хрватски новинари Archives - Република https://republika.mk/tema/hrvatski-novinari/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 14:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрватски новинари Archives - Република https://republika.mk/tema/hrvatski-novinari/ 32 32 Протест на хрватските новинари во Загреб и Сплит https://republika.mk/vesti/balkan/protest-na-hrvatskite-novinari-vo-zagreb-i-split/ Wed, 31 Jan 2024 14:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=739082

Хрватското новинарско здружение (ХНД) денеска организираше протестни маршеви во Загреб и во Сплит поради новиот Закон за медиуми, кој предвидува казнување на лицата кои даваат информнации од истрагите.

Според актуелниот предлог за измени на Кривичниот законик неовластеното објавување на содржината на истражното или доказното дејствие во фаза на истражна постапка станува кривично дело.

 ХНД бара „lex AP“, законот за опасни намери, односно членот 307а да се отфрли во целост. Не се откажуваме од тоа. Верувајте ни, нема да ни биде напор да дојдеме повторно овде ако не дојдете, истакна претседателот на ХНД, Хрвое Зовко.

Премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за правда Иван Маленица вчера најавија дека на второто читање на измените на законот, Владата ќе додаде одредба за неможност за казнување доколку се работи за информации објавени од главен јавен интерес.

Вчерашната парада со промени во пет до 12 не е ништо друго туку евтин политички трик, со кој Пленковиќ и власта се обидоа да го побијат аргументот на оправдани критики од новинарите и од сите на кои им е важно што живееме во фер и праведно општество, посочи Зовко.

Иако според овој закон новинарите не можат да бидат казнети, Зовко предупреди дека новинарите сепак ќе можат да бидат малтретирани.

Ако се замолчат свиркачите, граѓаните никогаш нема да дознаат за некои криминални дела, наведе Зовко.

Претседателката на Европската федерација на новинари и на Синдикатот на хрватските новинари, Маја Север изјави дека е неприфатлива „ароганцијата и цинизмот со кој претставниците на оваа власт се однесуваат кон професијата, новинарството, јавниот интерес и граѓаните“.

The post Протест на хрватските новинари во Загреб и Сплит appeared first on Република.

]]>

Хрватското новинарско здружение (ХНД) денеска организираше протестни маршеви во Загреб и во Сплит поради новиот Закон за медиуми, кој предвидува казнување на лицата кои даваат информнации од истрагите. Според актуелниот предлог за измени на Кривичниот законик неовластеното објавување на содржината на истражното или доказното дејствие во фаза на истражна постапка станува кривично дело.