хрстијан мицкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/hrstijan-mitskoski/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 15:04:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хрстијан мицкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/hrstijan-mitskoski/ 32 32 Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите https://republika.mk/vesti/makedonija/trajanovski-stabilizirana-finansiskata-sostojba-na-jp-za-drzhavni-patishta-se-raboti-na-proektite/ Sat, 24 Aug 2024 15:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=809760

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е затекнато во лоша финансиска состојба која што успеавме да ја санираме, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.

По средбата во претпријатието со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, директорот Трајановски информираше дека го затекнале претпријатието со големи долгови, но, како што рече, успеале да се приближат до финансиска стабилност.

На сметката имаше околу 90 милиони денари, а долговите беа околу милијарда и сто, десет пати поголеми долгови од што е состојбата на сметката, за да на 23 август, на вчерашната состојба, имаме милијарда и сто на сметката и милијарда и триста во долгови. Се приближуваме до некоја финансиска стабилност, рече директорот, по средбата на која биле презентирани проектите што се дел од работата на ЈПДП.

Трајановски информираше дека од февруари годинава не биле плаќани фактурите на многу институции, помеѓу кои ги спомена Македонија пат, на кои, како што рече, им е платено само за исплата на плати, а не е платено, како што дополни, и на Министерството за финансии во вредност од 300 милиони денари за отплата на ануитети за кредити кои ги плаќа Министерството во име ЈПДП.

Финансиската состојба беше многу лоша, успеавме да ја санираме, пред сè во наплата на патарините. Доколку направиме споредба јули 2023 со јули 2024, имаме во јули 2024 година 66 милиони поголема наплата во однос нам минатата година, тоа јасно зборува дека ние работиме посветено и домаќински, за да би можело ова јавно претпријатие да биде во многу стабилна состојба, рече директорот на ЈПДП.

Трајановски информираше и дека претпријатието потпишувало договори со многу високи цени, од кои ја сподели цената од 30 илјади денари за ангажирање на стручен електроинженер од висока стручна спрема за еден час работа.

Да не зборувам за сите други слични договори кои што биле правени. Не е правена конкуренција и не се гледало да бидат конкурентни на пазарот, дополни тој.

Министер за транспорт и врски, Александар Николоски, сподели дека имале одличен почеток заедно со ЈПДП, при што рече дека на дневна основа работат на реализација на проектите.

Имаме неделни состаноци за двата најкрупни проекти, едниот е финализирање на автопатот од Охрид до Кичево, а вториот е почеток и забрзување на работите за коридорите 8 и 10, пред сè тука е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани. Во следниот период ќе доаѓаат и другите проекти, изјави Николоски.

Министерот најави дека наскоро ќе биде завршен проектот за експресниот пат Градско-Прилеп.

- Состојбата ако кажам дека е лоша би било благ збор, наследивме катастрофална состојба каде што проекти воопшто не се менаџирале и за обични административни работи се заглавувани проекти по година, две, три. Ќе дадам само еден пример, експресниот пат Градско – Прилеп, кој што треба да забрза движењето на целиот централен регион на Македонија беше заглавен година и половина заради неформирање на комисии, заради незавршување на процедурални работи кои за месец дена ги завршивме и во вторник со информација на Влада ќе го завршиме и тоа, рече министерот за транспорт.

Дополни дека очекува „Јавното обвинителство да постапи по однос на сите наводи кои ги имаат доставено како министерство за сите потенцијални криминали кои ги имало во ЈПДП“ и најави убави вести во следниот период.

И премиерот Христијан Мицкоски, оцени деја врз основа на тоа што му било презентирано ЈПДП полека но сигурно се консолидира и стабилизира.

Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот, рече Мицкоски.

Тој, исто така, го повика Обвинителството да постапи по добиените пријави.

Повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде завршувале тие пари и како одделни политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални, изјави Мицкоски.

Очекувањата на премиерот се резултатите од работата на ЈПДП да излезат многу скоро.

