ Fri, 27 Sep 2024 20:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=820435

Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“.

Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола.

Со исти професионални обврски надвор од Битола се и добитниците на сребрената „Камера 300“ која ја ја доби Ранабир Дас од Индија, кинематографер во филмот „Се’ што замислуваме како светлина“, додека бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“. Со одлука на жирито, специјално признание вечерва беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Lo-Cap програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма.

Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.

The post Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман appeared first on Република.

]]>

Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“. Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола. Со исти професионални обврски надвор од Битола се и добитниците на сребрената „Камера 300“ која ја ја доби Ранабир Дас од Индија, кинематографер во филмот „Се’ што замислуваме како светлина“, додека бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“. Со одлука на жирито, специјално признание вечерва беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков. ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Lo-Cap програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма. Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.

The post Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман appeared first on Република.

]]>
Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Бруно Делбонел, годишниот добитник на Златна камера 300 за животен опус на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/site-ovie-laureati-pred-mene-se-neverojatni-imina-i-im-se-voshituvam-reche-bruno-delbonel-godishniot-dobitnik-na-zlatna-kamera-300-za-zhivoten-opus-na-braka-manaki/ Sun, 22 Sep 2024 12:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=818723

Првиот фестивалски ден на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ започна со прес конференции на Бруно Делбонел годинашниот лауреат на Златна камера 300 за животен опус, Дариа Д’Антонио, кинематограферката на „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино - филм со кој синоќа се отвори Фестивалот, Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер кој годинава ја доби наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и претставување на членовите на жиријата.

Делбонел денеска на средбата со новинарите проговори за значењето на наградата, дружењето со колегите кинематографери и значењето на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

За мене сето ова е неверојатно, не сум замислувал никогаш вакво нешто пред се затоа што јас сум кинематографер и мислам дека не сум готов со она што го работам. Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Делбонел.

Со присутните тој сподели искуство кое го имал со кинематограферот Ласло Ковач во Палм Спринг и Лос Анѓелес во САД и рече дека е неверојатно искуство кога кинематограферите се запознаваат и се дружат и разговараат.

Не го запознав Свен Никвист, но Стораро и останатите лауреати на овој фестивал имаат одлични дела и едноставно ми е неверојатно, истакна Делбонел.

Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на Паоло Сорентино проговори за „Партенопе“. Таа втор пат е на „Браќа Манаки“, првиот пат беше со филмот „Раката на Господ“.

Филмот говори за минатото и едно посебно навраќање на младоста. Со актерката имавме посебен однос. Таа беше прв пат на филм и имав некако заштитнички однос кон неа. Беше многу важно да имаме добра комуникација бидејќи беше некако ранлива. На сите локации им приоѓав со голема слобода и секоја од нив има симболика така што се обидував да го склопам сето тоа заедно. Тоа е мој град и не беше воопшто лесно да покажам поинаква перспектива, рече Д’ Антонио.

Лауреатот на наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Димитар Грбевски на денешната средба со новинарите говореше за искуствата од работата со македонските режисери од сите генерации.

Оваа награда многу ми значи, со ова се заокружува целиот труд што сум го вложил во животот. Уште сум активен, работам со студентите кои се веќе дипломирани и се консултираат. Многу генерации завршија филмска монтажа и работат не само во Македонија туку и во странство, меѓу нив и продуцентот на „Медена земја“ кој беше претставник за Оскар, рече Грбевски и раскажа за искуството од Холивуд, кога бил заедно со екипата која работела на филмот „ДАЕ“ на Столе Попов, кој беше кандидат за Оскар.

Жирито на официјалната селекција на Златна камера 300 го сочинуваат Џон Сил, претседател, Ањес Годар, Џевахир Шакин, Биргит Гудјонсдотир и Владимир Блажевски; во жири за Европска ло-кап програма и документарна програма членови се: Куршат Уресин, Јани Петери Паси и Нурија Ролдос и членови во жири за кратка и студентска програма се: Ненси Шрајбер, Уна Менгес и Ѓорѓи Клинчаров.

Тие денеска пред новинарите рекоа дека е голема чест, но и голем предизвик да се одлучува за филмовите на ИФФК „Браќа Манаки“.

Се соочуваме со одлични дела, фасцинантни филмови и голема чест е да се биде член на жири. Но, најдобро нешто во сево ова е што имаме можност да се дружиме со кинематографери и да разговараме. Ние најголемиот дел од времето работиме, а благодарение на овој Фестивал, Битола е место каде дискутираме за нашата работа и привилегија е да се биде овде, беше речено на прес конференцијата.

