хоспитализации Archives - Република https://republika.mk/tema/hospitalizacii/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jan 2022 12:46:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хоспитализации Archives - Република https://republika.mk/tema/hospitalizacii/ 32 32 Расте бројот на хоспитализации: Во ковид – центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/raste-brojot-na-hospitalizacii-vo-kovid-centrite-vo-bolnicite-se-lekuvaat-512-pacienti/ Fri, 21 Jan 2022 12:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=447730

Во ковид – центрите во болниците во државава во моментот се лекуваат 512 пациенти. Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Според дневната евиденција на Министерството за здравство, како што се посочува, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од Ковид-19.

Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.

The post Расте бројот на хоспитализации: Во ковид – центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти appeared first on Република.

]]>

Во ковид – центрите во болниците во државава во моментот се лекуваат 512 пациенти. Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство. Според дневната евиденција на Министерството за здравство, како што се посочува, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од Ковид-19. Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.

The post Расте бројот на хоспитализации: Во ковид – центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти appeared first on Република.

]]>
Д-р Стевановиќ: Очекувам зголемен број на хоспитализации во следниот период https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-stevanovikj-ochekuvam-zgolemen-broj-na-hospitalizacii-vo-sledniot-period/ Wed, 05 Jan 2022 13:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=441009

Големиот број на новоинфицирани со ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави.

Ова во изјава за МИА го посочи директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над илјада заразени со ковид-19.

Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на и далеку построги мерки за превенција на ковид, нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите независно од висината на чекот кој ќе го платат лично, фамилијарно, а на жалост и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за пред празничен и празничен период, но на жалост толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили, се разбира додека не дојде маката на врата – вели Стевановиќ.

Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од ковид-19.

Ниту, пак, прележаните за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува до заштита на вакцините никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100 процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирус. Но, од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест – посочува Стевановиќ.

Таа, како што рече, нема да го коментира развојот на пандемијата со омикрон, бидејќи смета дека никој толку далекусежно не може да ја процени состојбата во дадениот момент.

Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.

И покрај очекувањата инфекцијата со омикрон е лесна секако дека и голем број на инфицирани случаи ќе имаат потреба и од болничко лекување што секако ќе ги пополни болничките капацитети. Мораме да мислиме и на фактот дека интензивно осцилираат и другите зимски вируси пред се инфлуенцата кое се манифестира со сериозни симптоми и потреба од болничко лекување, мора да обезбедиме простор за секој еден пациент кој има потреба од лекување – нагласува Стевановиќ за МИА.

The post Д-р Стевановиќ: Очекувам зголемен број на хоспитализации во следниот период appeared first on Република.

]]>

Големиот број на новоинфицирани со ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави. Ова во изјава за МИА го посочи директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над илјада заразени со ковид-19.
Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на и далеку построги мерки за превенција на ковид, нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите независно од висината на чекот кој ќе го платат лично, фамилијарно, а на жалост и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за пред празничен и празничен период, но на жалост толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили, се разбира додека не дојде маката на врата – вели Стевановиќ.
Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од ковид-19.
Ниту, пак, прележаните за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува до заштита на вакцините никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100 процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирус. Но, од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест – посочува Стевановиќ.
Таа, како што рече, нема да го коментира развојот на пандемијата со омикрон, бидејќи смета дека никој толку далекусежно не може да ја процени состојбата во дадениот момент. Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.