The post Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е затекнато во лоша финансиска состојба која што успеавме да ја санираме, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски. По средбата во претпријатието со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, директорот Трајановски информираше дека го затекнале претпријатието со големи долгови, но, како што рече, успеале да се приближат до финансиска стабилност.
На сметката имаше околу 90 милиони денари, а долговите беа околу милијарда и сто, десет пати поголеми долгови од што е состојбата на сметката, за да на 23 август, на вчерашната состојба, имаме милијарда и сто на сметката и милијарда и триста во долгови. Се приближуваме до некоја финансиска стабилност, рече директорот, по средбата на која биле презентирани проектите што се дел од работата на ЈПДП.
Трајановски информираше дека од февруари годинава не биле плаќани фактурите на многу институции, помеѓу кои ги спомена Македонија пат, на кои, како што рече, им е платено само за исплата на плати, а не е платено, како што дополни, и на Министерството за финансии во вредност од 300 милиони денари за отплата на ануитети за кредити кои ги плаќа Министерството во име ЈПДП.
Финансиската состојба беше многу лоша, успеавме да ја санираме, пред сè во наплата на патарините. Доколку направиме споредба јули 2023 со јули 2024, имаме во јули 2024 година 66 милиони поголема наплата во однос нам минатата година, тоа јасно зборува дека ние работиме посветено и домаќински, за да би можело ова јавно претпријатие да биде во многу стабилна состојба, рече директорот на ЈПДП.
Трајановски информираше и дека претпријатието потпишувало договори со многу високи цени, од кои ја сподели цената од 30 илјади денари за ангажирање на стручен електроинженер од висока стручна спрема за еден час работа.
Да не зборувам за сите други слични договори кои што биле правени. Не е правена конкуренција и не се гледало да бидат конкурентни на пазарот, дополни тој.
Министер за транспорт и врски, Александар Николоски, сподели дека имале одличен почеток заедно со ЈПДП, при што рече дека на дневна основа работат на реализација на проектите.
Имаме неделни состаноци за двата најкрупни проекти, едниот е финализирање на автопатот од Охрид до Кичево, а вториот е почеток и забрзување на работите за коридорите 8 и 10, пред сè тука е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани. Во следниот период ќе доаѓаат и другите проекти, изјави Николоски.
Министерот најави дека наскоро ќе биде завршен проектот за експресниот пат Градско-Прилеп.
- Состојбата ако кажам дека е лоша би било благ збор, наследивме катастрофална состојба каде што проекти воопшто не се менаџирале и за обични административни работи се заглавувани проекти по година, две, три. Ќе дадам само еден пример, експресниот пат Градско – Прилеп, кој што треба да забрза движењето на целиот централен регион на Македонија беше заглавен година и половина заради неформирање на комисии, заради незавршување на процедурални работи кои за месец дена ги завршивме и во вторник со информација на Влада ќе го завршиме и тоа, рече министерот за транспорт.
Дополни дека очекува „Јавното обвинителство да постапи по однос на сите наводи кои ги имаат доставено како министерство за сите потенцијални криминали кои ги имало во ЈПДП“ и најави убави вести во следниот период. И премиерот Христијан Мицкоски, оцени деја врз основа на тоа што му било презентирано ЈПДП полека но сигурно се консолидира и стабилизира.
Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот, рече Мицкоски.
Тој, исто така, го повика Обвинителството да постапи по добиените пријави.
Повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде завршувале тие пари и како одделни политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални, изјави Мицкоски.
Очекувањата на премиерот се резултатите од работата на ЈПДП да излезат многу скоро.

The post Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најавува: Ќе воведеме два проекти, е-простор и бим софтвер, со кои ќе ја намалиме корупцијата во областа на урбанизмот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-najavuva-vmro-dpmne-koga-ke-dojde-na-vlast-do-2026-ta-godina-ke-bidat-zavrsheni-avtopatot-kichevo-ohrid-i-ekspresnite-patishta/ Sun, 18 Feb 2024 14:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=745361

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата Инфраструктурна платформа за иднина на тема Концепт за инвестиции во инфраструктурата која се одржува во Кичево најави два проекти во областа на урбанизмот со кои ќе се намали корупцијата.

