Хрвати Archives - Република https://republika.mk/tema/hrvati/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 13:43:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хрвати Archives - Република https://republika.mk/tema/hrvati/ 32 32 Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ https://republika.mk/vesti/balkan/milanovik-saraevo-i-negovite-sponzori-ne-se-grizhat-za-hrvatite-vo-bih/ Sat, 07 Sep 2024 13:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=814133

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека тој и премиерот – Андреј Пленковиќ, мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во БиХ да си ги вратат основните права, бидејќи политичко Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не покажуваат интерес за тоа.

Милановиќ на фестивалот „ЗеГеВеге“ за одржливо живеење ја коментираше дводневната посета на Пленковиќ и рече дека „конечно собрал храброст“ да зборува за нерамноправноста на Хрватите, добивајќи слична реакција како и тој.

– Пленковиќ беше два дена во Босна и Херцеговина. Конечно собра храброст и проговори за пресудите на Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да го избираат својот член на Претседателството, што го опструира политичко Сараево,“изјави Милановиќ.

Тој потсети дека веќе шест години говори за овој проблем, а сега Пленковиќ конечно го призна, иако многу други земји би барале повеќе.

– Мораме да се договориме што да направиме за тие луѓе. Политичко Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се грижат за Хрватите во БиХ, додаде Милановиќ.

 

The post Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека тој и премиерот – Андреј Пленковиќ, мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во БиХ да си ги вратат основните права, бидејќи политичко Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не покажуваат интерес за тоа. Милановиќ на фестивалот „ЗеГеВеге“ за одржливо живеење ја коментираше дводневната посета на Пленковиќ и рече дека „конечно собрал храброст“ да зборува за нерамноправноста на Хрватите, добивајќи слична реакција како и тој. – Пленковиќ беше два дена во Босна и Херцеговина. Конечно собра храброст и проговори за пресудите на Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да го избираат својот член на Претседателството, што го опструира политичко Сараево,“изјави Милановиќ. Тој потсети дека веќе шест години говори за овој проблем, а сега Пленковиќ конечно го призна, иако многу други земји би барале повеќе. – Мораме да се договориме што да направиме за тие луѓе. Политичко Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се грижат за Хрватите во БиХ, додаде Милановиќ.  

The post Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ appeared first on Република.

]]>
Притворените Хрвати за убиството на навивачот ги распоредуваат низ грчките затвори каде што нема многу Срби https://republika.mk/vesti/balkan/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-gi-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-shto-nema-mnogu-srbi/ Tue, 15 Aug 2023 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=672186

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис.

Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток.

Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор.

Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица.

„Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема.

Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници.

Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права.

Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?, прашува Милановиќ.

Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија, додаде хрватскиот претседател.

Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема, остро реагираше Милановиќ.

The post Притворените Хрвати за убиството на навивачот ги распоредуваат низ грчките затвори каде што нема многу Срби appeared first on Република.

]]>

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис. Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток. Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор. Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица. „Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема. Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници. Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници. Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права. Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?, прашува Милановиќ. Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија, додаде хрватскиот претседател. Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема, остро реагираше Милановиќ.

The post Притворените Хрвати за убиството на навивачот ги распоредуваат низ грчките затвори каде што нема многу Срби appeared first on Република.

]]>
Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа https://republika.mk/vesti/balkan/politsiska-opsada-niz-tsela-grtsija-se-apsat-hrvati-na-site-granitsi-i-pristanishta/ Wed, 09 Aug 2023 11:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=670347

Сите 94 уапсени лица кои вчера беа приведени од грчката полиција, по навивачките немири во пресрет на натпреварот од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, ќе бидат изведени пред обвинител. Уште пет Хрвати, кои наводно учествувале во групата што ги предизвикала крвавите инциденти во Неа Филаделфија, вчера доцна навечер биле донесени во Игуменица, додека со брод планирале да отпатуваат за Италија, а оттаму да се вратат во Хрватска, јавува агенцијата АНА.

Освен тоа, вчера во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана. По вчерашните навивачки немири во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, за да ги уапси сите инволвирани во наведените крвави инциденти.Се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се уште се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството. Хрватските медиумите вчера објавија дека е уапсен Грк за убиството на 29-годишниот Михалис, навивач на АЕК, но тоа официјално не е потврдено.

