хотел Ибис Archives - Република https://republika.mk/tema/hotel-ibis/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 14:12:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хотел Ибис Archives - Република https://republika.mk/tema/hotel-ibis/ 32 32 Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел https://republika.mk/vesti/skopje/samovolie-so-amin-od-gorniot-investitor-so-kontejneri-blokira-ulica-ne-se-smee-na-parking-oti-kje-gradel/ Tue, 06 Dec 2022 13:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=582550

Станарите од шест околни згради веќе немаат каде да паркираат, зошто паркинг местата на ул.„Васил Иљоски“ во строгиот центар на Скопје, се блокирани со контејнери поставени од инвеститорот.

Станува збор за последното зелено парче од Мал ринг кај хотелот „Ибис“, каде се подготвува да никне нова петкатница.

https://republika.mk/vesti/skopje/kje-mu-dojde-li-kraj-na-siledzistvoto-centarci-besni-shto-gradonachalnikot-dal-dozvola-za-zgrada-vo-parkcheto-kaj-jadran/

Станарите веќе неколкупати реагираа што градоначалниците ја игнорирааа нивната петиција со која побараа да не се дозволи градба во веќе пренатрупаната уличка. Но, сега се бесни што покрај дозволата за градба, инвеститорот си прави што сака и со назначените паркинг места.

Ај што ќе го рушат паркот, ама сега и цела улица му ја дале за да гради. Денес без никакво известување се поставени барикади. Шест згради паркираме тука. 80 стана, 80 фамилии! Никој не ти дава известување „од денес ќе се гради, паркирај ваму,“, никој не понуди алтернатива. Нема ни табла за тоа кој е инвеститор и што точно ќе се гради, реагира станар во „Република“.

Сагата на жителите од околните улици „Орце Николов“, „Скопска“ и „Никола Кљусев“ трае со години, уште од времето на Саша Богдановиќ. Токму поранешниот градоначалник на Центар бил тој кој ја издал дозволата за градба, само неколку дена пред да замине од функција.

Тој, преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“.

Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира! САМО СИЛЕЏИСТВО, ГРАБАЊЕ И ДА СЕ ЗАРАБОТИ НЕШТО, А НАЈСЛАТКО Е КОГА Е НА ГРБОТ НА НЕКОЈ ШТО НЕ НИ ЗНАЕ ШТО ЌЕ ГО СНАЈДЕ. Милион работи не се во ред во ситуацијава, толку се многу што нема ни да почнам да ги редам.
Имаме неколку дена да собереме потписи и да се жалиме, што ќе излезе не знам. Ги прикачувам известувањето што беше доставено до најзагрозената зграда, петиција за собирање потписи за жалба и слика од паркчето.
ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ НЕКОГАШ КРАЈ НА СИЛЕЏИСТВОВО? САМО ТОА ЛИ ЗНАЕМЕ?, праша тогаш една од станарките.

Но, и сегашниот градоначалник Горан Герасимовски не го запре узурпирањето ова 30 х 35 метри паркче, сечењето на млади дрва и правењето карамкаша од животите на граѓаните.

„Призма“ неодамна објави дека официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс“, која што треба да гради на ова место, е Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн, Вадуз. Станува збор, како што пишува порталот, за регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени.

https://republika.mk/vesti/skopje/advokat-od-lihtenshtajn-go-kupi-poslednoto-zeleno-parche-vo-centar-kje-gradi-petkatnica/

The post Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел appeared first on Република.

]]>

Станарите од шест околни згради веќе немаат каде да паркираат, зошто паркинг местата на ул.„Васил Иљоски“ во строгиот центар на Скопје, се блокирани со контејнери поставени од инвеститорот. Станува збор за последното зелено парче од Мал ринг кај хотелот „Ибис“, каде се подготвува да никне нова петкатница. https://republika.mk/vesti/skopje/kje-mu-dojde-li-kraj-na-siledzistvoto-centarci-besni-shto-gradonachalnikot-dal-dozvola-za-zgrada-vo-parkcheto-kaj-jadran/ Станарите веќе неколкупати реагираа што градоначалниците ја игнорирааа нивната петиција со која побараа да не се дозволи градба во веќе пренатрупаната уличка. Но, сега се бесни што покрај дозволата за градба, инвеститорот си прави што сака и со назначените паркинг места.
Ај што ќе го рушат паркот, ама сега и цела улица му ја дале за да гради. Денес без никакво известување се поставени барикади. Шест згради паркираме тука. 80 стана, 80 фамилии! Никој не ти дава известување „од денес ќе се гради, паркирај ваму,“, никој не понуди алтернатива. Нема ни табла за тоа кој е инвеститор и што точно ќе се гради, реагира станар во „Република“.
Сагата на жителите од околните улици „Орце Николов“, „Скопска“ и „Никола Кљусев“ трае со години, уште од времето на Саша Богдановиќ. Токму поранешниот градоначалник на Центар бил тој кој ја издал дозволата за градба, само неколку дена пред да замине од функција. Тој, преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“.
Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира! САМО СИЛЕЏИСТВО, ГРАБАЊЕ И ДА СЕ ЗАРАБОТИ НЕШТО, А НАЈСЛАТКО Е КОГА Е НА ГРБОТ НА НЕКОЈ ШТО НЕ НИ ЗНАЕ ШТО ЌЕ ГО СНАЈДЕ. Милион работи не се во ред во ситуацијава, толку се многу што нема ни да почнам да ги редам. Имаме неколку дена да собереме потписи и да се жалиме, што ќе излезе не знам. Ги прикачувам известувањето што беше доставено до најзагрозената зграда, петиција за собирање потписи за жалба и слика од паркчето. ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ НЕКОГАШ КРАЈ НА СИЛЕЏИСТВОВО? САМО ТОА ЛИ ЗНАЕМЕ?, праша тогаш една од станарките.
Но, и сегашниот градоначалник Горан Герасимовски не го запре узурпирањето ова 30 х 35 метри паркче, сечењето на млади дрва и правењето карамкаша од животите на граѓаните. „Призма“ неодамна објави дека официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс“, која што треба да гради на ова место, е Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн, Вадуз. Станува збор, како што пишува порталот, за регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени. https://republika.mk/vesti/skopje/advokat-od-lihtenshtajn-go-kupi-poslednoto-zeleno-parche-vo-centar-kje-gradi-petkatnica/

The post Самоволие со амин од „горниот“: Инвеститор со контејнери блокира улица, не се смее на паркинг оти ќе градел appeared first on Република.

]]>