„Во делот на урбанизмот сакам да споменам две работи, а тоа е проектот е-простор. Денеска за да почнете еден проект или да почнете план потребно е да добиете мислење од многу институции. Од МЕПСО за нивната инфраструктура, ЕВН, од комунални претпријатија, од Заводот за културно и историско наследство итн. Станува збор за десетици институции кои треба по закон да ви дадат мислење дали нешто можете да урбанизирате. Нашата цел во следниот мандат ќе биде комплетно дигитализирање на сето ова, да може урбанистот да го направи планот без да чека мислења од соодветните институции на начин  на кој ќе ја користи таа софтверска алатка која ќе му дава одговор дали на таа парцела, во тој периметар има било каква инфраструктура било која од надлежните институции. Целосна дигитализација  со што ќе се намали влијанието на човечкиот фактор, ќе се забрза самиот процес, ќе се зголеми транспарентноста и она што е многу важно ќе се намали моментот на корупција бидејќи тоа најмногу ги мачи граѓаните“, рече Мицкоски.

Мицкоски освен на е-проектот се осврна на уште еден проект кој ќе го олесни градењето.

„И второто, тоа е една софтверска алатка која би била наречена бим алатка. Тоа е алатка која би ја користеле институциите и проектантите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го инсертираат самиот проект, односно цртежите кои се составен дел од тој проект, а оваа алатка да даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи, дали тој проект ќе можеме понатаму да го користиме и конечно да можеме да го забрзаме процесот на давање на градежна дозвола, да ја зголемите транспарентноста и да ја намалиме корупцијата, она што е најважно“, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека овие проекти ќе се дел од следната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова ќе е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, без ветувања на чуда, бидејќи не сме чудотворци. Работејќи отчетно и чесно сакаме да ја вратиме довербата на граѓаните кон институциите“, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски најавува: Ќе воведеме два проекти, е-простор и бим софтвер, со кои ќе ја намалиме корупцијата во областа на урбанизмот appeared first on Република.

Mицкоски за случајот „Онкологија“: Ако оваа Влада не се зафати со сериозна одговорност, ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелна истрага https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sluchajot-onkologija-ako-ovaa-vlada-ne-se-zafati-so-seriozna-odgovornost-vi-vetuvam-deka-slednata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-sprovede-temelna-istraga/ Thu, 26 Oct 2023 10:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=695199

Од тоа што сум информиран работата би требало некаде да кулминира кон крајот на следната недела, во петок. Од тоа што сум информиран од пратеничката Рашела Мизрахи. Имавме утрово разговор подолг на таа тема. Од она што можам накратко да заклучам дека одговорните требало да знаат што се случува, а не знаеле, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од населено место Орман при одговарање на новинарско прашање за случајот „Онкологија“.

Мицкоски додаде дека пациентите требало да добијат соодветна терапија, а не ја добиле.

„Некој ги прекршил законите и овластувањата. Некој правел криминал на сметка на смртта на луѓето. Тоа кое што требало МВР да го истражи изминативе години. Овој скандал почнува од 2019-тата година. И не само што не го истражува, туку се обидува и да го заташка“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека некој свесно или несвесно системот за контрола го прекинал.

„Има многу, многу непрецизности, недоследности, многу основани сомневања за криминал, многу основани сомневања за прекршени овластувања. И ценам дека резултатот од сето ова ќе биде навистина поразителен, нечовечки, нехуман. И ако оваа Влада не се зафати со озбилна одговорност, тогаш јас ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелно, бидејќи сега веќе имаме сериозни индиции и докази за тоа што се случувало, темелна истрага и тука ,мора да има одговорност“, потенцира Мицкоски.

The post Mицкоски за случајот „Онкологија“: Ако оваа Влада не се зафати со сериозна одговорност, ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелна истрага appeared first on Република.

]]>

Од тоа што сум информиран работата би требало некаде да кулминира кон крајот на следната недела, во петок. Од тоа што сум информиран од пратеничката Рашела Мизрахи. Имавме утрово разговор подолг на таа тема. Од она што можам накратко да заклучам дека одговорните требало да знаат што се случува, а не знаеле, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од населено место Орман при одговарање на новинарско прашање за случајот „Онкологија“. Мицкоски додаде дека пациентите требало да добијат соодветна терапија, а не ја добиле.
„Некој ги прекршил законите и овластувањата. Некој правел криминал на сметка на смртта на луѓето. Тоа кое што требало МВР да го истражи изминативе години. Овој скандал почнува од 2019-тата година. И не само што не го истражува, туку се обидува и да го заташка“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека некој свесно или несвесно системот за контрола го прекинал. „Има многу, многу непрецизности, недоследности, многу основани сомневања за криминал, многу основани сомневања за прекршени овластувања. И ценам дека резултатот од сето ова ќе биде навистина поразителен, нечовечки, нехуман. И ако оваа Влада не се зафати со озбилна одговорност, тогаш јас ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелно, бидејќи сега веќе имаме сериозни индиции и докази за тоа што се случувало, темелна истрага и тука ,мора да има одговорност“, потенцира Мицкоски.

