Хотел Archives - Република https://republika.mk/tema/hotel/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 13:34:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хотел Archives - Република https://republika.mk/tema/hotel/ 32 32 Во Аргентина се урна хотел од десет ката https://republika.mk/vesti/svet/vo-argentina-se-urna-hotel-od-deset-kata/ Tue, 29 Oct 2024 13:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=832085

Хотел од десет ката утрово се урна во аргентинскиот град Виља Гасел, во провинцијата Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека седум до девет луѓе, биле во објектот кога се урнал. Пожарникарите и спасувачките екипи трагаат по лицата под урнатините.

Локалните власти соопштија дека градилиштето немало соодветни дозволи за работа.

 

The post Во Аргентина се урна хотел од десет ката appeared first on Република.

]]>

Хотел од десет ката утрово се урна во аргентинскиот град Виља Гасел, во провинцијата Буенос Аирес, соопштија локалните власти. Се претпоставува дека седум до девет луѓе, биле во објектот кога се урнал. Пожарникарите и спасувачките екипи трагаат по лицата под урнатините. Локалните власти соопштија дека градилиштето немало соодветни дозволи за работа.  

The post Во Аргентина се урна хотел од десет ката appeared first on Република.

]]>
Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД https://republika.mk/vesti/svet/hotelot-na-tramp-vo-vashington-gi-zgolemuval-tsenite-koga-vo-nego-prestojuvala-tajnata-sluzhba-na-sad/ Fri, 18 Oct 2024 19:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=828629

Хотелот „Трамп интернејшнл“ во Вашингтон честопати ги зголемувал цените кога во него престојувале агенти на Тајната служба а кога претседател на САД беше Доналд Трамп, се тврди во извештај на демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Тајната служба се состои од високо професионални телохранители кои се грижат за обезбедување на претседателот на САД и членовите на неговото семејство.

Неговиот хотел повеќепати извлекувал незаконски профити од агенцијата, и понекогаш наплаќал до 300 отсто повеќе од владините дозволени дневни рати. Хотелот на поранешниот претседател Трамп во Вашингтон не само што редовно ѝ наплаќал на Тајната служба повеќе од државната рата, туку често ѝ наплаќал повеќе и од другите клиенти, вклучувајќи и членови на странски кралски семејства, се вели во извештајот објавен денеска.

Главно, ова се однесува на случаи кога Тајната служба ги обезбедувала неговите возрасни синови Ерик и Доналд помладиот кога тие престојувале во хотелот. На пример, во ноември 2017 година, за некои соби агенцијата платила по 600 долари за ноќавање, додека на кинеска компанија ѝ било наплатено речиси 339 долари за ноќевање за истите соби.

Авторите на извештајот, заснован на хотелски записници од септември 2017 до август 2018 година, сметаат дека Трамп ги прекршил клаузулите за странски и домашни доходи за служба предвидени да спречат профитирање на претседателот и други федерални службени лица на сметка на даночните обврзници.

The post Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД appeared first on Република.

]]>

Хотелот „Трамп интернејшнл“ во Вашингтон честопати ги зголемувал цените кога во него престојувале агенти на Тајната служба а кога претседател на САД беше Доналд Трамп, се тврди во извештај на демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Тајната служба се состои од високо професионални телохранители кои се грижат за обезбедување на претседателот на САД и членовите на неговото семејство.
Неговиот хотел повеќепати извлекувал незаконски профити од агенцијата, и понекогаш наплаќал до 300 отсто повеќе од владините дозволени дневни рати. Хотелот на поранешниот претседател Трамп во Вашингтон не само што редовно ѝ наплаќал на Тајната служба повеќе од државната рата, туку често ѝ наплаќал повеќе и од другите клиенти, вклучувајќи и членови на странски кралски семејства, се вели во извештајот објавен денеска.
Главно, ова се однесува на случаи кога Тајната служба ги обезбедувала неговите возрасни синови Ерик и Доналд помладиот кога тие престојувале во хотелот. На пример, во ноември 2017 година, за некои соби агенцијата платила по 600 долари за ноќавање, додека на кинеска компанија ѝ било наплатено речиси 339 долари за ноќевање за истите соби. Авторите на извештајот, заснован на хотелски записници од септември 2017 до август 2018 година, сметаат дека Трамп ги прекршил клаузулите за странски и домашни доходи за служба предвидени да спречат профитирање на претседателот и други федерални службени лица на сметка на даночните обврзници.

The post Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД appeared first on Република.

]]>
Како пропадна „југословенскиот Лас Вегас“? https://republika.mk/zivot/patuvanja/kako-propadna-jugoslovenskiot-las-vegas/ Sun, 29 Sep 2024 20:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=820817

На западниот брег на хрватскиот јадрански остров Крк, некогаш имало мало рибарско село, каде што туризмот почнал да се развива во последните десетлетија на 19 век. Околу 100 години подоцна, на почетокот на 1970-тите, во екот на туристичкиот бум во поранешна Југославија, изграден е хотелско-рекреативниот комплекс „Халудово“.