„Како е можно по варварското убиство на Михалис од глутница хулигани од Хрватска, АЕК да излезе на терен и да мора да игра против овој тим?“, пишува на официјалниот сајт на атинскиот клуб АЕК, кој бара исфрлање на Динамо од европските натпреварувања.

„Кој всушност не тера да ги играме овие натпревари додека капе крвта на нашиот убиен навивач и на други тешко повредени? Дали хрватското лобирање во контекст на УЕФА е поважно од човечките животи што ги одзедоа убијците?“-стои во пораката.

Грчкиот портал „Њузит“ објави текст во кој пишува дека приведените навивачи на Динамо „кои се толку многу што зафаќаат неколку ката, на полицијата и го тврдат незамисливото“.

„Тврдат дека биле нападнати од грчки семејства во близина на стадионот на АЕК. Се разбира, не можат да објаснат зошто стигнале пред арената вооружени со палки и остри ножеви. Камерите ги снимиле“, пишува порталот и додава:

„Хрватските хулигани тврдат дека дошле во Грција за психолошки да го поддржат својот тим, иако знаеле дека УЕФА го забранила доаѓањето на гостински навивачи. Тие кажаа дека сакале да го гледаат натпреварот од кафуле во близина на стадионот. Се разбира, никој не можеше да ја раскаже сцената со убиството, тврдат дека ништо не слушнале и не виделе. Тие изгледаат како нацисти“, пишува порталот.

Грчките новинари пишуваат дека полицијата верува дека меѓу уапсените е и убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, поради што земаат ДНК што би можело да се совпадне со онаа на убиениот. Во рамките на истрагата во моментов ги прегледуваат автомобилите со кои пристигнувале во Грција.

„Врз основа на информациите што ги добила од хрватската полиција и Европол, грчката полиција проценува дека меѓу навивачите има четворица или пет водачи. Тие составиле црвена листа на околу 40 најопасни хулигани, меѓу кои, сметаат дека е убиецот на Михалис“, открива Њусит преку свои извори.

Грците ги проверуваат снимките од надзорните камери и оние објавени на социјалните мрежи „за да откријат како се движеле Хрватите и да ги идентификуваат потезите на поединците кои се главни меѓу лошите сини момчиња“.

Грчката полиција веќе отпушти голем број високи офицери кои се сметаат за одговорни за тоа што толку многу гостински навивачи не беа запрени пред Атина. Анонимен очевидец на конфликтот пред стадионот даде изјава за грчкиот портал ЕРТ њуз:

„Седевме опуштено овде во кафетеријата, ги пиевме нашите пијачки, луѓето беа опуштени со своите деца. Одеднаш видовме двајца млади навивачи на АЕК. Ни рекоа: Момци бегајте, Хрватите доаѓаат. Не им верувавме. Ни звучеше многу чудно, но по три-четири минути видовме 250 луѓе како трчаат со палки, ракавици, молотови коктели.Тие почнаа да кршат, уништуваат се околу нив, да палат оган. Бевме преплашени. Изби тепачка со помлади навивачи на АЕК. Тие дошле кај нив, па повторно почнаа да кршат се, автомобили и почнаа да ги бодат луѓето. Се сокривме во кафуле кога ни дојде момче со убод во стомакот. Уште едно дете е прободено со нож во раката. А ова е мојот близок пријател кој го донесов од Перстери. Навивач на Панатинаикос. Тој не е хулиган. Затоа што навивачите на Панатинаикос се едно, а хулиганите што се договорат со Хрватите се сосема други. Зошто се случи ова?

Мојот пријател беше погоден со палка во главата, му го отсекоа увото. Дваесетина луѓе ни фрлија солзавец. Не можевме да дишеме. Бев во друштво со својата 13-годишна ќерка, која е повредена. Ноќ на терор. Никогаш не сме го доживеале тоа. Сличен напад не сме виделе ни на телевизија. Вакво нешто досега не се случило. Тие беа атентатори облечени во црно“, изјавил сведокот.

И покрај забраната на УЕФА, 100 до 120 навивачи на Динамо Загреб се појавија доцна во понеделникот во близина на стадионот на АЕК, каде се собраа навивачите на АЕК. Судирите избија повеќе од еден час по завршувањето на тренингот на гостинската екипа и тимот го напушти стадионот, а навивачите од двете страни фрлаа ракети, рачно изработени експлозиви и камења.