The post Mицкоски за случајот „Онкологија“: Ако оваа Влада не се зафати со сериозна одговорност, ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелна истрага appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Шест години СДСМ, шест години предавства, идеолошко декомпонирање, страдање и економски неуспеси https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-shest-godini-sdsm-shest-godini-predavstva-ideoloshko-dekomponirane-stradane-i-ekonomski-neuspesi/ Fri, 05 May 2023 07:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=637158

Овие 6 години е кулминацијата на сите несреќи на сите луѓе во оваа наша Македонија. И не се само предавствата со договорите кои се болното наследство и дивото месо кое ја гуши нашата нација или идеолошкото декомпонирање на нашите традиции  и темели каде сè што е поврзано со македонското постоење, морал и семејство е отфрлено како ретроградно, туку и хавариите во сите други области кои ја фрлаат на колена нашата нација, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на тема надворешна политика.

Тој потенцира дека несреќата не познава ниту вера, ниту припадност кон нација, туку таа е колективна и заедничка.

Набројувајќи неколку болни точки кои и се случија на државата под водство на СДС, тој кажа:

10.000 загубени човечки животи од КОВИД, тоа е цел еден град кој престанал да постои.Изгорена КОВИД болница, автобуска несреќа која покажува дека системот не само што не функционира, туку и престанува да постои во одредени моменти.Милионски оштети за клинички центар кој не само што не го изградија туку и наследениот не го отпочнаа.Автопатиштата кои ги заглавија и од кои дебело печалат.Црни тендери кои завршуваат во приватни џебови.

Премиер и министри со семејства кои се бизнисмени и сиромашен и гладен народ.

Инфлација која силно удира по стандардот и сè повеќе граѓани кои се сиромашни.

Колективна сиромаштија за сметка на нивната индивидуална среќа со нашите пари.

Иселување кое одново го згаснува животот во нови домови, нови градови.

За да заклучи дека кога ќе тие од власта ќе речат воздржете се и вкусете уште една голема кнедла, уште едно ново само порекнување, останете неми на уште едно големо предавство на своето постоење, треба народот да знае две работи: дека тоа не е последното што го подготвуваат и дека среќата и сонот што го ветуваат нема никогаш да дојдат со овие луѓе.

Обландата дека се европски ориентирани е само завесата со која се покриваат за да им поминуваат криминалот и предавствата. Нивната среќа за народот значи несреќа. Нивните пари за народот значат празни џебови. Власта е готова, и единственото бегство од соочување со правдата и народот, им е се функциите како место кое им нуди засолниште од народот. Но тоа можеби им купува време, но нема никогаш да ги спаси од судот на народот, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Македонија не е розовата слика во владините гласила и зборови, Македонија не се состои во владиниот раскош платен со државни пари, ниту во некој спот финансиран со парите на напатениот народ. Туку Македонија е на народот, таа е за сите.

The post Мицкоски: Шест години СДСМ, шест години предавства, идеолошко декомпонирање, страдање и економски неуспеси appeared first on Република.