Централниот дел на проектот и амбициозната визија на американските инвеститори било луксузното казино во хотелот „Палас“ именувано „Пентхаус Адријатик клуб“, коешто е споредувано со најдобрите казина во светот. Туристичкото одморалиште било еден необичен прозорец и поглед на капиталистичкиот свет кон социјализмот, и требало да носи богати туристи во текот на целата година. Поради сè тоа, местото остана запаметено како „југословенскиот Лас Вегас“.

 

Сепак, екстравагантниот претприемачки проект доживеа само една гламурозна сезона, со едвај 20 години како обичен хотел. По пропаста на поранешната држава и приватизацијата во независна Хрватска, пропадна и казиното, пишува порталот „Пункуфер“ (Punkufer).

Целиот комплекс го дизајнирал Борис Магаш - архитектот кој го осмислил и „Соларис“ во Шибеник, како и стадионот на Пољуд во Сплит. „Халудово“ беше замислено како луксузно туристичко место со два хотела, многу апартмани, вили, скулптури на Фран Кршиниќ во хотелскиот парк, рибарско село, низа спортски терени, базени и други забавни содржини.

Инвеститорот бил американскиот бизнисмен со италијанско потекло, Роберто Гучионе, инаку со-основач на списанието „Пентхаус“. Тој во проектот вложил 45 милиони долари, а официјален сопственик била државната компанија „Бродокомерц“ што на Гучионе требало да му плати процент од годишната заработка.

Сè почнало во 1972., отворен бил хотелот „Халудово палас“ и казиното „Пентхаус“. Помалку од еден месец по првиот оглас, првата група Американци слета на Аеродромот во Омисаље.

Луксузно уредениот комплекс со висечки градини и фонтани, скапи лустери, дебели теписи, сауни и салони за масажа, елегантни барови и приватни плажи, дополнително беше „украсен“ со над 50 „подразголени“ девојки кои ги пречекувале гостите на аеродромот и се грижеле за нивниот престој и удобност во хотелот.

Во годините потоа тука доаѓале бизнисмени, пејачи, филмски уметници и светски познати политичари, на пр.: Муамер Гадафи, Садам Хусеин, Том Џонс... Иако, веднаш по првата сезона Роберто Гучионе се повлекува од „Халудово“. Од тоа едно лето, како што самиот изјавил, никогаш финансиски не заздравил.

Се покажало дека југословенскиот стандард не може да ги задоволи богатите западни посетители, делумно поради проблемите со снабдувањето и лошите телефонски врски, но и со недостатокот на намирници на коишто овие гости се навикнати.

Така, луксузното „Халудово“ полека се претвори во одморалиште за масовен туризам.

Сегашниот сопственик - руско-ерменскиот бизнисмен Ара Абрамјан, според наводите, имал намера да отвори суперлуксузен хотел со пет плус ѕвезди и приватна плажа, што наишло на жесток отпор кај месното население. Но, во последно време почнало расчистување на околината. Од Општината потврдуваат дека во октомври таму ќе се почне со работа, а Рибарското село веќе следното лето ќе ги пречека првите гости.

Има и втора фаза, којашто предвидува нов урбанистички план и јавна расправа. Која е новата замисла на сопственикот, што ќе кажат околните жители за тоа, и дали луксузното „Халудово“ навистина повторно ќе заживее - времето ќе покаже, велат познавачите.

The post Како пропадна „југословенскиот Лас Вегас“? appeared first on Република.

