ИЕА Archives - Република https://republika.mk/tema/iea/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 16:15:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ИЕА Archives - Република https://republika.mk/tema/iea/ 32 32 На Европа се заканува сериозен недостиг на гас, предупреди ИЕА https://republika.mk/vesti/svet/na-evropa-se-zakanuva-seriozen-nedostig-na-gas-predupredi-iea/ Thu, 03 Nov 2022 16:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=569293

Европа следната зима би можела да се соочи со сериозен недостиг на гас, предупреди денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Ако увозот на руски гас преку гасоводите биде целосно суспендиран, а Кина продолжи со увозот на вообичаените количества течен природен гас, Европа би можела да се соочи со ситуација да не може да обезбеди половина од гасот неопходен за исполнување на складиштата, предупреди ИЕА.

Полнењето на складиштата за гас во ЕУ годинава беше олеснето од низа важни фактори што можеби нема да се повторат наредната година. Тука спаѓаат и испораките руски гас преку гасоводите што беа намалени во текот на годината, но во границите на нормалата во првото полугодие.

Покрај тоа, намалениот увоз на течен гас од страна на Кина во првите десет месеци на тековната година беше клучен за снабдувањето во Европа, со што се компензираше намалувањето на понудата од Русија.

Со оглед на топлото време и пониските цени на бензинот, постои опасност од релаксација кога станува збор за снабдување на Европа со гас. Опасноста во никој случај не е помината – изјави директорот на ИЕА, Фатих Бирол.

Кога ќе ги погледнеме најновите трендови и веројатните случувања на глобалниот и европскиот пазар на гас, ќе видиме дека Европа ќе се соочи со уште поголем предизвик следната зима, предупреди тој.

Затоа, според него, владите во Европа мора веднаш да преземат мерки за подобрување на енергетската ефикасност и забрзување на користењето на обновливите извори на енергија, топлинските пумпи, со што би се намалила побарувачката за гас.

The post На Европа се заканува сериозен недостиг на гас, предупреди ИЕА appeared first on Република.

]]>

Европа следната зима би можела да се соочи со сериозен недостиг на гас, предупреди денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Ако увозот на руски гас преку гасоводите биде целосно суспендиран, а Кина продолжи со увозот на вообичаените количества течен природен гас, Европа би можела да се соочи со ситуација да не може да обезбеди половина од гасот неопходен за исполнување на складиштата, предупреди ИЕА. Полнењето на складиштата за гас во ЕУ годинава беше олеснето од низа важни фактори што можеби нема да се повторат наредната година. Тука спаѓаат и испораките руски гас преку гасоводите што беа намалени во текот на годината, но во границите на нормалата во првото полугодие. Покрај тоа, намалениот увоз на течен гас од страна на Кина во првите десет месеци на тековната година беше клучен за снабдувањето во Европа, со што се компензираше намалувањето на понудата од Русија.
Со оглед на топлото време и пониските цени на бензинот, постои опасност од релаксација кога станува збор за снабдување на Европа со гас. Опасноста во никој случај не е помината – изјави директорот на ИЕА, Фатих Бирол.
Кога ќе ги погледнеме најновите трендови и веројатните случувања на глобалниот и европскиот пазар на гас, ќе видиме дека Европа ќе се соочи со уште поголем предизвик следната зима, предупреди тој. Затоа, според него, владите во Европа мора веднаш да преземат мерки за подобрување на енергетската ефикасност и забрзување на користењето на обновливите извори на енергија, топлинските пумпи, со што би се намалила побарувачката за гас.

The post На Европа се заканува сериозен недостиг на гас, предупреди ИЕА appeared first on Република.

]]>