]]>

Овие 6 години е кулминацијата на сите несреќи на сите луѓе во оваа наша Македонија. И не се само предавствата со договорите кои се болното наследство и дивото месо кое ја гуши нашата нација или идеолошкото декомпонирање на нашите традиции  и темели каде сè што е поврзано со македонското постоење, морал и семејство е отфрлено како ретроградно, туку и хавариите во сите други области кои ја фрлаат на колена нашата нација, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на тема надворешна политика. Тој потенцира дека несреќата не познава ниту вера, ниту припадност кон нација, туку таа е колективна и заедничка. Набројувајќи неколку болни точки кои и се случија на државата под водство на СДС, тој кажа:
10.000 загубени човечки животи од КОВИД, тоа е цел еден град кој престанал да постои.Изгорена КОВИД болница, автобуска несреќа која покажува дека системот не само што не функционира, туку и престанува да постои во одредени моменти.Милионски оштети за клинички центар кој не само што не го изградија туку и наследениот не го отпочнаа.Автопатиштата кои ги заглавија и од кои дебело печалат.Црни тендери кои завршуваат во приватни џебови.
Премиер и министри со семејства кои се бизнисмени и сиромашен и гладен народ. Инфлација која силно удира по стандардот и сè повеќе граѓани кои се сиромашни. Колективна сиромаштија за сметка на нивната индивидуална среќа со нашите пари. Иселување кое одново го згаснува животот во нови домови, нови градови. За да заклучи дека кога ќе тие од власта ќе речат воздржете се и вкусете уште една голема кнедла, уште едно ново само порекнување, останете неми на уште едно големо предавство на своето постоење, треба народот да знае две работи: дека тоа не е последното што го подготвуваат и дека среќата и сонот што го ветуваат нема никогаш да дојдат со овие луѓе.
Обландата дека се европски ориентирани е само завесата со која се покриваат за да им поминуваат криминалот и предавствата. Нивната среќа за народот значи несреќа. Нивните пари за народот значат празни џебови. Власта е готова, и единственото бегство од соочување со правдата и народот, им е се функциите како место кое им нуди засолниште од народот. Но тоа можеби им купува време, но нема никогаш да ги спаси од судот на народот, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека Македонија не е розовата слика во владините гласила и зборови, Македонија не се состои во владиниот раскош платен со државни пари, ниту во некој спот финансиран со парите на напатениот народ. Туку Македонија е на народот, таа е за сите.

The post Мицкоски: Шест години СДСМ, шест години предавства, идеолошко декомпонирање, страдање и економски неуспеси appeared first on Република.

]]>
Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1200 https://republika.mk/zivot/patuvanja/sakate-da-rabotite-vo-grtsija-eve-kolkavi-se-platite-kelner-1-000-evra-chistachka-1200/ Fri, 28 Apr 2023 09:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=634921

Грција се подготвува за одлична туристичка сезона, која во најавата би можела и да ја надмине минатогодишната, сепак - има проблем. Во туристичкиот сектор нема доволно работна сила да го покрие.

Колкави се платите на сезонските работници

Келнери добиваат 900-1.000 евра, за 14 часа работа дневно плус бакшиш. Чистачка во хотели ќе заработува фиксно 1200.

Минатата година имаа недостиг од чистачи (7.360), келнери (5.164), помошници (3.883) и рецепционери (3.460). Потоа следат шанкерите (2.729), машините за миење садови (2.866) и техничката поддршка (2.054).

The post Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1200 appeared first on Република.

]]>

Грција се подготвува за одлична туристичка сезона, која во најавата би можела и да ја надмине минатогодишната, сепак - има проблем. Во туристичкиот сектор нема доволно работна сила да го покрие.

Колкави се платите на сезонските работници

Келнери добиваат 900-1.000 евра, за 14 часа работа дневно плус бакшиш. Чистачка во хотели ќе заработува фиксно 1200. Минатата година имаа недостиг од чистачи (7.360), келнери (5.164), помошници (3.883) и рецепционери (3.460). Потоа следат шанкерите (2.729), машините за миење садови (2.866) и техничката поддршка (2.054).

The post Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1200 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски предвидува: Коридорите ќе се градат најмалку десет години https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-predviduva-koridorite-ke-se-gradat-najmalku-deset-godini/ Wed, 26 Apr 2023 12:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=634291

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го договорот со „Бектел и Енка“ смета дека ќе биде пречекорен бидејќи најрано кога ќе може да се видат багери и лопати е септември годинава. Според доворорот кој власта го крие автопатите ќе се градат пет буџетски години.

-Минимум десет години ќе се градат. Никој не е против градење, треба да се гради но не на ваков начин-истакна Мицкоски.

Мицкоски објасни дека доколку се донесе одлука за раскинување на договорот тој ќе оди на меѓународна арбитража. Тој смета дека ќе биде поголема штета доколку коридорите не се изградат отколку да се раскине договорот.

Лидерот на опозцијата откри дека ваков договор бил нуден уште во 1999 година но никој не бил подготвен да го прифати.

