Храбро срце Archives - Република https://republika.mk/tema/hrabro-srce/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 12:33:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Храбро срце Archives - Република https://republika.mk/tema/hrabro-srce/ 32 32 Со подигање на свесноста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, вели Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“ https://republika.mk/zivot/zdravje/so-podigane-na-svesnosta-za-organodaritelstvoto-ke-se-podobri-i-opshtestvenoto-dobro-veli-vasko-joleski-od-zdruzhenieto-hrabro-srtse/ Mon, 07 Oct 2024 12:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=823754

Во оној момент, кога веќе не може да направиме ништо за својот близок, треба да бидеме крајно хумани, да донесеме тешка и хумана одлука, да дозволиме дел од нашиот близок да живее во некој друг, односно да спасиме живот, е пораката која ја испрати Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“.

Тој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, новоназначената в. д . национална координаторка за трансплантациија д-р Билјана Кузмановска и претставничката на Делегацијата на Европската Унија Мариа Канелополу говореа на настанот на кој се одбележуваше Европскиот ден на органодонорството, 7-ти октомври, како дел од активностите на Проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ во земјава финансиран од Европска Унија.

Од другата страна на органодарителството се наоѓаат пациентите коишто се најзасегнати од овој проблем, на кои таа хуманост во оној момент кога некој треба да се оддели од својот близок и во тој момент му се чини дека губи сѐ на светот, треба да изнајде во себе сила да овозможи на некој друг да живее со дозвола да се даруваат органите од својот близок. Тоа е непходно за многу пациенти коишто се наоѓаат на листата за трансплантација. Со подигнувањето на свеста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, затоа што тие пациенти кои во моментов сме инвалиди на трудот, ќе станеме работоспосбни и ќе можеме да твориме за општеството, а не само да ги користиме придобивките од истото, кажа Јолески.

Д-р Кузмановска кажа дека денот на органодарителството е воспоставен и се одбележува секоја година заради медицинските потреби на пациентите кои чекаат на листата за трансплантација.

Развојот на трансплантационата медицина подразбира можност на овие пациенти да им се даде орган кој ќе значи додадени години на животот, а исто така и додаден квалитет на годините на живот кои ќе ги добијат. Оттука произлегува важноста за свенсоста, како на медицинскиот кадар, така и на општата популација за органодаителството. Свесноста за органодарителство се подига преку едукација, на здравствените работници, и тоа уште од студентските денови кои подоцна ќе израснат во експерти, едукација на медиумите и едукација на општата популација, изјави д-р Кузмановска.

Министерот Таравари говореше за планот за соработка со Министерството за здравство на Република Хрватска кој се однесува на следниот тригодишен период. Од октомври започнуваат и обуките и едукацијата во делот на ткивната банка со експерти од Хрватска. Во ноември ќе се одржат обуки за болничките координатори за трансплантација, од страна на експерти од Хрватска, во рамки на ИПА проект.

Најважно е што во моментов на листите за срце, црн дроб и бубрези нема пациенти кои се означени како итни и кои чекаат итно трансплантација, изјави Таравари.

Македонија го одбележува Европскиот ден на органодонаторство - 7 октомври со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива.

Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце, 2021 прва трансплантација на коскени ткива, додека, во 2022 прва трансплантација на црн дроб.

The post Со подигање на свесноста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, вели Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“ appeared first on Република.

]]>

Во оној момент, кога веќе не може да направиме ништо за својот близок, треба да бидеме крајно хумани, да донесеме тешка и хумана одлука, да дозволиме дел од нашиот близок да живее во некој друг, односно да спасиме живот, е пораката која ја испрати Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“. Тој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, новоназначената в. д . национална координаторка за трансплантациија д-р Билјана Кузмановска и претставничката на Делегацијата на Европската Унија Мариа Канелополу говореа на настанот на кој се одбележуваше Европскиот ден на органодонорството, 7-ти октомври, како дел од активностите на Проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ во земјава финансиран од Европска Унија.
Од другата страна на органодарителството се наоѓаат пациентите коишто се најзасегнати од овој проблем, на кои таа хуманост во оној момент кога некој треба да се оддели од својот близок и во тој момент му се чини дека губи сѐ на светот, треба да изнајде во себе сила да овозможи на некој друг да живее со дозвола да се даруваат органите од својот близок. Тоа е непходно за многу пациенти коишто се наоѓаат на листата за трансплантација. Со подигнувањето на свеста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, затоа што тие пациенти кои во моментов сме инвалиди на трудот, ќе станеме работоспосбни и ќе можеме да твориме за општеството, а не само да ги користиме придобивките од истото, кажа Јолески.
Д-р Кузмановска кажа дека денот на органодарителството е воспоставен и се одбележува секоја година заради медицинските потреби на пациентите кои чекаат на листата за трансплантација.
Развојот на трансплантационата медицина подразбира можност на овие пациенти да им се даде орган кој ќе значи додадени години на животот, а исто така и додаден квалитет на годините на живот кои ќе ги добијат. Оттука произлегува важноста за свенсоста, како на медицинскиот кадар, така и на општата популација за органодаителството. Свесноста за органодарителство се подига преку едукација, на здравствените работници, и тоа уште од студентските денови кои подоцна ќе израснат во експерти, едукација на медиумите и едукација на општата популација, изјави д-р Кузмановска.
Министерот Таравари говореше за планот за соработка со Министерството за здравство на Република Хрватска кој се однесува на следниот тригодишен период. Од октомври започнуваат и обуките и едукацијата во делот на ткивната банка со експерти од Хрватска. Во ноември ќе се одржат обуки за болничките координатори за трансплантација, од страна на експерти од Хрватска, во рамки на ИПА проект.
Најважно е што во моментов на листите за срце, црн дроб и бубрези нема пациенти кои се означени како итни и кои чекаат итно трансплантација, изјави Таравари.
Македонија го одбележува Европскиот ден на органодонаторство - 7 октомври со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива. Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце, 2021 прва трансплантација на коскени ткива, додека, во 2022 прва трансплантација на црн дроб.  

