иднина Archives - Република https://republika.mk/tema/idnina/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 12:39:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иднина Archives - Република https://republika.mk/tema/idnina/ 32 32 Мицкоски побара од сите партии да седнат на заедничка маса и да изградат македонска платформа за иднината https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pobara-od-site-partii-da-sednat-na-zaednichka-masa-i-da-izgradat-makedonska-platforma-za-idninata/ Sun, 08 Sep 2024 12:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=814386

Мораме да имаме општа согласност за исполнување на стратешката цел – членство во ЕУ. Немаме друга алтернатива, ниту постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми, повеќе пари и среден систем. Ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од европскиот пат, но воедно мора да се знае и горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите во Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки. Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу отстапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за отстапка по секоја цена, изјави премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ по повод Денот на независноста – 8 септември.

Премиерот во својот говор побара единство и обединување во општеството. Исто така испрати порака до лидерите во опозицијата да се обединат.

-Исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. Прифатете го ова што го нудам како платформа. Сите партии и чинители да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување, за иднината и наредната доба. Од нас зависи, во наши раце е иднината и ние можеме. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во безидејност и конструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивни игри. Дојде време да завртите нова страница во која ќе бидете активен учесник во градењето на заедничката држава. Силна опозиција е од суштинско значење, додаде меѓу другото, Мицкоски во своето обраќање пред присутните во салата на Македонската филхармонија.

The post Мицкоски побара од сите партии да седнат на заедничка маса и да изградат македонска платформа за иднината appeared first on Република.

]]>

Мораме да имаме општа согласност за исполнување на стратешката цел – членство во ЕУ. Немаме друга алтернатива, ниту постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми, повеќе пари и среден систем. Ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од европскиот пат, но воедно мора да се знае и горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите во Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки. Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу отстапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за отстапка по секоја цена, изјави премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ по повод Денот на независноста – 8 септември. Премиерот во својот говор побара единство и обединување во општеството. Исто така испрати порака до лидерите во опозицијата да се обединат.
-Исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. Прифатете го ова што го нудам како платформа. Сите партии и чинители да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување, за иднината и наредната доба. Од нас зависи, во наши раце е иднината и ние можеме. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во безидејност и конструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивни игри. Дојде време да завртите нова страница во која ќе бидете активен учесник во градењето на заедничката држава. Силна опозиција е од суштинско значење, додаде меѓу другото, Мицкоски во своето обраќање пред присутните во салата на Македонската филхармонија.

The post Мицкоски побара од сите партии да седнат на заедничка маса и да изградат македонска платформа за иднината appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-2024-godina-da-sozdademe-idnina-vo-koja-sekoj-ke-se-chuvstvuva-podobro-imame-sila-za-golemi-promeni-i-uspesi/ Sun, 31 Dec 2023 08:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=728422

Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои, се вели во новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски”

Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија.

Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро.

Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките.

Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси.

Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме!

2024 година ќе биде годината на промените.

И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас!

Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња!

Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки.

Од се срце Ви посакувам промени и иднина.

Среќна, весела и успешна 2024 година!

https://youtu.be/RW0QsIMvHLg?si=2Bls6MXTY5V24rnv

The post Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси appeared first on Република.

]]>

Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои, се вели во новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во продолжение во целост ви го пренесуваме новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски” Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија. Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро. Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките. Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси. Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме! 2024 година ќе биде годината на промените. И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас! Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња! Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки. Од се срце Ви посакувам промени и иднина. Среќна, весела и успешна 2024 година! https://youtu.be/RW0QsIMvHLg?si=2Bls6MXTY5V24rnv

The post Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси appeared first on Република.

]]>
Попов: Иднината која ја посакуваме и сами ја креираме ни е на дофат https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-idninata-koja-ja-posakuvame-i-sami-ja-kreirame-ni-e-na-dofat/ Sun, 24 Sep 2023 13:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=684704

Чест, и задоволство, ми е што ја имам можноста да ја отворам и оваа 32-ра Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Годишна конференција која ги собира на едно место искрените патриоти, вистинските борци за правда, млади луѓе кои се подготвени да работат и дејствуваат, за Македонија да биде подобро место за живеење за секој еден млад човек, ова денеска го истакна во својот говор претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