The post Мицкоски предвидува: Коридорите ќе се градат најмалку десет години appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го договорот со „Бектел и Енка“ смета дека ќе биде пречекорен бидејќи најрано кога ќе може да се видат багери и лопати е септември годинава. Според доворорот кој власта го крие автопатите ќе се градат пет буџетски години.
-Минимум десет години ќе се градат. Никој не е против градење, треба да се гради но не на ваков начин-истакна Мицкоски.
Мицкоски објасни дека доколку се донесе одлука за раскинување на договорот тој ќе оди на меѓународна арбитража. Тој смета дека ќе биде поголема штета доколку коридорите не се изградат отколку да се раскине договорот. Лидерот на опозцијата откри дека ваков договор бил нуден уште во 1999 година но никој не бил подготвен да го прифати.  

The post Мицкоски предвидува: Коридорите ќе се градат најмалку десет години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Најголем број од проектите кои Дарко ги вети во Бутел се или веќе завршени или во тек на реализација, проектите му даваат нов лик на Бутел https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-najgolem-broj-od-proektite-koi-darko-gi-veti-vo-butel-se-ili-veke-zavrsheni-ili-vo-tek-na-realizatsija-proektite-mu-davaat-nov-lik-na-butel/ Tue, 04 Apr 2023 11:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=627107

Денеска сме овде во Бутел, заедно со градоначалникот Дарко, заедно со луѓето кои што се дел од општинската администрација, со советниците кои што навистина прават нешто, што до сега не се случувало овде во Бутел, односно реализација на голем број проекти кои што му даваат еден нов лик на Бутел, рече во изјава за медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посетивме неколку локации, најголемиот дел од проектите кои што се работат и кои што во периодот кој што следи ќе бидат сработени ги кажа Дарко. Навистина претставува импозантно, јас им честитам и ги охрабрувам и им посакувам нормално уште многу вакви проекти, бидејќи мораме да покажеме дека не се сите исти. Мораме да ја вратиме надежта кај граѓаните, мора да поверуваат граѓаните дека не се сите исти како што е оваа влада на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер на СДСМ, туку дека има политичари и луѓе кои што си го сакаат народот, си ги сакаат граѓаните и си ја сакаат државата, си ја сакаат Македонија и кои што се ќе направат да го направат тоа што го ветиле. Исклучително сум задоволен и тоа што можам да го констатирам од терен и да заклучам дека Дарко заедно со администрацијата, со советниците тоа што го ветуваше во кампањата на локалните избори во 2021 година во најголема мера го има веќе и завршено, а во најголема мера ќе биде завршено оваа година, би рекол целокупната програма со исклучок можеби на оние големи капитални проекти кои што очекуваме следната влада на ВМРО-ДПМНЕ да помогне, ќе бидат реализирани до крајот на мандатот, а некои работи кои што не беа ветувани ќе бидат исто така реализирани. Мојата порака до владата на ДУИ поддржана од СДСМ е да општинските обврзниците кои што ќе дојдат на дневен ред кои што ги поминуваат сите законски процедури да ги поддржат за да може да се обезбедат дополнителни средства повеќе кои што понатаму ќе бидат искористени за реализација на нови проекти за граѓаните. Не се тоа средства кои што преку сомнителни набавки во четири очи како што тоа го прави владата на ДУИ, поддржана од СДСМ ќе завршуваат во џебовите на политичките криминалци. Тоа се средства кои што се потребни за граѓаните за да можат да се обезбедат потребни услови за живот. Затоа, апелирам до владата на ДУИ поддржана од СДСМ, немојте да го казнувате народот затоа што во Бутел нема градоначалник од ДУИ или од СДСМ. Напротив, помогнете, покажете дека кога е најтешко и покажете дека сепак и ние политичарите знаеме да бидеме над ситуацијата и да помогнеме, бидејќи тоа е формалност. Не е нешто кое што ќе значи многу, истакна Мицкоски.

Уште еднаш ќе ми дозволите на крај да му честитам на Даре и на луѓето кои што се тука со нас и да им посакам уште многу вакви проекти во општина Бутел, додаде тој.

The post Мицкоски: Најголем број од проектите кои Дарко ги вети во Бутел се или веќе завршени или во тек на реализација, проектите му даваат нов лик на Бутел appeared first on Република.