Хрват Archives - Република https://republika.mk/tema/hrvat/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 13:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хрват Archives - Република https://republika.mk/tema/hrvat/ 32 32 Хрватот кој се снимаше додека вози 200 на час, па загина со сопругата, пред пет години во сообраќајка ја уби бремената девојка https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/hrvatot-koj-se-snimashe-dodeka-vozi-200-na-chas-pa-zagina-so-soprugata-pred-pet-godini-vo-soobrakajka-ja-ubi-bremenata-devojka/ Sun, 02 Jun 2024 13:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=784168

Хрватот Еди Здјелар (24) кој загина со сопругата во сообраќајна несреќа, а пред тоа се снимаше во живо како вози 200 километри на час, во 2019 година предизвикал уште една тешка сообраќајка на Нова Градишка, по што починала и неговата тогашна бремена партнерка.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mazhot-koj-so-soprugata-zagina-vo-hrvatska-pred-nesrekata-se-snimal-vo-zhivo-deka-vozi-bmv-200-na-saat/

Порталот „Нова Градишка“ тогаш објавил дека несреќата се случила на 18 март во градот Ковачевац. Сообраќајката се случила кога Здјелар, тогаш 18-годишен возејќи комбе, изгубил контрола и неконтролирано отишол на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Од силината на ударот возилото се превртело.

Освен Здјелар, во комбето била и неговата 18-годишна девојка, која тогаш била бремена. Медиумите во Хрватска тогаш објавиле дека девојката загинала во несреќата, но како што подоцна беше објавено таа починале девет месеци подоцна, а нејзиното дете преживеало.

 

The post Хрватот кој се снимаше додека вози 200 на час, па загина со сопругата, пред пет години во сообраќајка ја уби бремената девојка appeared first on Република.

]]>

Хрватот Еди Здјелар (24) кој загина со сопругата во сообраќајна несреќа, а пред тоа се снимаше во живо како вози 200 километри на час, во 2019 година предизвикал уште една тешка сообраќајка на Нова Градишка, по што починала и неговата тогашна бремена партнерка. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mazhot-koj-so-soprugata-zagina-vo-hrvatska-pred-nesrekata-se-snimal-vo-zhivo-deka-vozi-bmv-200-na-saat/ Порталот „Нова Градишка“ тогаш објавил дека несреќата се случила на 18 март во градот Ковачевац. Сообраќајката се случила кога Здјелар, тогаш 18-годишен возејќи комбе, изгубил контрола и неконтролирано отишол на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Од силината на ударот возилото се превртело. Освен Здјелар, во комбето била и неговата 18-годишна девојка, која тогаш била бремена. Медиумите во Хрватска тогаш објавиле дека девојката загинала во несреќата, но како што подоцна беше објавено таа починале девет месеци подоцна, а нејзиното дете преживеало.  

The post Хрватот кој се снимаше додека вози 200 на час, па загина со сопругата, пред пет години во сообраќајка ја уби бремената девојка appeared first on Република.

]]>
16-годишник во Хрватска им се заканувал на ученици дека ќе ги заколе и ќе го запали училиштето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/16-godishnik-vo-hrvatska-im-se-zakanuval-na-uchenitsi-deka-ke-gi-zakole-i-ke-go-zapali-uchilishteto/ Tue, 09 Jan 2024 20:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=731302

Поради тежок инцидент, 16-годишник во Хрватска заврши во истражен затвор, но Уставниот суд сега утврди дека е повредено неговото правото на лична слобода загарантирано со хрватскиот Устав, пренесува N1.hr.

Во средината на октомври минатата година за време на одмор во училишниот ходник, момчето се приближило до четворица ученици од своето одделение и без никаква причина еден од нив го испрскал со солзавец. Во следниот момент со тупаницата во која имал т.н боксер, тој замавнал кон него. Друг ученик го спречил во понатамошен напад.

Момчето потоа извадило нож скакулец од џебот и почнал да се заканува:

Ќе ве заколам сите, ќе ве убијам сите, ќе фрлам молотов коктел во одделението, ќе ве убијам сите и ќе го запалам училиштето.

После тоа, класниот раководител успеал да го совлада, но потоа 16-годишникот му се обратил:

Не заслужиле да живеат, ќе се вратам во училиштето, ќе го запалам училиштето“ Ќе ве убијам сите“, рекол тој.