The post Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Бруно Делбонел, годишниот добитник на Златна камера 300 за животен опус на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Првиот фестивалски ден на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ започна со прес конференции на Бруно Делбонел годинашниот лауреат на Златна камера 300 за животен опус, Дариа Д’Антонио, кинематограферката на „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино - филм со кој синоќа се отвори Фестивалот, Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер кој годинава ја доби наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и претставување на членовите на жиријата. Делбонел денеска на средбата со новинарите проговори за значењето на наградата, дружењето со колегите кинематографери и значењето на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.
За мене сето ова е неверојатно, не сум замислувал никогаш вакво нешто пред се затоа што јас сум кинематографер и мислам дека не сум готов со она што го работам. Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Делбонел.
Со присутните тој сподели искуство кое го имал со кинематограферот Ласло Ковач во Палм Спринг и Лос Анѓелес во САД и рече дека е неверојатно искуство кога кинематограферите се запознаваат и се дружат и разговараат.
Не го запознав Свен Никвист, но Стораро и останатите лауреати на овој фестивал имаат одлични дела и едноставно ми е неверојатно, истакна Делбонел.
Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на Паоло Сорентино проговори за „Партенопе“. Таа втор пат е на „Браќа Манаки“, првиот пат беше со филмот „Раката на Господ“.
Филмот говори за минатото и едно посебно навраќање на младоста. Со актерката имавме посебен однос. Таа беше прв пат на филм и имав некако заштитнички однос кон неа. Беше многу важно да имаме добра комуникација бидејќи беше некако ранлива. На сите локации им приоѓав со голема слобода и секоја од нив има симболика така што се обидував да го склопам сето тоа заедно. Тоа е мој град и не беше воопшто лесно да покажам поинаква перспектива, рече Д’ Антонио.
Лауреатот на наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Димитар Грбевски на денешната средба со новинарите говореше за искуствата од работата со македонските режисери од сите генерации.
Оваа награда многу ми значи, со ова се заокружува целиот труд што сум го вложил во животот. Уште сум активен, работам со студентите кои се веќе дипломирани и се консултираат. Многу генерации завршија филмска монтажа и работат не само во Македонија туку и во странство, меѓу нив и продуцентот на „Медена земја“ кој беше претставник за Оскар, рече Грбевски и раскажа за искуството од Холивуд, кога бил заедно со екипата која работела на филмот „ДАЕ“ на Столе Попов, кој беше кандидат за Оскар.
Жирито на официјалната селекција на Златна камера 300 го сочинуваат Џон Сил, претседател, Ањес Годар, Џевахир Шакин, Биргит Гудјонсдотир и Владимир Блажевски; во жири за Европска ло-кап програма и документарна програма членови се: Куршат Уресин, Јани Петери Паси и Нурија Ролдос и членови во жири за кратка и студентска програма се: Ненси Шрајбер, Уна Менгес и Ѓорѓи Клинчаров. Тие денеска пред новинарите рекоа дека е голема чест, но и голем предизвик да се одлучува за филмовите на ИФФК „Браќа Манаки“.
Се соочуваме со одлични дела, фасцинантни филмови и голема чест е да се биде член на жири. Но, најдобро нешто во сево ова е што имаме можност да се дружиме со кинематографери и да разговараме. Ние најголемиот дел од времето работиме, а благодарение на овој Фестивал, Битола е место каде дискутираме за нашата работа и привилегија е да се биде овде, беше речено на прес конференцијата.

The post Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Бруно Делбонел, годишниот добитник на Златна камера 300 за животен опус на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Кинематограферот на „Необичната судбина на Амели Пулен“, Французинот Бруно Делбонел е добитник на Златна камера 300 за животен опус на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/kinematograferot-na-neobichnata-sudbina-na-ameli-pulen-frantsuzinot-bruno-delbonel-e-dobitnik-na-zlatna-kamera-300-za-zhivoten-opus-na-45-izdanie-na-iffk-braka-manaki/ Thu, 04 Jul 2024 10:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=793366

Кинематограферот на „Амели“, Французинот Бруно Делбонел е добитник на Златна камера 300 за животен опус на јубилејното, 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кое ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола, соопшти денеска на средбата со новинарите директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Годинава славиме 45 години од постоењето на „Браќа Манаки“. Тоа за нас е многу важна годишнина, затоа што имаме можност да ги искористиме околностите кои постојат на нивото на филмските фестивали во моментот во светот, кои ни се благо наклонети. „Браќа Манаки“ е првиот и најстар филмски фестивал во светот, посветен на уметноста на кинематограферите. Специјализирани сме за тоа. Сега сме еден од двата најголеми фестивали во светот. Подготвуваме низа прекрасни изненадувања, рече денеска на прес-конференција Дамевски.