-Од независноста на Македонија па до денес, УМС докажува дека е многу повеќе од младинска и партиска организација. УМС е предвесник на долго очекуваната пролет, предвесник на промените, носечки столб на партијата која ќе ја ослободи Македонија и ќе ја врати власта во рацете на народот каде таа и припаѓа. Унијата на млади сили е младина која од година во година ги докажува своите квалитети, младина која е непоколеблива кога во прашање е Македонија и младите, младина која од ден во ден се повеќе расте и организација која околу себе ги обединува сите млади кои се уморни од неправдите. Млади кои се подготвени да застанат и на оваа неспособна власт да и кажат – ДОСТА Е. Доста е од криминал, непотизам и корупција. Доста е од задоволување на лични интереси и богатење врз грбот на народот..Доста е од кратењето на перспективи и можности за младите луѓе и доста е од егзодусот на младите од Македонија. Со години сме директни сведоци на неправдите кои ни се нанесувани, а во прво лице сведочиме како власта крати од нас, за да има за сопствените матни зделки, тендери во четири очи, криминални постапки кои го осиромашуваат македонскиот народ, а истовремено и ги распродаваат националните интереси и се’ она што е светост за нас. Само вчера објавивме информации според кои владата пренаменува стотици милиони денари од програмите и потпрограмите за основно и средно образование, пари за студентски и ученички домови, пари кои наместо во иднината, се инвестираат во тендери за уживање во уште некој ден поминат во владата, вели Попов.

Тој додава дека, но деновите им се одбројани.

Од оваа говорница сакам да испратам јасна порака до оние кои се во фотељите и ја имаат окупирано владата. НИКОЈ, никогаш, не успеал да победи во битка против сопствениот народ. Никој не може да застане на патот на оној кој сака живот исполнет со достоинство и држава со која секој се гордее. Таква држава и таков живот посакуваме ние, а оваа влада работи само на идејата да ги сруши нашите соништа. Она кое најмногу ме плаши, но истовремено ме мотивира да продолжам да се борам, е дека политиките на владата целосно ја урнаа довербата во системот, и придонесоа многумина да ја мразат и да се срамат од сопствената држава. Нашата порака е и до сите кои ја изгубија надежта. Остана уште многу малку до моментот за промени, промени кои можеме да ги донесеме само доколку сме обединети и доколку издржиме уште малку, доколку ја искористиме својата енергија во вистинската насока, бидејќи иднината која ја посакуваме ни е на дофат. Иднина, која ја креираме самите ние во овие моменти, Иднина, сега, и со нас. „Иднина сега и со нас“ е паролата која ќе придонесе во остварувањето на нашата цел, вели Попов.

Тој додава дека ова не е обичен предизборен или партиски слоган, туку една критична пресвртница во начинот на кој се воделе политики низ годините во Македонија. Иднина сега и со нас е крикот на секој млад човек и граѓанин на Македонија на кој му се здосади од слушање приказни за подобро утре од политичари кои зад зборовите за иднината и прогресот, 6 години водат само погубни политики за младите.

Иднина сега и со нас се однесува на овој конкретен момент, бидејќи дојде времето кога конечно треба да ја донесеме таа иднина и секој ќе може да ја види и почувствува. Само нашата одлучност, сплотеност и посветеност кон зацртаните цели, може да ја донесе иднината која сите ја посакуваме. Денеска, на македонскиот народ му порачуваме дека доаѓаат подобри денови. Денови во кои лажните ветувања на оваа власт ќе ги замениме со искреност и работа, денови во кои новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе докаже дека Македонија знае, може и заслужува многу повеќе и многу подобро. Новата влада која ќе ги исполни сите наши ветувања кои ќе донесат подобар младински стандард, повеќе услови за сопствен бизнис, мерки за вработување на младите, мерки за институционална поддршка на иновации и идеи, воведување современи технологии кои од Македонија ќе направат вистинска европска и развиена држава. Затоа ве повикувам сите заеднички да ја рашириме пораката која денес ја испраќаме. Да го рашириме повикот за промена и правда кај нашите пријатели, роднини и познаници, да ги повикаме сите да се обединат зад идејата на ВМРО и перспективите за поубава Македонија кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, вели Попов.

Тој за крај додаде, драги браќа и сестри, да ни е вечна и вековита УМС на ВМРО-ДПМНЕ, да ни е вечно ВМРО-ДПМНЕ, а најважно од се е да ни е вечна Република Македонија.

The post Попов: Иднината која ја посакуваме и сами ја креираме ни е на дофат appeared first on Република.