Подоцна во канцеларијата на директорот неколку пати повторил дека ќе го запали училиштето и сите ќе ги убие, а истите зборови ги повторил и пред полицајците кои биле повикани да интервенираат.

Со својот чин ги исплашил останатите ученици, но и вработените во училиштето. Затоа бил пријавен за закани, но и за обид за нанесување тешки повреди.

Откако бил изведен пред суд, му е одредена мерка притвор бидејќи судијата констатирал дека може да ги повтори кривичните дела за кои се товари.

По инцидентот, момчето прво поминало две недели на лекување. Веќе на рочиштето за притвор, тој тврдеше дека се чувствува многу подобро.

Во меѓувреме дури бил избркан од училиште, а родителите, кои дотогаш не биле свесни дека има некакви психички проблеми, решиле да ги прилагодат работните обврски за да можат повеќе да се посветат на своето дете.

 

The post 16-годишник во Хрватска им се заканувал на ученици дека ќе ги заколе и ќе го запали училиштето appeared first on Република.

]]>

Поради тежок инцидент, 16-годишник во Хрватска заврши во истражен затвор, но Уставниот суд сега утврди дека е повредено неговото правото на лична слобода загарантирано со хрватскиот Устав, пренесува N1.hr. Во средината на октомври минатата година за време на одмор во училишниот ходник, момчето се приближило до четворица ученици од своето одделение и без никаква причина еден од нив го испрскал со солзавец. Во следниот момент со тупаницата во која имал т.н боксер, тој замавнал кон него. Друг ученик го спречил во понатамошен напад. Момчето потоа извадило нож скакулец од џебот и почнал да се заканува:
Ќе ве заколам сите, ќе ве убијам сите, ќе фрлам молотов коктел во одделението, ќе ве убијам сите и ќе го запалам училиштето.
После тоа, класниот раководител успеал да го совлада, но потоа 16-годишникот му се обратил:
Не заслужиле да живеат, ќе се вратам во училиштето, ќе го запалам училиштето“ Ќе ве убијам сите“, рекол тој.
Подоцна во канцеларијата на директорот неколку пати повторил дека ќе го запали училиштето и сите ќе ги убие, а истите зборови ги повторил и пред полицајците кои биле повикани да интервенираат. Со својот чин ги исплашил останатите ученици, но и вработените во училиштето. Затоа бил пријавен за закани, но и за обид за нанесување тешки повреди. Откако бил изведен пред суд, му е одредена мерка притвор бидејќи судијата констатирал дека може да ги повтори кривичните дела за кои се товари. По инцидентот, момчето прво поминало две недели на лекување. Веќе на рочиштето за притвор, тој тврдеше дека се чувствува многу подобро. Во меѓувреме дури бил избркан од училиште, а родителите, кои дотогаш не биле свесни дека има некакви психички проблеми, решиле да ги прилагодат работните обврски за да можат повеќе да се посветат на своето дете.  

The post 16-годишник во Хрватска им се заканувал на ученици дека ќе ги заколе и ќе го запали училиштето appeared first on Република.

]]>
Му се слошило на плажа, не стигнал ни до болница: Смртта на еден од најбогатите Хрвати предизвика шок во регионот https://republika.mk/vesti/balkan/mu-se-sloshilo-na-plazha-ne-stignal-ni-do-bolnitsa-smrtta-na-eden-od-najbogatite-hrvati-predizvika-shok-vo-regionot/ Tue, 01 Aug 2023 19:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=667748

Ивица Пивац (71), хрватски бизнисмен, косопственик и претседател на одборот на директори на Групацијата Пивац ненадејно почина во понеделникот. Според Јутарњи лист, на Пивац околу 17 часот му се слошило додека бил на плаќа и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови.

„На Ивица му се слошило на плажата каде што се обиделе да го реанимираат, но за жал починал на пат кон КБЦ во Сплит“ – соопштија од Здружението Завојане.

Традицијата да се занимаваат со месо во семејството Пивац започнала во 1952 година, кога таткото Миленко отворил месарница. Браќата Тончи, Ивица и Невен Пивац уште од мали нозе се занимавале со тој занает.