Оваа година се очекува на Фестивалот да присуствуваат сите досегашни живи добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело во чест на јубилејното 45. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Како што кажа Дамевски, во моментов, 18 од 35 кинематографери кои се добитници на наградата за животно дело се живи, и тие се обидуваат да ги донесат во Македонија сите, иако поголемиот дел од нив се на возраст над 80 години. Од Фестивалот планираат да им дадат камера и секој од нив да сними по една до две минути од Битола видена низ очите на големите мајстори.

Правиме напори да го обезбедиме нивното присуство. Штета е што во Битола нема толку сместувачки капацитети за да може да ни дојдат сите гости кои ги планираме, рече денеска Дамевски.

Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што фестивалот „Браќа Манаки“ му ја додели во 2011 година, по 13 години Делбонел им се придружува на светските кинематограферски великани, сега закитен со „Златна камера 300 за животен опус“, соопштија од Фестивалот.

[caption id="attachment_793374" align="alignnone" width="750"] Симеон Мони Дамевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“ / фото: „Браќа Манаки“[/caption]

Роден е во 1957 година во Нанси, Франција. Студирал филозофија на Сорбона, а дипломирал во 1978 година на ESEC, популарна и ценета школа за кинематограферски студии во Париз. По дипломирањето, Делбонел пројавил афинитет и кон режија, но потоа ja продолжува својата кариера како кинематографер, создавајќи завиден опус во соработка со многумина значајни француски и светски режисери.

На почетокот, како самостоен кинематографер ќе сними два кратки филма за сценаристичко - режисерскиот тандем Марк Каро – Жан Пјер Жене и ова искуство ќе се покаже како решавачко, особено во подоцнежната соработка со Жене, кому во 1984 година му го снима краткиот игран филм „Нема одмор за Били Брако”. Во 1993 ќе дебитира со целовечерен игран филм, а со Жене станува повторно партнер во нивните две антологиски дела, за кои Делбонел ги доби првите две од вкупно шест номинации за Оскар: „Амели“ (2002) и „Многу долга венчавка“ (2005).

Во 2001 година, пред да дојде до номинацијата за Оскар, на фестивалот во Карлови Вари филмот „Необичната судбина на Амели Пулен“ го освои Кристалниот Глобус. Делбонел со „Амели“ на 44 години достигнува светска слава. Покрај номинацијата за Оскар во 2002 година за филмот „Амели“, Делбонел ги доби и номинациите за БАФТА, како и за наградата „Цезар“, а ја освои наградата на Европската филмска академија за најдобар европски кинематографер.

Третата номинација за Оскар за Делбонел дојде во 2010 година за еден од визуелно најефектните филмови од серијалот за Хари Потер, неговото шесто продолжение, „Хари Потер и полукрвниот принц“. Следните три ремек дела во опусот на Делбонел, закитени со номинација за Оскар се: „Внатре во Левин Дејвис“, „Најмрачен час“ и „Трагедијата на Магбет“.

Делбонел ќе го збогати својот опус и низ соработката со плејада други истакнати светски режисери, како Питер Богданович во „Мјаукот на мачката“, со рускиот режисер Сокуров ќе го сними „Фауст“ (2011), базиран на Гетеовиот мит за Фауст, кој освојува „Златен лав“ во Венеција, и „Франкофонија“ посветен на Парискиот храм на сликарската уметност - музејот Лувр, кој со својата трајна вредност и пркосел на фашистичката окупација. Со Тим Бартон ќе соработува во три наврати, речиси едно по друго. Во 2012 година тој го снима неговиот готски хорор „Мрачни сенки“, во 2013 година соработуваат на сродниот, „Големи очи“ и во 2016 година го реализираат „Домот на гопоѓица Перегрин за чудни деца“.