The post Со подигање на свесноста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, вели Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“ appeared first on Република.

]]>
Пациентите со механичка потпора на срце добиваат лек што светот го има исфрлено од употреба пред половина век https://republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-so-mehanichka-potpora-na-srtse-dobivaat-lek-shto-svetot-go-ima-isfrleno-od-upotreba-pred-polovina-vek/ Sun, 18 Feb 2024 19:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=745448

Пациентите со механичка потпора на срце примаат терапија стара повеќе од половина век, која одамна не се употребува никаде во светот. Иако деновите од животот им се бројат, а секој ден и гледаат на смртта во очи, државата нема слух да го набави за нив толку потребниот лек ентресто. Додека ние умираме, парите оддржавната каса се трошат за луксузи - потиштени се од здружението „Храбро Срце”. Пациентите сами се снаоѓаат како знаат и умеат само за да дојдат до лекот ентресто, пренесува ТВ Алфа.

Во Македонија се применува купена од странство, шверцувана од странство, нелегално донесена. Тука во Македонија ја нема. Не е толку скапа, еднакво е скапа колку и оние лекови кои што ги примаме сега, но е многу квалитетна, далеку поквалитетна и далеку повеќе позитивнирезултати се добиваат со неа. Велите шверцувана,во аптеките ги продаваат тие лекови шверцувани или? Кој како ќе се снајде некои одиме во странство, во Србија можеш да ги купиш, можеш во Албанија, можеш секаде само во Македонија ентрестото не е дозволено”, вели Претседателот на здружението „Храбро Срце”, Васко Јолески.

Пумпите кои кај 20-те пациенти ја заменуваат работата на срцето,откажуваат и се во критична состојба. Само последнава година 6 пациенти ја изгубија шансата за живот, а нас веќе две и пол години не залажуваат со празни ветувања. На 26-ти октомври лани Владината комисија за човечки ресурси го задолжила ресорното министерство да им излезат во пресрет на пациентите, но и понатаму се оглушувале на нивните апели за помош, додека прават стани-седни на министерската фотеља.

За сега последно да добиеме на ден пред распуштање на владата односно формирање на онаа влада која што треба да ги спроведе изборите одговор дека сега ќе му упатат барање на министерството за здравство сериозно да ја сфати работата и сериозно да се зафати со тој проблем. Значи ова што ни го прават нас не е ништо повеќе од предизбирна кампања вели Јолески.

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 26-годишна возраст. До сега во Македонија не е направена нити една замена на вештачка пумпа со срце од донор.Затоа бараме да се набави лекот енстресто, да се укине партиципацијата за одржување и сервис на уредите како и за сите здравствени услуги поврзани со болеста кои никаде во светот не се плаќаат. Секој ден ни е измачување, на овој начин нас само ни се одложени маките. Без наша воља ни имплантираа ваков уред, а не ни кажаа дека потоа ќе е многу тешко за трансплантација на срце. Во тој случај сами ќе одлучевме дали да чекаме трансплантација но штом ни ги ставија, медицинската етика им налага да најдат решение за нас - вели Јолески.

The post Пациентите со механичка потпора на срце добиваат лек што светот го има исфрлено од употреба пред половина век appeared first on Република.

18 пациенти со вградена механичка потпора на срце бараат ослободување од партиципација за здравствените услуги https://republika.mk/zivot/zdravje/18-pacienti-so-vgradena-mehanichka-potpora-na-srce-baraat-osloboduvanje-od-participacija-za-zdravstvenite-uslugi/ Tue, 22 Mar 2022 22:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=476894

Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце бараат да бидат ослободени од плаќање партиципација за здравствените услуги.

Од националното здружение „Храбро срце“ во писмото испратено до премиерот, Владата и до Министерството за здравство бараат укинување на партиципацијата за оваа категорија на граѓани поради зголемените трошоци за патување до Скопје.

Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде големо олеснување доколку веднаш го остварите вашето ветување за ослободување од плаќање надомест за користење на сите здравствени услуги за нашата ранлива категорија на луѓе, се вели во писмото.

Од здружението тврдат дека им било дадено ветување оти на 1 јануари годинава ќе биде укинато плаќањето партиципација.

Напоменуваме дека сме вкупно 15-18 пациенти на ниво на држава и таа бројка е речиси непроменета со години наназад со оглед на морталитетот и новооперираните пациенти со инплантирана механичка потпора (пумпа) на срце, што значи дека не е голем товар за буџетот, а средства може да се пренаменат од оние кои се планирани за ослободување од плаќање партиципација при користење на здравствените услуги на карводарителите во државава, велат од здружението „Храбро срце“.

The post 18 пациенти со вградена механичка потпора на срце бараат ослободување од партиципација за здравствените услуги appeared first on Република.

]]>

Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце бараат да бидат ослободени од плаќање партиципација за здравствените услуги. Од националното здружение „Храбро срце“ во писмото испратено до премиерот, Владата и до Министерството за здравство бараат укинување на партиципацијата за оваа категорија на граѓани поради зголемените трошоци за патување до Скопје.