Едноставен тест за да откриете што ви носи иднината: Одберете една врата и дознајте што ве чека https://republika.mk/zivot/astro/ednostaven-test-za-da-otkriete-shto-vi-nosi-idninata-odberete-edna-vrata-i-doznajte-shto-ve-cheka/ Mon, 11 Apr 2022 09:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=486622

Практично нема човек на светот кој некогаш не посакал да дознае што му носи иднината.

Ова е еден интересен тест што ќе ви помогне да дознаете што носи иднината за вас. Само изберете врата долу и уживајте.

1. Зелена врата

Ќе имате голем успех на полето на финансиите. Ќе заработите повеќе пари отколку што некогаш сте можеле да замислите. Ова ќе дојде како награда за целата ваша добра карма низ годините. Направивте сè за да им помогнете на другите и сега е време за вашиот благослов.

2. Сина врата

Ќе процветате во сите општествени аспекти од вашиот живот. На крајот, ќе имате повеќе пријатели околу себе отколку што некогаш сте можеле да замислите. Ова ќе дојде како награда за целата ваша добра карма низ годините. Сте направиле се за да им помогнете на другите и сега тоа ви се враќа како награда.

3. Црвена врата

Романтичниот живот ќе ви се загрее. Ќе најдете многу љубов во прегратката на вашата сродна душа. Радоста што ве очекува е уште поголема од она што сте го доживеале досега. Пријателите ќе ви позавидат за големата љубов што ја имате.

4. Виолетова врати

Вашиот живот ќе биде полн со успех на секое поле. Финансиски, романтично, социјално - се движите кон нови височини. Ништо не може да ве спречи да ги достигнете неизбежните височини.

5. Сива врата

Ќе се изненадите дури и самите себе со она што ќе го постигнете во наредните години. Ве очекуваат успех и напредок. Но, добрата работа е што нема да заборавите кои сте биле порано. Вашиот карактер и интегритет никогаш нема да се променат.

The post Едноставен тест за да откриете што ви носи иднината: Одберете една врата и дознајте што ве чека appeared first on Република.

]]>

Практично нема човек на светот кој некогаш не посакал да дознае што му носи иднината. Ова е еден интересен тест што ќе ви помогне да дознаете што носи иднината за вас. Само изберете врата долу и уживајте.

1. Зелена врата

Ќе имате голем успех на полето на финансиите. Ќе заработите повеќе пари отколку што некогаш сте можеле да замислите. Ова ќе дојде како награда за целата ваша добра карма низ годините. Направивте сè за да им помогнете на другите и сега е време за вашиот благослов.

2. Сина врата

Ќе процветате во сите општествени аспекти од вашиот живот. На крајот, ќе имате повеќе пријатели околу себе отколку што некогаш сте можеле да замислите. Ова ќе дојде како награда за целата ваша добра карма низ годините. Сте направиле се за да им помогнете на другите и сега тоа ви се враќа како награда.

3. Црвена врата

Романтичниот живот ќе ви се загрее. Ќе најдете многу љубов во прегратката на вашата сродна душа. Радоста што ве очекува е уште поголема од она што сте го доживеале досега. Пријателите ќе ви позавидат за големата љубов што ја имате.

4. Виолетова врати

Вашиот живот ќе биде полн со успех на секое поле. Финансиски, романтично, социјално - се движите кон нови височини. Ништо не може да ве спречи да ги достигнете неизбежните височини.

5. Сива врата

Ќе се изненадите дури и самите себе со она што ќе го постигнете во наредните години. Ве очекуваат успех и напредок. Но, добрата работа е што нема да заборавите кои сте биле порано. Вашиот карактер и интегритет никогаш нема да се променат.

The post Едноставен тест за да откриете што ви носи иднината: Одберете една врата и дознајте што ве чека appeared first on Република.

]]>
Досега не „фативте“ ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина? https://republika.mk/zivot/zdravje/dosega-ne-fativte-kovid-19-kakvi-se-shansite-da-se-zarazite-vo-idnina/ Sun, 13 Mar 2022 17:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=472197

Ако почнете да живеете „нормално“, ако ги тргнете маските, одите во ресторани, шопинг или во кино – кои се шансите и понатаму успешно да го избегнувате ковид-19?

Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) проценува дека околу 43 отсто од населението во САД или 140 милиони лица биле заразени со ковид-19, а околу 60 отсто од населението никогаш ја немале оваа болест. Стручњаците сметаат дека од овој вирус нема така лесно да се ослободиме, барем во блиска иднина, но тоа не значи дека мора да се заразите.