Со браќата Коен одново ќе соработува во 2018 година, во пародиската вестерн комедија во нивен дух – „Баладата за Бастер Скрагс“, а најновата соработка од тековнава 2024 година му е со Вес Ендерсон , на неговиот најнов филм „Феникиска шема“ (2024, во пост-продукција), со кастинг од соништата: Бенедикт Камбербач, Том Хенкс, Скарлет Јохансон, Бил Мареј, Бенисио Дел Торо и Шарлот Генсбур.

Во 2019 година, Делбонел бил назначен за шеф на кинематограферскиот отсек на Прочуената париска филмска школа.

The post Кинематограферот на „Необичната судбина на Амели Пулен“, Французинот Бруно Делбонел е добитник на Златна камера 300 за животен опус на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Кинематограферот на „Амели“, Французинот Бруно Делбонел е добитник на Златна камера 300 за животен опус на јубилејното, 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кое ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола, соопшти денеска на средбата со новинарите директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.
Годинава славиме 45 години од постоењето на „Браќа Манаки“. Тоа за нас е многу важна годишнина, затоа што имаме можност да ги искористиме околностите кои постојат на нивото на филмските фестивали во моментот во светот, кои ни се благо наклонети. „Браќа Манаки“ е првиот и најстар филмски фестивал во светот, посветен на уметноста на кинематограферите. Специјализирани сме за тоа. Сега сме еден од двата најголеми фестивали во светот. Подготвуваме низа прекрасни изненадувања, рече денеска на прес-конференција Дамевски.
Оваа година се очекува на Фестивалот да присуствуваат сите досегашни живи добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело во чест на јубилејното 45. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Како што кажа Дамевски, во моментов, 18 од 35 кинематографери кои се добитници на наградата за животно дело се живи, и тие се обидуваат да ги донесат во Македонија сите, иако поголемиот дел од нив се на возраст над 80 години. Од Фестивалот планираат да им дадат камера и секој од нив да сними по една до две минути од Битола видена низ очите на големите мајстори.
Правиме напори да го обезбедиме нивното присуство. Штета е што во Битола нема толку сместувачки капацитети за да може да ни дојдат сите гости кои ги планираме, рече денеска Дамевски.
Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што фестивалот „Браќа Манаки“ му ја додели во 2011 година, по 13 години Делбонел им се придружува на светските кинематограферски великани, сега закитен со „Златна камера 300 за животен опус“, соопштија од Фестивалот. [caption id="attachment_793374" align="alignnone" width="750"] Симеон Мони Дамевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“ / фото: „Браќа Манаки“[/caption] Роден е во 1957 година во Нанси, Франција. Студирал филозофија на Сорбона, а дипломирал во 1978 година на ESEC, популарна и ценета школа за кинематограферски студии во Париз. По дипломирањето, Делбонел пројавил афинитет и кон режија, но потоа ja продолжува својата кариера како кинематографер, создавајќи завиден опус во соработка со многумина значајни француски и светски режисери. На почетокот, како самостоен кинематографер ќе сними два кратки филма за сценаристичко - режисерскиот тандем Марк Каро – Жан Пјер Жене и ова искуство ќе се покаже како решавачко, особено во подоцнежната соработка со Жене, кому во 1984 година му го снима краткиот игран филм „Нема одмор за Били Брако”. Во 1993 ќе дебитира со целовечерен игран филм, а со Жене станува повторно партнер во нивните две антологиски дела, за кои Делбонел ги доби првите две од вкупно шест номинации за Оскар: „Амели“ (2002) и „Многу долга венчавка“ (2005). Во 2001 година, пред да дојде до номинацијата за Оскар, на фестивалот во Карлови Вари филмот „Необичната судбина на Амели Пулен“ го освои Кристалниот Глобус. Делбонел со „Амели“ на 44 години достигнува светска слава. Покрај номинацијата за Оскар во 2002 година за филмот „Амели“, Делбонел ги доби и номинациите за БАФТА, како и за наградата „Цезар“, а ја освои наградата на Европската филмска академија за најдобар европски кинематографер. Третата номинација за Оскар за Делбонел дојде во 2010 година за еден од визуелно најефектните филмови од серијалот за Хари Потер, неговото шесто продолжение, „Хари Потер и полукрвниот принц“. Следните три ремек дела во опусот на Делбонел, закитени со номинација за Оскар се: „Внатре во Левин Дејвис“, „Најмрачен час“ и „Трагедијата на Магбет“. Делбонел ќе го збогати својот опус и низ соработката со плејада други истакнати светски режисери, како Питер Богданович во „Мјаукот на мачката“, со рускиот режисер Сокуров ќе го сними „Фауст“ (2011), базиран на Гетеовиот мит за Фауст, кој освојува „Златен лав“ во Венеција, и „Франкофонија“ посветен на Парискиот храм на сликарската уметност - музејот Лувр, кој со својата трајна вредност и пркосел на фашистичката окупација. Со Тим Бартон ќе соработува во три наврати, речиси едно по друго. Во 2012 година тој го снима неговиот готски хорор „Мрачни сенки“, во 2013 година соработуваат на сродниот, „Големи очи“ и во 2016 година го реализираат „Домот на гопоѓица Перегрин за чудни деца“. Со браќата Коен одново ќе соработува во 2018 година, во пародиската вестерн комедија во нивен дух – „Баладата за Бастер Скрагс“, а најновата соработка од тековнава 2024 година му е со Вес Ендерсон , на неговиот најнов филм „Феникиска шема“ (2024, во пост-продукција), со кастинг од соништата: Бенедикт Камбербач, Том Хенкс, Скарлет Јохансон, Бил Мареј, Бенисио Дел Торо и Шарлот Генсбур. Во 2019 година, Делбонел бил назначен за шеф на кинематограферскиот отсек на Прочуената париска филмска школа.