]]>

На западниот брег на хрватскиот јадрански остров Крк, некогаш имало мало рибарско село, каде што туризмот почнал да се развива во последните десетлетија на 19 век. Околу 100 години подоцна, на почетокот на 1970-тите, во екот на туристичкиот бум во поранешна Југославија, изграден е хотелско-рекреативниот комплекс „Халудово“. Централниот дел на проектот и амбициозната визија на американските инвеститори било луксузното казино во хотелот „Палас“ именувано „Пентхаус Адријатик клуб“, коешто е споредувано со најдобрите казина во светот. Туристичкото одморалиште било еден необичен прозорец и поглед на капиталистичкиот свет кон социјализмот, и требало да носи богати туристи во текот на целата година. Поради сè тоа, местото остана запаметено како „југословенскиот Лас Вегас“.   Сепак, екстравагантниот претприемачки проект доживеа само една гламурозна сезона, со едвај 20 години како обичен хотел. По пропаста на поранешната држава и приватизацијата во независна Хрватска, пропадна и казиното, пишува порталот „Пункуфер“ (Punkufer). Целиот комплекс го дизајнирал Борис Магаш - архитектот кој го осмислил и „Соларис“ во Шибеник, како и стадионот на Пољуд во Сплит. „Халудово“ беше замислено како луксузно туристичко место со два хотела, многу апартмани, вили, скулптури на Фран Кршиниќ во хотелскиот парк, рибарско село, низа спортски терени, базени и други забавни содржини. Инвеститорот бил американскиот бизнисмен со италијанско потекло, Роберто Гучионе, инаку со-основач на списанието „Пентхаус“. Тој во проектот вложил 45 милиони долари, а официјален сопственик била државната компанија „Бродокомерц“ што на Гучионе требало да му плати процент од годишната заработка. Сè почнало во 1972., отворен бил хотелот „Халудово палас“ и казиното „Пентхаус“. Помалку од еден месец по првиот оглас, првата група Американци слета на Аеродромот во Омисаље. Луксузно уредениот комплекс со висечки градини и фонтани, скапи лустери, дебели теписи, сауни и салони за масажа, елегантни барови и приватни плажи, дополнително беше „украсен“ со над 50 „подразголени“ девојки кои ги пречекувале гостите на аеродромот и се грижеле за нивниот престој и удобност во хотелот. Во годините потоа тука доаѓале бизнисмени, пејачи, филмски уметници и светски познати политичари, на пр.: Муамер Гадафи, Садам Хусеин, Том Џонс... Иако, веднаш по првата сезона Роберто Гучионе се повлекува од „Халудово“. Од тоа едно лето, како што самиот изјавил, никогаш финансиски не заздравил. Се покажало дека југословенскиот стандард не може да ги задоволи богатите западни посетители, делумно поради проблемите со снабдувањето и лошите телефонски врски, но и со недостатокот на намирници на коишто овие гости се навикнати. Така, луксузното „Халудово“ полека се претвори во одморалиште за масовен туризам. Сегашниот сопственик - руско-ерменскиот бизнисмен Ара Абрамјан, според наводите, имал намера да отвори суперлуксузен хотел со пет плус ѕвезди и приватна плажа, што наишло на жесток отпор кај месното население. Но, во последно време почнало расчистување на околината. Од Општината потврдуваат дека во октомври таму ќе се почне со работа, а Рибарското село веќе следното лето ќе ги пречека првите гости. Има и втора фаза, којашто предвидува нов урбанистички план и јавна расправа. Која е новата замисла на сопственикот, што ќе кажат околните жители за тоа, и дали луксузното „Халудово“ навистина повторно ќе заживее - времето ќе покаже, велат познавачите.

The post Како пропадна „југословенскиот Лас Вегас“? appeared first on Република.

]]>
Никогаш директно не одлучував за сместувањето, вели Николовски по обвинувањата дека плаќал и по 500 евра спиење во хотел https://republika.mk/vesti/makedonija/nikogash-direktno-ne-odluchuvav-za-smestuvaneto-veli-nikolovski-po-obvinuvanata-deka-plakal-i-po-500-evra-spiene-vo-hotel/ Sat, 21 Sep 2024 15:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=818533

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер, тврди поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, по низата обвинувања од пратеникот Бране Петрушевски дека за време на министерскиот мандат честопати знаел да се луксузира со изборот на хотел, па некогаш плаќал и до 500 евра за една ноќ.

Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи. На пример, за прв пат во историјата, Македонија беше претставена на престижниот саем Белавита во Чикаго, што е причина за гордост. Понатаму, посетата во Вермонт вклучуваше највисоки претставници, меѓу кои и Секретарот за земјоделство на Вермонт, комесарот за шумарство и генералот на војската, кој е голем пријател на Македонија. Посетата на Италија, беше заедно со Претседателот на Република Србија со кои заеднички се претставивме на уште еден престижен саем. Во врска со цените на хотелските соби, сите се во согласност со нашите правилници, а хотелите се препорачани од нашите амбасади и претставништва во странство. Никогаш не сум одлучувал јас дирекно за моето сместување. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ не се способни да се претстават на ниту еден саем во странство нити да ги промовираат нашите производи, доказ за тоа е испуштеното учество на саемот АГРА во Република Словенија, патем за кој актуелниот Министер ги купил авионските карти меѓутоа не бил присутен а тоа е поради нивната неспособност да организираат достојно претставување на нашите производи во странство – тврди Николовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-dodeka-vladata-na-sds-dolzhela-50-milioni-za-subventsii-na-zemjodeltsite-don-nikolovski-plakal-hotelski-sobi-od-nekolku-stotina-evra/

The post Никогаш директно не одлучував за сместувањето, вели Николовски по обвинувањата дека плаќал и по 500 евра спиење во хотел appeared first on Република.

