идентитети Archives - Република https://republika.mk/tema/identiteti/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Aug 2022 16:54:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png идентитети Archives - Република https://republika.mk/tema/identiteti/ 32 32 Од 1 септември второодделенците ќе учат за идентитети, во петто се спојуваат Историја и Општество https://republika.mk/vesti/makedonija/od-1-septemvri-vtorooddelencite-kje-uchat-za-identiteti-vo-petto-se-spojuvaat-istorija-i-opshtestvo/ Sun, 07 Aug 2022 17:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=537729

Од септември, во петто одделение се спојуваат предметите Историја и Општество, додека пак учениците од второ одделение ќе изучуваат родови, етнички и национални идентитети, пренесува Телма.

Преку овие новини, идните ученици од второ одделение ќе треба да учат како да се справуваат и како да ги препознаваат емоциите, а за предметот Општество ќе треба да ги идентификуваат идентитетите, согласно новата концепција за основно образование.

Ученикот треба да ги идентификува различните компоненти на сопствениот идентитет кој се гради врз основа на припадноста на различни социјални групи, како на пример, родов, етнички и национален идентитет и на различните улоги кои ги има во животот, се вели во наставната програма за второ одделение.

За предметот Општество за второ одделение, во делот за дигитална писменост, личен и социјален развој и техника и технологија се наведува дека ученикот ќе треба да знае да процени кога и на кој начин за решавање на одредена задача е потребно користење на информатички комуникациски технологии.

За да можат просветните работници да ја спроведат дигитализацијата, наставната програма предвидува користење на компјутер, проектор и други дигитални уреди но и сложувалки и логички игри.

Новитет кај учениците од петто одделение ќе биде фузијата на предметите Историја и Општество кои наместо посебни како досега, ќе се изучуваат од еден учебник. Во наставната програма се вели дека до крајот на годината, учениците треба да имаат чувство на припадност кон државата.

Ученикот треба да знае да ги идентификува и почитува сите национални симболи на Република Македонија и да манифестира чувство на припадност кон државата. Ученикот треба да ги идентификува географските карактеристики на континентите, регионите и државите во светот и да ги поврзува со нивнот општествен развој, се вели во наставната програма.

Наставниците, според наставната програма ќе треба да обезбеди инклузивност на сите ученици. Учебниците според информации на ТВ Телма, се уште не се испечатени со новините, а информации нема ниту од министерството за образование дали сите училишта се снабдени со помошните техничко-технолошки помагала.

The post Од 1 септември второодделенците ќе учат за идентитети, во петто се спојуваат Историја и Општество appeared first on Република.

]]>

Од септември, во петто одделение се спојуваат предметите Историја и Општество, додека пак учениците од второ одделение ќе изучуваат родови, етнички и национални идентитети, пренесува Телма. Преку овие новини, идните ученици од второ одделение ќе треба да учат како да се справуваат и како да ги препознаваат емоциите, а за предметот Општество ќе треба да ги идентификуваат идентитетите, согласно новата концепција за основно образование.
Ученикот треба да ги идентификува различните компоненти на сопствениот идентитет кој се гради врз основа на припадноста на различни социјални групи, како на пример, родов, етнички и национален идентитет и на различните улоги кои ги има во животот, се вели во наставната програма за второ одделение.
За предметот Општество за второ одделение, во делот за дигитална писменост, личен и социјален развој и техника и технологија се наведува дека ученикот ќе треба да знае да процени кога и на кој начин за решавање на одредена задача е потребно користење на информатички комуникациски технологии. За да можат просветните работници да ја спроведат дигитализацијата, наставната програма предвидува користење на компјутер, проектор и други дигитални уреди но и сложувалки и логички игри. Новитет кај учениците од петто одделение ќе биде фузијата на предметите Историја и Општество кои наместо посебни како досега, ќе се изучуваат од еден учебник. Во наставната програма се вели дека до крајот на годината, учениците треба да имаат чувство на припадност кон државата.
Ученикот треба да знае да ги идентификува и почитува сите национални симболи на Република Македонија и да манифестира чувство на припадност кон државата. Ученикот треба да ги идентификува географските карактеристики на континентите, регионите и државите во светот и да ги поврзува со нивнот општествен развој, се вели во наставната програма.
Наставниците, според наставната програма ќе треба да обезбеди инклузивност на сите ученици. Учебниците според информации на ТВ Телма, се уште не се испечатени со новините, а информации нема ниту од министерството за образование дали сите училишта се снабдени со помошните техничко-технолошки помагала.

The post Од 1 септември второодделенците ќе учат за идентитети, во петто се спојуваат Историја и Општество appeared first on Република.

]]>
Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ https://republika.mk/vesti/kultura/brilijantna-kreacija-na-avangarden-koreograf-napisha-francuskata-kritika-za-gostuvanjeto-na-skopje-tancov-teatar-vo-legendarniot-shajo/ Fri, 25 Mar 2022 09:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=478267

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, пишува критичарот Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција.

„Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите од едно Ф до највисока оценка 3 ФФФ. Претставата е оценета со највисоката оценка, три ФФФ, т.е. како нешто што не смее да се пропушти.

Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата. Сепак, Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар не се нови на сцената на современиот танц. Македонските танчери, се имаат претставено со бројни дела низ светот, но за првпат беа поканети во Франција на задоволството на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Единствено жалиме што претставата се играше само три дена.

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност.

Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот.

Оваа хиперсофистицирана кореографија, како и костимите, светлата и сценографијата се дел од еден апокалиптичен универзум, по малку анкциозен, но во исто време на чуден начин мирен во своето движење, дури и воздржан, додека во позадината се слуша една застрашувачка музика.

Хибриден танц на чудни суштества, мутанти, понекогаш облечени во потпетици. Тела кои осцилираат помеѓу напнатост и релаксација. Гестикулации на ширење и затегнување, постојано под контрола, понекогаш механички и репетитивни, но целосно ослободени од какви било ограничувања.

Некои слики се дури и скратени во нивниот импулс, со ненадеен и произволен крај, неодгатлив. Исто како што, во овој проблематичен период, сè беше осудено на една нецелосна состојба, до фрустрација.

Телата, колку и да се блиску, никогаш не се допираат. Без разлика дали се заедно или сами, растојанието останува исто, секој е закотвен во својата сфера што не ја напушта, бидејќи сега таа им претставува единствениот универзум, обвинувајќи ја оваа изолација што не ја прекршуваат и покрај обидите и импулсите.

Сепак во ова принудно затворање може да се роди чувство на слобода и опиеност. Убавината и грациозност во солото на жена-лебед е манифест или израз на слобода што и покрај сè останува, чин на отпор.

И тоа е несомнено она што ја карактеризира оваа креација означена со печатот на пандемијата. Оваа наметната желба да не се откажуваме и во длабочините на себеси, преку гестикулација на телото, да ја пронајдеме слободата и убавината без којашто не може да има создавање, пишува Санглард.

Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.

 

The post Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ appeared first on Република.

]]>

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност, пишува критичарот Денис Санглард за „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ , по гостувањето на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар во Националниот театар за современ танц Шајо во Париз, Франција. „Un Fauteuil pour L'Orchestre“ е специјализиран журнал за критички осврти, кој дава оценки за претставите од едно Ф до највисока оценка 3 ФФФ. Претставата е оценета со највисоката оценка, три ФФФ, т.е. како нешто што не смее да се пропушти.
Секогаш е возбудливо да се открие нов кореограф кој ги исполнува очекувањата. Сепак, Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар не се нови на сцената на современиот танц. Македонските танчери, се имаат претставено со бројни дела низ светот, но за првпат беа поканети во Франција на задоволството на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Единствено жалиме што претставата се играше само три дена. „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ е креација која брилијантно покажува колку овој авангарден кореограф со талент и инвентивност го преиспитува кореографскиот гест, движењето и неговата експресивност. Во време на пандемија, која исклучува речиси секаков физички контакт, Рисима Рисимкин го создава она што недостасува, фрустрацијата од отсуството на телото на другиот. Оваа хиперсофистицирана кореографија, како и костимите, светлата и сценографијата се дел од еден апокалиптичен универзум, по малку анкциозен, но во исто време на чуден начин мирен во своето движење, дури и воздржан, додека во позадината се слуша една застрашувачка музика. Хибриден танц на чудни суштества, мутанти, понекогаш облечени во потпетици. Тела кои осцилираат помеѓу напнатост и релаксација. Гестикулации на ширење и затегнување, постојано под контрола, понекогаш механички и репетитивни, но целосно ослободени од какви било ограничувања. Некои слики се дури и скратени во нивниот импулс, со ненадеен и произволен крај, неодгатлив. Исто како што, во овој проблематичен период, сè беше осудено на една нецелосна состојба, до фрустрација. Телата, колку и да се блиску, никогаш не се допираат. Без разлика дали се заедно или сами, растојанието останува исто, секој е закотвен во својата сфера што не ја напушта, бидејќи сега таа им претставува единствениот универзум, обвинувајќи ја оваа изолација што не ја прекршуваат и покрај обидите и импулсите. Сепак во ова принудно затворање може да се роди чувство на слобода и опиеност. Убавината и грациозност во солото на жена-лебед е манифест или израз на слобода што и покрај сè останува, чин на отпор. И тоа е несомнено она што ја карактеризира оваа креација означена со печатот на пандемијата. Оваа наметната желба да не се откажуваме и во длабочините на себеси, преку гестикулација на телото, да ја пронајдеме слободата и убавината без којашто не може да има создавање, пишува Санглард.
Музиката за претставата е на Тони Китановски, сценографија и светла на Матеа Мијановиќ, костимографија на Блогој Мицевски. Настапија танчерите: Анатасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.  

The post Брилијантна креација на авангарден кореограф, напиша француската критика за гостувањето на Скопје танцов театар во легендарниот „Шајо“ appeared first on Република.

]]>