хумус Archives - Република https://republika.mk/tema/humus/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 16:50:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хумус Archives - Република https://republika.mk/tema/humus/ 32 32 Хумус кој се јаде на безброј начини а се прави за 15 минути https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/humos-koj-se-jade-na-bezbroj-nachini-a-se-pravi-za-15-minuti/ Sun, 05 May 2024 12:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=774229

Хумусот е еден од најпознатите намази и сосови во светот и вистински скапоцен камен на блискоисточната кујна.

Неговите основни состојки: наут, сусам, лимон и лук, се комбинирани со векови во Египет и Левант, а најраните податоци за слично јадење доаѓаат од готвачи од Каиро кои датираат од 13 век.

Во продолжение рецепт за традиционален хумус

Состојки:

250 гр варен наут

1 чешне лук

2-3 лажици вода

Четвртина чаша сок од лимон

Половина чаша таан

2 лажици екстра девствено маслиново масло

сол, мелен бибер и бибер по вкус

Подготовка:

Во блендерот истурете го таанот и сокот од лимон, па блендирајте една минута, со силиконска шпатула соберете ги страните од блендерот, вратете го на дното, па изблендирајте уште малку додека не добиете фина и кремаста текстура.

Додадете ситно сечкано чешне лук, маслиново масло, половина лажичка сол и ким, па блендирајте уште половина минута, исчистете ги ѕидовите на блендерот, вратете на дното и блендирајте уште половина минута.

Додадете го наутот кој претходно сте го измиле и добро сте го исцедиле и блендирајте додека не добиете мазна маса.

Во овој момент, хумусот веројатно ќе биде густ (или дури и ќе има ситни парчиња наут), па додавајте вода една по една лажица, правејќи паузи за да се соедини, додека не ја добиете саканата конзистентност.

Додадете сол, бибер и мелен бибер по вкус, па блендирајте уште 10 секунди.

Истурете во стаклена тегла со капак и чувајте го во фрижидер каде може да стои една недела.

The post Хумус кој се јаде на безброј начини а се прави за 15 минути appeared first on Република.

]]>

Хумусот е еден од најпознатите намази и сосови во светот и вистински скапоцен камен на блискоисточната кујна. Неговите основни состојки: наут, сусам, лимон и лук, се комбинирани со векови во Египет и Левант, а најраните податоци за слично јадење доаѓаат од готвачи од Каиро кои датираат од 13 век. Во продолжение рецепт за традиционален хумус Состојки: 250 гр варен наут 1 чешне лук 2-3 лажици вода Четвртина чаша сок од лимон Половина чаша таан 2 лажици екстра девствено маслиново масло сол, мелен бибер и бибер по вкус Подготовка: Во блендерот истурете го таанот и сокот од лимон, па блендирајте една минута, со силиконска шпатула соберете ги страните од блендерот, вратете го на дното, па изблендирајте уште малку додека не добиете фина и кремаста текстура. Додадете ситно сечкано чешне лук, маслиново масло, половина лажичка сол и ким, па блендирајте уште половина минута, исчистете ги ѕидовите на блендерот, вратете на дното и блендирајте уште половина минута. Додадете го наутот кој претходно сте го измиле и добро сте го исцедиле и блендирајте додека не добиете мазна маса. Во овој момент, хумусот веројатно ќе биде густ (или дури и ќе има ситни парчиња наут), па додавајте вода една по една лажица, правејќи паузи за да се соедини, додека не ја добиете саканата конзистентност. Додадете сол, бибер и мелен бибер по вкус, па блендирајте уште 10 секунди. Истурете во стаклена тегла со капак и чувајте го во фрижидер каде може да стои една недела.

The post Хумус кој се јаде на безброј начини а се прави за 15 минути appeared first on Република.

]]>