]]>

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер, тврди поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, по низата обвинувања од пратеникот Бране Петрушевски дека за време на министерскиот мандат честопати знаел да се луксузира со изборот на хотел, па некогаш плаќал и до 500 евра за една ноќ.
Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи. На пример, за прв пат во историјата, Македонија беше претставена на престижниот саем Белавита во Чикаго, што е причина за гордост. Понатаму, посетата во Вермонт вклучуваше највисоки претставници, меѓу кои и Секретарот за земјоделство на Вермонт, комесарот за шумарство и генералот на војската, кој е голем пријател на Македонија. Посетата на Италија, беше заедно со Претседателот на Република Србија со кои заеднички се претставивме на уште еден престижен саем. Во врска со цените на хотелските соби, сите се во согласност со нашите правилници, а хотелите се препорачани од нашите амбасади и претставништва во странство. Никогаш не сум одлучувал јас дирекно за моето сместување. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ не се способни да се претстават на ниту еден саем во странство нити да ги промовираат нашите производи, доказ за тоа е испуштеното учество на саемот АГРА во Република Словенија, патем за кој актуелниот Министер ги купил авионските карти меѓутоа не бил присутен а тоа е поради нивната неспособност да организираат достојно претставување на нашите производи во странство – тврди Николовски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-dodeka-vladata-na-sds-dolzhela-50-milioni-za-subventsii-na-zemjodeltsite-don-nikolovski-plakal-hotelski-sobi-od-nekolku-stotina-evra/

The post Никогаш директно не одлучував за сместувањето, вели Николовски по обвинувањата дека плаќал и по 500 евра спиење во хотел appeared first on Република.

]]>
После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини https://republika.mk/sport/fudbal/posle-trening-mladite-reprezentativtsi-gi-chekala-zatvorena-vrata-vo-hotelot-inaku-sopstvenost-na-zetot-na-sejdini/ Thu, 19 Sep 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=817852

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите.

Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“.

Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.

ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите. Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“. Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.
ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета била воодушевена од лустерот во хотелот Југославија-сега ќе се руши https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralitsata-elizabeta-bila-voodushevena-od-lusterot-vo-hotelot-jugoslavija-sega-ke-se-rushi/ Thu, 05 Sep 2024 12:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=813530

Хотелот Југославија е отворен во 1969 година, изграден е по проект на архитектот Лавослав Хорват, а годинава официјално е продаден и тука ќе никне елитен комплекс.

Постои приказна за тоа како етиопскиот император Хаиле Селасие му рекол на Тито дека Белград нема престижен хотел.

Тито наредил да се изгради хотелот, а изградбата започнала во 1948 година.

На свеченото отворање на хотелот, претседателот Јосип Броз Тито ја пресече „црвената лента“. Тоа беше најголемиот хотел во Југославија во тоа време, и блиску и подалеку. Покрај хотелско-туристичката важност, таа имаше за цел да и ја покаже на планетата силата и моќта на државата, нејзината финансиска моќ, нејзината култура и политичка моќ.

Главната зграда на Хотел Југославија има седум ката, а посебен бил и импозантниот ентериер на хотелот. Повеќе од 600 соби и апартмани, ресторан со повеќе од 800 седишта и незаборавен поглед на Дунав.

Во салата е најголемиот Сваровски лустер во светот е запишан во Гинисовата книга на рекорди. Долг е 30 метри и ширина пет метри, во правоаголен формат и тежина од 14 тони, со 40.000 кристали „Сваровски“ и 5.000 светилки.

The post Кралицата Елизабета била воодушевена од лустерот во хотелот Југославија-сега ќе се руши appeared first on Република.

]]>

Хотелот Југославија е отворен во 1969 година, изграден е по проект на архитектот Лавослав Хорват, а годинава официјално е продаден и тука ќе никне елитен комплекс. Постои приказна за тоа како етиопскиот император Хаиле Селасие му рекол на Тито дека Белград нема престижен хотел. Тито наредил да се изгради хотелот, а изградбата започнала во 1948 година. На свеченото отворање на хотелот, претседателот Јосип Броз Тито ја пресече „црвената лента“. Тоа беше најголемиот хотел во Југославија во тоа време, и блиску и подалеку. Покрај хотелско-туристичката важност, таа имаше за цел да и ја покаже на планетата силата и моќта на државата, нејзината финансиска моќ, нејзината култура и политичка моќ. Главната зграда на Хотел Југославија има седум ката, а посебен бил и импозантниот ентериер на хотелот. Повеќе од 600 соби и апартмани, ресторан со повеќе од 800 седишта и незаборавен поглед на Дунав. Во салата е најголемиот Сваровски лустер во светот е запишан во Гинисовата книга на рекорди. Долг е 30 метри и ширина пет метри, во правоаголен формат и тежина од 14 тони, со 40.000 кристали „Сваровски“ и 5.000 светилки.

The post Кралицата Елизабета била воодушевена од лустерот во хотелот Југославија-сега ќе се руши appeared first on Република.

]]>
Се урна хотел во Германија, има мртви и затрупани под урнатините https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-hotel-vo-germanija-ima-mrtvi-i-zatrupani-pod-urnatinite/ Wed, 07 Aug 2024 07:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=804141

Најмалку едно лице загина, а осум се затрупани под урнатините на хотел во западна Германија, соопшти денеска локалната полиција.