The post Кинематограферот на „Необичната судбина на Амели Пулен“, Французинот Бруно Делбонел е добитник на Златна камера 300 за животен опус на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: Вечерва проекција на „Амадеус“ чест на кинематограферот Мирослав Онджичек, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2001 година https://republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-vecherva-proektsija-na-amadeus-chest-na-kinematograferot-miroslav-ondzhichek-dobitnik-na-zlatnata-kamera-300-za-zhivoten-opus-vo-2001-godina/ Wed, 10 Apr 2024 14:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=764608

Следниот филм од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ е АМАДЕУС на Милош Форман, добитник на 8 Оскари во 1985, меѓу кои и на Оскарот за најдобар филм.
Кинематографер е МИРОСЛАВ ОНДЖИЧЕК, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2001 година.

10 АПРИЛ (СРЕДА) 20 часот
АМАДЕУС
(Amadeus)
Игран филм, САД / Франција / Италија
1084, 160 мин., колор, 35мм
Режија: Милош Форман (Miloš Forman)
Сценарио: Питер Шефер (Peter Shaffer)
Улоги: Ф. Муреј Абрам, Том Халс, Елизабет Бериџ (F. Murray Abraham, Tom Hulce, Elizabeth Berridge)
Директор на фотографија: Мирослав Ондричек (Miroslav Ondříček)

АМАДЕУС од 1984-тата година е еден од најдобрите филмови на големиот чешки и американски режисер Милош Форман. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава и големиот бродвејски хит на Питер Шефер.
Во оваа епска драмедија се раскажува за наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија – во втората половина на XVIII век. Волфганг Амадеус Моцарт несвесно наоѓа жесток ривал во дисциплинираниот и одлучен, но не толку талентиран композитор Антонио Салиери. Тој му замерува на Моцарт поради неговиот хедонистички начин на живот, но пред сè поради неговиот неоспорен талент. Високо религиозниот Салиери постепено е обземен од сопствената љубомора и станува опседнат со падот на Моцарт, што доведува до страшни последици за двајцата.
АМАДЕУС беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „Оскари“ (вклучувајќи и „Оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една награда од Здружението на режисерите на Америка. Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53-тото место на листата „100 години… 100 филмови“.
За оваа филмска адаптација, режисерот Милош Форман се врати во родната Чешка. Филмот е снимен во Прага од неговиот редовен соработник и колега чешки иселеник Мирослав Ондричек. Големиот кинематографер, кој освен со Форман (Коса [1979], Рагтајм [1981] Љубовта на една русокоса [1965]), соработувал со британскиот филмски режисер Линдзи Андерсон со кого ги снима Ако… (1968) и О среќен човек! (1973). Мирослав Ондричек во 2001 година ја добива наградата Златна камера 300 за животно дело на ИФФ Браќа Манаки.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: Вечерва проекција на „Амадеус“ чест на кинематограферот Мирослав Онджичек, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2001 година appeared first on Република.