The post Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа appeared first on Република.

]]>

Сите 94 уапсени лица кои вчера беа приведени од грчката полиција, по навивачките немири во пресрет на натпреварот од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, ќе бидат изведени пред обвинител. Уште пет Хрвати, кои наводно учествувале во групата што ги предизвикала крвавите инциденти во Неа Филаделфија, вчера доцна навечер биле донесени во Игуменица, додека со брод планирале да отпатуваат за Италија, а оттаму да се вратат во Хрватска, јавува агенцијата АНА. Освен тоа, вчера во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана. По вчерашните навивачки немири во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, за да ги уапси сите инволвирани во наведените крвави инциденти.Се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се уште се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството. Хрватските медиумите вчера објавија дека е уапсен Грк за убиството на 29-годишниот Михалис, навивач на АЕК, но тоа официјално не е потврдено. „Како е можно по варварското убиство на Михалис од глутница хулигани од Хрватска, АЕК да излезе на терен и да мора да игра против овој тим?“, пишува на официјалниот сајт на атинскиот клуб АЕК, кој бара исфрлање на Динамо од европските натпреварувања. „Кој всушност не тера да ги играме овие натпревари додека капе крвта на нашиот убиен навивач и на други тешко повредени? Дали хрватското лобирање во контекст на УЕФА е поважно од човечките животи што ги одзедоа убијците?“-стои во пораката. Грчкиот портал „Њузит“ објави текст во кој пишува дека приведените навивачи на Динамо „кои се толку многу што зафаќаат неколку ката, на полицијата и го тврдат незамисливото“. „Тврдат дека биле нападнати од грчки семејства во близина на стадионот на АЕК. Се разбира, не можат да објаснат зошто стигнале пред арената вооружени со палки и остри ножеви. Камерите ги снимиле“, пишува порталот и додава: „Хрватските хулигани тврдат дека дошле во Грција за психолошки да го поддржат својот тим, иако знаеле дека УЕФА го забранила доаѓањето на гостински навивачи. Тие кажаа дека сакале да го гледаат натпреварот од кафуле во близина на стадионот. Се разбира, никој не можеше да ја раскаже сцената со убиството, тврдат дека ништо не слушнале и не виделе. Тие изгледаат како нацисти“, пишува порталот. Грчките новинари пишуваат дека полицијата верува дека меѓу уапсените е и убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, поради што земаат ДНК што би можело да се совпадне со онаа на убиениот. Во рамките на истрагата во моментов ги прегледуваат автомобилите со кои пристигнувале во Грција. „Врз основа на информациите што ги добила од хрватската полиција и Европол, грчката полиција проценува дека меѓу навивачите има четворица или пет водачи. Тие составиле црвена листа на околу 40 најопасни хулигани, меѓу кои, сметаат дека е убиецот на Михалис“, открива Њусит преку свои извори. Грците ги проверуваат снимките од надзорните камери и оние објавени на социјалните мрежи „за да откријат како се движеле Хрватите и да ги идентификуваат потезите на поединците кои се главни меѓу лошите сини момчиња“. Грчката полиција веќе отпушти голем број високи офицери кои се сметаат за одговорни за тоа што толку многу гостински навивачи не беа запрени пред Атина. Анонимен очевидец на конфликтот пред стадионот даде изјава за грчкиот портал ЕРТ њуз: „Седевме опуштено овде во кафетеријата, ги пиевме нашите пијачки, луѓето беа опуштени со своите деца. Одеднаш видовме двајца млади навивачи на АЕК. Ни рекоа: Момци бегајте, Хрватите доаѓаат. Не им верувавме. Ни звучеше многу чудно, но по три-четири минути видовме 250 луѓе како трчаат со палки, ракавици, молотови коктели.Тие почнаа да кршат, уништуваат се околу нив, да палат оган. Бевме преплашени. Изби тепачка со помлади навивачи на АЕК. Тие дошле кај нив, па повторно почнаа да кршат се, автомобили и почнаа да ги бодат луѓето. Се сокривме во кафуле кога ни дојде момче со убод во стомакот. Уште едно дете е прободено со нож во раката. А ова е мојот близок пријател кој го донесов од Перстери. Навивач на Панатинаикос. Тој не е хулиган. Затоа што навивачите на Панатинаикос се едно, а хулиганите што се договорат со Хрватите се сосема други. Зошто се случи ова? Мојот пријател беше погоден со палка во главата, му го отсекоа увото. Дваесетина луѓе ни фрлија солзавец. Не можевме да дишеме. Бев во друштво со својата 13-годишна ќерка, која е повредена. Ноќ на терор. Никогаш не сме го доживеале тоа. Сличен напад не сме виделе ни на телевизија. Вакво нешто досега не се случило. Тие беа атентатори облечени во црно“, изјавил сведокот. И покрај забраната на УЕФА, 100 до 120 навивачи на Динамо Загреб се појавија доцна во понеделникот во близина на стадионот на АЕК, каде се собраа навивачите на АЕК. Судирите избија повеќе од еден час по завршувањето на тренингот на гостинската екипа и тимот го напушти стадионот, а навивачите од двете страни фрлаа ракети, рачно изработени експлозиви и камења.