Од моја перспектива, не е неизбежно дека ќе се заразите со вирусот, а на пример, на места каде што е мала стапката на заболени, голем број лица кои немале ковид-19, нема ниту да го добијат, бидејќи нема да бидат изложени на вирусот, појаснува д-р Боб Вочер.

Оние кои се вакцинирале и понатму имаат заштита од потешка форма на болеста, додава д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог, и додава дека не мора да значи дека ќе се разболете, иако вирусот е сѐ уште присутен.

Дали можеме да се заразиме? Тоа е можно. Да запомниме дека вирусот е сѐ уште присутен и дека предизвикува страдање за голем број луѓе, а околу 2000 смртни случаи во Америка неделно не се „прошетка низ парк“, додава тој.

Сепак се согласува дека со мала претпазливост, можеме лесно да ја избегнеме болеста додека уживаме во животот. Докторот вели дека додека вечера во ресторани или пие кафе во кафулиња, многу добро внимава да избегнува ризични однесувања, па секогаш избегнува места во кои се присутни многу луѓе.

Д-р Абрар Каран, инфектолог, додава дека попуштањето на мерките не значи дека ќе страдате поради инфекцијата.

Тој додава и дека лицата кои се во ризични групи или имаат автоимуни болести, сепак, треба да внимаваат малку повеќе и да се обидат да ја избегнат инфекцијата на сите начини, со носење маска и избегнување на места со голем број луѓе, на пример, вежбална или преполни кафулиња.

Стручњаците велат дека постојат дополнителни придобивки ако успеете да ја избегнете инфекцијата, дури и ако се случи инфекцијата да ја „соберете“ подоцна. Колку подолго трае пандемијата, толку повеќе знаеме за вирусот, што значи дека ќе има сѐ поквалитетни начини на лекување.

The post Досега не „фативте“ ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина? appeared first on Република.

]]>

Ако почнете да живеете „нормално“, ако ги тргнете маските, одите во ресторани, шопинг или во кино – кои се шансите и понатаму успешно да го избегнувате ковид-19? Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) проценува дека околу 43 отсто од населението во САД или 140 милиони лица биле заразени со ковид-19, а околу 60 отсто од населението никогаш ја немале оваа болест. Стручњаците сметаат дека од овој вирус нема така лесно да се ослободиме, барем во блиска иднина, но тоа не значи дека мора да се заразите.
Од моја перспектива, не е неизбежно дека ќе се заразите со вирусот, а на пример, на места каде што е мала стапката на заболени, голем број лица кои немале ковид-19, нема ниту да го добијат, бидејќи нема да бидат изложени на вирусот, појаснува д-р Боб Вочер.
Оние кои се вакцинирале и понатму имаат заштита од потешка форма на болеста, додава д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог, и додава дека не мора да значи дека ќе се разболете, иако вирусот е сѐ уште присутен.
Дали можеме да се заразиме? Тоа е можно. Да запомниме дека вирусот е сѐ уште присутен и дека предизвикува страдање за голем број луѓе, а околу 2000 смртни случаи во Америка неделно не се „прошетка низ парк“, додава тој.
Сепак се согласува дека со мала претпазливост, можеме лесно да ја избегнеме болеста додека уживаме во животот. Докторот вели дека додека вечера во ресторани или пие кафе во кафулиња, многу добро внимава да избегнува ризични однесувања, па секогаш избегнува места во кои се присутни многу луѓе. Д-р Абрар Каран, инфектолог, додава дека попуштањето на мерките не значи дека ќе страдате поради инфекцијата. Тој додава и дека лицата кои се во ризични групи или имаат автоимуни болести, сепак, треба да внимаваат малку повеќе и да се обидат да ја избегнат инфекцијата на сите начини, со носење маска и избегнување на места со голем број луѓе, на пример, вежбална или преполни кафулиња. Стручњаците велат дека постојат дополнителни придобивки ако успеете да ја избегнете инфекцијата, дури и ако се случи инфекцијата да ја „соберете“ подоцна. Колку подолго трае пандемијата, толку повеќе знаеме за вирусот, што значи дека ќе има сѐ поквалитетни начини на лекување.  