]]>

Следниот филм од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ е АМАДЕУС на Милош Форман, добитник на 8 Оскари во 1985, меѓу кои и на Оскарот за најдобар филм. Кинематографер е МИРОСЛАВ ОНДЖИЧЕК, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2001 година. 10 АПРИЛ (СРЕДА) 20 часот АМАДЕУС (Amadeus) Игран филм, САД / Франција / Италија 1084, 160 мин., колор, 35мм Режија: Милош Форман (Miloš Forman) Сценарио: Питер Шефер (Peter Shaffer) Улоги: Ф. Муреј Абрам, Том Халс, Елизабет Бериџ (F. Murray Abraham, Tom Hulce, Elizabeth Berridge) Директор на фотографија: Мирослав Ондричек (Miroslav Ondříček) АМАДЕУС од 1984-тата година е еден од најдобрите филмови на големиот чешки и американски режисер Милош Форман. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава и големиот бродвејски хит на Питер Шефер. Во оваа епска драмедија се раскажува за наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија – во втората половина на XVIII век. Волфганг Амадеус Моцарт несвесно наоѓа жесток ривал во дисциплинираниот и одлучен, но не толку талентиран композитор Антонио Салиери. Тој му замерува на Моцарт поради неговиот хедонистички начин на живот, но пред сè поради неговиот неоспорен талент. Високо религиозниот Салиери постепено е обземен од сопствената љубомора и станува опседнат со падот на Моцарт, што доведува до страшни последици за двајцата. АМАДЕУС беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „Оскари“ (вклучувајќи и „Оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една награда од Здружението на режисерите на Америка. Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53-тото место на листата „100 години… 100 филмови“. За оваа филмска адаптација, режисерот Милош Форман се врати во родната Чешка. Филмот е снимен во Прага од неговиот редовен соработник и колега чешки иселеник Мирослав Ондричек. Големиот кинематографер, кој освен со Форман (Коса [1979], Рагтајм [1981] Љубовта на една русокоса [1965]), соработувал со британскиот филмски режисер Линдзи Андерсон со кого ги снима Ако… (1968) и О среќен човек! (1973). Мирослав Ондричек во 2001 година ја добива наградата Златна камера 300 за животно дело на ИФФ Браќа Манаки. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: Вечерва проекција на „Амадеус“ чест на кинематограферот Мирослав Онджичек, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2001 година appeared first on Република.

]]>
Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин https://republika.mk/vesti/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferite-dhevahir-sahin-i-kursat-uresin/ Sat, 30 Sep 2023 06:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=686520

Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.

Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои се наградата за најдобра камера на Филмскиот фестивал во Истанбул, како и три награди на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија.

Со одлука на стручно жири, сребрена „Камера 300“ на сцената во Битола му беше врачена на кинематограферот Ченгма Жијуан, член на кинеското друштво на кинематогарфери, а бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематограферот Паоло Карнера.

Пред спуштањето на филмското платно, на фестивалската сцена во Битола беа доделени награди и специјални признанија за документарен филм, студентска програма и краткометражен филм, кристална и железна „Камера 300“, а меѓу наградените беа и македонските кинематографери Стефан Ѓоргиевски кој доби специјално признание за неговиот придонес во филмот „Мавера“ и Наум Доксевски, кинематографер во филмот „Домаќинство за почетници“.

Според востановената традиција, специјалната златна „Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви, ја врачи покровителот на фестивалот, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Лауратот Мекгарви во Битола одржа мастер клас, два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“..., а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември.

The post Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин appeared first on Република.

]]>

Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола. Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои се наградата за најдобра камера на Филмскиот фестивал во Истанбул, како и три награди на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија. Со одлука на стручно жири, сребрена „Камера 300“ на сцената во Битола му беше врачена на кинематограферот Ченгма Жијуан, член на кинеското друштво на кинематогарфери, а бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематограферот Паоло Карнера. Пред спуштањето на филмското платно, на фестивалската сцена во Битола беа доделени награди и специјални признанија за документарен филм, студентска програма и краткометражен филм, кристална и железна „Камера 300“, а меѓу наградените беа и македонските кинематографери Стефан Ѓоргиевски кој доби специјално признание за неговиот придонес во филмот „Мавера“ и Наум Доксевски, кинематографер во филмот „Домаќинство за почетници“. Според востановената традиција, специјалната златна „Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви, ја врачи покровителот на фестивалот, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Лауратот Мекгарви во Битола одржа мастер клас, два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“..., а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември.

The post Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин appeared first on Република.

]]>