Се верува дека 14 лица биле во хотел покрај реката Мозел кога еден кат од хотелот се урнал синоќа околу 23 часот, пренесе АП.

„Меѓу исчезнатите има и дете. Во моментов, сепак, мирно спие и контактираме со родителите“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата.

Досега итната медицинска помош констатирала смрт на едно лице, но не успеале да го извлечат телото.

Лекарите биле во контакт со уште осум лица кои останале заробени во хотелот, од кои некои се тешко повредени, додава полицијата.

Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а се уште не е познато што го предизвикало уривањето.

The post Се урна хотел во Германија, има мртви и затрупани под урнатините appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице загина, а осум се затрупани под урнатините на хотел во западна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Се верува дека 14 лица биле во хотел покрај реката Мозел кога еден кат од хотелот се урнал синоќа околу 23 часот, пренесе АП. „Меѓу исчезнатите има и дете. Во моментов, сепак, мирно спие и контактираме со родителите“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата. Досега итната медицинска помош констатирала смрт на едно лице, но не успеале да го извлечат телото. Лекарите биле во контакт со уште осум лица кои останале заробени во хотелот, од кои некои се тешко повредени, додава полицијата. Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а се уште не е познато што го предизвикало уривањето.

The post Се урна хотел во Германија, има мртви и затрупани под урнатините appeared first on Република.

]]>
Повратник од САД пронајден мртов во хотел во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povratnik-od-sad-pronajden-mrtov-vo-hotel-vo-bitola/ Tue, 06 Aug 2024 09:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=803821

Во СВР Битола во неделата било пријавено дека во соба во хотел во Битола бил пронајден починат И.Н.(70) од Битола, со живеалиште во САД.

Увид извршила екипа од СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

The post Повратник од САД пронајден мртов во хотел во Битола appeared first on Република.

]]>

Во СВР Битола во неделата било пријавено дека во соба во хотел во Битола бил пронајден починат И.Н.(70) од Битола, со живеалиште во САД. Увид извршила екипа од СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

The post Повратник од САД пронајден мртов во хотел во Битола appeared first on Република.

]]>
Поранешна хигиеничарка во хотели: Никогаш не треба да пиете кафе во вашата соба https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poraneshna-higienicharka-vo-hoteli-nikogash-ne-treba-da-piete-kafe-vo-vashata-soba/ Mon, 05 Aug 2024 07:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=803372

Во видеото на TikTok, поранешната чистачка на хотели сподели листа на работи што не би ги користела или допирала во хотелските соби откако била сведок колку често се чистат.

Таа никогаш, никогаш не би користела лонец за кафе или стаклени садови во нејзината хотелска соба, бидејќи тврди дека домаќините само ги бришат наместо да ги менуваат секогаш кога гостинот ќе се одјави.

Обично чистачот само ги плакне овие работи во мијалникот во бањата и ги суши со истата крпа што ја користат за чистење на остатокот од просторијата. Следното нешто што никогаш не би го користел или допрел во хотелска соба е кофата со мраз. Многумина ги користат како чинии за вода за своите миленици, но има и други, многу полоши случаи, вели таа.

Таа додаде дека ќебето го трга веднаш штом ќе влезе во хотелската соба, бидејќи некои хотели ги менуваат само еднаш годишно, пишува Мирор.

The post Поранешна хигиеничарка во хотели: Никогаш не треба да пиете кафе во вашата соба appeared first on Република.

]]>

Во видеото на TikTok, поранешната чистачка на хотели сподели листа на работи што не би ги користела или допирала во хотелските соби откако била сведок колку често се чистат. Таа никогаш, никогаш не би користела лонец за кафе или стаклени садови во нејзината хотелска соба, бидејќи тврди дека домаќините само ги бришат наместо да ги менуваат секогаш кога гостинот ќе се одјави. Обично чистачот само ги плакне овие работи во мијалникот во бањата и ги суши со истата крпа што ја користат за чистење на остатокот од просторијата. Следното нешто што никогаш не би го користел или допрел во хотелска соба е кофата со мраз. Многумина ги користат како чинии за вода за своите миленици, но има и други, многу полоши случаи, вели таа. Таа додаде дека ќебето го трга веднаш штом ќе влезе во хотелската соба, бидејќи некои хотели ги менуваат само еднаш годишно, пишува Мирор.

The post Поранешна хигиеничарка во хотели: Никогаш не треба да пиете кафе во вашата соба appeared first on Република.

]]>
Ги чувал да купи хотел: Се вратил од одмор и видел дека му фалат 850.000 евра https://republika.mk/vesti/balkan/gi-chuval-da-kupi-hotel-se-vratil-od-odmor-i-videl-deka-mu-falat-850-000-evra/ Thu, 25 Jul 2024 08:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=800096

Во населбата Здена кај Сански Мост ноќта меѓу петокот и саботата се случил филмски грабеж.