The post Досега не „фативте“ ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина? appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 1.090 проекти за 100 дена се промените кои носат иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-1-090-proekti-za-100-dena-se-promenite-koi-nosat-idnina/ Sat, 26 Feb 2022 12:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=464276

Почитувани градоначалници, советници, драги пријатели од општините Велес, Свети Николе, Лозово, Градско, Неготино и Кавадарци. Денес сме тука затоа што имаме што да кажеме и што да порачаме пред присутните, и да ја раскажеме нашата приказна и вистината за тоа што е сработено во првите 100 дена од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина пред избори ветуваат се и сешто, се колнат дека ќе сработат, а многу малку потоа излегуваат да кажат што сработиле дури и по еден цел изминат мандат, ова денеска го истакна Христијан Мицкоски по повод отчетот на градоначалниците на неколку општини кој се одржува во Велес.

-Ние тоа го правиме во првите сто дена, и ќе го правиме редовно овие 4 години локална самоуправа. И причината за тоа е што имаме програма која ја реализираме и одговорност што е најважно пред граѓаните. Пред сите граѓани кои во тие промени ја гледаат надежта која ја чекаат со децении, таа искра која доаѓа од најдлабоките емоции и пориви да направиме нешто подобро за Македонија и иднината на нашите и идните генерации. И во едни тешки услови на постојани опструкции од централната власт, на кратења, удари и подметнувања од кои нема да се жалиме затоа што на тој начин на кој тие колку удираат пониско ние се креваме повисоко и стануваме посилни, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1090 проекти низ целата држава. Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, но и знаење. А вие самите знаете дека никогаш не ветувавме чуда, но она кое што се чувствува дека носиме ПРОМЕНИ ШТО ЈА МЕНУВААТ СЕГАШНОСТА, ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА и промени за кои заедно сите се бориме. Ние ПОКАЖАВМЕ ДЕКА УМЕЕМЕ, И МОЖЕМЕ. И тука има нешто што тие го немаат. Нови луѓе, со нова енергија и план кој го соддржи клучот – РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА. Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија, вели Мицкоски.

Тој додава дека голем дел од овие проекти се реализирани токму и во општините кои денес даваат отчет, а за кој градоначалниците детално ќе говорат по моето обраќање.

-Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии. Секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека потребно е повеќе и уште подобро. И ние нема да застанеме. И ние НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ! Бевме заедно кога имаше и поплави, и кога имаше пожари, и кога тутунот не се откупуваше и кога власта затвораше врати за народот. Ние заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации се боревме за иднина во која што веруваме. Затоа продолжуваме да работиме за ПРОМЕНИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОДЛАБОКИ И КОИ МОРА ДА СЕ ПОШИРОКИ! И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која сите вие ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме. ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти. И ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ, за многу нови победи. Надежта е родена и таа ќе победи. Затоа што наша задача и наша обврска се ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА за секој човек, вели Мицкоски.

Тој додава дека се бориме за секоја општина, така мора да се бориме и за нашата Македонија, да ги надминеме предизвиците, да станеме посилни како земја и многу поодговорни за нашата заедничка иднина.

-Светот се менува со мослкавична брзина. Македонија на тој план е заглавена во криминал, се чини во бесконечно тапкање во место и безперспективност. На ова мора да се стави крај. Македонската политика многу малку нуди решенија за суштината на проблемите, а многу повеќе таа се базира на гол ПР. Тоа се случува и кога станува збор за последните случувања поврзани врз агресијата во Украина. Дури и на таквата несреќа каде има стотици загинати, каде животи се губат, каде луѓе испаничени за своите животи се спасуваат, власта, оваа тука, истата СДСМ брои лајкови на социјалните мрежи, прави политика кој на која страна бил, кој кому намигнал, што сум кажал и кога сум кажал и дали доволно сум ја поддржувал Украина. Затоа ја користам оваа прилика овде од Велес да им порачам на глодарите коишто ги чекаат крадените пари од фамилијата на власт чиишто политики ги спроведува администаторот Ковачевски. Додека Ковачевски ја распродаваше Македонија преговарајќи за идентитетот, газејќи дебели црвени килими и седејќи во удобни кожни фотелји во Брисел, разговарајќи со Петков, распродавајќи го достоинството, додека го продаваше она кое ни е преостанато и наследено од нашите предци кои со глава го платиле ова што ние денеска го живееме, јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина. Зошто е тоа важно. Затоа што не така одамна и нашата татковина и нашата Македонија беше предмет на агресија од север и од запад. И затоа ние не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен територијалниот интегритет и суверенитет на ниту една суверена и независна држава. Но, гледајќи го во очи и разговарајќи лице во лице, некриејќи се поради некои други причини, Фејсбук статуси или бледи соопштенија од владата. Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека затоа, тука во Македонија мора обединетост како нација, затоа што Македонија е земја изникната од никулецот на борбата за слобода и правдини. И нашата земја е изградена од жртвата на луѓето кои сонуваа за своја земја, човечки права, и своја држава Македонија. Затоа ова е добра можност и во Собранието да се усвојат две Декларации, едната за поддршка на Украина со порака за мир, и почитување на меѓународните норми, а втората за титанот за великанот Гоце Делчев, којашто упорно овие од власта од СДСМ одбиваат да ја поддржат. Тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како сиболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда.

