хоспитализација Archives - Република https://republika.mk/tema/hospitalizacija/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Feb 2022 14:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хоспитализација Archives - Република https://republika.mk/tema/hospitalizacija/ 32 32 Третата доза вакцина против ковид-19 штити од хоспитализација и смртност https://republika.mk/vesti/makedonija/tretata-doza-vakcina-protiv-kovid-19-shtiti-od-hospitalizacija-i-smrtnost/ Tue, 15 Feb 2022 14:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=458936

Комисијата за заразни болести по одржаниот редовен состанок денеска информираше за епидемиолошката состојба во државата и ја оцени како подобрена поради помал број на активни случаи, но сепак не до крај добра.

Ја анализиравме смртноста и анализите упатуваат дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или примиле 2 дози пред повеќе од 6 месеци. Затоа апелираме граѓаните да примат трета доза. Третата доза исклучително штити од хоспитализација и смрт и тоа се најпроверливите и најважните факти кои мора на секој да му се јасни. Деновиве шарлатански дебати ги ставаат во прашање овие податои, иако овие податоци се најсилни и проверливи. Вакцинацијата е најдобра заштита од тежок тек на болест и смрт и тоа е препораката на нашата комисија за сите граѓани, рече доктор Александар Петличковски.

Комисијата апелира наставата на факултетите која се одвива онлајн, да биде со физичко присуство и да биде поткрепена со вакцинација на студентите и наставниот кадар.

Серолошкиот скрининг започна во Скопје на повеќе локации кои не се откриваат за да не доаѓаат луѓе наменски да се тестираат и за да има скрининг од случајни минувачи.

Вчера собравме 200 примероци и за брзо време ќе имаме податоци. За Скопје ќе собереме 1000 испитаници на 5 локации. Паралелно тестираме и низ државата со трансфузиолошките заводи кои имаат здрави дарители. Планираме помош и од центрите за јавно здравје, додаде д-р Петличковски.

Доктор Злате Мехмедовиќ рече дека нема да има укинување на вакциналните сертификати. Тој рече дека омикрон е четврта варијанта на коронавирусот во земјава, а во светот активни се уште две.

Сертификатите не се во насока да се спречи трансмисија туку да се спречи пренесувањето на тие што немаат никаков имунитет. Оние кои не можат да докажат дека се вакцинирале или прележале ќе бидат заштитени да не може да влегуваат во простории кај што се во висок ризик бидејќи немаат никаков имунитет, објасни доктор Мехмедовиќ.

The post Третата доза вакцина против ковид-19 штити од хоспитализација и смртност appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести по одржаниот редовен состанок денеска информираше за епидемиолошката состојба во државата и ја оцени како подобрена поради помал број на активни случаи, но сепак не до крај добра.
Ја анализиравме смртноста и анализите упатуваат дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или примиле 2 дози пред повеќе од 6 месеци. Затоа апелираме граѓаните да примат трета доза. Третата доза исклучително штити од хоспитализација и смрт и тоа се најпроверливите и најважните факти кои мора на секој да му се јасни. Деновиве шарлатански дебати ги ставаат во прашање овие податои, иако овие податоци се најсилни и проверливи. Вакцинацијата е најдобра заштита од тежок тек на болест и смрт и тоа е препораката на нашата комисија за сите граѓани, рече доктор Александар Петличковски.
Комисијата апелира наставата на факултетите која се одвива онлајн, да биде со физичко присуство и да биде поткрепена со вакцинација на студентите и наставниот кадар. Серолошкиот скрининг започна во Скопје на повеќе локации кои не се откриваат за да не доаѓаат луѓе наменски да се тестираат и за да има скрининг од случајни минувачи.
Вчера собравме 200 примероци и за брзо време ќе имаме податоци. За Скопје ќе собереме 1000 испитаници на 5 локации. Паралелно тестираме и низ државата со трансфузиолошките заводи кои имаат здрави дарители. Планираме помош и од центрите за јавно здравје, додаде д-р Петличковски.
Доктор Злате Мехмедовиќ рече дека нема да има укинување на вакциналните сертификати. Тој рече дека омикрон е четврта варијанта на коронавирусот во земјава, а во светот активни се уште две.
Сертификатите не се во насока да се спречи трансмисија туку да се спречи пренесувањето на тие што немаат никаков имунитет. Оние кои не можат да докажат дека се вакцинирале или прележале ќе бидат заштитени да не може да влегуваат во простории кај што се во висок ризик бидејќи немаат никаков имунитет, објасни доктор Мехмедовиќ.