Како што дознава „Дневни аваз“, во тој грабеж биле украдени 1,7 милиони КМ, што е околу 850.000 евра. Граѓанин на Сански Мост, кој долги години живее во Соединетите Американски Држави, бил ограбен, а тој дошол во својот град на одмор.

Според неофицијални информации, ограбениот сакал да купи хотел, па за таа цел чувал пари. Но, тој ги оставил парите во куќата и отишол на море, а кога се вратил останал шокиран, бидејќи немало пари. На станот се видливи траги од кражба, а сега се проверува и видео надзорот.

The post Ги чувал да купи хотел: Се вратил од одмор и видел дека му фалат 850.000 евра appeared first on Република.

]]>

Во населбата Здена кај Сански Мост ноќта меѓу петокот и саботата се случил филмски грабеж. Како што дознава „Дневни аваз“, во тој грабеж биле украдени 1,7 милиони КМ, што е околу 850.000 евра. Граѓанин на Сански Мост, кој долги години живее во Соединетите Американски Држави, бил ограбен, а тој дошол во својот град на одмор. Според неофицијални информации, ограбениот сакал да купи хотел, па за таа цел чувал пари. Но, тој ги оставил парите во куќата и отишол на море, а кога се вратил останал шокиран, бидејќи немало пари. На станот се видливи траги од кражба, а сега се проверува и видео надзорот.

The post Ги чувал да купи хотел: Се вратил од одмор и видел дека му фалат 850.000 евра appeared first on Република.

]]>
Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд https://republika.mk/vesti/svet/shest-turisti-pronajdeni-mrtvi-vo-luksuzen-hotel-vo-tajland/ Wed, 17 Jul 2024 07:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=797558

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.

Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.

Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење.

Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено.

Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.

Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

The post Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.
Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.
Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење. Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено. Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.
Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

The post Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Бритни Спирс се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот https://republika.mk/vesti/britni-spirs-se-skarala-so-momcheto-pa-polugola-ja-iznele-od-hotelot/ Sat, 04 May 2024 15:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=774217

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари.

The post Бритни Спирс се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот appeared first on Република.

]]>

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six. Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес. До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “. Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“. За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари.

The post Бритни Спирс се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот appeared first on Република.

]]>
Маж фатен на дело како краде од хотел во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-faten-na-delo-kako-krade-od-hotel-vo-tsentar/ Mon, 13 Nov 2023 13:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=701104

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.

Oд МВР информира дека тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето. Притоа, појаснуваат од МВР, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.

Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Маж фатен на дело како краде од хотел во Центар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани. Oд МВР информира дека тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето. Притоа, појаснуваат од МВР, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето. Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Маж фатен на дело како краде од хотел во Центар appeared first on Република.

]]>
Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ostatotsite-na-teatarot-na-neron-otkrieni-vo-gradinata-kade-shto-ke-bide-hotelot-four-seasons-vo-rim/ Sun, 30 Jul 2023 14:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=666937

Следниот луксузен хотел во Рим има многу добри коски: археолозите во средата рекоа дека урнатините на Театарот на Нерон, царски театар кој се споменува во старите римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на идниот хотел Four Seasons, на чекор од Ватикан.

Археолозите ископуваат длабоко под заградената градина на Палацо дела Ровере од 2020 година, како дел од планираните реновирања на фрескоживописната ренесансна зграда. Палатата, која зафаќа градски блок долж широката Via della Conciliazione што води до плоштадот Свети Петар, е дом на древниот ватикански витешки ред кој го издава просторот на хотел за да собере пари за христијаните во Светата земја.

Генералниот гувернер на Редот на Светиот гроб на Ерусалим, Леонардо Висконти ди Модроне, за време на прес-конференцијата на која го објави археолошкото откритие потврди дека дојдовниот синџир хотели е Four Seasons. Новинските извештаи велат дека хотелот се очекува да биде отворен навреме за јубилејот на Ватикан во 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони луѓе и аџии да се соберат во Рим.

The post Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим appeared first on Република.

]]>

Следниот луксузен хотел во Рим има многу добри коски: археолозите во средата рекоа дека урнатините на Театарот на Нерон, царски театар кој се споменува во старите римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на идниот хотел Four Seasons, на чекор од Ватикан. Археолозите ископуваат длабоко под заградената градина на Палацо дела Ровере од 2020 година, како дел од планираните реновирања на фрескоживописната ренесансна зграда. Палатата, која зафаќа градски блок долж широката Via della Conciliazione што води до плоштадот Свети Петар, е дом на древниот ватикански витешки ред кој го издава просторот на хотел за да собере пари за христијаните во Светата земја. Генералниот гувернер на Редот на Светиот гроб на Ерусалим, Леонардо Висконти ди Модроне, за време на прес-конференцијата на која го објави археолошкото откритие потврди дека дојдовниот синџир хотели е Four Seasons. Новинските извештаи велат дека хотелот се очекува да биде отворен навреме за јубилејот на Ватикан во 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони луѓе и аџии да се соберат во Рим.