-Воедно да си бидеме искрени и да си признаеме дека Македонија на светската карта и во меѓународните односи има многу и мала и симболична улога. Многу работи не зависат од нас, и ние треба како народ и држава да се насочиме кон она што преставува наш државен и стратешки интерес и да ги решаваме реалните проблеми. Наместо администраторот Ковачевски да ги облекува чевлите со преголем број за носење и да има перцепција на лажен џин, да си погледнеме во лице и да се насочиме кон решавање на економските потешкотии кои сега со кризата во Украина може да бидат уште поголеми. Народот го интересираат состојбите на истокот, но највеќе го интересира домашниот есап. А тука дома имаме работа со поимот стагфлација што е комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Денес секое семејство пред се го мачи тоа што бензините за две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на лебот, млекото и маслото вртоглаво растат. Можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата се уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема. владата не негира дека ќе донесе нова одлука за Евро обврзница што ќе значи нов рекорд за задолжување кое треба да го платат сите граѓани и неродентие генерации. Енергетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани. Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка. Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Сам што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2. Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, додава Мицкоски.

-Ова се работите кои говорат дека се живее лошо во Македонија, но и ова се работите поради кои се повеќе млади, мои студенти за жал си заминуваат од државата. И јас за разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕУРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија. Нашата задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе поддеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина. А драги пријатели, иднината која ја градиме мора да биде достоинствена, да бидеме свои на своето и само така препознаени од Европската Унија. И на тој план пред неколку дена кога станува збор за спорот со Бугарија побарав од владата на Ковачевски да побара писмени гаранции за нашиот идентитет, за нашата многувековна историја, традиција обичаи, за нашиот македонски јазик и тоа дека нема подоцнежните фази Бугарија да не блокира на патот кон полноправно членство ЕУ. Резултатот од тоа е молк. Ќутат. Владата молчи. Цела влада молчи, бегаат како ѓавол од темјан да ја коментираат оваа тема. Владата прво ја одби понудата за национален консезус и единство за прашањето со Бугарија, сега не се изјаснува ниту за гаранции за историјата и јазикот, идентитетот. Тоа говори само за едно, дека Ковачевски преговара лош договор далеку од очите на јавноста. Тоа му е задолжението кое му го остави Зоран Заев за да може да ужива во привилегиите на се посиромашниот народ. А Македонија нема ниту простор, ниту време за губење. Затоа апелирам на разум и на заштита на националните и државни интереси, како и општествена мобилизација на сите фактори влијателни во Македонија, и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на МАНУ, која испрати апел за заштита на националните интереси и историската вистина за Македонија што е аргумент плус на масата за преговори со Бугарија. Ковачвски нека ја искористи нашата подадена рака за национално единство, капацитетите на МАНУ, Универзитетите, мудрите луѓе, нека побара гаранции за нашиот идентитет и така со сочувано достоинство заедно да се бориме за европската иднина на Македонија, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговори на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во име на сите овие луѓе да водиме, и да одиме напред. И затоа велам дека не смееме да губиме повеќе ниту една секунда, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Да создаваме промени што носат иднина. Да сте живи и здрави, да е вечна нашата Македонија и наскоро да се радуваме на нови победи и проекти.

The post Мицкоски: 1.090 проекти за 100 дена се промените кои носат иднина appeared first on Република.