The post Третата доза вакцина против ковид-19 штити од хоспитализација и смртност appeared first on Република.

]]>
Засилувачката доза може да ги намали хоспитализациите поради Ковид-19 во Европа до 800.000 https://republika.mk/vesti/svet/zasiluvachkata-doza-moze-da-gi-namali-hospitalizaciite-poradi-kovid-19-vo-evropa-do-800-000/ Thu, 27 Jan 2022 15:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=450349

Засилувачката доза на вакцините против Ковид-19 може да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион, соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на Европската унија, иако варијантата омикрон се шири многу брзо.

Сегашната примена на бустер дози постигната до почетокот на јануари може да го намали болничкиот прием на пациенти инфицирани со омикрон од 500.000 до 800.000 во Европа, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Податоците опфаќаат 27 земји членки на ЕУ и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Во моментов, 70 отсто од популацијата на ЕУ е целосно вакцинирана, а половина од нив примиле дополнителна доза.

Проширувањето на засилувачката програма на сите претходно вакцинирани лица може да го намали приемот в болница за дополнителни 300.000 до 500.000 луѓе, наведува ЕЦДЦ.

Иако бројот на заразени со омикрон се зголемува со невидена брзина, со стапка на инфекција три пати поголема од досегашниот максимум на зараза, многу земји веќе би можеле да бидат на пресвртница

The post Засилувачката доза може да ги намали хоспитализациите поради Ковид-19 во Европа до 800.000 appeared first on Република.

За 41 отсто пораснал бројот на хоспитализации од Ковид-19 во однос на минатата недела https://republika.mk/zivot/zdravje/za-41-otsto-porasnal-brojot-na-hospitalizacii-od-kovid-19-vo-odnos-na-minatata-nedela/ Wed, 12 Jan 2022 15:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=443824

Како што пренесува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во болниците на територија на цела држава во моментов се хоспитализирани 351 лице, што е за 41 отсто повеќе од претходната седмица.

Во период од една седмица за 51 отсто е зголемен и бројот на позитивни од тестирани од ковид-19. Заболените лица се од сите возрасни групи, но најголем скок на заболени е регистриран кај возрасните групи на лица на возраст 30-39 години (27 проценти), 20-29 години (24 проценти) и 40-49 години (17 проценти).

Најмал број на новозаразени е регистриран кај возрасната група 0-9 години (2 проценти).

Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптомите или добивањето позитивен резултат.

Зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата. Бројот на прегледи на дневно ниво во болниците во Скопје понекогаш надминува 100 пациенти, пренесува Институтот за јавно здравје.

The post За 41 отсто пораснал бројот на хоспитализации од Ковид-19 во однос на минатата недела appeared first on Република.

]]>

Како што пренесува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во болниците на територија на цела држава во моментов се хоспитализирани 351 лице, што е за 41 отсто повеќе од претходната седмица. Во период од една седмица за 51 отсто е зголемен и бројот на позитивни од тестирани од ковид-19. Заболените лица се од сите возрасни групи, но најголем скок на заболени е регистриран кај возрасните групи на лица на возраст 30-39 години (27 проценти), 20-29 години (24 проценти) и 40-49 години (17 проценти). Најмал број на новозаразени е регистриран кај возрасната група 0-9 години (2 проценти). Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптомите или добивањето позитивен резултат. Зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата. Бројот на прегледи на дневно ниво во болниците во Скопје понекогаш надминува 100 пациенти, пренесува Институтот за јавно здравје.

The post За 41 отсто пораснал бројот на хоспитализации од Ковид-19 во однос на минатата недела appeared first on Република.