The post Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим appeared first on Република.

]]>
Бегалец од затвор ограбил скопски хотел, го фатиле дури кога се вратил пак https://republika.mk/vesti/crna-hronika/begalets-od-zatvor-ograbil-skopski-hotel-go-fatile-duri-koga-se-vratil-pak/ Tue, 11 Jul 2023 08:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=659927

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за „тешка кражба“ во скопски хотел.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница.

Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои, се наведува во соопштението.

Од хотелот, како што се посочува во соопштението, тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари.

Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода, информираат од Јавното обвинителство.

Во конкретниот случај според јавниот обвинител постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој доставил предлог за определување мерка притвор.

The post Бегалец од затвор ограбил скопски хотел, го фатиле дури кога се вратил пак appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за „тешка кражба“ во скопски хотел. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница.
Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои, се наведува во соопштението.
Од хотелот, како што се посочува во соопштението, тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари.
Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода, информираат од Јавното обвинителство.
Во конкретниот случај според јавниот обвинител постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој доставил предлог за определување мерка притвор.

The post Бегалец од затвор ограбил скопски хотел, го фатиле дури кога се вратил пак appeared first on Република.

]]>
Две години живеел во хотел со пет ѕвезди и не платил: Еве ја финтата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dve-godini-zhiveel-vo-hotel-so-pet-zvezdi-i-ne-platil-eve-ja-fintata/ Fri, 23 Jun 2023 17:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=654521

Еден човек наводно успеал да престојува во хотел со пет ѕвезди речиси две години без да плати сместување, пишува Indian Express. Не, не зборуваме за сопственик на хотел или некаков почесен граѓанин, туку за најобичен човек.

Тој успеал да помине вкупно 603 дена во луксузниот хотел Roseate House во близина на аеродромот во Делхи пред било кој да помисли дека тој не требало да биде таму и дека не платил за неговото сместување.

Таен гостин

Менаџерите на хотелот ја контактирале полицијата откако ја откриле очигледната измама. Тајниот гостин беше обвинет дека се договарал со персоналот за да ги скрие своите сметки кои растеле од ден на ден.

Човекот се пријавил во хотелот на 30 мај 2019 година и резервирал едно ноќевање, но успеал да остане таму до 22 јануари 2022 година, а член на персоналот на хотелот наводно му го продолжил престојот и покрај фактот што никогаш не платил за тоа.

Како успеа во тоа?

Меѓу другото, се чини дека неговата измама вклучувала мамење со туѓи сметки или менување на една сметка за друга, за да се осигура дека тој останал таму неоткриен. Тајниот гостин на крајот е откриен и сега му должи на хотелот многу пари.

Должи 64.000 евра

Од хотелот тврдат дека човекот им должи повеќе од пет милиони рупии, што е околу 64.000 евра. Случајот се истражува, а според медиумите полицијата се уште не го уапсила мажот чиј идентитет не се открива.

The post Две години живеел во хотел со пет ѕвезди и не платил: Еве ја финтата appeared first on Република.

]]>

Еден човек наводно успеал да престојува во хотел со пет ѕвезди речиси две години без да плати сместување, пишува Indian Express. Не, не зборуваме за сопственик на хотел или некаков почесен граѓанин, туку за најобичен човек. Тој успеал да помине вкупно 603 дена во луксузниот хотел Roseate House во близина на аеродромот во Делхи пред било кој да помисли дека тој не требало да биде таму и дека не платил за неговото сместување. Таен гостин Менаџерите на хотелот ја контактирале полицијата откако ја откриле очигледната измама. Тајниот гостин беше обвинет дека се договарал со персоналот за да ги скрие своите сметки кои растеле од ден на ден. Човекот се пријавил во хотелот на 30 мај 2019 година и резервирал едно ноќевање, но успеал да остане таму до 22 јануари 2022 година, а член на персоналот на хотелот наводно му го продолжил престојот и покрај фактот што никогаш не платил за тоа. Како успеа во тоа? Меѓу другото, се чини дека неговата измама вклучувала мамење со туѓи сметки или менување на една сметка за друга, за да се осигура дека тој останал таму неоткриен. Тајниот гостин на крајот е откриен и сега му должи на хотелот многу пари. Должи 64.000 евра Од хотелот тврдат дека човекот им должи повеќе од пет милиони рупии, што е околу 64.000 евра. Случајот се истражува, а според медиумите полицијата се уште не го уапсила мажот чиј идентитет не се открива.

The post Две години живеел во хотел со пет ѕвезди и не платил: Еве ја финтата appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/ Thu, 09 Mar 2023 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=617680

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков.

Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин. Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.
За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.
https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/ „Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков. Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења. Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>
Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација https://republika.mk/vesti/makedonija/ponishteno-reshenieto-na-petsakov-za-prekin-na-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-veti-legalizatsija/ Mon, 06 Mar 2023 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=616590

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин .

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин.

Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење.