]]>

Почитувани градоначалници, советници, драги пријатели од општините Велес, Свети Николе, Лозово, Градско, Неготино и Кавадарци. Денес сме тука затоа што имаме што да кажеме и што да порачаме пред присутните, и да ја раскажеме нашата приказна и вистината за тоа што е сработено во првите 100 дена од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина пред избори ветуваат се и сешто, се колнат дека ќе сработат, а многу малку потоа излегуваат да кажат што сработиле дури и по еден цел изминат мандат, ова денеска го истакна Христијан Мицкоски по повод отчетот на градоначалниците на неколку општини кој се одржува во Велес. -Ние тоа го правиме во првите сто дена, и ќе го правиме редовно овие 4 години локална самоуправа. И причината за тоа е што имаме програма која ја реализираме и одговорност што е најважно пред граѓаните. Пред сите граѓани кои во тие промени ја гледаат надежта која ја чекаат со децении, таа искра која доаѓа од најдлабоките емоции и пориви да направиме нешто подобро за Македонија и иднината на нашите и идните генерации. И во едни тешки услови на постојани опструкции од централната власт, на кратења, удари и подметнувања од кои нема да се жалиме затоа што на тој начин на кој тие колку удираат пониско ние се креваме повисоко и стануваме посилни, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1090 проекти низ целата држава. Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, но и знаење. А вие самите знаете дека никогаш не ветувавме чуда, но она кое што се чувствува дека носиме ПРОМЕНИ ШТО ЈА МЕНУВААТ СЕГАШНОСТА, ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА и промени за кои заедно сите се бориме. Ние ПОКАЖАВМЕ ДЕКА УМЕЕМЕ, И МОЖЕМЕ. И тука има нешто што тие го немаат. Нови луѓе, со нова енергија и план кој го соддржи клучот – РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА. Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија, вели Мицкоски. Тој додава дека голем дел од овие проекти се реализирани токму и во општините кои денес даваат отчет, а за кој градоначалниците детално ќе говорат по моето обраќање. -Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии. Секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека потребно е повеќе и уште подобро. И ние нема да застанеме. И ние НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ! Бевме заедно кога имаше и поплави, и кога имаше пожари, и кога тутунот не се откупуваше и кога власта затвораше врати за народот. Ние заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации се боревме за иднина во која што веруваме. Затоа продолжуваме да работиме за ПРОМЕНИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОДЛАБОКИ И КОИ МОРА ДА СЕ ПОШИРОКИ! И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која сите вие ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме. ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти. И ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ, за многу нови победи. Надежта е родена и таа ќе победи. Затоа што наша задача и наша обврска се ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА за секој човек, вели Мицкоски. Тој додава дека се бориме за секоја општина, така мора да се бориме и за нашата Македонија, да ги надминеме предизвиците, да станеме посилни како земја и многу поодговорни за нашата заедничка иднина. -Светот се менува со мослкавична брзина. Македонија на тој план е заглавена во криминал, се чини во бесконечно тапкање во место и безперспективност. На ова мора да се стави крај. Македонската политика многу малку нуди решенија за суштината на проблемите, а многу повеќе таа се базира на гол ПР. Тоа се случува и кога станува збор за последните случувања поврзани врз агресијата во Украина. Дури и на таквата несреќа каде има стотици загинати, каде животи се губат, каде луѓе испаничени за своите животи се спасуваат, власта, оваа тука, истата СДСМ брои лајкови на социјалните мрежи, прави политика кој на која страна бил, кој кому намигнал, што сум кажал и кога сум кажал и дали доволно сум ја поддржувал Украина. Затоа ја користам оваа прилика овде од Велес да им порачам на глодарите коишто ги чекаат крадените пари од фамилијата на власт чиишто политики ги спроведува администаторот Ковачевски. Додека Ковачевски ја распродаваше Македонија преговарајќи за идентитетот, газејќи дебели црвени килими и седејќи во удобни кожни фотелји во Брисел, разговарајќи со Петков, распродавајќи го достоинството, додека го продаваше она кое ни е преостанато и наследено од нашите предци кои со глава го платиле ова што ние денеска го живееме, јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина. Зошто е тоа важно. Затоа што не така одамна и нашата татковина и нашата Македонија беше предмет на агресија од север и од запад. И затоа ние не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен територијалниот интегритет и суверенитет на ниту една суверена и независна држава. Но, гледајќи го во очи и разговарајќи лице во лице, некриејќи се поради некои други причини, Фејсбук статуси или бледи соопштенија од владата. Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски. Тој потенцира дека затоа, тука во Македонија мора обединетост како нација, затоа што Македонија е земја изникната од никулецот на борбата за слобода и правдини. И нашата земја е изградена од жртвата на луѓето кои сонуваа за своја земја, човечки права, и своја држава Македонија. Затоа ова е добра можност и во Собранието да се усвојат две Декларации, едната за поддршка на Украина со порака за мир, и почитување на меѓународните норми, а втората за титанот за великанот Гоце Делчев, којашто упорно овие од власта од СДСМ одбиваат да ја поддржат. Тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како сиболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда. -Воедно да си бидеме искрени и да си признаеме дека Македонија на светската карта и во меѓународните односи има многу и мала и симболична улога. Многу работи не зависат од нас, и ние треба како народ и држава да се насочиме кон она што преставува наш државен и стратешки интерес и да ги решаваме реалните проблеми. Наместо администраторот Ковачевски да ги облекува чевлите со преголем број за носење и да има перцепција на лажен џин, да си погледнеме во лице и да се насочиме кон решавање на економските потешкотии кои сега со кризата во Украина може да бидат уште поголеми. Народот го интересираат состојбите на истокот, но највеќе го интересира домашниот есап. А тука дома имаме работа со поимот стагфлација што е комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Денес секое семејство пред се го мачи тоа што бензините за две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на лебот, млекото и маслото вртоглаво растат. Можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата се уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема. владата не негира дека ќе донесе нова одлука за Евро обврзница што ќе значи нов рекорд за задолжување кое треба да го платат сите граѓани и неродентие генерации. Енергетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани. Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка. Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Сам што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2. Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, додава Мицкоски. -Ова се работите кои говорат дека се живее лошо во Македонија, но и ова се работите поради кои се повеќе млади, мои студенти за жал си заминуваат од државата. И јас за разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕУРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија. Нашата задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе поддеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина. А драги пријатели, иднината која ја градиме мора да биде достоинствена, да бидеме свои на своето и само така препознаени од Европската Унија. И на тој план пред неколку дена кога станува збор за спорот со Бугарија побарав од владата на Ковачевски да побара писмени гаранции за нашиот идентитет, за нашата многувековна историја, традиција обичаи, за нашиот македонски јазик и тоа дека нема подоцнежните фази Бугарија да не блокира на патот кон полноправно членство ЕУ. Резултатот од тоа е молк. Ќутат. Владата молчи. Цела влада молчи, бегаат како ѓавол од темјан да ја коментираат оваа тема. Владата прво ја одби понудата за национален консезус и единство за прашањето со Бугарија, сега не се изјаснува ниту за гаранции за историјата и јазикот, идентитетот. Тоа говори само за едно, дека Ковачевски преговара лош договор далеку од очите на јавноста. Тоа му е задолжението кое му го остави Зоран Заев за да може да ужива во привилегиите на се посиромашниот народ. А Македонија нема ниту простор, ниту време за губење. Затоа апелирам на разум и на заштита на националните и државни интереси, како и општествена мобилизација на сите фактори влијателни во Македонија, и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на МАНУ, која испрати апел за заштита на националните интереси и историската вистина за Македонија што е аргумент плус на масата за преговори со Бугарија. Ковачвски нека ја искористи нашата подадена рака за национално единство, капацитетите на МАНУ, Универзитетите, мудрите луѓе, нека побара гаранции за нашиот идентитет и така со сочувано достоинство заедно да се бориме за европската иднина на Македонија, вели Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговори на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во име на сите овие луѓе да водиме, и да одиме напред. И затоа велам дека не смееме да губиме повеќе ниту една секунда, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Да создаваме промени што носат иднина. Да сте живи и здрави, да е вечна нашата Македонија и наскоро да се радуваме на нови победи и проекти.

The post Мицкоски: 1.090 проекти за 100 дена се промените кои носат иднина appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 100 дена промени што носат иднина! https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-100-dena-promeni-shto-nosat-idnina/ Sat, 12 Feb 2022 18:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=457654

Ова е Македонија со ВМРО-ДПМНЕ! Ова е само дел од најзначајните отпочнати проекти по општини во првите 100 дена!

Вака Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги најавува 100-те дена од локалната власт на ВМРО ДПМНЕ.

100 дена промени што носат иднина, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: 100 дена промени што носат иднина! appeared first on Република.

]]>

Ова е Македонија со ВМРО-ДПМНЕ! Ова е само дел од најзначајните отпочнати проекти по општини во првите 100 дена! Вака Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги најавува 100-те дена од локалната власт на ВМРО ДПМНЕ.
100 дена промени што носат иднина, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: 100 дена промени што носат иднина! appeared first on Република.

]]>