]]>
Овие симптоми на Омикрон доведуваат до хоспитализација https://republika.mk/zivot/zdravje/ovie-simptomi-na-omikron-doveduvaat-do-hospitalizacija/ Wed, 12 Jan 2022 08:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=443549

ИАКО се смета за „поблага“ варијанта на вирусот, нова корона мутација која се заканува да ја покори планетата и која според светските експерти ќе зарази повеќе од 50. отсто од Европа за две недели претставува посебна опасност за една група на луѓе.

Се разбира, станува збор за невакцинираните.

На самиот почеток на појавата на оваа мутација е забележано дека најдобрата заштита од овој вид, за кој веднаш беше утврдено дека е полесен и побрз за пренесување, не дава „природниот имунитет“, односно оној предизвикан од прележувањето на ковид. Имате најголеми шанси да избегнете да бидете инфицирани со омикрон ако сте „целосно вакцинирани“, што значи дека сте примиле и бустер доза. И, секако, бидете внимателни, што значи носење маска и држење на дистанца.

Вирологот и таканаречениот експерт за корона вирусот д-р Роберт Квигли открил на кои симптоми на омикрон треба да обрнеме посебно внимание, односно кои се вистинска причина за загриженост доколку не сме вакцинирани.

Прво, тој нагласи дека не постои симптом на омикрон што треба да биде особено загрижувачки доколку некое лице е вакцинирано.

Омикрон е главна причина за загриженост доколку не сте биле вакцинирани. Оние кои ја примиле вакцината не треба да се грижат за некои посебни симптоми – вели д-р Квигли.
Од друга страна, ситуацијата е поинаква за оние кои не ја примиле вакцината.
Сепак, оние кои не биле вакцинирани имаат поголема веројатност да имаат треска од оние што биле вакцинирани, а поради синдромот на респираторен дистрес, тие имаат значително повисока стапка на хоспитализација, вели тој.

Претходно, претставниците на СЗО наведоа специфични симптоми на кои треба да се обрне внимание, бидејќи тие обично доведуваат до хоспитализација. Во зависност од возраста на лицето, симптомите може да се манифестираат поинаку. Пациентот може да изгледа дехидрирано, да има отежнато дишење или болка во градите. Тие исто така може да се жалат на вртоглавица и гадење, кои неодамна се нарекуваат сè почести „тивки“ симптоми на омикрон.

The post Овие симптоми на Омикрон доведуваат до хоспитализација appeared first on Република.

]]>

ИАКО се смета за „поблага“ варијанта на вирусот, нова корона мутација која се заканува да ја покори планетата и која според светските експерти ќе зарази повеќе од 50. отсто од Европа за две недели претставува посебна опасност за една група на луѓе. Се разбира, станува збор за невакцинираните. На самиот почеток на појавата на оваа мутација е забележано дека најдобрата заштита од овој вид, за кој веднаш беше утврдено дека е полесен и побрз за пренесување, не дава „природниот имунитет“, односно оној предизвикан од прележувањето на ковид. Имате најголеми шанси да избегнете да бидете инфицирани со омикрон ако сте „целосно вакцинирани“, што значи дека сте примиле и бустер доза. И, секако, бидете внимателни, што значи носење маска и држење на дистанца. Вирологот и таканаречениот експерт за корона вирусот д-р Роберт Квигли открил на кои симптоми на омикрон треба да обрнеме посебно внимание, односно кои се вистинска причина за загриженост доколку не сме вакцинирани. Прво, тој нагласи дека не постои симптом на омикрон што треба да биде особено загрижувачки доколку некое лице е вакцинирано.
Омикрон е главна причина за загриженост доколку не сте биле вакцинирани. Оние кои ја примиле вакцината не треба да се грижат за некои посебни симптоми – вели д-р Квигли. Од друга страна, ситуацијата е поинаква за оние кои не ја примиле вакцината. Сепак, оние кои не биле вакцинирани имаат поголема веројатност да имаат треска од оние што биле вакцинирани, а поради синдромот на респираторен дистрес, тие имаат значително повисока стапка на хоспитализација, вели тој.