Заев најави дека хотелот ќе се легализира.

https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s

На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса.

https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA

извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин . Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин. Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење. Заев најави дека хотелот ќе се легализира. https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса. https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>
Хотелот-дивоградба во Лагадин се гради и за викенд: До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? https://republika.mk/vesti/makedonija/hotelot-divogradba-vo-lagadin-se-gradi-i-za-vikend-do-koga-ke-se-lazhe-i-prikriva-deka-postoi-nekakva-kooperativnost-od-makedonska-strana/ Sun, 05 Mar 2023 15:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=616105

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ соопшти за наводни градежни активности на оспоруваниот хотел во туристичката населба Лагадин.

Според објавата на нивниот официјален фејсбук-профил, се гледаат лица на објектот, за кои од иницијативата посочуваат дека работат на хотелот што од УНЕСКО е посочен како дивоградба предвидена за уривање.

Од „Охрид SOS“ појаснуваат дека во извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот Регион доставен пред еден месец до УНЕСКО од Министерството за култура како одговор на препораката на Реактивната мониторинг мисија на ОН од 2020 година е спомнато дека Националниот парк „Галичица“ изготвил инвентар на нелегално изградени објекти со листа приоритетни градби за отстранување иако, според „Охрид SOS“, такво нешто во јавноста не било споделено.

Меѓу другото во препораките на Реактивната мониторинг мисија, како петта точка се бара забрзување на административните постапки за да се постигне уривање на посочениот недовршен хотел во Лагадин.

Токму поради тоа тие преку објавата ја информираат министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, дека она што e напишано во извештајот не соодветствува со реалната состојба на терен.

Дополнително од „Охрид SOS“ се посочува дека нема ажурирана карта со урнати дивоградби, а онаму каде е забележана извесна активност, истите објекти после извесно време се доградени и повторно функционираат.

-Нема листа на приоритети за уривање и за општините Струга и Дебрца, јавноста не ни знае колку вкупно објекти во тие општини се нелегални градби. До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? Зошто не започна исполнување на листата барања која ви ја доставивме кон крајот на минатата година, а која од нас ја побаравте?..., се посочува меѓу другото во денешниот статус објавен од „Охрид SOS“.

The post Хотелот-дивоградба во Лагадин се гради и за викенд: До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? appeared first on Република.

]]>

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ соопшти за наводни градежни активности на оспоруваниот хотел во туристичката населба Лагадин. Според објавата на нивниот официјален фејсбук-профил, се гледаат лица на објектот, за кои од иницијативата посочуваат дека работат на хотелот што од УНЕСКО е посочен како дивоградба предвидена за уривање. Од „Охрид SOS“ појаснуваат дека во извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот Регион доставен пред еден месец до УНЕСКО од Министерството за култура како одговор на препораката на Реактивната мониторинг мисија на ОН од 2020 година е спомнато дека Националниот парк „Галичица“ изготвил инвентар на нелегално изградени објекти со листа приоритетни градби за отстранување иако, според „Охрид SOS“, такво нешто во јавноста не било споделено. Меѓу другото во препораките на Реактивната мониторинг мисија, како петта точка се бара забрзување на административните постапки за да се постигне уривање на посочениот недовршен хотел во Лагадин. Токму поради тоа тие преку објавата ја информираат министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, дека она што e напишано во извештајот не соодветствува со реалната состојба на терен. Дополнително од „Охрид SOS“ се посочува дека нема ажурирана карта со урнати дивоградби, а онаму каде е забележана извесна активност, истите објекти после извесно време се доградени и повторно функционираат. -Нема листа на приоритети за уривање и за општините Струга и Дебрца, јавноста не ни знае колку вкупно објекти во тие општини се нелегални градби. До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? Зошто не започна исполнување на листата барања која ви ја доставивме кон крајот на минатата година, а која од нас ја побаравте?..., се посочува меѓу другото во денешниот статус објавен од „Охрид SOS“.

The post Хотелот-дивоградба во Лагадин се гради и за викенд: До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? appeared first on Република.

]]>
Нова гатанка, исто решение https://republika.mk/vesti/makedonija/nova-gatanka-isto-reshenie/ Fri, 03 Mar 2023 15:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=615655

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и денеска има нова гатанка поврзана со криминалите на „еден заменик“:

Петочки, пред викенд, ПОЛИТИЧКА ГАТАНКА
Нова криминална капка за нов хотел на Шапка
Преведувачот си лапка при буџетот во длапка!
Таче си го љуби
Заменикот А____ Г____ !

The post Нова гатанка, исто решение appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и денеска има нова гатанка поврзана со криминалите на „еден заменик“: Петочки, пред викенд, ПОЛИТИЧКА ГАТАНКА Нова криминална капка за нов хотел на Шапка Преведувачот си лапка при буџетот во длапка! Таче си го љуби Заменикот А____ Г____ !

The post Нова гатанка, исто решение appeared first on Република.

]]>