The post Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа appeared first on Република.

]]>
Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија пуштени од притвор https://republika.mk/vesti/balkan/chetiri-hrvatski-dvojki-osomnicheni-za-trgovija-so-detsa-vo-zambija-pushteni-od-pritvor/ Mon, 23 Jan 2023 18:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=600121

Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија се пуштени денеска да се бранат од слобода до судењето, откако надлежниот суд констатирал дека со регулирањето на нивниот привремен престој во земјата се исполнети условите за ослободување од притвор, потврдија за ХИНА хрватски дипломатски извори.

Посочиле дека условите наложени од надлежниот суд се исполнети, привремениот престој во Република Замбија е регулиран (одобрен) и дека тие излегле.

Четирите двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно под сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго.

Обвинети се за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Тие ја негираат вината.

Судот во Ндола, третиот по големина град во африканската земја со околу 19,5 милиони жители, им дозволи пред две недели на хрватските граѓани да се бранат од слобода откако платија кауција, 20.000 замбиски квачи по лице (околу 1100 долари) и патни исправи, да го регулираат нивниот престој во Замбија и да најдат 16 луѓе кои ќе гарантираат за нив.

Следното рочиште во судскиот процес е закажано за 6 февруари.

The post Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија пуштени од притвор appeared first on Република.

]]>

Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија се пуштени денеска да се бранат од слобода до судењето, откако надлежниот суд констатирал дека со регулирањето на нивниот привремен престој во земјата се исполнети условите за ослободување од притвор, потврдија за ХИНА хрватски дипломатски извори. Посочиле дека условите наложени од надлежниот суд се исполнети, привремениот престој во Република Замбија е регулиран (одобрен) и дека тие излегле. Четирите двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно под сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго. Обвинети се за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Тие ја негираат вината. Судот во Ндола, третиот по големина град во африканската земја со околу 19,5 милиони жители, им дозволи пред две недели на хрватските граѓани да се бранат од слобода откако платија кауција, 20.000 замбиски квачи по лице (околу 1100 долари) и патни исправи, да го регулираат нивниот престој во Замбија и да најдат 16 луѓе кои ќе гарантираат за нив. Следното рочиште во судскиот процес е закажано за 6 февруари.

The post Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија пуштени од притвор appeared first on Република.

]]>
Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи https://republika.mk/vesti/balkan/hrvati-posvoile-131-dete-od-kongo-ke-se-proveruva-legalnosta-na-site-sluchai/ Thu, 12 Jan 2023 10:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=596111

Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита.

За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго.

Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји.

Осуммина хрватски државјани кои од 7 декември се во истражен затвор во Замбија поради сомневања за трговија со деца денеска го чекаат продолжението на судењето каде треба да се знае дали ќе бидат задржани во затвор или ќе им биде одредена кауција.

The post Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита. За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго. Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји. Осуммина хрватски државјани кои од 7 декември се во истражен затвор во Замбија поради сомневања за трговија со деца денеска го чекаат продолжението на судењето каде треба да се знае дали ќе бидат задржани во затвор или ќе им биде одредена кауција.

The post Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи appeared first on Република.

]]>