Работата на семејството Пивац почнала во раните осумдесетти години, кога нивната месарница во Вргорац ја откриле ресторани и хотелиери на Макарска, кои дошле во Вргорац да купат месо. Но, подемот најверојатно почнал уште порано, бидејќи во 1978 година го купиле првиот камион за транспорт на добиток.

The post Му се слошило на плажа, не стигнал ни до болница: Смртта на еден од најбогатите Хрвати предизвика шок во регионот appeared first on Република.

]]>

Ивица Пивац (71), хрватски бизнисмен, косопственик и претседател на одборот на директори на Групацијата Пивац ненадејно почина во понеделникот. Според Јутарњи лист, на Пивац околу 17 часот му се слошило додека бил на плаќа и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови. „На Ивица му се слошило на плажата каде што се обиделе да го реанимираат, но за жал починал на пат кон КБЦ во Сплит“ – соопштија од Здружението Завојане. Традицијата да се занимаваат со месо во семејството Пивац започнала во 1952 година, кога таткото Миленко отворил месарница. Браќата Тончи, Ивица и Невен Пивац уште од мали нозе се занимавале со тој занает. Работата на семејството Пивац почнала во раните осумдесетти години, кога нивната месарница во Вргорац ја откриле ресторани и хотелиери на Макарска, кои дошле во Вргорац да купат месо. Но, подемот најверојатно почнал уште порано, бидејќи во 1978 година го купиле првиот камион за транспорт на добиток.

The post Му се слошило на плажа, не стигнал ни до болница: Смртта на еден од најбогатите Хрвати предизвика шок во регионот appeared first on Република.

]]>
Хрват активирал рачна бомба и ја убил сопругата и себе https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/hrvat-aktiviral-rachna-bomba-i-ja-ubil-soprugata-i-sebe/ Sat, 01 Jul 2023 15:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=657154

Маж (56) синоќа во Бисаг, во општина Брезница кај Вараждин, со активирање на рачна бомба уби 48-годишна жена и себе си, соопшти денеска полициската истрага од Вараждин.

Во петокот, околу 23 часот и 40 минути, во стан во Бисаг, 56-годишен маж со активирање на рачна бомба убил 48-годишна жена и себеси. Истрагата на местото на настанот ја изврши заменик на жупанискиот државен обвинител во Вараждин со стручна помош на полициски службеници, соопштија од ЈП Вараждин.

Телата на починатите по наредба на заменикот на Жупаниското државно обвинителство се пренесени во Одделот за патологија на Општата болница во Вараждин, каде што ќе биде извршена обдукција, се додава во соопштението.

Во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности на ова кривично дело, соопшти полицијата.

The post Хрват активирал рачна бомба и ја убил сопругата и себе appeared first on Република.

]]>

Маж (56) синоќа во Бисаг, во општина Брезница кај Вараждин, со активирање на рачна бомба уби 48-годишна жена и себе си, соопшти денеска полициската истрага од Вараждин.
Во петокот, околу 23 часот и 40 минути, во стан во Бисаг, 56-годишен маж со активирање на рачна бомба убил 48-годишна жена и себеси. Истрагата на местото на настанот ја изврши заменик на жупанискиот државен обвинител во Вараждин со стручна помош на полициски службеници, соопштија од ЈП Вараждин.
Телата на починатите по наредба на заменикот на Жупаниското државно обвинителство се пренесени во Одделот за патологија на Општата болница во Вараждин, каде што ќе биде извршена обдукција, се додава во соопштението. Во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности на ова кривично дело, соопшти полицијата.

The post Хрват активирал рачна бомба и ја убил сопругата и себе appeared first on Република.

]]>
„Дали сум јас идиот?!“: Хрват казнет оти се скарал сам со себе https://republika.mk/vesti/balkan/dali-sum-jas-idiot-hrvat-kaznet-oti-se-skaral-sam-so-sebe/ Mon, 11 Jul 2022 07:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=526809

Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе.

Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе.

Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ …Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“.

По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни.

The post „Дали сум јас идиот?!“: Хрват казнет оти се скарал сам со себе appeared first on Република.

]]>

Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе. Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе. Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ …Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“. По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни.

The post „Дали сум јас идиот?!“: Хрват казнет оти се скарал сам со себе appeared first on Република.

]]>