Хјустон Archives - Република https://republika.mk/tema/hjuston/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 08:33:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хјустон Archives - Република https://republika.mk/tema/hjuston/ 32 32 Евакуација во Хјустон поради поплави https://republika.mk/vesti/svet/evakuatsija-vo-hjuston-poradi-poplavi/ Sat, 04 May 2024 08:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=774016

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

The post Евакуација во Хјустон поради поплави appeared first on Република.

]]>

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави. Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави. Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови. Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави. Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

The post Евакуација во Хјустон поради поплави appeared first on Република.

]]>